
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Кинескиот блокбастер „Нежа 2“ го надмина „Опаку наопаку 2“ (Inside Out 2), станувајќи анимиран филм со најголема заработка на светско ниво. „Нежа 2“ заработи 1,69 милијарди долари досега, со што е осмиот најуспешен филм на сите времиња во поглед на приходите. Околу 99% од заработката на „Нежа 2“ доаѓа од Кина, наспроти холивудските филмови, кои повеќе се потпираат врз поширока дистрибуција. „Нежа 2“ е продолжение на хитот „Нежа“ од 2019. ...
Џез гитаристот Владимир Четкар на 7 март ќе одржи концерт во џез клуб во Будимпешта, Унгарија. Претходно на 1 март, тој со својот бенд ќе настапи во Скопје, во клубот „Бонобо Хај-Фај плејс“. И во Скопје и во Будимпешта Четкар ќе се претстави со авторска музика од своите четири студиски албуми, а на сцената ќе го придружуваат македонски и унгарски музичари. Неодамна, тој го издаде својот нов студиски албум „Let Us Be“, кој доби позитивни критики ...
Шведскиот кантавтор Џеј-Џеј Јохансон ќе гостува во Скопје на 12 март, а неговиот прв концерт во Македонија ќе се одржи во малата сала на Филхармонијата, објави „Друга страна“. Педесет и шестгодишниот Јохансон, кој е познат по својот меланхоличен глас, досега има објавено 14 албуми, на кои има вклучено елементи на трип-хоп и електроника. Неговиот последен албум „Фетиш“ излезе во 2023 и беше проследен со светска турнеја, во рамките на која сега ...
Слаткаристика ќе одржи концерт во Дубаи за Македонците и за иселениците од регионот на 23 февруари во ресторанот „3БК“, кој се наоѓа во „Бурџ Халифа“, највисоката зграда на светот. „Се радувам што за првпат ќе настапам во ‘Бурџ Халифа‘“, вели раперот за концертот што го организира „Маседонијан конекшн“. На 5 април, тој ќе има заеднички концерт со неговиот колега Тони Зен во арената „Борис Трајковски“, во организација на „Прагма“. Слаткар и Зен ...
Евертон го претстави својот нов стадион со тест-натпревар на кој присуствуваа 10.000 луѓе. Изградбата на стадионот со 52.888 седишта траеше четири години и чинеше една милијарда долари. Изграден на пристаниште, на стадионот ќе се играат мечеви од Европското фудбалско првенство во 2028, а Евертон целосно ќе се пресели на него на почетокот на следната премиерлигашка сезона. „Кој и да го дизајнирал, завршил фантастична работа, зашто изгледа како ...
На 17 јуни во двете галерии на Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се отвори третата годишна изложба на професори и студенти. Изложбата ќе трае до 30 јуни. Сите заинтерересирани професори и студенти можат да аплицираат најдоцна до 15 мај на [email protected] и [email protected]. На изложбата досега учествуваа Факултетот за ликовни уметности при УКИМ, Ликовната академија при УГД во Штип, Факултетот за уметности при Државниот универзитет во ...
На 11 март од 20 часот во Филхармонијата, концерт ќе одржи Симфонискиот оркестар на американскиот Универзитет Јеил. Овој оркестар има одржано повеќе турнеи низ светот и соработува со познати музичари од класичната музика. Во Скопје доаѓа за првпат како дел од европската турнеја. Се смета за еден од најважните младински оркестри во САД. Младите музичари кои членуваат во Симфонискиот оркестар на Јеил ја продолжуваат својата кариера во ...
Мет Дејмон ќе го игра Одисеј во претстојниот епски филм на Кристофер Нолан „Одисеја“, објави продукцијата на платформата Икс. „Мет Дејмон е Одисеј. Филмот на Кристофер Нолан доаѓа во кината на 17 јули 2026“, стои во објавената вест. Во екипата се и Том Холанд, Мија Гот, Зендаја, Ен Хатавеј, Лупита Нјонго, Роберт Патинсон, Шарлиз Терон, Џон Бернтал и Џон Легуизамо. Голем дел од адаптацијата на Хомеровата „Одисеја“ ќе се снима на Сицилија, каде ...
