Со настапот на полскиот пијанист Анджеј Јагоѓински вечерва (20 часот) започнува 44. издание на Скопскиот џез фестивал. Целата четиридневна програма ќе се одвива во Националната опера и балет зашто оваа година нема да има полноќни концерти во Младински културен центар, кои беа своевиден „афтер парти“. Јагоѓински (72), кој првпат е на СЏФ, ќе настапи со своето трио основано во 1993 година. Најавено е дека тие ќе свират дела од класичните ...

Денеска (16 октомври) во Крушево пристигнуваат маратонците од Нова Градишка, Хрватска, кои секоја година трчаат маратон во чест на Тоше Проески на денот кога почина. Тоше загина во сообраќајка кај Нова Градишка пред 18 години. „Денеска околу пладне, сите ученици од основно и средно училиште ќе ги пречекаат маратонците со ружи на улицата Тоше Проески“, ни рече Стерули Штерјоски, член на Управниот одбор на Спомен-куќата „Тодор Проески“. Тој и уште ...

„Ако музиката е една голема галаксија, Кире Костов е најголемата ѕвезда во неа“, рече музикологот Марко Коловски на промоцијата на монографијата за познатиот композитор „Летај низ солзи мој, галебе мој тажен“, која се одржа вчера (15 октомври) во „Арс Ламина“ во Скопје. Монографијата со 246 страници ја напишаа професорката по пијано и музичка публицистика Снежана Чадиковска-Анастасова и Марко Коловски, а ја издаде сопругата на композиторот, ...

Најголемите хитови на Макфест ќе се испеат на последната вечер од јубуилејното издание на фестивалот, кој ќе се одржи на 23, 24 и на 25 октомври во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. „Макфест четири децении е успешна приказна која годинава се враќа со три фестивалски вечери“, рече уметничкиот директор на Роберт Саздов на прес-конференција во Штип. На првата фестивалска вечер ќе настапат 13 млади пејачи, а на втората ќе има 14 песни од ...

Музичари од земји-членки на ЕУ и од Западен Балкан првпат се сретнаа во Филхармонијата во Скопје за да снимат нова верзија на „Ода на радоста“, збогатена со уникатни звуци од нивните земји. На настанот „Една песна, една Европа“ настапија музичари од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Чешка, Франција, Германија, Косово, Црна Гора, Холандија, Македонија, Србија и Словенија. „Со нивните традиционални, класични и ретки инструменти, 12 музичари ...

Проектот за долгометражниот анимиран филм „Златната пеперутка“, базиран на ликовите од популарната анимирана серија „Светот на Биби“, ја освои престижната Награда за развој за извонреден анимациски проект на филмскиот и телевизиски пазар „МИА маркет 2025“ во Рим. Наградата во вредност од 5.000 евра е добиена во силна меѓународна конкуренција, а ја додели стручно жири составено од истакнати професионалци од европската и светската анимациска ...

На 18 октомври од 20 часот, во Народниот театар во Штип ќе се одржи меморијален концерт посветен на музичарот Филип Стевановски, кој загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, објави „Макбрас асоцијација“ и Скопскиот брас фестивал. Концертот се одржува во чест на неговиот роденден. Ќе настапат квартетот тромбони „Макбрас“ и истоимениот ансамбл составен од 12 тромбонисти, меѓу кои и легендарниот тромбонист Кирил Рибарски, во ...

На 29 и 30 октомври, во киното „Фросина“ во МКЦ ќе се одржи 11. издание на фестивалот на музички документарни филмови Скопје синема сити, со фокус на Холандија. Свеченото отворање ќе биде со филмот „Контрола“ на Антон Корбајн (фото), легендарен холандски режисер и фотограф, познат по своите впечатливи портрети на светски музички ѕвезди и влијателни музички видеа. Фестивалот ќе му ја додели наградата за животно дело за неговите достигнувања во ...

