Филмови за Мајлс Дејвис, „Дјуран Дјуран“ и „Крафтверк“ ќе бидат дел од 12. издание на фестивалот на музички документарци Скопје синема сити, што ќе се одржи на 26 и 27 јуни во кино Фросина во Младински културен центар. На отворањето од 20 часот ќе биде прикажан документарниот филм „Мајлс Дејвис: Раѓањето на култот“, во чест на 100 години од раѓањето на легендарниот џез-музичар. Втората фестивалска вечер се проекциите на „Дјуран Дјуран: Зад ...

Популарната македонска група „Суперхикс“, која слави 35 години постоење, ќе го спои овој јубилеј со 25 години на фестивалот „Битола отворен град“, на кој ќе настапи на 26 јуни од 20:30 часот на Широк Сокак. Дел до концертот ќе бидат и битолскиот бенд „Ерапшн“ и новосадскиот бенд „Осми дан“. Концертот е дел од богатата четиридневна програма на фестивалот „Битола отворен град“, во организација на Младинскиот културен центра од Битола, кој ...

Ана Петановска сними македонска верзија на песната „Балада за ангелот“, која во 2024 ја испеа на фестивалот „Белградска пролет“. Песната му е посветена на Тоше Проески, а белградската публика ѝ даде голем аплауз по настапот. Песната во оригинал е напишана на српски јазик, со музика на еден од најпознатите македонски композитори, Григор Копров. Тој вели дека инспирацијата за песната ја пронашол во коментар оставен под спот на Тоше, каде ...

Со концерт на групата „Љубојна“, вечерва (24 јуни) на летната сцена во Крива Паланка ќе биде отворено „Кривопаланечко културно лето 2026“. Градоначалникот Сашко Митовски преку видеообраќање ги покани граѓаните и посетителите да бидат дел од отворањето на летната сцена во центарот на градот. „Годинашното издание носи богата програма со повеќе од 60 културни настани: концерти, изложби, театарски претстави, книжевни и музички вечери и содржини ...

Тронот што го користеше Ози Озборн за време на неговиот последен настап ќе биде јавно изложен во Бирмингем, додека обожавателите се подготвуваат да ја одбележат првата годишнина од смртта на рок-легендата. Црниот трон во готски стил, што беше на бината на прошталниот концерт на „Блек Сабат“ во „Вила парк“ во јули 2025, ќе стане дел од изложбата „Ози Озборн: Херој на работничката класа“ во Музејот и уметничка галерија во Бирмингем од 1 јули. ...

Со концерт на групата „Љубојна“, вечерва (24 јуни) на летната сцена во Крива Паланка ќе биде отворено „Кривопаланечко културно лето 2026“. Градоначалникот Сашко Митовски преку видеообраќање ги покани граѓаните и посетителите да бидат дел од отворањето на летната сцена во центарот на градот. „Годинашното издание носи богата програма со повеќе од 60 културни настани: концерти, изложби, театарски претстави, книжевни и музички вечери и содржини ...

Дина Јашари ќе отвори уште еден голем концерт во организација на „Авалон“. Откако лани ја загреваа публиката пред концертот на „Масив атак“ во Градски парк, Јашари и нејзиниот бенд ќе настапат и пред „Дјуран Дјуран“ на концертот што ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“ на 2 јули. Ова е ново признание за една од највпечатливите нови авторки на регионалната сцена, која минатата година го објави својот деби апбум „Растенија без корен“, а ...

„Ехо од Хераклеја“ е насловен концертот на Миле Кузмановски и Камерниот оркестар на Битола, кој ќе се одржи на 15 јули во Хереклеја во Битола од 20:30 часот. „Публиката ќе има можност да ги слушне безвременските хитови во едно поинакво издание, а Миле Кузмановски ќе биде придружуван од камерен оркестар. Тој и оркестарот заедно ќе направат битолска приказна што ќе се памети“, велат организаторите. „Особено се радувам што ќе пеам во еден таков ...

Српската поп-пејачка Александра Радовиќ ќе одржи концерт во Охрид на 30 јули, од 20 часот во Античкиот театар, објави продукцијата „Евентум“. „По фантастичниот концерт во Скопје во февруари, Александра Радовиќ имаше желба да одржи концерт и во Охрид“, велат организаторите. Пред скопскиот концерт, Радовиќ на „Златна бубамара на популарноста“ ја доби наградата за најпопуларна регионална пејачка. „Многу од моите песни ги напиша Дарко Димитров и ...

Францускиот диџеј и продуцент Дејвид Гета повторно му даде поддршка на македонскиот продуцент и диџеј Галоски, овојпат за неговиот новиот сингл „To the Beat“. Песната беше објавена на 19 јуни преку „Смеш д Хаус“, издавачката куќа на белгиското дуо Димитри Вегас и Лајк Мајк, а истата вечер премиерно беше емитувана во радиоемисијата на Дејвид Гета. Музиката на Галоски со години добива поддршка од водечките диџеи на светската електронска сцена, ...

