Том Круз се враќа во „Топ ган 3“, потврди студиото „Парамаунт“ за време на манифестацијата СинемаКон во Лас Вегас. Тоа ќе биде продолжение на блокбастерот „Топ ган: Маверик“ на Џозеф Косински од 2022, кој стана хит во време кога повеќето киносали сѐ уште беа затворени поради ковид пандемијата. Снимен со буџет од 170 милиони долари, филмот заработи 1,5 милијарди долари на светско ниво. Круз со тоа ја повтори улогата на пилотот Пит Маверик ...

Мадона официјално објави дека нејзиниот следен албум ќе биде продолжение на „Confessions On A Dancefloor“ од 2005, од кој излезе хитот „Извини“ (Sorry). Таа најави дека новиот, 15. албум излегува на 3 јули, што ќе биде нејзиниот прв албум од „Мадам Икс“ од 2019. За продолжението, таа повторно соработуваше со британскиот продуцент Стјуарт Прајс. Тие го снимија првиот дел во поткровјето на неговиот дом во Лондон, каде што Мадона го врежа своето ...

Младата поп-пејачка Марија Спасовска вчера (16 април) промовираше дел од новиот албум „Седатив“, кој треба да излезе во јули. На претпромоција за медиумите слушнавме четири песни, за кои Спасовска ги напиша музиката и текстот, а аранжманите се на Никола Мицевски и Иван Јованов-Ивајо. Спасовска рече дека албумот е личен и инспириран од вистински ситуации и зборови кои ги слушала низ животот. „Беа промовирани песните „Седатив“, „Скопје го сакам ...

на улицата „Македонија“ во Скопје, во рамките на четвртото издание на манифестацијата „Центарски улици“, по повод Светскиот ден на уметноста. Настанот започна напладне со диџеј сет на Папак Басс и ликовна колонија. Во текот на денот, се одржаа повеќе улични перформанси и шоу настапи на Фаз Бабл, Кристијан Бенито и Ѓурчиновски. Дина Јашари со својот препознатлив стил испеа дел од песните од нејзиниот албум „Растенија без корен“. По неа, ...

Камерниот оркестар „Профундис“ ќе настапи на отварање на интернационалниот „Мјуз-Екс Експо фестивал“ кој ќе се одржи од 17 до 19 април во Тирана, Албанија. Како гостинка солистка настапува истакнатата македонска пијанистка Ема Попивода. „На 17 април, публиката ќе има можност да проследи 40-минутен сценско-визуелен перформанс кој ги обединува класичната музика, современиот сценски израз и визуелните елементи. Ќе настапиме во соработка со ...

Еден од најпознатите светски диџеи, Американецот Стив Аоки, за првпат доаѓа во Битола како дел од фестивалот „Битола колинг 2026“. Настанот ќе се одржи на 2 август на Градскиот стадион, а „Авалон“ најавува спектакуларно аудио-визуелно шоу. „По минатогодишниот настап на Армин ван Бурен, фестивалот продолжува со уште едно големо светско име. Стив Аоки важи за еден од најенергичните диџеи на електронската сцена, познат по своите динамични ...

Црногорскиот кантавтор Владо Георгиев ќе одржи концерт во Скопје на 24 април, во салата „Јане Сандански“, во рамките на турнејата „Господски“. По тој повод, вчера (14 април) во Скопје се одржа прес-конференција на која Георгиев отворено зборуваше на многу теми. „Често доаѓам во Македонија, но главно тоа биле помали свирки. Мислам дека Скопје заслужи во оваа турнеја ‘Господски’ да се одржи еден ваков голем концерт. Се надевам дека на 24 ќе ...

