Програмерите конечно веќе нема да бидат ограничени да во своите апликации го користат WebKit, односно технологијата за интернет прелистувачи од Apple на која работи Safari. Оваа промена доаѓа со iOS 17.4, но не по одлука од Apple, туку поради новите закони во Европската Унија, а од компанијата не го кријат фактот дека не се баш среќни што мораат да ги воведат овие, како и уште неколку други промени. Ова значи дека Google Chrome, Mozilla Firefox ...

Скопје, 26.01.2024 – Уште неколку денови преостануваат од можноста секој корисник на Vibe-on Visa картичка на Шпаркасе Банка да може да дојде до својот еднократен кешбек, односно поврат на средства во износ од 500 денари. Како можеш да дојдеш до твојот кешбек? Направи минимум 10 продажни трансакции со твојата Vibe-on портокалова картичка на Шпаркасе Банка, онлајн или во било која продавница во државата, во вкупна вредност од 2.000 денари. ...

Google Photos добива можност за групирање на сличните слики и со тоа да го намали „хаосот“ кој го имаат корисниците, а посебно тие кои многу често сликаат повеќе пати еден кадар. Ова обично се прави со цел да се намалат шансите сликата да испадне лошо, па со сликањето на повеќе обиди, потоа може да се избере најдобрата. Бришењето на сликите кои не се употребуваат е нешто што голем дел од корисниците не го прават, па галеријата станува полна со ...

Очигледно е, иако не изненадува, дека Apple не се приклучија на трендот од нивните конкуренти и не почнаа со интеграција на генеративната вештачка интелигенција во сите нивни производи. Иако од компанија одамна користат вештачка интелигенција, односно голем дел од нивните производи функционираат со помош на истата, генеративната вештачка интелигенција слободно може да се стави во категоријата на револуционерна во своите способности. Apple ...

Дека сопствениците на најголемите платформи кои се користат во денешно време користат не баш фер тактики за промовирање на нивните производи е одамна познато. Од Mozilla решија дека е време да го истакнат тоа малку погласно, а голем удел во тој став е и се поголемиот притисок кој доаѓа од страна на регулаторите, а посебно во ЕУ. Од организацијата која стои зад развојот на еден од најпознатите интернет прелистувачи, излегоа со статија во која ги ...

Можноста за корисниците да креираат „аватари“ од себе во Teams, Microsoft ја однесе на наредно ниво со претставуањето на Mesh. Microsoft Mesh е платформа која функционира во Teams и на корисниците им овозможува целосна виртуелна околина за одржување на состаноци, а и други видови на конференции, каде што „аватарите“ изгледаат како навистина да се на некоја локација. Ова не е замена за состанувањето во живо, секако, но во време кога се задржа се’ ...

Изминатите година дена Microsoft навистина ја направи корисна нивната алатка за слики од екранот. Истата покрај подобрување кај делот за слики, сега има и можност за снимање на екранот, па потребата од симнување на посебна апликација, посебно од страна на корисниците кои не толку често им треба една ваква алатка, е тргната. Од компанијата сега тестираат додавање на уште една, иако мала, новина, која дополнително ќе ја направи Snipping Tool ...

Работата на сопствен електричен автомобил од страна на Apple се’ уште е во рамките на шпекулации, но тие редовно излегуваат да не информираат до каде е со работата. По едното неофицијално одложување за 2026 година, а и намалување на очекувањата за целосна автономија, сега повторно има информации дека претставувањето е одложено. Според Марк Гурман, наместо во 2026, Apple автомобилот може да се очекува во 2028 година, а ја потврдува и одлуката да ...

Со пуштањето со најновата верзија, поточно Chrome 121, Google претстави и три нови функции кои се направени благодарение на генеративната вештачка интелигенција. Може да се каже дека од компанијата ја интегрираат ВИ на начин доволно корисен и дискретен, не како што тоа го прави Microsoft наметливо и во секој можен производ. Новите функции за почеток им се достапни на корисниците во САД, а и за нив се експериментални, односно треба да бидат ...

Со гордост ви го најавуваме првиот отворен ден на Growth Labs Academy – академија за секој чија желба е да изгради кариера во IT индустријата. Ве покануваме да ни се придружите на првиот отворен ден на 31ви јануари со почеток во 17:00 часот, на Zoom. На самиот настан ќе имате можност да дознаете повеќе за академијата од директорите на академијата, што нудат програмите, да ги запознаете менторите и што да очекувате низ процесот на учење. ...

Скопје, 24 јануари 2024 г. – Неодамнешната возбуда околу вештачката интелигенција предизвика бран на идеи насочени кон искористување на нејзината моќ. Додека вештачката интелигенција има огромен потенцијал да револуционизира многу области, од финансии до медицина, нејзините импликации за потрошувачката електроника што ја користите се помалку јасни. Нејзиниот потенцијал останува главно неискористен, при што многумина не ја увидуваат вистинската ...