По концертите во повеќе градови во Македонија, поп-пејачката Бојана Скендеровски ја објави новата песна „Оди си“. Музиката и текстот се на Александар Тарабунов, а аранжманот е на Димитар Андоновски. Поп-пејачката вели дека ова е песна што одговара на нејзиниот темперамент. „Ова е женска песна што ќе те натера и да запееш и да заиграш, а можеби и ќе се пронајдеш во неа“, вели Скендеровски. Видеоспотот за „Оди си“ е снимен во Тирана, во ...

Кантавторот, мултиинструменталист и продуцент Иван Кукиќ го објави својот нов албум „Маѓепсан круг“ (Začarani krug) со 11 авторски песни. Албумот е во издание на „Крација рекордс“ и доаѓа по албумот „Sunday Vibes“ од 2023. Тој носи препознатлив звук што обединува рок, џез, светска музика и современ кантавторски пристап. Покрај Кукиќ, кој свири бас и акустична гитара и ги пее вокалите, на албумот учествуваат и Зоран Трендов, Влатко Сапламаев, ...

Шведскиот дизајнер Густаф Вестман претстави впечатлив дизајнерски производ, розов сад за грицки во форма на фудбалски стадион.инспириран од Светското првенство во фудбал 2026. Садот беше претставен во продавницата што Вестман ја отвори во соработка со спортскиот бренд „Најк“ во Лос Анџелес. Изработен е од керамика со розова глазура и содржи десет вдлабнатини што потсетуваат на трибини, со простор за различни видови храна. Во центарот на садот ...

Утре (22 јуни) од 20 часот, во Социјалниот центар „Дуња“ во Скопје ќе се одржи 33. издание на серијалот „Џез за чудаци“, на кое ќе настапат групата „Светлост“ (фото) и дуото Филип Букршлиев (електрична гитара) и Никола Ивановски (труба). Настанот е во коорганизација на „Аксиома“, „Светлост“, „Џез за чудаци“ и СЦ „Дуња“. Вечерта ќе ја отвори дуото Букршлиев–Ивановски, кое вели дека преку слободна импровизација и истражувачки пристап создава ...

На Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, се одржа јубилејната 20. студентска модна ревија „Вортекс импресии“. Ревијата привлече големо внимание кај љубителите на модата и дизајнот. Под менторство на професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева, студентите ги претставија уникатните модни креации инспирирани од темата на вртлогот како симбол на енергија, движење и динамиката на современиот свет. Овогодишното издание беше инспирирано и ...

Црногорскиот кантавтор Сергеј Ќетковиќ ќе одржи концерт во Охрид на 9 август во Антички театар, објави продукцијата „Евентум“. Минатата година, тој одржа концерт на истата сцена во придружба на Битолски оркестар „Дива“. Како гостин настапи Ѓоко Танески, и во дует со Сергеј Ќетковиќ ја испеа „Лихнида кајче веслаше“. Концертот во Охрид е дел од актуелната турнеја на црногорскиот пејач низ регионот на отворени сцени. „Дефиниција за хит не ...

Под мотото „Зора за планина. Ноќ за музика. Галичник за сите“, денеска (20 јуни) во Галичник ќе се одржи петтото издание на фестивалот на електронска музика „Галицко“. Фестивалот се организира во чест на Рист Мелоски, познат како диџеј Ицко од „Антена 5“ радио, чија голема желба била токму во Галичник да се одржува фестивал на електронска музика. Петта година по ред, неговата сопруга и пријателите го организираат на настанот, продолжувајќи го ...

Вечерра и утре (20 и 21 јуни) од 20 часот во Центарот за култура во Охрид ќе се одржи традиционалниот фестивал за балканска музика Балкански музички плоштад. Вечерва настапува Елена Христова од групата „Баклава“ (фото), а потоа групата „ВИС Билјана“ од Охрид. На 21 јуни, концерт ќе одржи гитаристот и композитор Владимир Четкар со својот бенд. Влезот и двете вечери е слободен. И оваа година фестивалот се одржува во чест на Денот на Охридското ...

Штип од 19 до 21 јуни ќе биде домаќин на тридневниот Фестивал на улична храна, што по вторпат се одржува на новото штипско шеталиште „Ванчо Прќе“. Покрај храна, организаторот подготвува и богата забавна програма. „Искуството од лани, по првиот Фестивал на улична храна, ни покажа дека тридневната кулинарска и музичка забава е одлична релаксакција не само за штипјани, туку и за сите други посетители“, рече градоначалникот на Штип, Иван ...

Рита Ора испрати видеопорака до македонската публика во пресрет на концертот, што на 1 август ќе се одржи на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид. „Охрид, не можам да дочекам да го донесам мојот бенд и да свириме за вас. Едвај го чекам летото, ќе биде многу забавно, набавете си влезници“, вели британската поп-ѕвезда со косовско потекло. Ова ќе биде нејзино прво гостување во Македонија, во рамките на фестивалот „Скрим“. На истиот концерт ќе ...

