
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Уметникот Иван Ивановски се претставува со изложбата „One of Us“ (Еден од нас) во Музејот за сликарство на школата Лингнан, Академија за фини уметности во Гуанџоу, Кина. Изложбата ќе трае до 5 мај. „Еден од нас. Една фигура се издвојува од останатите – фокусна точка, аномалија. Се поставува прашањето: Дали е ова еден од нас? Или еден од нив? Кои сме ние? Кој е тој? Кој сум јас? ‘Еден од нас’ е интерпретација на вклучувањето и одвојувањето, ...
Независна британска комедија снимена од екипа која прави ТВ-скечеви? Звучи како нешто на што му е судено да биде брзо заборавено. Но, „Монти Пајтон и светиот грал“ и денес се цени како една од најдобрите комедии на сите времиња, 50 години откако имаше премиера на 9 април 1975. Тери Гилијам, кој го режираше филмот заедно со сега покојниот Тери Џонс, мисли дека знае зошто. „Секој пат кога го гледам филмот воодушевен сум колку е неверојатно ...
„Суперхикс“ ќе биде дел од годинашното издание на фестивалот „Хилс оф рок“ (Hills of Rock) во Пловдив, еден од најголемите рок/метал фестивали во регионот. Фестивалот ќе се трае од 25 до 27 јули. „Хилс оф рок“ се одржува од 2017 и секоја година носи и ексклузивни настапи за регионот и Европа. „Суперхикс“ ќе свири на 26 јули на бината „Строеја“, додека главната бина е резервирана за светски музички ѕвезди како „Смешинг пампкинс“, „Сепултура“, ...
Утре (11 април) во 19:30 часот, со концерт на Националниот џез оркестар (НЏО) ќе биде отворена манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025 година“ на Градскиот плоштад во Гевгелија. НЏО ќе свири хитови и евергрини од македонската и светската музичка сцена. Диригент ќе биде Џијан Емин, а како пејачи, покрај членовите на биг бендот, ќе настапат Андријана Јаневска, Светлана Јовановска, Дејан Бобиќ и Калина Велковска. „Овие безвременски ...
Од 16 до 19 април, во Битола ќе трае осмото издание на Џез фактори фестивалот. Настаните ќе се одржуваат во Народниот театар, Центарот за култура и во неколку кафе барови. Тони Китановски (фото) ќе биде диригент на Биг бендот на фестивалот. Фестивалот ќе биде отворен на 17 април од 20 часот во Народниот театар, а ќе гостуваат музичари од Франција, Шпанија, САД, Македонија и други земји. Ќе има и работилници за деца и промоција на книга од Ненад ...
Ќерката на Дејвид Боуви, Лекси Џонс, го објави својот дебитантски албум насловен „Xandri“. Дваесет и четиригодишната Џонс е единственото дете што Боуви го доби во бракот со супермоделот Иман. Џонс го објави албумот без претходна најава. Содржи 12 песни кои се мешавина од жанрови како поп, електроника и инди рок. Покрај тоа што пее, Џонс е и авторка и продуцентка на сите свои песни и го дизајнираше омотот на албумот. Џонс се промовира како ...
Песната „Бордел танго“ на Кирил Џајковски ќе се најде во серијата на „Дизни“, „Дердевил: Повторно роден“. Откако „Дизни“ ги откупи правата за серијата која претходно се емитуваше на „Нетфликс“, во деветте епизоди се употребени песни од светски познати музичари, како Ник Кејв и „Килс“. Песната на Џајковски се појавува во завршната сцена од претпоследната епизода. Оригинално напишана за филмот „Прашина“ на Милчо Манчевски, „Бордел танго“ се вклопи ...
Утревечер (10 април) од 20 часот, во Камерната сала на Филхармонијата ќе се одржи музичко-поетска вечер со Марко Виденовиќ и триото „Мевлем“. Проектот „Мевлем“ е спој на музика и поезија, создаден од композиторот и поет Марко Виденовиќ. Во „Мевлем“ свират Памела Велкова (виолина), Верица Ајтовска (виола) и Енис Аљи (виолончело), покрај Марко Виденовиќ (пијано и глас). Специјално за овој проект, Виденовиќ има создадено 15 оригинални композиции, ...
Квартетот тромбони од Скопје „Макбрас“ одржа настапи и предавања во Гран Канарија, Шпанија. Беа одржани три семинари, еден едукативен концерт за деца и предавање и концерт на Универзитетот во Лас Палмас. Македонските музичари заминаа за Шпанија во соработка со композиторите на филмска музика Хектор Муњоз од Гран Канарија и Блажен Настевски, Македонец кој живее во Белгија. „На семинарите учествуваа музичари од локални дувачки оркестри, а ...
Брус Спрингстин ги отвора своите архиви за да им дозволи на фановите да слушнат седум завршени, но никогаш објавени албуми. Снимките кои датираат од 1983 до 2018 година ќе „пополнат богати поглавја од широката временска рамка на кариерата на Спрингстин, нудејќи непроценлив увид во неговите живот и работа како уметник“, велат од „Сони мјузик“. „Ја пуштам оваа музика за себе и често за блиски пријатели со години. Мило ми е што ќе добиете шанса ...