Новиот Outlook, како што го нарекуваат од Microsoft, им е достапен на корисниците уште од минатата година, а почна и да доаѓа пред-инсталиран за дел од корисниците на Windows 11. Апликацијата е направена на основа на Outlook.com, односно се работи за преработена веб верзија од сервисот, која сепак изгледа одлично и модерно. Со тек на време апликацијата ги доби повеќето функции кои им беа достапни на корисниците на веќе старата десктоп ...

Brave интернет прелистувачот е еден од повеќе популарните, иако не постои долго време. Направен на основа на Chromium отворениот код, својата популарност ја влече од угледот на можеби најмногу приватниот прелистувач, иако неколку пати имаше „предизвикување“ на ова тврдење. Една од заштитите на приватноста која ја овозможува Brave е заштитата од таканареченото „fingerprinting“. Ова е понапреден начин на следење на корисниците од колачињата, на ...

Во видео направено во чест на Лени Смут, пронаоѓач во Disney, презентиран беше еден „уред“ кој може да биде решението за движењето на корисниците во виртуелната реалност. Ова е проблем кој досега има мал број на не баш практични решенија, односно како да се овозможи слободно движење на корисниците додека ги имаат ставено очилата за виртуелна реалност, без да се удрат во некој ѕид или маса, на пример. HoloTile е името на најновото откритие од ...

СКОПЈЕ, 22.01.2024: Започна гласањето за изборот на најдобрите е-трговци за 2023 година „E-commerce Awards 2023“, кој традиционално се одржува по трети пат во организација на Асоцијација за е-трговија на Македонија – АЕТМ, каде што ќе се одбираат најдобрите домашни е-трговци за 2023 година, кои се натпреваруваат во 24 категории поделени во три секции: најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање, најдобри е-продавници по сектори и ...

Ново истражување поврзано со интернет пребарувачите, ни открива каква е нивна состојба изминатите години. Ако сте имале впечаток дека резултатите кои ги прикажуваат Google и другите, не се баш квалитетни како што беа порано, во право сте. Истражувањето е направено на пребарувачите Google, Bing и DuckDuckGo, а истото траело една година во која се направени 7.392 пребарувања. Тоа што може да се истакне како ограничувачки фактор во заклучокот на ...

Microsoft тестира мала, но доста корисна новина за бизнис корисниците, на кои ќе им овозможи нивните закажани Microsoft Teams состаноци да се прикажуваат во Старт менито. Состаноците ќе се прикажуваат во делот за препорачани апликации, на првото место и со притискањето ќе се отвори Teams апликацијата директно во делот за приклучување на состанокот. Оваа новина ќе им биде достапна на бизнис корисниците кои се најавени со истата сметка од Teams на ...

Оваа година треба да се однесе на наредното ниво интеграцијата на вештачката интелигенција која Microsoft ја започна минатата година. „AI PC“ е терминот кој се користи за компјутерите кои ќе работат на верзијата од Windows која се очекува за оваа година, без разлика дали ќе биде само нова Windows 11-ка или Windows 12. Новите чипови за оваа година ќе дојдат со нови и унапредени NPU процесори кои ќе бидат доста поспособни за работата на вештачката ...

Apple официјално започнува со продажба на нивниот нов вид на уред, после повеќе години, Vision Pro. Овој „просторен компјутер“, како што сакаат да биде нарекуван овој уред за проширена реалност, веќе е достапен за преднарачка во САД, а официјално ќе стане достапен од 2 февруари. Една од клучните работи од кои ќе зависи успехот на Vision Pro покажува знаци на проблеми кои можат да направат уредот да не го види успехот на другите уреди со Apple ...

Стефан Стојановиќ се закити со сребро, а Јована Мицовска и Данило Божовиќ освоија бронзени медали на меѓународниот карате турнир „Гран при Кроација“ што од 19 до 21 јануари се одржува во Самобор. Хрватскиот град беше домаќин на 1.539 каратисти од 29 земји, односно 233 клубови. Стојановиќ, актуелен светски вицепрвак и европски бронзен медалист, се натпреваруваше во категоријата +84 кг. (У21). На почетокот на турнирот тој се пласира во финалето и ...

Скопје, 17 јануари 2024 г. – Samsung Electronics Co., Ltd. и Corning Incorporated (NYSE: GLW) денес најавија дека уредите Galaxy S24 Ultra ќе го имаат новиот Corning® Gorilla® Armor надворешен материјал. Стаклото Gorilla Armor нуди неспоредлива комбинација на издржливост и визуелна јасност, обезбедувајќи побогат приказ при сончева светлина и поголема заштита од оштетување предизвикано од секојдневното носење. „Стаклото Gorilla® на Corning заедно ...

Apple брзо успеа да добие одложување на забраната за продажба на нивните два најнови модели на паметни часовници минатата година, но сепак од компанијата не успеаја да го продолжат ова одложување. Тоа значи дека од денес Apple повторно не можат да ги продаваат Watch Series 9 и Watch Ultra 2, но од компанијата сепак не беа спремни тоа да се оствари, па часовниците ќе ги продаваат без спорната функција за мерење на кислородот во крвта. Од ...