„Патишта“ е новата песна на поп-пејачката Тамара Тодевска, која ја напиша раперот Марко Маринковиќ-Слаткаристика. Тодевска, која ја сними песната во дует со јутјуберот Стефан Лазаров, вели дека баладата ја испеала за сите блиски луѓе кои не се повеќе со нас. „‘Патишта’ е за сите наши драги луѓе кои повеќе не се со нас, но секојдневно се во нашите мисли и срца. Во спотот можете да видите илустрации од новинарот Зоки Фаци и од мојот Влатче, Влатко ...
Дина Јашари со своето трио ќе тргне на регионална турнеја. Младата пејачка на 25 февруари ќе одржи концерт во Ниш, два дена подоцна во Загреб, а на 28 февруари во Нови Сад. Гитара во триото свири Лука Тошев, а Драган Теодосиев е на тапани. „Дина во изминатите неколку години ја плени публиката ширум Балканот со нејзините магични песни кои комбинираат елементи на поп и нео-соул, што најлесно се опишува како дрим поп. Досега има издадено едно ЕП и ...
Ози Озборн објави дека нема да може да настапи многу на последниот концерт на „Блек Сабат“, што ќе се одржи на 5 јули на стадионот „Вила парк“ во Бирмингем во рамките на хуманитарниот музички спектакл „Враќање на почетокот“. На овој концерт оригиналната постава на „Блек Сабат“ ќе се обедини за првпат по 20 години пауза, а ќе настапат и „Металика“, „Слеер“, „Пантера“, „Мастодон“, „Антракс“ и бројни гости. Озборн, кој страда од Паркинсоновата ...
Оскаровката Кејт Винслет за првпат ќе режира филм, наречен „Збогум јуни“ за стриминг гигантот „Нетфликс“. Винслет исто така ќе глуми во филмот, заедно со Тони Колет, Џони Флин, Андреа Рајзборо, Тимоти Спал и Хелен Мирен. „’Збогум јуни‘ е фиктивна драма сместена во денешно време во Англија. Трогателна, но хумористична приказна во која браќа и сестри се здружуваат под ненадејни и тешки околности“, објави „Нетфликс“, додавајќи дека продукцијата ќе ...
Музичарот Александар Рајковиќ, кој свири во Оркестарот за свадби и погреби на Горан Бреговиќ, а живее во Скопје, вели дека му е големо задоволство што соработувал и се дружел со победникот на фестивалот Сан Ремо, Оли (23). Младиот италијански пејач и рапер победи на 75. издание на познатиот фестивал со песната „Balorda nostalgia“ (Глупава носталгија). На една од неофицијалните вечери, секој натпреварувач избира со кој познат музичар кој е ...
„Парамаунт“ го објави првиот трејлер за новиот анимиран филм за Штрумфови, во кој гласот на Штрумфета го позајмува поп-ѕвездата Ријана. Таа исто така напиша оригинални песни за филмот. „Сакав да бидам Веле Штрумф, но тоа не функционираше“, кажа Ријана претходно. Режисери на „Штрумфови“ се Крис Милер и Мет Линдон, а меѓу актерите кои позајмуваат гласови се и Наташа Лион, Ник Оферман, Октавија Спенсер, Сандра О, Хана Вадингам, Џејмс Корден, Курт ...
„The Phoenician Scheme“ е насловен новиот филм на Вес Андерсон, што ќе излезе оваа пролет. Оваа шпионска комедија следи семеен бизнис на чие чело е За-За Корда (Бенисио дел Торо), еден од најбогатите луѓе во Европа. Андерсон успеа да собере ѕвездена актерска екипа во филмот, па глумат и Том Хенкс, Бил Мареј, Брајан Кренстон, Риз Ахмед, Џефри Рајт, Скарлет Јохансон, Бенедикт Камбербач и Мајкл Сера. Филмот ќе има премиера во САД на 30 мај, а ...
