Лили Колинс како Емили Купер ќе го живее својот „сладок живот“ во Рим со Италијанецот Марчело во петтата сезона на популарната серија „Емили во Париз“ на „Нетфликс“. Таа ќе почне да се снима во мај во Рим, пред да се пресели во Париз во текот на летото. Се очекува петтата сезона да биде премиерно прикажана при крајот на оваа година, а заедно со Емили, ќе се појават двајцата нејзини партнери од претходните сезони, сексапилниот француски готвач ...

„Дејли паспорт“ објави избор од најинтересните куќи во Европа кои изгледаат како оптички илузии, а една од нив е таканаречената Крива куќа во Сопот, Полска. Оваа чудна куќа е дел од трговски комплекс во градот Сопот и изгледа сосема исто во реалниот живот. Изградена околу дрво, куќата Мирокјуб е сместена во шведска шума и целосно, и е целата во огледала. Ако ја погледнете сликата на таканаречената куќа што тоне во Монмартр (фото), се чини дека е ...

Националниот џез оркестар најави Џез фестивал по повод Меѓународниот ден на џезот, 30 април. Настанот ќе се одржи на две места во Скопје, паркот „Ибни Пајко“ и Македонски народен театар (МНТ). аркот „Ибни Пајко“ од 16 часот ќе се одржи концертот „Џез за деца“. Од 19.30, концерт ќе одржи квартетот на Бојан Цветковиќ од Србија. Од 20.30, настапува „Јојо бенд“ од Бугарија, а од 21.30, квартетот на Христијан Ристески. Влезот за сите концерти е ...

Од Хари Потер до Супер Марио и чудовиштето на Франкенштајн, „Јуниверзал Орландо ресорт“ е најголемиот тематски парк во Флорида. Со пет делови со карактеристична тематика и хотел со 500 соби, тематскиот парк вреден повеќе милијарди долари, треба да биде отворен за јавноста на 22 мај, токму кога тематските паркови во областа Орландо обично се преполни со семејства и млади туристи. Тоа е првиот голем, традиционален тематски парк отворен во Флорида ...

Гитаристот Владимир Василевски- Четкар на 8 мај ќе го промовира својот нов албум „Let Us Be“ во Скопје, со концерт во „Јавна соба“ од 22 часот. Албумот на Четкар излезе на 19 јануари, на сите дигитални музички платформи во светот. Претходно, тој беше издаден само во Јапонија преку музичката куќа „P-Vine Records“. Ова е четвртиот студиски албум на охридскиот гитарист на кој тој се јавува како комплетен автор (композитор, аранжер, продуцент, ...

Поп-пејачката Ана Петановска која настапува под уметничкото име Ана Петан ќе настапи на фестивалот „Белградска пролет“ кој ќе се одржи на 24 април во салата МТС во Белград, Младата поп-пејачка оди по втор пат на овој фестивал, откако лани ја испеа песната „Балада за ангелот“ која му ја посвети на Тоше Проески. „Ана имаше одличен прием на ланското издание на фестивалот. Гоиднава, решивме да одиме со побрза песна која одлично ѝ прилега на ...

„Ворнер брос“ потврди дека ќе снима римејк на „Телохранител“, но засега не е познато кој ќе ги замени Витни Хјустон и Кевин Костнер во главните улоги. Оригиналниот филм заработи над 400 милиони долари и особено остана запаметен по својот саундтрак. Режисер на римејкот ќе биде Сем Вренч, кој го режираше концертниот филм на Тејлор Свифт за нејзината последна светска турнеја, додека сценарист е Џонатан Абрамс, кој го напиша последниот филм на Клинт ...

Втора година по ред, „Киа“ ја добива наградата за Светски автомобил на годината. Лани ја однесе титулата со „ЕВ9“, а сега со уште еден електричен модел, „ЕВ3“. Наградата беше доделена на Њујоршкиот автосаем. „ЕВ3“ притоа ги победи „БМВ Х3“ и „хјундаи инстер“. „Волво ЕХ90“ беше прогласен за најдобар луксузен автомобил, а „хјундаи инстер“ славеше во категоријата на електрични возила. Уште две награди однесоа електрични автомобили: „сигал“ на ...

