Италијанскиот моден дизајнер Валентино Гаравани, познат само како Валентино, кој почина на 93 години, ги облекол некои од најпознатите жени и мажи во последните децении. Откако стана коосновач на модната куќа „Валентино“ во 1959 година, неговите креации се појавија на безброј црвени теписи и церемонии за доделување награди низ целиот свет. Би-Би-Си издвои неколку дизајни на Валентино кои ги носеа познати личности, вклучувајќи некои ...

Српската поп-пејачка Александра Радовиќ ќе одржи концерт во Скопје на 27 февруари, од 20 часот во Филхармонијата, објави продукцијата „Евентум“. Радовиќ важи за еден од најквалитетните женски поп-вокали во регионот, а автор и продуцент на повеќето нејзини песни е Дарко Димитров. Таа ја започна музичката кариера во 2003 на фестивалот „Сунчане скале“ во Херцег Нови со песната „Како сол во морето“ (Као со у мору), која и денес e еден од ...

Струмичанката Тина Русева победи на шоуто за музички таленти „Гласот на Европа“, кое се одвиваше онлајн во изминативе месеци. „Пресреќна сум и многу возбудена. Следни планови ми се снимање авторска музика, на која веќе се работи“, ни рече младата пејачка, која девет години живее во германскиот град Леверкузен со семејството. „Ви благодарам многу, затоа што ме поддржавте, лајкувавте, коментиравте, што бевте тука. Исто така, му благодарам на ...

Реките имаат свој животен циклус, исто како и другите природни феномени, но некои реки траат значително подолго од другите. Најстарата река во светот е постара од диносаурусите. Тоа е реката Финке во Австралија, позната и како Ларапинта на јазикот на домородното население Арернте, чија старост се проценува дека е меѓу 300 и 400 милиони години. Овој систем од потоци и канали се протега повеќе од 640 километри низ Северна Територија и Јужна ...

Новата филмска адаптација на „Оркански височини“, книжевниот класик на Емили Бронте, од 12 февуари ќе игра во скопското кино Синеплекс. Филмот е во режија на оскаровката Емералд Фенел, а главните улоги ги играат австралиските актери Марго Роби и Џејкоб Елорди. Роби ја игра Кетрин Ерншо, а Елорди е Хитклиф. Романот „Оркански височини“ е објавен во 1847 и ги следи семејствата Ерншо и Линтон и нивниот турбулентен однос со Хитклиф, посвоениот син ...

Дуото „Дупер“ ќе одржи концерт во Охрид на 5 август во Антички театар, објави продукцијата „Прагма“. Ова ќе биде нивни прв концерт на оваа сцена. Пред еден месец, бендот го издаде синглот „Може, може, може“. Песната ја напишаа членовите на дуото Борис Какуринов и Илчо Нечовски. „Некажано“ и „Дупер ѕвезда“ се нивните понови синглови кои излегоа во изминативе неколку месеци. „Дупер“ се појави на македонската сцена со песната „Не сум твој тип“ ...

Креаторот на глобално популарната серија „Игра на лигни“, Хванг Донг-хјук, подготвува нов проект за „Нетфликс“, кој дал зелено светло за криминалистичката серија „The Dealer“ сместена во светот на коцкари. Веќе е потврдена и актерската постава за серијата. Според „Вараети“, серијата ќе се фокусира на жена наречена Геонхва, чии планови за венчавка пропаѓаат откако станува жртва на измама со недвижности. Таа се впушта во опасно коцкарско ...

Рамбо Амадеус се враќа во Скопје на 14 март со самостоен концерт во „Јавна соба“. Во времето на се поголема популарност на трибјут бендовите, црногорскиот музичар во свој стил го нарече концертот „Трибјут на самиот себе“. Антоније Пушиќ попознат како Рамбо Амадеус е една од најоригиналните појави на регионалната музичка и општествена сцена. Тој речиси четири децении ги поместува границите на музиката и јавниот говор преку своите хумор, ...