Женската група „Фрајле“ од Нови Сад ќе одржи два концерта во Скопје, на 18 октомври и на 16 ноември во Филхармонијата, и двата од 21 часот. „Фрајле“ одржаа весел концерт на 15 март во истата сала и ја разиграа публиката со нивните хитови и со песни од Тоше, „Леб и сол“ и народни песни од Македонија и Војводина. Највпечатлива беше изведбата на нивната верзија на „Јовано, Јованке“, која ја пеат насекаде низ регионот, а беше своевидно шоу од шест ...

На 23, 24 и 25 октомври ќе се одржи јубилејното 40. издание на Макфест во Штип. Фестивалот годинава ќе трае три вечери. „Оттаму и идејата во Штип да се пее три дена за да можеме да се потсетиме и на хитовите од минатите години, кои ќе останат за навек. Покрај вообичаените две, годинава ќе има и трета вечер, што ќе биде вечер на познати хитови од Макфест, кога ќе пеат Тања Кочовска (фото), ‘Силви бенд’, Питер Џон Босе, Владо Јаневски, Сашо ...

Голди Хоун, Стив Мартин и Бен Стилер ѝ оддадоа почит на актерката и оскаровка Дајана Китон, која почина на 11 октомври на 79 години. Родена во Лос Анџелес, Китон се прослави во 1970-тите со улогата на Кеј Адамс-Корлеоне во филмовите „Кум“, а за „Ени Хол“ доби Оскар и Златен глобус за најдобра актерка во 1978. Колешката од „Клубот на првите сопруги“, Голди Хоун, рече дека Китон оставила трага од самовилска прашина, исполнета со честички светлина ...

Џијан Емин му го подари своето диригентско стапче на новиот војвода на Луксембург, Гијом, на неговата инаугурација, откако диригираше со концертот на Филхармонијата на Луксембург и пијанистот Франческо Тристано на мостот Рут Брек во Луксембург. По завршувањето на настапот, Џијан Емин му посака долго и успешно владеење на новиот војвода, а Тристано му ја подари партитурата од музиката која ја свиреше. На свечениот настан по повод инаугурацијата ...

Васко Тодоров, Бранко Огњановски и Љупчо Бубо- Каров познати како „Дуо трио“ издадоа плоча со најголемите хитови на триото кои беа испеани во познатото шоу „К-15“. „Билјана сајла немаше“, „Статива“, „Ева,“ „Шуруп“, „Пауза“, „Целофан“, „Шалтер“, „За Бадев“, „Многу љубам да веслам“, „Маде ин“ и „Градинарот“ се песните на плочата. „Ова е прв винил со две предни страни, велат од „К-15“. За оние кои нарачуваат онлајн преку Дурис.мк има можност ...

Фолк- пејачот Миле Кузмановски на 24 декември ќе одржи концерт во Националната опера и балет (НОБ) со кој ќе прослави 35 години кариера. Кузмановски на концертот ќе го придружува камерен оркестар. „Времето летна, еве дојдовме до 35 години од мојата песна. На концертот ќе бидат опфатени дел од моите песни, бидејќи досега сум снимил над 130 и невозможно е сите да ги отпеам. Секако дека ќе ги пеам ‘Не кани мe’, ‘Крал без круна’ и многу други. ...

Македонскиот народен театар (МНТ) освои две награди на 28. Меѓународен театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово. Гран при за најдобра претстава доби „Бог на колежот“, а за најдобар актер во истата претстава Ѓорѓи Јолевски. Претставата е копродукциски проект работен според текст на Јасмина Реза, во адаптација и режија на Весна Петрушевска. Во претставата играат: Ѓорѓи Јолевски, Дарја Ризова, Благој Веселинов, Наталија Теодосиева, како ...

Слаткаристика и Тони Зен ја продолжија хип-хоп револуцијата која ја започна пред 18 години, со нивниот најдобар концерт досега, вчера (11 октомври) во Арената „Борис Трајковски“. Започнаа како маалски рапери од Ново Лисиче, а стасаа до ѕвезди во хип-хоп музиката. Концертот во полната сала докажа дека ги сакаат и тинејџерите, и они кои биле млади кои почнувале. И денес, тие со најголема љубов ја пеат песната „Моето маало“, посветена на Ново ...