Утревечер (9 април) од 19:30 часот, во Музејот на македонската борба во Скопје ќе се одржи концерт на учениците од насоката за традиционална музика и игра од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. Концертот е со наслов „Мелодија што трае“ и е инспириран од богатата музичка оставина на етномузикологот Трпко Бицевски. Концертот е завршница на семинарот реализиран под менторство на проф. д-р Драган Даутовски, со поддршка од професори и млади таленти од ...
Албумот „Агол“ на „Парусион груп“, предводен од тапанарот Михаил Парушев, се најде на музичките платформи на шведската издавачка куќа „Темпо продукција“. Концертната промоција на албумот се одржа во Скопје во јуни 2022. „На албумот ‘Агол’ има седум авторски композиции со модерен етнофјужн балкански џез. Го снимивме во студиото „Тра-ла-ла“ на Мите Димовски. На албумот свират Зоран Костадиновски, Дамир Имери, Дарко Мучев, Петар Христов, Сенад ...
По 27 години, Калиопи и Влатко Стефановски настапија заедно, на нејзиниот концерт во салата „Ватрослав Лисински“ во Загреб. Калиопи вели дека додека Стефановски ја свирел, а таа ја пеела македонската народна песна „Калеш бре Анѓо“, во салата имало ерупција од емоции. „Неверојатно е она што се случи, кога на големо изненадување на публиката, Влатко се качи на сцената и ја изведовме ‘Калеш бре Анѓо’. Последен пат Влатко и јас заедно сме настапиле ...
Бред Пит ќе биде ѕвездата на продолжението на „Беше еднаш во Холивуд“, што нема да го режира Квентин Тарантино, туку Дејвид Финчер, објавија холивудските медиуми. Пит го глуми каскадерот Клиф Бут во хитот на Тарантино од 2019. Дејството на новиот филм не е познато, но „Холивуд рипортер“ објави дека ќе биде „дериват“ на оригиналот, наместо продолжение. Тарантино објави роман за филмот во 2021, во кој се изнесени повеќе детали за животот на Бут. ...
Моден викенд Скопје, кој годинава слави 30-годишен јубилеј, ќе се одржи од 25 до 27 април во „Дајмонд резиденс“ во Скопје. „Оваа година под слоганот ‘Заедница’ (Community), Моден викенд Скопје ја става заедницата во центарот на својата визија. Ова не е модна недела што гледа само кон пистата, ова е модна недела што гледа кон луѓето. Бидејќи што е модата без оние кои ја носат?“, велат организаторите. Најавени се модни ревии, јавни дискусии, ...
Андријана Јаневска вели дека го имала емотивно најтешкиот настап досега, пеејќи го хитот „Ако утре ме нема“ од „ДНК“ на концертот посветен на Тоше Проески „Засекогаш во срцата“, што се одржа на 5 април во Битола. Ова беше седмиот концерт на Камерниот оркестар на Битола со хитовите на Тоше, а оваа година се пееја и песни од „ДНК“, во чест на трагично загинатите во пожарот во Кочани на 16 март. Во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ што изби на ...
Второто издание на фестивалот за литература и општа култура „Видик“ ќе се одржи од 2 до 16 април 2025, во организација на „Литература.мк“. Манифестацијата ќе има и хуманитарен карактер, па средствата од продадените билети за музичките и театарските настани ќе бидат наменети за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани. Во книжарницата „Литература.мк“ во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје ќе се одржат 15 настани кои ги обединуваат ...
Продуцентот на ТВ-серијата „Белиот лотус“, Дејвид Бернард кажа дека лажни сценарија со шест различни финалиња биле поделени за време на снимањето на хит-серијата на „Ејч-Би-О“, за да се осигураат дека вистинското финале нема да протече во јавноста. На 6 април се емитува последната, осма епизода од третата сезона на „Белиот лотус“, и се најавува дека ќе трае 90 минути. „Во сценаријата напишавме шест лажни краеви и ги поделивме на екипата, во ...
Лијам Нисон во миниздолниште и боксерки со јагоди е нешто што никогаш не сме очекувале да го видиме, сѐ додека ѕвездата на акциони филмови не ја наследи улогата на детективот Френк Дребин во новата пародична комедија „Гол пиштол“. Нисон се претставува себеси како нова верзија на Френк Дребин во првиот трејлер за „Гол пиштол“, продолжение на култните комедии од 1980-тите и 1990-тите. Седумдесет и двегодишниот Нисон всушност го глуми синот на ...
Од денеска (4 април) до 6 април, во КИЦ (Салон 19:19) во Скопје ќе се одржува Меѓународниот фестивал за кларинети Кларифест. Ова е седмо издание на фестивалот, што го организира Здружението за култура и уметност „Артистико“ од Скопје. Фестивалот ќе се состои од семинари и концерти за кларинет, а гостуваат професори и интернационални солисти Николај Пфефер од Германија и Габор Варга од Унгарија (фото). Фестивалот се отвора во 18 часот со концерт ...
Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ ќе учествува на еден од водечките фестивали за независен филм во светот BAFICI во Буенос Аирес, Аргентина. Филмот ќе се прикаже трипати пред фестивалската публика, на 8, 10 и 11 април. „Анимиран долгометражен филм од Македонија не е нешто што се гледа секој ден, но шармот на ‘Јон Вардар‘ е далеку од тоа да е само географски куриозитет. Оваа визуелна лудорија со своите ...
Музичката платформа „Терапија“ од Скопје ќе биде дел од „Мјуз икс Експофест Тирана 2025“, фестивал кој ќе се одржи од 11 до 13 април. „Благодарение на оваа соработка, добиваме простор да ја претставиме нашата работа, да се вмрежиме со водечките имиња од индустријата и да станеме дел од една револуционерна музичка и уметничка платформа. Настанот не е само фестивал, туку експофест што комбинира изложба, настапи во живо и програма за развој на ...
Германскиот диџеј Шилер (фото) ќе настапи со Битолскиот камерен оркестар „IWConnect“ на настанот „Ѕвездена симфонија“, што ќе се одржи на 20 мај во Скопје, во салата „Борис Трајковски“ од 20 часот. Се најавуваат повеќе од 100 учесници, балет и хор со Камерниот оркестар. „По големиот успех на ‘Ѕвездена симфонија’ минатата година во Битола, го носиме овој проект во Скопје како четиричасовен музички настан. ‘Ѕвездена симфонија’ во своето ново ...
Бајага, Горан Бојчески, Дамир Имери, Иван Кукиќ и Јан Стефановски ќе бидат гости на двата славенички концерта на Влатко Стефановски во Скопје, кои ќе се одржат на 9 и 10 мај во Филхармонијата. Легендарниот гитарист со овие концерти слави 50-годишен јубилеј. Стефановски е долгогодишен соработник и пријател со српскиот кантавтор Момчило Бајагиќ-Бајага и имаат настапувано повеќепати низ регионот. Битолскиот кларинетист Горан Бојчевски, кој 24 ...
Тамара Тодевска е прва од македонските пејачи која ќе одржи солистички хуманитарен концерт за настраданите во пожарот во Кочани, на 17 април од 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ). Средствата од продажбата на билетите ќе бидат наменети за семејствата на починатите граѓани, како и за сите повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март. Поп-ѕвездата вели дека првичната идеја за овој концерт била на татко ѝ Велко ...
Камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“ под диригентство на Сашо Татарчевски освои Гран при на меѓународниот музички натпревар Bratislava Spring Festival, кој традиционално се одржува во последната третина од март во главниот град на Словачка. Камерниот оркестар на Факултетот за музичка уметност (ФМУ) настапи на три концерти, а учествуваше и во натпреварувачкиот дел на фестивалот. „Во еден навистина тежок период за нас како факултет, но и за целото ...
Грчките власти го одбија барањето на режисерот Јоргос Лантимос да го снима својот нов филм на Акропол, најпосетуваниот локалитет во земјата. Барањето било едногласно одбиено од Централниот археолошки совет, во чија надлежност е Акропол. Лантимос сакал да снима сцени од својот нов филм „Bugonia“ на Акропол на 10 април, што би го ограничило пристапот на јавноста до древното место на четири дена. Советот изразил загриженост поради затворањето на ...
Американската актерка номинирана за Оскар Вера Фармига ќе објави деби албум со својот психоделичен метал бенд „Јагас“ (The Yagas), каде што е пејачка. Албумот насловен „Midnight Minuet“ ќе излезе на 25 април, од кој веќе се објавени три песни на стриминг платформите. Фармига веќе неколку години е активна во музиката и досега снимаше преработки на метал хитови од бендови како „Ајрон Мејдн“, „Блек Сабат“ и „Слипнот“. „Јагас“ е нејзиниот прв обид ...
Скопскиот концерт на Ник Кејв на 22 август ќе се одржи на Стадионот на АРМ во Градски парк, објави „Авалон“, кој е организатор на настанот. Славниот австралиски музичар вчера ги израдува македонските фанови со веста дека за првпат ќе гостува во Скопје ова лето. Кејв доаѓа во Македонија во рамките на неговата соло турнеја, без бендот „Бед Сидс“, а ќе го придружува само басистот на „Редиохед“, Колин Гринвуд. На репертоарот ќе бидат песни од ...
Режисерот Сем Мендес и официјално ги објави актерите кои ќе ги глумат членовите на „Битлс“ во четирите биографски филма што ќе ги снима, по еден за секој член. Сите филмови ќе излезат истовремено: во април 2028. Мендес гостуваше на годишниот филмски настан СинемаКон во Лас Вегас, при што на бината излезе со четворицата актери кои ќе бидат ѕвездите на филмовите, претставувајќи ги Харис Дикинсон како Џон Ленон, Пол Мескал како Пол Макартни, Бери ...