Компанијата DSCC, која работи со анализа на пазарот на производи кои вклучуваат екрани, заклучи дека причина за оптимизам на слабиот пазар на уреди на преклоп е очекувањето за влез на Apple на овој пазар. Тие започнуваат со анализа на пазарот за оваа година и заклучуваат дека продажбата на уредите на преклоп е намалена, а такво нешто се очекува и за идната година. „Сепак, постои причина за оптимизам, бидејќи Apple се очекува да влезе во 2H’26. ...

Инсталирањето на Windows 11 на уред кој ги нема потребните спецификации официјално не е можно, но сепак има начини тоа да се направи. Како што е познато, Microsoft реши да оди со построги барања за користење на Windows 11, па тоа не се покажа баш како најдобра одлука за подоброто прифаќање на системот од страна на корисниците. Од компанијата сега ќе започнат со поставување на ознака, односно жиг на позадината кај уредите на кои се користи ...

КС Групација, повторно демонстрирајќи ја својата посветеност кон грижата за унапредување на општеството и отворање на нови можности за младите, на пригодна свеченост во срцето на Битола, ја претстави својата програма за стипендирање и додели признанија на минатогодишните стипендисти за нивните извонредни академски достигнувања. На церемонијата беа доделени стипендии и пофалници на студентите Валентин Стојановски и Петар Митревски од Факултетот ...

Според информациите од Марк Гурман од минатиот месец, Apple треба денес да ја пушти iOS 18.2 верзијата, односно и iPadOS 18.2, како и macOS 15.2. Оваа верзија може да се каже дека е доста важна за компанијата поради тоа што ги донесува повеќето најавени Apple Intelligence функции, па ќе остане само поголемото подобрување на Siri идната година. Сепак, изгледа пуштањето на овие верзии нема да се случи денес, па тоа може да се очекува идната ...

Родителите од Општина Кисела Вода утре (3 декември) со почеток од 18 часот ќе имаат можност да разговараат и подетално да се запознаат со проблемот со врсничкото насилство. Работилницата организирана од „Макпетрол“ ќе се одржи во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“. Ова е шеста едукативна средба наменета за родители во рамки на општествено одговорната кампања „Крени глас – Стоп за булинг“. Водител на настанот ќе биде популарниот актер Сашко ...

Најавата од страна на The Browser Company при крајот на декември дека ќе работи на нов прелистувач, не беше добро прифатена од корисниците на нивниот прв прелистувач, Arc Browser. Оваа најава се сфати како крај на развојот на Arc Browser, иако од компанијата конкретно нагласија дека тоа не е така, но остана отворено прашањето колку нови функции може да се очекуваат кај овој прелистувач. Arc Browser е во главно наменет за „посериозните“ ...

Microsoft колку и да најавуваат, изгледа не планираат да престанат со нивните практики кои ги користат за да ги натераат корисниците да го користат Edge прелистувачот. За да овие практики бидат уште повеќе познати во јавноста, а и да се „лобира“ кај регулаторните тела, неколку компании кои стојат зад развојот на интернет прелистувачи, се здружија во група наречена Browser Choice Alliance. Оваа група ја повикува ЕУ да го назначат Microsoft Edge ...

xAI е уште една од компаниите кои ги има Елон Маск, а оваа како што може да се заклучи од името работи со развој на генеративна вештачка интелигенција и големи јазични модели. Со оглед на тоа што Маск беше еден од основачите на OpenAI, не чуди продолжувањето на работата во оваа област. Grok е името на „четботот“ кој е развиен од xAI, а беше претставен пред една година. Доколку се гледаат коментарите и интервјуата од Маск, Grok е наводно многу ...

Не околу два месеци пред претставувањето на наредната генерација од Galaxy S серијата, односно Galaxy S25 серијата, веќе е време да почнат стандардните таканаречени „протечени“ слики, видеа и информации. Од тоа што беше објавено овие недела дена, може да се види како ќе изгледа Galaxy S25 Ultra, а со тоа и дел од One UI 7, односно корисничкиот интерфејс направен на основа на Android 15. Верувам дека овие слики и видео се вистинити, односно се ...

Apple никогаш предвреме нема да потврди нешто вакво, но сепак се верува дека идната година од компанијата планираат да претстават целосно нов модел од iPhone кој треба да го замени сегашниот Plus модел. Овој iPhone нема да биде на ниво од Pro моделите, а ќе треба да го привлече вниманието со неговата мала дебелина. Според најновите информации, овој iPhone треба да дојде со дебелина од 5 или 6 милиметри, што би го направило најтенкиот iPhone ...

Microsoft планира да ги „сруши јазичните бариери“ со нова апликација која е специјално наменета за бизнис корисниците. Се работи за Pro верзија од веќе достапната Microsoft Translator апликација, достапна за почеток во тест форма и само за корисниците на iOS. Microsoft Translator Pro овозможува превод и транскрипција во вистинско време од еден уред, а за одредени јазици преводот може да функционира и без интернет врска, локално на уредот. Оваа ...