Пејачот Драган Величковски-Тајзи ја промовираше новата песна насловена „Мама/Аба“, за која вели дека е посветена на семејните вредности и почитта кон родителите. Музиката и текстот се на негови, а аранжманот, миксот и мастерингот ги направи продуцентот Иван Јованов-Ивајо. За оваа песна, Тајзи сними и спот со негово сценарио, кој го режираше Даниел Јовески. Снимен е на неколку значајни културно-историски локалитети во околината на Охрид и ...

Денеска (18 јуни) од 20 часот, во „Јавна соба“ во Скопје ќе се одржи концертот „Приспивна песна за лудаци“ (Lullaby for Lunatics), првиот самостоен проект со авторска музика на контрабасистката, композиторка и мултиинструменталистка Андреа Мирческа. Станува збор за музичко патување инспирирано од богатите бразилски звуци на движењето Тропикалија, кое во 1960-тите ги споило традицијата, психоделијата, авангардата и експериментот во ...

Трап пејачот Христијан Настески-Пајак го промовираше својот деби албум „2000 и некоја“, кој е во издание на „Урбан рекордс“, зад која стојат продуцентите Иван Јованов-Ивајо и Гордан Божиновски. Автори на песните се Лазар Цветкоски, Луна, Таско, Тајзи и Елвир Мекиќ. Од тимот на Пајак велат дека албумот е модерен и го задржува неговиот препознатлив стил. На албумот има дуети со Тајзи, Тони Зен и со Лара Иванова, како и песната „Делириум“, која ...

Диригентот и композитор Џијан Емин повторно ќе диригира со еден реномиран европски оркестар, Симфонискиот оркестар од Бамберг, на концерт што ќе се одржи денеска (18 јуни) во овој германски град. По успешната соработка минатата година, Емин повторно ќе настапи со светски познатиот пијанист, композитор и продуцент Франческо Тристано од Луксембург. На концертната програма се дела од Јохан Себастијан Бах, Морис Равел и Чарлс Ајвс, како и нови ...

Од 26 до 28 јуни во Прага ќе се одржува Мистик скејт купот, еден од најголемите и најпрестижни скејтбординг фестивали во Европа. На 31. издание на настанот на островот Штваниче ќе се соберат над 200 врвни скејтбордери од целиот свет и има награден фонд од 30.000 американски долари. Натпреварувачи од дваесетина земји ќе настапат во дисциплините street, vert и bowl. Натпреварите ќе вклучуваат квалификации, финалиња и специјални настапи, а ...

Ана Стојаноска ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2026 со песна на Никола Мицевски, објави Македонската радио-телевизија. Детската Евровизија ќе се одржи на 24 октомври во Валета, Малта. Од МРТ велат дека Ана Стојаноска е избрана по пат на аудиција. „По внимателно разгледување и преслушување на настапите на кандидатите, стручната жири-комисија донесе едногласна одлука, препознавајќи ги вокалните способности, сценската појава ...

Вечерва (17 јуни) од 20 часот, на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ во Скопје ќе се одржи јубилејната 20. студентска ревија, која оваа година е насловена „Вортекс импресии“ и инспирирана од делата на уметникот Клод Моне. На ревијата ќе бидат прикажани креативните модни решенија на студентите на професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева, инспирирани од темата на вртлогот како симбол на енергија, движење и современиот свет. ...

Мецосопранот Миланка Новеска од Охрид повторно е добитничка на стипендија од Кралството Шведска. Таа ја доби стипендијата од Фондацијата „Ингрид и Оскар Фалкман“, која ја доделува Друштвото на пријатели на Дротнингхолмскиот дворски театар, како признание за нејзиниот уметнички развој и поддршка на млади уметници во областа на операта. На свечената церемонија во Дротнингхолмскиот дворски театар, Новеска настапи пред кралот Карл Густав и ...

Утре (17 јуни) во 19 часот, во скопското кино Синеплекс ќе се отвори Фестивалот на француски филм, кој се организира после девет години. Ќе трае до 20 јуни, а ќе се прикажат четири филма. Гости на фестивалот се режисерите Жилиен Колона, Тјери де Перети и Фредерик Фаручи и актерите Алекси Мананти и Андреа Коси. Тие ќе разговараат со македонската публика по проекциите. Отворањето е со филмот „Кралство“ на Колонаи (фото), на 18 јуни е ...

На 26 и 27 август, на сцената на Долни Сарај ќе се одржи 33. издание на Охрид Фест-Охридски трубадури. Организаторите велат дека фестивалот и ова лето ќе обедини познати музичари од Македонија и регионот, а влезот ќе биде слободен. На 27 август е интернационалната поп вечер, на која ќе настапат Владо Калембер и „Сребрна крила“, Принц од Врање, Дадо Топиќ, Сузана Манчиќ, Наташа Михајловиќ, Валдера, Броз и Марама, „Маротови“, Ана Петановска и ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Злато

130856.75