На 13 мај од 20:30 часот, во Младински културен центар (МКЦ) ќе се одржи концертот „Индастријал симфони“, алтернативен музички проект на Битолскиот оркестар „Дива“. „Станува збор за енергично и поинакво музичко доживување кое ветува динамична атмосфера и публика на нозе од почеток до крај. Концертот носи оркестарски изведби на познати песни од ‘Продидџи’, ‘Рамштајн’, ‘Кемикал брадерс’ и други, претставени на начин што ретко се гледа на ...

Стевче Грозданов и Блаже Темелков од поп-рок дуото „Коктел“ ја промовираа новата песна, „Само ти“. Од дуото велат дека во песната го задржуваат стилот од 1990-тите. „Без вештачки вокал и фајлови, само чиста музика“, велат од дуото кое стана најпознато по хитот „Слуга и цар“, па направи поголема пауза. Во 2025, излезе нивната песна „Каде ти, таму јас“. „Ова е првата пилот песна од новата ера на бендот. Планираме нови песни и нов албум“, рекоа ...

„Симфониски хоризонти“ е насловен концертот на Филхармонијата кој ќе се одржи утре (16 април) од 20 часот. Како солисти ќе настапат виолинистката Сихана Бадивуку и виолончелистот Паскал Краповски. Диригент е Десар Сулејмани (Германија), а на програмата се увертира од операта „Поетот и Селанецот“ од Ф. Фон Супе, Концертот за виолина и виолончело „Музата и поетот” од К.Сен-Санс, „Тешкото“ од Г. Смокварски и Симфонијата број 9 од А. Дворжак. ...

На 16 април од 21 часот, во „Буква“ во Скопје ќе се одржи музички настан во рамките на одбележувањето на 35 години постоење на радио „Стотројка“. На сцената ќе настапат францускиот проект „Бо.сенберг“ и италијанското дуо „Електрик Растрело“ (фото). Зад проектот „Бо.сенберг“ стои францускиот музичар Венсан Редел, кој со тапани и ефекти создава интензивен и индустриски звук инспириран од техно музиката од 1990-тите. Во изминатите години има ...

На 1 мај во салата „Григор Прличев“ во Охрид од 20 часот, Битолски оркестар „Дива“ ќе одржи концерт со најголемите хитови на Ем-Ти-Ви. Како солисти ќе настапат Ана Петановска, Полина Тасева (фото), Бојан Стојков, Јасна Димитровска и Огнен Димовски. Денес, кога повеќе не постои во онаа форма што сите ја паметиме, овој проект добива уште посилно значење. Тој е потсетување на песните што го одбележаа едно време и засекогаш останаа дел од нашите ...

Поради здравствени причини се одложува концертот на хрватската поп-ѕвезда Северина кој требаше да се одржи во Скопје на 18 април во салата „Борис Трајковски“, објави продукција „Прагма“. Новиот датум е 5 декември, во истата сала. Северина го одложи и концертот во Копрвиница, Хрватска. За оние кои нема да бидат во можност да присуствуваат на новиот датум, ќе биде овозможено враќање на средствата до 21 април, со приложување на билетите на ...

Во мај на локации во Грција и Монако почнува снимањето на шестата сезона на романтичната комедија „Емили во Париз“, во продукција на Дарен Стар и „Нетфликс“. Екипата на популарната серија ја објави веста преку видео на Инстаграм, со песната „Мама миа“ на групата АББА. Првите два дела од филмскиот хит „Мама миа“ се снимаа на повеќе грчки острови. Петтата сезона излезе на 18 декември и дебитираше во Топ 10 на „Нетфликс“ на второто место со 13,5 ...

Дуото Дац и Александар сними нова верзија на велигденскиот хит „На Велигден сум се заљубил“ заедно со Џина Папас-Џокси кој оригиналната верзија ја сними во 1991. „Со почит кон оригиналната верзија и со јасна визија за современ звук, оваа преработка претставува внимателно изграден мост меѓу традицијата и денешниот музички израз. Песната, која со децении буди емоции кај публиката, сега добива свежа енергија, модерна продукција и нова ...