Оваа година наредната верзија од One UI, направена на основа на најновата Android верзија нема да биде пуштена како што тоа беше случајот претходните години. Оваа година дури нема ни да ја има новата верзија, а истата може да се очекува на почетокот од идната со претставувањето на Galaxy S25 серијата. Добро е што за разлика од порано кога исто така повеќе се чекаше за нова верзија, Android и One UI се доволно напреднати, па новите верзии не ...

Компанијата која на повеќето од нас ни стана позната во 2020 за време на „корона кризата“ по видео повиците кои ги овозможуваше, сега станува многу повеќе од тоа. Видео повиците во 2020 почнаа да се нарекуваат „Zoom повици“, па јасно беше дека сервисот од компанијата беше главен во тоа време, доволно за да Microsoft, Google и Slack не пропуштија да се приклучат на трендот. За да покажат дека Zoom сега е доста повеќе од сервис за видео ...

Смартус и оваа година нуди големи попусти на смарт уреди за Black Friday. Избери роботска или безжична правосмукалка по супер намалена цена и олесни си го чистењето на домот или канцеларијата. Во понудата ќе најдеш електрични и статични велосипеди, фитнес справи за трчање или веслање и многу други уреди по екстра цени. Разгледај го богатиот каталог, искористи ги попустите и одбери го твојот фаворит. Целосната понуда на сите смарт-уреди може да ...

По грешка, барем според тврдењата од компанијата, OpenAI имаат избришано податоци кои требало да се користат против нив во тужба поднесена од група на медиуми. Тужбата е поднесена од медиуми на чело со The New York Times, а тврдењето е веќе познато, користење на објавите од медиумите без нивна дозвола за тренирање на вештачката интелигенција, односно големите јазични модели како GPT. Заедно со OpenAI, се споменува и нивниот главен партнер ...

Иако само што беше претставена iPhone 16 серија и има уште доста до наредната, веќе ги читаме гласините за iPhone 17 Pro серијата која ќе биде претставена во септември идната година. За двата модели од Pro серијата се највуваа две новини поврзани со надворешниот дел, односно дизајнот и материјалите кои се користат. iPhone 17 Pro серијата наводно ќе добие мал редизајн, па после повеќе години од идната година iPhone изгледа нема да изгледа исто, ...

YouTube тестира нешто што може да се каже дека е беше очекувано со оглед на развојот и масовната употреба на генеративната вештачка интелигенција. Оваа видео мрежа изгледа ќе ја добие една од основните и најчесто користени функции од ВИ, а тоа е сумирање на содржината. Информацијата доаѓа од познатиот „јутјубер“ Арун Маини, односно познат како Mrwhostheboss. Од сликата која ја објави на X, може да се види кратко сумирање на видеото, во неколку ...

Британската CMA – Competition and Markets Authority, која е доста активна изминатите години, изгледа ќе отвори истрага против Apple, како и за Google, поради заклучокот дека компанијата ја ограничува иновацијата кај мобилните прелистувачи. Причината за тоа е позната, а до некаде може да се каже и оправдана и очекувана. Apple кога е во прашање iOS, како и iPadOS, не дозволува користење на алтернативна на нивната веб технологија WebKit. Иако на ...

Македонски Телеком ги заокружува активностите од иницијативата #НаправиМесто со уникатен театарски проект насловен „Замисли нов свет“, создаден како колаж од делата на Горан Стефановски, во соработка со Македонскиот народен театар. Направи место Со иницијативата #НаправиМесто, Телеком ја отвори темата за предизвиците со кои се соочуваме како општество и повика на нивно надминување и на вистинско поврзување меѓу луѓето. Во текот на годината беа ...

MacBook Pro лаптоп компјутерите моментално доаѓаат со екрани со mini-LED технологија, па може да се каже дека сепак овие уреди доаѓаат со доволно добри екрани. Сепак, OLED технологијата се смета како доста подобра, барем за одредени видови на содржина, а тука е и предноста од подобрата заштеда на енергија поради начинот на функционирање на истата. Според информациите, Apple веќе ги подготвува производителите за инвестирање во OLED екрани со ...

„Гејмерите“ со најновите тест верзии од Microsoft Edge добиваат одлична нова функција која ќе им овозможи пребарување на тоа што им е потребно на интернет без потреба од прекинување на играта. Новата функција е наречена Microsoft Edge Game Assist и истата е во тест „Preview“ фаза и достапна само со инсталација на beta или dev верзијата од Edge. Microsoft Edge Game Assist функционира преку интеграција со Game Bar функцијата на Windows, односно ...