По десет години пауза, Бруно Марс го објави својот прв соло сингл. Песната „I Just Might“ е најава за неговиот четврти студиски албум насловен „The Romantic“, кој излегува на 27 февруари. Тој веќе најави и турнеја, која почнува во април, при што „Форбс“ објави дека во еден ден биле продадени рекордни 2,1 милион влезници. И покрај долгата пауза, Марс имаше успешна година зад себе. Неговиот дует со Леди Гага „Die With A Smile“ стана песна која ...

Кирил Џајковски ќе го објави новиот албум „Memory Paradox” во следните месеци под етикетата на „Филтер лејбл“. Ќе содржи дел од дваесетината нови песни на кои Џајковски работеше со неговите соработници во изминатите две години. Како најава за новиот албум, од денеска на сите дигитални музички сервиси е достапен синглот „Head High”, спој на хип-хоп и драменбејс, на кој Џајковски е придружуван од редовната соработничка Ти-Кеј Вондер. Иако ...

Јован Јованов и Елвир Мекиќ ќе одржат заеднички концерт во Скопје, во арената „Борис Трајковски“ на 6 јуни, објавија пејачите. „На 6 јуни, Јован Јованов, Елвир Мекиќ и нивните пријатели ќе ве вратат во најубавите денови на македонската музика. Музичкиот времеплов со хитовите на Јован и Елвир на неколку часа цела една генерација ќе ја врати во младоста, а помладите ќе ги запознае со ‘Итно ми требаш’, ‘Некаде после 2’, ‘Лоша девојка’, ‘Опасно’ ...

Анимиран спот направен со помош на вештачка интелигенција сними виолинистот Никола Јанков-Коки за песната „Виолина и…“, која ја испеа лани на Макфест во чест на неговиот пријател и колега од дуото „Дуле и Коки“, Душан Љубисављевиќ, кој почина на 23 септември 2013. Премиерата на спотот, кој го работеше Ефтимија Јовановска, ќе биде денеска (16 јануари) во 18 часот. По 30 години од „Виолина и гитара“, ништо не е исто. Знам дека не е, ама пустото ...

По 1.336 дена чекање, фановите на Хари Стајлс добија потврда за негов нов албум. Британската поп-ѕвезда од декември го навестуваше тоа со мистериозни пораки, сајтови и белешки и сега објави дека неговиот четврти студиски албум излегува на 6 март. Насловен „Kiss All The Time. Disco, Occasionally“, тој доаѓа четири години по „Harry’s House“, кој се продаде во четири милиони примероци и беше прогласен за најдобар албум на Греми и на Британските ...

Словенечката трап и аренби пејачка Сенидах ќе одржи концерт во Скопје на 14 февруари во салата „Јане Сандански“, објави продукцијата „Скај ивентс“. „Секогаш чувствувам посебна енергија кога сум во Скопје и со нетрпение се подготвувам за оваа средба. Концертот ќе биде ноќ полна со емоции и силна музика. Едвај чекам повторно да се видиме, да пееме заедно и да ја споделиме таа енергија“, рече Сенидах, која има милионски преслушувања на песните ...

Првиот трејлер за третата сезона на „Еуфорија“ пристигна пред нејзината премиера на 12 април на „Ејџ-Би-О“ и „Ејџ-Би-О Макс“. Главните членови на екипата Зендаја, Сидни Свини, Хантер Шафер, Џејкоб Елорди, Ерик Дејн, Алекса Деми, Мод Апатоу, Марта Кели, Клое Чери, Колман Доминго и Доминик Фајк се враќаат за третата сезона. Барби Фереира, Сторм Рид, Џејвон „Вана“ Волтон и Остин Абрамс нема да играат во новата сезона, а Ангус Клауд, кој ја ...

Стинг им исплати речиси 800.000 долари (595.000 фунти) на членовите на бившиот бенд „Полис“ по тужбата за неплатени авторски права. Тапанарот Стјуарт Коупленд и гитаристот Ендрју Самерс тврдат дека басистот Стинг и неговата компанија „Магнетик паблишинг“ им должат повеќе од два милиона долари „аранжерски хонорари“. Нивниот адвокат тврдеше дека аранжерските хонорари, договор каде што текстописецот ќе им даде 15 проценти од приходите на другите ...