Кина најави дека во јуни ќе го отвори највисокиот мост во светот, последниот инженерски потфат на земјата која многу вложува во својата инфраструктура. Изградбата на мостот „Хуаџијанг“ во Гуиџу во југозападна Кина е при крај. Ќе поминува 625 метри над нивото на реката, со што ќе биде 288 метри повисок од сегашниот рекордер, вијадуктот „Мијо“ во Франција. Провинцијата Гуиџу е планинска област со комплексен терен и мостот минува низ драматичниот ...

Две џиновски желки, чиј вид е критично загрозен, станаа родители за првпат на возраст од околу 100 години во зоолошката градина во Филаделфија. Оттаму кажаа дека се пресреќни со доаѓањето на четирите младенчиња, чии родители Абрацо и Мами потекнуваат од Галапагос. Ова се први новороденчиња во повеќе од 150-годишната историја на зоолошката градина, каде што Мами била донесена во 1932 година. Таа го извела првото јајце на 27 февруари, по што ...

„Лукасфилм“ потврди дека Рајан Гослинг ќе биде ѕвездата на новиот филм „Војна на ѕвездите“ насловен „Starfighter“, што ќе го режира Шон Ливај. Продукцијата треба да почне наесен, а премиерата е закажана за 28 мај 2027. Најавен како посебна приказна, „Starfighter“ ќе се фокусира на нови ликови од универзумот на „Војна на ѕвездите“, а ќе се случува пет години по настаните во „Подемот на Скајвокер“ од 2019, со кој беше заокружена сагата за ...

Битолскиот рокенрол бенд „Паркети“ го најави најголемиот концерт во своето долгогодишно постоење, што ќе се одржи во Младински културен центар во Скопје на 26 април. На концертот насловен „Паркети и пријатели“ ќе има и бројни гости, што ги вклучува Димиш, „Д Далтонс“, Зоки Агресор, Сеад Хаџиќ-Сецко, Сашо Поповски, Донплеја, Александар Ристовски-Принц и други. „Поентата на овој единствен концерт е чисто пријателство и љубов кон рокенролот. Многу ...

Кејт Бланшет рече дека сака да се откаже од глумата за да се занимава со други работи, приклучувајќи се на долгата низа холивудски ѕвезди кои се откажаа од црвениот тепих поради поинаков начин на живот. Педесет и петгодишната оскаровка се смета за една од најталентираните филмски актерки, но неколкупати во последниве години најави дека сака да се повлече од глумата. „Моето семејство превртува со очите секогаш кога го кажувам тоа, но јас го ...

„Макс“ го објави официјалниот трејлер за третата сезона на „И едноставно така“ (And Just Like That), која ќе почне да се емитува на 29 мај на оваа стриминг платформа. Кога гледачите последен пат ја видоа Сара Џесика Паркер како Кери Бредшо во финалето на втората сезона, таа нарача коктел „космополитан“ на плажа во Грција. Таа одлучи да се откаже од својот познат стан во Апер Ист Сајд во Њујорк, во кој живееше во серијата „Сексот и градот“ и се ...

Во Скопје заврши снимањето на краткиот филм „Време на заедништво“, во режија на Радован Петровиќ, а по сценарио на српската актерка и сценаристка Сунчица Милановиќ. Продуценти на филмот се Тамара Ристоска и Петар Антевски. Станува збор за независен филмски проект на млади филмски професионалци од Македонија и Србија, поддржан од Факултетот за драмски уметности (ФДУ) и локалната бизнис заедница од Скопје. „Ова е приказна за едно семејство кое на ...