„Навидум“ е новиот спот на музичарот Драги Иванов, за песна која е дел од од неговиот прв албум “Небо”. Песната „Навидум“ е напишана, испеана и продуцирана од Иванов, како и остатокот од неговиот албум “Небо”. Спотот како и претходните, тој го работеше заедно со Мирослав Илиќ. „Ова е третата верзија на видеоспотот за ‘Навидум’, четврта ако се брои и едната концептуална идеја. Некогаш им треба време и на идеите да испливаат на површина“, вели ...

На 13 октомври, од 20 часот, во камерната сала на Филхармонија концерт ќе одржи Оркестарот на музичката младина на Македонија. Диригент е Ангел Спироски, а како солисти ќе настапат Мила Јаневска – сопран, Хелена Суша – сопран и Калина Христовска – перкусии. Ќе се изведе делото „Сумерски записи“ од Стојан Стојков за два сопрана и гудачки оркестар, Мандала за гудачки оркестар од Јана Андреевска, „Панаѓур“ за перкусии и гудачки оркестар од Гоце ...

Вечерва (11 октомври) од 19 часот, во „Аудиокултура“ во Скопје ќе се промовира албумот „По пожарот“ (After the Wildfire), што норвешките музичари Јан Бенг и Арве Хенриксен го напишаа специјално за отворањето на 42. издание на Скопскиот џез фестивал во 2023. Делото беше изведено со оркестарот на институтот „Фејмс“, придружен од повеќе македонски солисти. Оркестратор и диригент беше Џијан Емин. Снимениот материјал се доработуваше во Норвешка, а ...

Австриските власти изјавија дека земјата ќе одбие да биде домаќин на Евровизија во 2026 доколку Израел биде бојкотиран. Ова го најавија канцеларот Кристијан Штокер и генералниот секретар на владејачката Австриска народна партија, Александер Прол. Европската радиодифузна унија (ЕБУ), која го организира годишното музичко натпреварување, соопшти дека нејзините членки ќе гласаат во ноември дали да се исфрли Израел. Неколку земји, како Шпанија, ...

Ирската актерка Сурша Ронан ќе ја глуми Линда Макартни, првата сопруга на Пол Макартни, во новата колекција филмови на Сем Мендес за „Битлс“, објавија холивудските медиуми. Мендес ќе снима четири филма за славната група, по еден за секој од членовите. Во март, Мендес гостуваше на годишниот филмски настан СинемаКон во Лас Вегас, при што на бината излезе со четворицата актери кои ќе бидат ѕвездите на филмовите, претставувајќи ги Харис Дикинсон ...

Центарот за култура во Битола слави 45 години постоење денеска (10 октомври) со концерт на пејачот на народна музика Ефто Пупиновски (фото). На сцената ќе биде придружуван од битолскиот состав „Милениум“. Концертот ќе се одржи во Големата сала од 20 часот. Центарот за култура беше пуштен во употреба на 11 октомври 1980 и до денес остана храм на културата во градот. „Јубилејот на Центарот за култура не е само прослава на една институција, туку и ...

Десетина поголеми текстилни компании од Штип и исто толку помали конфекции вечерва и утре (9 и 10 октомври) ќе учествуваат со свои модни ревии на вториот моден саем „Фешн Штип“, на кој ќе ги прикажат најновите модни креации. „На втората модна манифестација, покрај познатите конфекции од Штип, кои се водечки во земјата, ќе учествуваат и студенти на технолошките и модните факултети во Македонија, кои ќе ги презентираат своите најнови творештва“, ...