Содржината која што ја гледаме на Instagram, како и на другите друштвени мрежи, е прикажана од страна на алгоритам кој врз основа на нашите интереси и интеракција на мрежата, одлучува што да ни биде прикажано. Ова е веќе одамна познато, а и сме пишувале на темата повеќе пати. Се што правиме на друштвените мрежи, како притискање на „лајк“ на објави, нивно споделување и отворање, видеата кои ги гледаме, луѓето кои ги следиме и слично, се зема во ...

Во рамките на Европската недела на претприемништво, Агенцијата за поддршка на претприемништвото успешно го реализираше настанот Mentor Awards 2023, кој се одржа како дел од активностите на Програмата – Стандардизирани менторски услуги. Настанот поддржан од Јапонската Агенција за Меѓународна Соработка – JICA, имаше за цел да ја истакне важноста на мисијата на менторите во унапредувањето на работењето на македонските мали и средни претпријатија. ...

Со пуштањето на iOS 18 при крајот на септември, корисниците на Apple официјално и конечно добија поддршка за RCS протоколот кој на Android страната е пуштен како модерна замена за SMS. Ова е нешто што Apple одамна го направи за своите корисници со iMessage протоколот, па додавањето на RCS овозможува модерна комуникација и со Android корисниците, кога е во прашање стандардната апликација која се користи за SMS пораки. Samsung објави статија во ...

Марк Гурман излезе со информација дека Apple работи на уште понапредна верзија од Siri од таа која треба да биде пуштена идната пролет. Оваа досега ненајавена верзија наводно ќе биде претставена идната година, но официјалното пуштање се планира дури за 2026. Според информациите, во компанијата веќе се тестира оваа нова верзија од Siri, а вработените наводно ја нарекуваат „LLM Siri“. Од ова може да се заклучи дека оваа верзија од Siri ќе ...

Почнувајќи од 18 декември оваа година корисниците кои се’ уште ја користат осмата верзија од iOS на нивниот iPhone или iPad, веќе нема да можат да прават бекап на нивниот уред со iCloud Backup. По оваа дата, која Apple официјално ја објави и почна со испраќање на пораки до корисниците, бекап податоците ќе бидат избришани и корисниците нема да имаат пристап до нив. Секако, податоците кои се на самиот уред ќе останат достапни, односно тие не се ...

За време на Microsoft Ignite 2024 можеше да се види новина која од компанијата ја планираат за Windows 11, а оди во правец на олеснување на одредени активности за корисниците. Конкретно, се работи за додавање на таканаречени „придружници“ на долната лента и на Старт менито преку кои корисниците ќе можат лесно да дојдат до своите контакти, датотеки и календарот. Начинот на којшто ќе се прикажуваат овие придружници не е до крај јасно се’ уште, па ...

Meta оваа недела најавија неколку новини кои ги донесуваат кај нивниот популарен Messenger, овој пат поврзани со видео повиците. Корисниците добиваат функции кои се корисни и сигурно ќе ги забележат и ќе им направат разлика. Првата новина е унапредување на можноста за додавање на позадина за време на видео повиците. Сега истата ќе може да се користи со вештачката интелигенција, односно сликите за позадината да бидат генерирани од истата според ...

Во рамките на Ignite 2024 конференцијата која се одржува оваа недела, Microsoft претстави нова функција која доаѓа благодарение на генеративната вештачка интелигенција и големите јазични модели. Се работи за функцијата наречена Copilot Agents и истата е замислена да им ја олесни работата на корисниците во делот на задачи кои се повторуваат. Како пример може да се земат задачите како испраќање на порака до вработените за извршените задачи во ...

Во текот на вчерашниот ден SpaceX успешно го изврши шестиот тест лет на нивното Starship летало кое се планира во иднина да се користи за мисија на Марс. Шестиот лет повторно беше успешен, односно леталото и ракетата успешно ги извршија своите планирани летови и се вратија назад на Земјата. Ова веќе е главна карактеристика на SpaceX, компанија која може да се каже дека направи револуција со развојот на ракети и летала кои можат да се користат ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
93%
1010
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
88%
1014
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
6.17
63%
1017
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
94%
1010
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.14
88%
1011
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 5ᴼ
5.14
81%
1017
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
5.36
75%
1002
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1005
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
6.17
47%
1008
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 11ᴼ
6.69
86%
1011
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
2.57
77%
1016
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
82%
1009
Currency

61.525

Currency

56.8468

Currency

73.565

Currency

35.8229

Currency

39.732

Currency

64.4608

Currency

7.93968

Currency

0.66916

Currency

0.37876

Currency

0.52226

Currency

1.49584

Currency

0.66438

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

16154.00

Рутениум

20190.67

Калај

36.65

Сребро

1091.03

Злато

100296.19

Бакар

10.11

Паладиум

31250.53

Платина

32418.75

Родиум

184063.02

Цинк

2.85