Четворицата астронаути од „Артемис 2“ го завршија патувањето околу Месечината и ноќеска безбедно се вратија на Земјата. Тие станаа првите луѓе кои ја прелетаа далечната страна на Месечината и отидоа најдалеку од Земјата досега – 406.711 километри. Тие не слетаа на површината на Месечината, но нивните набљудувања резултираа со мноштво вредни анализи, податоци и фотографии. Уште за време на мисијата НАСА сподели неколку спектакуларни ...

Поп-ѕвездата Дуа Липа ја доби својата прва филмска улога во комедијата „Peaked“. Филмот ќе го режира Моли Гордон. Заплетот се врти околу две девојки кои „тероризирале“ други во средно училиште и сега се среќаваат со своите соученици на собирот по повод 10 години матура. Како што објави „Дедлајн’, Дуа Липа се придружила на актерската екипа, што ќе биде нејзино филмско деби. Покрај Липа, играат и оскаровката Лора Дерн, ѕвездата на серијата ...

Џејми Бел ќе биде ѕвездата на новата серија „Пики Блајндерс“, чие дејство ќе се одвива во 1950-тите. Следната генерација на семејството Шелби ќе ја предводи Дјук Шелби, кого ќе го глуми Бел. На актерската екипа ќе ѝ се придружат и ѕвездата на „Чудни нешта“, Чарли Хитон, Џесика Браун Финдли и Лашана Линч. Приказната за криминалното семејство од Бирмингем ќе се одвива десет години по актуелниот филм „Пики Блајндерс: Бесмртник“. Новата серија ќе ...

Ѕвездите на наградуваната серија „Еуфорија“, која ги лансираше кариерите на некои од најпопуларните млади актери во моментов, се собраа на премиерата на третата и можеби последна сезона во Лос Анџелес. Меѓу нив беа и Зендаја, Сидни Свини и Џејкоб Елорди, кои станаа суперѕвезди откако глумеа во првите две сезони. Третата сезона доаѓа четири години по претходната и креаторот на серијата Сем Левинсон откри дека нема ппанови за уште една сезона. ...

Со врескање и еуфорија беше пречекан хрватскиот пејач Јаков Јозиновиќ на првиот концерт во Скопје, кој се одржа вчера (9 април) во салата „Јане Сандански“. Новиот музички феномен, како што го нарекуваат во регионот, откако десетпати ја распродаде „Сава центар“ во Белград, дојде и во Скопје и рече дека не можел ни да сонува дека луѓето овде го знаат, а камоли да пее пред полна сала. Во поранешна Југославија одамна немало поголема млада ѕвезда ...

Младата пејачка Викторија Ефтимова (21) го промовираше новиот сингл „Идеали“, чиј комплетен автор е. Ефтимова студира соло пеење на Факултетот за музичка уметност во класата на Весна Ѓиновска-Илкова. Кај помладата публика е позната преку социјалната мрежа ТикТок, на која ја следат повеќе од 146.000 луѓе. За себе вели дека нема ограничувања во музичките стилови. „’Идеали’ не е приказна, туку дијагноза на времето во кое живееме. Напишана е во ...

Поп-пејачот Александар Тарабунов ја сними новата песна „Пеј“, за која вели дека настанала од спонтана инспирација. Тарабунов е комплетен автор на песната. Тој ги напиша музиката, текстот и аранжманот и ја сними во неговото студио. Самиот го снимаше и спотот на хрватскиот остров Хвар со неговиот телефон. „Ова видео е снимено лично од Александар Тарабунов на островот Хвар во Хрватска, место каде што секој кадар носи вистинска емоција, моменти и ...

Хрватскиот пејач Владо Калембер со неговата група „Сребрна крила“ ќе настапи на фестивалот Охрид фест-Охридски трубадури кој по 33 пат ќе се одржи во Охрид на сцената на „Долни сарај“ на 26 и на 27 август. Калембер и групата во Охрид ќе ја промовираат новата песна „Не плачи бејбе“. Музиката за новата песна ја напиша познатиот композитор Григор Копров, аранжманот е на Владимир Дојчиновски – Дојчин, а автор на текстот е Саша Драгиќ. Песната е ...