Вечерва (16 април) од 20 часот, Филхармонијата ќе одржи велигденски концерт насловен „Per Aspera ad Astra“ („Низ трње до ѕвездите“). На концертот за првпат ќе биде изведена „Голема миса во Ц-мол“ од Волфганг Амадеус Моцарт. Диригентка е Ребека Тонг од Индонезија, а како солисти ќе настапат сопранистките Милена Арсовска и Гонца Богоромова-Краповски, тенорот Благој Нацоски и басот Игор Дурловски. Настапува и хорот „Едикт“ од Ниш. Маестра Ребека ...

Утре (16 април) во киното Фросина во МКЦ, скопското трио „Светлост“ ќе одржи концерт со две големи имиња на современиот џез, саксофонистот Кен Вандермарк од САД и тапанарот Пал Нилсен-Лове од Норвешка. Од оваа соработка ќе произлезе и албум, а снимањето ќе се случи во Скопје, непосредно по концертот во МКЦ. Проектот се реализира со турскиот продуцент Џан Инандим. Комбинирајќи џез, ноиз и амбиентални елементи, „Светлост“ објави три албуми во 2019 ...

Словенечкиот инди-рок бенд „Џокер аут“ ќе одржи концерт во Скопје на 29 јуни на Стадионот на АРМ во Градски парк, објави „Авалон“. „Џокер аут“ е петчлен бенд формиран во 2016. Jа претставуваше Словенија на Евровизија во 2023 и досега има издадено три албуми. Концертот е во рамките на фестивалот „Скопје колинг“. Претходно, „Авалон“ објави дека пионерите на трип-хопот „Масив атак“ се враќаат во Македонија по 15 години пауза и ќе настапат во ...

Вечерва (14 април) на театарскиот фестивал „5ре“ во Велес ќе се одржи проекција на филмот „Мис Стон“ (1958) на режисерот Жика Митровиќ. Проекцијата е во соработка со Кинотеката на Македонија, а за првпат во Велес ќе се прикаже дигитално реставрирана копија на овој филм. „Бидејќи фестивалот е посветен и инспириран од ликот и делото на легендарниот актер Петре Прличко, публиката ќе се потсети на неговата незаборавна улога на комитата Мандана“, ...

Вечерва и утре (14 и 15 април) од 19 часот, во киното „Браќа Манаки“ во Битола ќе се прикаже култниот македонски филм „Црно семе” од 1971, по сценарио на Ташко Георгиевски и режисерот Кирил Ценевски. Од повеќето награди за филмот, најзначајна е Златна арена во Пула. Во филмот нема музика, иако ја напишал композиторот Илија Пејовски. Конечното решение било на одјавната шпица да оди песната „Со маки сум се родила“. На една затворена проекција пред ...

Мандолинскиот оркестар „Скопје“ ќе одржи пролетен концерт на 16 април во фоајето на Музејот на македонската борба од 20 часот. На програмата се композиции и оперски арии од Моцарт, Бизе, Тости, Бранѓолица, Лехар, Верди, Шуберт, Коларовски и Маскањи. Со оркестарот ќе диригираат Рамадан и Ерхан Шукри. Како солисти ќе настапат оперските пејачи Михајло Арсенски – тенор, Александра Коцевска – мецосопран и Горан Начевски – баритон. Диригентот Ерхан ...

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ беше прикажан на 26. издание на престижниот филмски фестивал БАФИЦИ (Buenos Aires International Festival of Independent Cinema) во Буенос Аиерс, Аргентина. На трите проекции присуствуваше и режисерот Гоце Цветановски, кој пред присутните зборуваше за долгогодишното креирање на филмот, предизвиците и честа да се биде дел од еден од водечките фестивали за независен филм ...

На 29 април од 20 часот, во камерната сала на Филхармонијата, ќе се одржи хуманитарен концерт на институтот „Фејмс“, на кој ќе гостува српскиот виолинист Роман Симовиќ (фото). Средствата од продадените билети ќе бидат донирани за фондот за поддршка на семејствата на жртвите и повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На концертот, ќе се свират дела од Бетовен, концерт за виолина и Симфонијата бр. 7. Оркестарот на „Фејмс“ е составен ...