За првпат од 2011, кога Сирија беше втурната во повеќегодишна граѓанска војна, меѓународните авиокомпании, вклучувајќи ги „Катар ервејс“ и „Туркиш ерлајнс“, продолжија со работа во Дамаск. Иако многу влади ги советуваат своите граѓани да не ја посетуваат Сирија, авантуристичките патнички компании веќе планираат тури за следните месеци. Само шест недели откако бунтовниците го соборија Башар ал-Асад, туристичката агенција на Ајуб Алсмади ги ...
Меѓу стоте најплатени спортисти во светот нема ниедна жена, според листата објавена од „Спортико“. Најплатената спортистка е тениската ѕвезда Коко Гоф (фото), која лани заработила 30,4 милиони долари, седум милиони помалку од она што беше потребно да се пробие во топ-100. Втора година по ред, на врвот на листата е фудбалерот Кристијано Роналдо со заработени 260 милиони долари, од кои 215 милиони отпаѓаат на договорот со саудискиот клуб Ал Наср. ...
Скопскиот концерт на легендарната српска реге група „Дел Арно бенд“ е одложен за мај, објави „Пасворд продукција“. Концертот требаше да се одржи овој месец во Младински културен центар, но новиот термин е 30 мај. Од „Пасворд“ кажаа дека концертот е одложен од здравствени причини. Гостувањето на „Дел Арно бенд“ во Скопје се совпаѓа со 80-годишнината од раѓањето на Боб Марли. Основан во 1986, „Дел Арно“ се смета за најдолговечниот реге бенд во ...
Италијанскиот дет метал бенд „Hideous Divinity“ (фото) ја предводи листата учесници на првото издание на метал фестивалот „Скопје фјури“, што ќе се одржи на 13 септември на Стадионот на АРМ во Градски парк. „Терорвоид“, организаторот на првиот метал фестивал во Скопје, објави дека ќе настапат шест групи од четири земји. Покрај хедлајнерите од Италија, доаѓаат и еден од водечките регионални блек метал бендови „The Stone“ од Србија и „Bio-Cancer“ ...
Јужнокорејскиот режисер Бонг Јон-хо го претстави својот нов филм „Мики 17“ на премиерата во Лондон, негов прв откако триумфираше на Оскарите со „Паразит“. Заснован врз истоимениот роман на Едвард Ештон, филмот го следи Мики Барнс (Роберт Патинсон), кој мора да умре за да може да живее. Мики е „потрошен“ кадар во мисија за колонизација на далечна планета, па од него се бара да умре и да се врати во живот секој пат како нова верзија на себеси. ...
Американскиот актер Џон Литгоу ќе ја преземе улогата на Дамблдор во новата серија за Хари Потер. Холивудските сајтови „Вараети“ и „Дедлајн“ објавија дека тој бил во завршните преговори за улогата на шефот на Хогвартс. Седумдесет и деветгодишниот Литгоу се прослави и во комични и во драмски улоги, а го играше и Винстон Черчил во хит-серијата „Круна“. Во филмовите за Хари Потер Албус Дамблдор го играа сега покојните британски актери Ричард Харис и ...
Поп-пејачот Влатко Лозаноски-Лозано (фото) ќе настапи вечерва (14 февруари) од 21:30 на градскиот плоштад во Кавадарци по повод денот на лозарите. Лозано ќе одржи концерт со своите најголеми хитови. Пред него, публиката ќе ја загрева диџеј Були. Забавата ја организира Општина Неготино по повод Свети Трифун, а настан ќе има и во Велес по истиот повод. Од 21:30 часот во Младинскиот парк во Велес ќе настапи „Чалгија саунд систем“. Претходно од 17 ...