Се проширува капацитетот за мултимедијалниот настан „К-поп: Засекогаш“, кој ќе се одржи на 28 февруари во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Од продукцијата „Прагма“ велат дека ќе бидат пуштени во продажба и билетите за горните трибини. Ова ќе биде концерт на трупа од Англија која ќе изведе хитови од корејската поп музика и од филмскиот хит на „Нетфликс“, „К-поп: Ловци на демони“ (фото). На концертот ќе настапат четворица пејачи и четворица ...

Тинејџерската атракција од Јужна Кореја „Би-Ти-Ес“ најави светска турнеја со 79 настапи низ целиот свет, што го означува нивното враќање на сцената по четиригодишна пауза. Со концерти во Лондон, Токио, Минхен, Сиднеј и Лос Анџелес, ова веројатно ќе биде една од најголемите турнеи во годината, особено затоа што бендот не пеел надвор од САД и Јужна Кореја од 2019. Нивната претходна турнеја постави рекорди за поп бенд, заработувајќи околу 246 ...

На 17 јануари од 12 часот во скопскиот бар „Мака“ ќе се одржи традиционалното џез-матине на Скопскиот џез фестивал, на кое ќе се промовираат календарите за 2026. Фотографиите од календарот се на Жига Коритник. Во рамките на промоцијата ќе настапи „Тони Китановски трио“. Членови на триото се и Оливер Јосифовски на контрабас и Алек Секуловски на тапани. Влезот е слободен. На 17 јануари од 12 часот во скопскиот бар „Мака“ ќе се одржи ...

По освојувањето на четири златни глобуси, креаторите на серијата „Адолесценција“ Стивен Грем и Џек Торн навестија дека работат на продолжение. Кога излезе на „Нетфликс“ лани, „Адолесценција“ беше претставена како минисерија, што значи дека треба да има само една сезона, но Грем сега вели дека размислуваат за уште една сезона. „Засега не можам да потврдам какви се шансите да има втора сезона, зашто тоа е некаде во длабочините на мојот и на ...

Ана Петановска, оркестарот со диригентот Џијан Емин, сценографијата и видеодизајнот беа најдоброто на традиционалниот Василичарски концерт со диско хитови кој се одржа вчера (12 јануари) во Операта. По неколку години оперски арии, популарната музика се врати на сцената, но не и домашните пејачи, кои некогаш беа дел од овие концерти. Заедно со Петановска, настапија Џудит Беноа од Велика Британија, Даниел Ситрит од Данска, Клара Лукас од ...

Аријана Гранде, Тејана Тејлор, Тимоти Шаламе и други големи ѕвезди годинава на Златните глобуси се збогуваа со светлите боите и наместо тоа избраа црна. Многумина од гостите на свеченоста се држеа до испробаниот и докажан гламур на стариот Холивуд. Но, дури и во основната црна боја, црвениот килим беше исполнет со лични детали и разиграни украси. 83. издание на Златните глобуси нуди увид во тоа како славните личности ќе ја прикажат својата ...

Шеснаесетгодишната ѕвезда на хит-серијата „Адолесценција“ Овен Купер стана вториот најмлад машки добитник на Златен глобус откако ноќеска триумфираше во категоријата најдобра споредна улога. Рекордер останува Рики Шродер, кој имаше само девет години кога освои Златен глобус во 1980 за филмот „Шампионот“. „Стоењето овде на Златните глобуси воопшто не изгледа реално. Какво неверојатно патување поминавме јас и моето семејство“, рече Купер во ...

Мегахитот на „Нетфликс“, „К-поп ловци на демони“, триумфираше на Златните глобуси, освојувајќи ги наградите за најдобар анимиран филм и за најдобра оригинална песна („Златна“). Филмот кој го следи женскиот бенд „Хантрикс“ кој ја користи својата музика за да го спаси светот од зли сили имаше премиера во јуни и во рок од два месеца стана најгледаниот филм на „Нетфликс“ на сите времиња. „Ловци на демони“ ги освои истите две награди и на ...