Вечерва (9 октомври) од 19 часот, во Ликовниот салон во Велес ќе се одржи годишен концерт на хорот „Св. Кирил и Методиј“ од Велес. Насловен е „Децата низ боите на музиката“. „Бидејќи музиката може да изрази толку многу од нашите чувства и има толку моќен ефект врз нашите срца, умови и тела, треба длабоко да го цениме овој совршен дар од Бога“, рече диригентката Веселинка Маџарова, која работи со децата членови. Повеќето од членовите се од ОУ ...

Од 16 до 18 октомври во Скопје ќе се одржи фестивалот на современата музичка сцена ПМГ рекордингс фестивал во чест на роденденот на неговиот основач Мирко Попов. Настаните ќе се одржуваат во „Јавна соба“ и на малата сцена на Македонскиот народен театар. На 18 октомври во „Јавна соба“ ќе гостува хрватскиот состав „Менгрув“ (фото), кој има шест студиски албуми и соработувал со многу музичари, меѓу кои и џез оркестарот на Хрватската ...

„Забрането“ е новата песна на младата поп-пејачката Марија Спасовска, која ја промовираше на 5 октомври, кога е нејзиниот роденден. Автор на музиката и стиховите е таа, а аранжманот е на Иван Јованов-Ивајо. За песната е снимен и видеоспот во режија на Томислав Живковиќ. Спасовска, која студира во Солун, летоска ја преработи македонската народна песна „Ја излезе стара мајко“ во рамките на проектот „Македонијо, во срце те носиме“. Автор на новиот ...

Од 29 октомври до 5 ноември, по 31. пат ќе се одржува Моден викенд Скопје. Годинава, модните ревии, работилници и дискусии се под слоганот „Одржлива мода и креативна традиција – развој на иновативни практики на македонската модна сцена“. Настанот започнува со едукативни активности и креативни работилници на 29 октомври во 12 часот. Во Центарот за поправки „Ништо ново“ (АРНО), дизајнерката Ирина Тошева и тимот на „Ништо ново“ ќе ја водат ...

Во Македонскиот културен центар во Загреб се одржа концерт посветен на македонско-хрватскиот композитор Тома Прошев по повод 30-годишнината од неговата смрт. На концертот насловен „Од класицизам до македонизам“ настапи квартетот „Стригендо“. Во квартетот свират Љубица Делева-Поповска и Олгица Шундиќ на виолина, Љупка Каевиќ на виолончело и Наташа Лазаревска на обоа. За композиторот Тома Прошев зборуваа неговата ќерка, професорката Борјана ...

Пијанистката Дуња Иванова денеска (8 октомври) од 20 часот ќе одржи концерт во Културно-информативниот центар во Скопје насловен „Кругови“. Централен дел од програмата се четирите истоимени пиеси чиј автор е пијанистот и композитор Дино Имери. Иванова премиерно ќе ги изведе неговите „Ни ваму ни таму“, „Валцерот на Миро“, „Мајка“ и „Дрво“. На програмата ќе бидат и дела од македонскиот композитор и аранжер Давор Јордановски и од современата полска ...

Претставата „Франкенштајн“ на Театарот за деца и младинци, во режија на Кокан Младеновиќ, денеска (8 октомври) ќе се изведе во Сараево во рамките на детската програма на Интернационалниот театарски фестивал МЕСС. Во претставата играат Ангела Димитрова, Матеа Јанковска, Бојан Кирковски, Ненад Митевски, Никола Наковски, Наташа Петровиќ и Симона Спировска, а текстот е на Кокан Младеновиќ, Драгана Лукан-Николоски, Димитрије Коканов и на актерската ...

weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
7.2
70%
1010
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
88%
1012
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
2.57
80%
1010
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
9.5
88%
1012
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
94%
1012
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
4.02
89%
998
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
87%
1003
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
93%
1004
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
8.23
82%
1015
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.24
92%
1013
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
5.66
77%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1006
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Сребро

1837.41

Злато

135322.28

Алуминиум

2.89

Иридиум

145787.60

Кобалт

55.67

Платина

53106.37

Калај

40.11

Рутениум

29192.88

Цинк

3.24

Никел

471972.96

Родиум

255598.44

Паладиум

45879.12