Кантавторот Дарио ќе добие награда за трајни музички вредности на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“, која ќе се одржи на 19 февруари од 20 часот во салата „Борис Трајковски“. Дарио вели дека неколку години по ред организаторите на шоуто сакале да му ја дадат оваа награда и годинава ја прифатил, иако има уште многу да даде во домашната музика. „Драго ми е што ќе ја добијам наградата за трајни музички вредности затоа што планирам ...
Дизајнерот Вес Гордон ја претстави својата најнова колекција за „Каролина Херера“ на Модната недела во Њујорк. Манекенките шетаа по писта украсена со 3.000 цветови со боја на вино, додека во позадина одеше музика по избор на дизајнерот. Гордон (38) ја презеде функцијата креативен директор на компанијата од самата Херера кога таа се пензионираше во 2018. За колекцијата есен 2025 Гордон прикажа ултраженствени минифустани, панталони и палта. По ...
Бендовите „Оејзис“ и „Њу ордер“ се меѓу 14-те музички ѕвезди кои се номинирани за влез во Рокенрол куќата на славните оваа година. Ним им се придружуваат музичари како Мараја Кери, Синди Лопер, Били Ајдол и Џо Кокер на долгата листа за 2025. Ова е вторпат „Оејзис“ да бидат номинирани, откако првпат се појавија на гласачкото ливче лани. Номинацијата доаѓа додека бендот се подготвува за распродадената повратничка турнеја, која започнува во Кардиф ...
Дваесет и четири години откако Рене Зелвегер првпат се појави во филмската адаптација на книжевниот бестселер на Хелен Филдинг „Дневникот на Бриџит Џонс“, таа се врати во четвртиот дел како симпатичен лик кој бара љубов. Во „Бриџит Џонс: Луда по него“, кој игра во скопското кино Синеплекс, таа повеќе не е безгрижна млада жена, туку вдовица во 50-ти години со две деца. Личниот стил на Џонс со чудна, понекогаш неприкладна гардероба со кратки ...
Осуммина пејачи ќе ги пеат најголемите хитови од холивудските филмови кои биле номинирани за Оскар или го добиле на концертот „Оскаровска гала вечер“, што ќе се одржи на 22 февруари во Македонскиот народен театар (МНТ). Гостите на црвениот тепих ќе доаѓаат од 19:30, а концертот почнува во 20 часот, најави Миланка Рашиќ, која е водителка на шоуто. Настапуваат Наде Талевска, Ана Петановска, Светлана Јовановска, Горан Наумовски, Денис Димоски, ...
Во медиотеката на Градската библиотека „Гоце Делчев“ во Велес беше промовирана книгата „Ѕвезди под клепките“ на бугарскиот автор Николај Терзијски. Преводот од бугарски јазик е на Виолета Танчева-Златева, а книгата е издание на издавачката куќа „Три“. „Во романот ‘Ѕвезди под клепките’ ќе ги најдете одговорите на некои од најголемите загатки на животот: Каде, кога и како ја среќаваме љубовта? Како ја препознаваме? Дали во тоа ни помагаат ѕвездите ...
Утре (13 февруари) од 20 часот, во киното Фросина во Младински културен центар ќе се одржи концертна промоција на новиот албум на џез составот „Никола Бочваров квартет”. Истовремено ќе има проекција на патописот „АвгустТур ’24”. Гости на концертот се Кацар и Симе Златков. Никола Бочваров е дипломиран контрабасист од Факултетот за музичка уметност во Скопје, Оддел за популарни жанрови, а џез музика учел на конзерваториумот „Франц Шуберт“ во ...
Арнолд Шварценегер објави фотографија со синот Патрик од премиерата на третата сезона на „Белиот лотус“ во Холивуд и ја искоментира неговата разголена сцена во првата епизода. „Каква серија! Бев изненаден кога дознав дека тој има сцена во која е гол, но што да кажам, крушата под круша паѓа“, кажа поранешниот гувернер на Калифорнија. Шварценегер и самиот се разголи во хит-филмот „Терминатор“ од 1984. Во новата сезона на серијата создадена од Мајк ...