Младата пејачка од Струмица Тина Русева, која живее во Германија, влезе меѓу шесте финалисти на музичкиот онлајн натпревар „Гласот на Европа“. Во 2025, таа го воодушеви жирито на натпреварот „Гласот на Германија“. Русева, која девет години живее во Леверкузен, вели дека „Гласот на Германија“ отсекогаш бил повеќе од натпревар за неа. „Беше мојата визија, мојата страст и мојата длабока желба. Живеев за овој момент. Се пријавив да кажам еве сум, ...

Франција е најпосетена земја за минатата година со 102 милиони туристи. Франција можеби е синоним за сирење, вино и Ајфелова кула, но нејзината привлечност е многу поголема. Од кафулињата покрај Сена, уметничките музеи во Париз и суровите карпи на Нормандија, Франција ги спојува уметноста, храната, историјата и природата на начин на кој малку места можат да се пофалат. Светот забележа 1,47 милијарди меѓународни туристички пристигнувања во ...

Сер Том Џонс ги предупреди обожавателите за „тажна и обесхрабрувачка“ измама со лажни профили на социјалните мрежи за да се претстават како него. На Инстаграм, 85-годишниот пејач од Велс ги повика своите следбеници да не комуницираат никој од овие онлајн страници, додавајќи дека оние што стојат зад нив се обидуваат да „фатат и злоупотребат“ ранливи луѓе. Ова следи по претходните извештаи за луѓе кои биле измамени за илјадници фунти од профили ...

„Грешници“, „Марти Суприм“ и „Една битка по друга“ се меѓу филмовите што ќе се натпреваруваат на Златните глобуси, вечерва (11 јануари) во Лос Анџелес. „Франкенштајн“, „Сентиментална вредност“ и „Хамнет“ се некои од другите филмови што се борат за злато на церемонијата која се одржува по 81 пат. Оваа година е воведена нова категорија, најдобар подкаст, додека „Адолесценција“, „Пит“ и „Студиото“ се номинирани во ТВ категориите. Златните ...

„Вардар е Стикс“ е новата песна на „Мизар“ која излезе на дигиталните платформи. Музиката е на Горазд Чаповски, а аранжманот го работеа Чаповски и Нико Ѓорѓиевски кој го напиша и текстот, и е продуцент на песната. Култниот бенд за песната сними и спот, во режија на Александар Ристовски-Принц. Членови на бендот се Гораст Чаповски, Илија Стојановски, Пеце Китановски, Нико Ѓоргиевски, Александар Ристовски-Принц, Драган Теодосиев и Оливер ...

Прекумерниот туризам е многу реален проблем, особено во најголемите туристички градови во Европа. Приливот на гости може да предизвика оптоварување на локалната инфраструктура, а големите метежи честопати му пречат на локалното население. За да се помогне во справувањето со проблемот, некои градови воведоа ограничувања како што се туристички даноци или ограничувања за изнајмување имоти. Но, една популарна дестинација ги носи овие мерки на ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
76%
1018
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
1.03
60%
1018
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
4.12
51%
1019
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
71%
1018
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
1.83
58%
1017
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
0.51
94%
1019
weather icon

Атина

18ᴼ / 14ᴼ
0.89
72%
1017
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
62%
1018
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
67%
1018
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
2.57
62%
1019
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 9ᴼ
4.63
44%
1021
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
73%
1019
Currency

61.635

Currency

52.6211

Currency

71.1326

Currency

37.7924

Currency

38.4589

Currency

66.6514

Currency

7.69643

Currency

0.69862

Currency

0.3297

Currency

0.52534

Currency

1.16849

Currency

0.55626

Рутениум

52984.43

Бакар

12.04

Платина

62758.26

Калај

50.51

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Злато

148834.32

Сребро

2345.35

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.58

Родиум

321507.47

Паладиум

46007.72