На 25 април од 20 часот во Филхармонијата, Националниот џез оркестар ќе одржи концерт на кој како гости ќе настапат француските музичари Пјер Миле на труба и Бети Жардан како вокал. (фото). Диригент на концертот ќе биде маестро Џијан Емин. Роден во средината на 1970-тите, Пјер Миле се етаблира како инспиративен инструменталист и композитор кој покрај џез музиката соработува со бројни уметници од областа на рок музиката, како и разни други ...

Ќерките близначки на Сара Џесика Паркер, Табита и Мерион никогаш не ја гледале „Сексот и градот“, кажа актерката која во серијата ја играше Кери Бредшо. 15-годишните сестри носеа високи потпетици на премиерата на мјузиклот на „Smash“ на Бродвеј посветен на Мерилин Монро, со нивната мајка и татко им, актерот Метју Бродерик. Слично како Керо Бредшо од „Сексот и градот“, најпознатиот лик кој го играше нивната мајка, чевлите беа високи и светкави. ...

Стан на Менхетен во Њујорк, на таканаречениот најтенок облакодер на светот, се појави на пазарот за 110 милиони долари. Станот со четири нивоа, е од 80 до 83 кат од зградата висока 1.428 метри, и има поглед на Централ парк. Има пет спални соби, шест бањи и две тераси, како и поглед од 360 степени на градот Њујорк. Зградата, позната и како кулата „Стенвеј“ беше завршена во 2022 на местото на кое некогаш беше музичката компанија за пијано „Стенвеј ...

Музичари од осум држави ќе настапат на 24. издание на Офф-фест во Скопје, при што организаторите ја опишуваат програмата како најсилна во последните години. Концертите ќе се одржуваат од 5 до 8 јуни во Национална опера и балет и во Младински културен центар, а билетите веќе се пуштени во продажба. Како најголема ѕвезда се најавува португалската пејачка Марија Жоао (фото), која во Скопје ќе го претстави својот нов проект насловен „Абундансија“. ...

Вечерва (11 април) од 20 часот, во Велешкиот театар ќе се изведе претставата „Кој се плаши од Вирџинија Вулф?“ од Едвард Олби, во режија на Игор Павловиќ, продукција на Театарот од Ниш. Во претставата играат Снежана Петровиќ, Александар Крстиќ, Урош Милојевиќ и Наталија Јовиќ. Таа е дел од содржините на 4. издание на театарскиот фестивал „5ре“. „Претставата не е само интимна драма за средовечна двојка во криза, претставува речиси филозофско ...

По долги години повици да се оддаде признание на уметноста на каскадерството, Филмската академија конечно ќе го воведе овој Оскар. Награда за дизајн на каскадерство ќе дебитира на Оскарите во 2028, на нивното 100. доделување, објави академијата. „Уште од раните денови на филмот, каскадерите се интегрален дел од филмската работа. Горди сме што можеме да оддадеме признание за иновативната работа на овие технички и креативни уметници“, изјави ...

По неколку месеци неизвесност, Ливерпул денеска потврди дека Мохамед Салах останува во клубот. Египќанецот потпиша нов двегодишен договор, откако сегашниот му истекуваше на крајот на сезоната, поради што можеше да си замине како слободен играч. „Се разбира дека сум возбуден. Имаме одличен тим и потпишав нов договор зашто мислам дека тука имам шанса да освојам уште трофеи и да уживам во моето играње. Тука играм веќе осум години и се надевам дека ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
56%
1014
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
2.57
72%
1013
weather icon

Загреб

22ᴼ / 16ᴼ
0.51
56%
1012
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
94%
1016
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
1.33
80%
1015
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
0.51
89%
1013
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
3.13
53%
1011
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
68%
1013
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
0.0
57%
1013
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
2.24
73%
1015
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
1.03
59%
1011
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
4.63
69%
1012
Currency

61.54

Currency

52.6579

Currency

71.1948

Currency

33.9825

Currency

37.97

Currency

65.1877

Currency

7.33152

Currency

0.65194

Currency

0.35669

Currency

0.52341

Currency

1.28778

Currency

0.60484