Скопје, 18 јануари 2024 г. – Samsung Electronics Co., Ltd. и Google Cloud најавија ново повеќегодишно партнерство за да ја донесат генеративната вештачка интелигенција (AI) на Google Cloud до корисниците на паметни телефони Samsung ширум светот. Почнувајќи со серијата Samsung Galaxy S24 претставена на настанот Galaxy Unpacked во Сан Хозе, Калифорнија, Samsung ќе биде првиот партнер на Google Cloud што ќе ги имплементира Gemini Pro и Imagen 2 на ...

Скопје, 17 јануари 2024 година – Samsung Electronics денес ги претстави уредите Galaxy S24 Ultra, Galaxy S24+ и Galaxy S24, нудејќи нови мобилни искуства со Galaxy AI. Серијата Galaxy S го предводи патот кон нова ера, која засекогаш ќе го промени начинот на кој мобилните уреди го подобруваат искуството на корисниците. Вештачката интелигенција го подобрува речиси секое искуство на серијата Galaxy S24, од овозможување комуникација без препреки со ...

Како што потврди студијата „Brand Finance Global 500“ објавена денеска, Дојче Телеком е еден од највредните брендови во светот. Експертите ја рангираа Групацијата како единствена европска компанија во првите десет. Како резултат на тоа, Дојче Телеком напредуваше за две позиции во споредба со претходната година и сега се наоѓа на силното деветто место. Дојче Телеком, исто така, за прв пат стана највредниот телекомуникациски бренд во светот, ...

По информациите дека Google се има договорено за тужбата која беше поднесена против нив во 2020, по неуспешните обиди истата да биде отфрлена, сега од компанијата почнаа со промена на делот од Chrome кој беше предмет на тужбата. Групната тужба, која бара од Google 5 милијарди долари како оштета, се однесува на следењето на корисниците од страна на компанијата и кога тие го користат „incognito“ режимот, односно приватниот режим на сурфање. При ...

Samsung денеска го одржува нивниот Galaxy Unpacked настан на кој ќе биде претставена наредната генерација од нивните смартфони од највисоката класа, односно Galaxy S24 серијата. Настанот насловен „Galaxy Unpacked 2024: Opening a New Era of Mobile AI“ како и секогаш ќе биде достапен да се гледа во живо преку YouTube каналот на компанијата, а ќе започне во 19:00 часот по македонско време. Оваа година настанот се одржува во Сан Хозе, наместо во Сан ...

Google Maps, за почеток само на Android, доби нова можност која треба да ја подобри навигацијата и нејзината прецизност при возење во тунели, а ова е посебно важно за долгите тунели. Апликацијата доби поддршка за таканаречените Bluetooth beacons, кои се поставуваат на повеќе места во тунелите и со тоа овозможуваат продолжување на навигацијата кога се губи GPS сигналот. Оваа новина може да се каже дека е преземена од уште една апликација за ...

Првпат после 13 години, Samsung не е на првото место според бројот на продадени смартфони во една година. Оваа позиција за 2023 ја презеде Apple, а тоа го имаат постигнато со раст на продажбата и покрај пад на продажбите генерално на пазарот за 3,2%. Првата позиција Apple ја презема со продадени 234,6 милиони уреди, што претставува раст од 3,7%, додека Samsung падна на втората позиција со продадени 226,6 милиони уреди, што е пад од 13,6%. ...

Вештачката интелигенција може слободно да се каже дека стана главната карактеристика кога ќе се помисли на Microsoft изминатите година дена. Тоа ќе стане уште повеќе точно оваа година, па веќе не може да се очекува да некој од производите или сервисите од компанијата не доаѓа со интеграцијата со ВИ. Од компанијата дури најавија и промена на тастатурата за Windows компјутерите која сега вклучува и копче за активирање на Copilot, алатката која ...

Скопје

6ᴼ/6ᴼ
1.54
93%
1016

Белград

13ᴼ/11ᴼ
3.6
56%
1013

Софија

7ᴼ/5ᴼ
2.06
85%
1018

Сараево

10ᴼ/10ᴼ
2.01
61%
1017

Љубљана

7ᴼ/3ᴼ
2.06
87%
1004

Атина

17ᴼ/11ᴼ
1.79
70%
1014

Тирана

10ᴼ/10ᴼ
1.03
100%
1016

Подгорица

11ᴼ/10ᴼ
1.54
87%
1017
Currency

61.5749

Currency

57.5386

Currency

71.8542

Currency

37.59

Currency

42.0558

Currency

62.892

Currency

7.94063

Currency

0.62429

Currency

0.36337

Currency

0.52519

Currency

1.77171

Currency

0.68989

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

546 $

Никел

606189 $

Рутениум

24115 $

Калај

32 $

Сребро

884 $

Злато

75090 $

Бакар

9 $

Паладиум

31819 $

Платина

29553 $

Родиум

151607 $

Цинк

92009 $