Деветтото издание на фестивалот „Џез фектори“ ќе се одржи од 15 до 19 април. Оваа година ќе се одвива во Битола, Скопје, Демир Хисар и Охрид, собирајќи музичари од Франција, Израел, Албанија, Австрија, Унгарија, Полска, Црна Гора, Србија и Македонија. Програмата обединува концерти, едукативни содржини, промоции на книги и професионални средби, создавајќи динамичен простор за развој на џез културата и културна размена во земјата. Фестивалот ќе ...

Африкански музичари ќе доминираат на 25 издание на Офф-фест во Скопје, што ќе трае од 3 до 6 јуни. Покрај нив, ќе бидат застапени и музичари од Европа. Првите три вечери се во Националната опера и балет, а последната во Младински културен центар. Билетите ќе бидат пуштени во продажба на 16 април. Фестивалот го отвора бендот „Гитари баро“ со музичари од Мали и Гвинеја (фото), по што следува настапот на јужноафриканската група „БЦУЦ“. На ...

Нина Црнокрак (14) ја освои главната награда на интернационалниот избор за убавина и талент „Мис тинејџерка на галаксијата 2026“, што се одржа во Банско, Бугарија. На овој натпревар за млади модели таа настапи како претставничка на Македонија преку модното студио „Црнокрак“. Покрај титулата за најубава во својата категорија, Црнокрак доби и диплома за успешно претставување на меѓународната сцена. Во 2023 во Варна, Нина Црнокрак ја освои ...

Лиса Кудроу откри дека „никому не му било гајле за неа“ кога ја играше Фиби во серијата „Пријатели“. „Имаше одредени луѓе од мојата агенција за таленти кои ме нарекуваа ‘шестата пријателка‘. Немаше визија за мене и немаше очекувања за тоа каква кариера би можела да имам. Велеа дека имам среќа што добив улога во таа серија“, се присети 62-годишната Кудроу во интервју за британскиот весник „Индипендент“. Сепак, слободата ѝ овозможи да одигра ...

Здравко Чолиќ ќе одржи концерт во Битола на 1 август на Стадионот „Петар Милошевски“, објави „Авалон“. 5 распродадени концерти во „Зетра“ во Сараево и пет распрдадени концерти во Белградската арена. Чолиќ со симфониски оркестар одржа три концерти во салата „Борис Трајковски” во Скопје минатата година. Во Битола, тој ќе ги пее најголемите хитови со својот бенд. Со една од песните со кои стана славен, „Сношти не беше тука“ (Sinoć nisi bila tu), ...

Пијанистката Марија Ѓошевска ќе одржи рецитал на 7 април во Камерната сала на Филхармонијата од 20 часот. Ѓошевска вели дека рециталната програма е внимателно конципирана со дела од врвот на пијанистичкиот репертоар. На програмата се „24 Прелудии“, оп. 28 од Фредерик Шопен и „Варијациите“, оп. 22 од Сергеј Рахмањинов, а посебен сегмент е посветен на современото македонско творештво преку изведбата на делото „Фелем“ од композиторката Бете ...

„Милион ѕвезди” е новата песна на поп-пејачот Влатко Иљачев-Валдера кој за првпат соработува со познатиот композитор Григор Копров кој ја напиша музиката. Младиот музичар Стефан Петановски, братот на Ана Петановска е аранжер и продуцент на песната а текстотг напиша Ангел Ризов. „Оваа балада е посветена на сите вљубени, но и на сите оние кои уште веруваат во љубовта“, вели пејачот. Видеото кое досега има повеќе од 73 илјади гледаност е во ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Калај

46.54

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07