Познатиот Минг-Чи Куо започна со најави за можни новини кои ќе бидат воведени од страна на Apple подоцна, односно не кај наредните модели од идната година. Според него, Apple планира сериозно да ја подобри и унапреди камерата кај некој од наредните iPhone модели, најверојатно iPhone 18 Pro, со воведување на таканаречена променлива бленда. Променливата бленда овозможува прилагодување на отворот на леќата, што директно влијае на количината на ...

На почетокот од месецот, Македонски Телеком преку нивната веќе доста позната Magenta Moments програма, на корисниците им пушти нестандардна „награда“ достапна за сите бесплатно. Се работи за бесплатен пристап до Pro верзијата од пребарувачот базиран на вештачка интелигенција Perplexity. Пристапот може да се активира преку Telekom MK апликацијата и вклучува пристап до сервисот цела година. За Perplexity на кратко може да се каже дека е еден вид ...

SES денеска објави дека го продолжи договорот со Телеком Србија за уште четири години за сателитски услуги од сателитот ASTRA 3C на SES на 23,5 степени источно. Ова обновување ја зацврстува успешната соработка која започна во 2011 година со првиот договор за капацитет и се прошири во 2018 година со лансирањето на DTH платформата на Телеком Србија, M:Sat TV. Согласно договорот, SES ќе продолжи да обезбедува мултитранспондерски капацитет за да му ...

Од 14 до 17 ноември, под слоганот „Време е за чај“, на приземјето во Скопје Сити Мол, ќе се случува голем „Фестивал на чај“, на кој ќе се претстават повеќе од 30 учесници. Фестивалот е во организација на Платформата за истражување и промоција на природата и културата „ Експедиција Природа“ и Скопје Сити Мол. На четиридневниот фестивал, посетителите ќе имаат исклучителна можност да дегустираат и купат чаеви, продукти од ароматични билки, ...

Европскиот Младински Олимписки Фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, кој во јули следната година ќе се одржи во Македонија, претставува повеќе од обичен спортски настан. Фестивалот претставува платформа која преку спортот ги обединува младите спортисти од цела Европа, промовирајќи го духот на соработка, пријателство и почитување. Со своето значење и обем, овој фестивал е шанса Македонија да го покаже својот потенцијал на меѓународната сцена, а ...

Од денес започнуваат номинациите за избор на најдобрите во македонската е-трговија за 2024 година „E-commerce Awards 2024“, кој по четврти пат е во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Покрај препознавање на успешната работа на е-трговците, преку овој избор се зголемува и компетитивноста кај е-трговците со што се придонесува кон поттикнување и унапредување на растот и развојот на македонската е-трговија во целост. На ...

Инженерите од Универзитетот Нортвестерн постигнаа значаен напредок во квантната комуникација, успешно демонстрирајќи квантна телепортација преку оптички кабел кој веќе пренесува интернет сообраќај. Ова откритие е објавено во списанието Optica и покажува дека е можно да се комбинираат квантните комуникации со постојната интернет инфраструктура, што значително ја поедноставува потребната инфраструктура за напредни технологии како квантните ...

Редовниот и најчесто точен „протекувач“ на информации, @evleaks, ја објави датата кога ќе се одржи првиот Galaxy Unpacked настан за идната година, настан на кој ќе биде претставена Galaxy S25 серијата. Сликата, која изгледа како официјалната од Samsung, беше објавена на X, меѓутоа моментално е тргната, но истата е достапна на Android Police. Според истата, Galaxy Unpacked настанот ќе се одржи на 22 јануари, а локацијата ќе биде истата од ...

Honda и Nissan ги потврдија гласините кои беа објавени минатата недела дека двете компании размислуваат за спојување. Компаниите сега официјално потпишаа Меморандум за разбирање врз основа на кој ќе започнат со разговори во правец на интеграција на бизнисите преку создавање на нова заедничка холдинг компанија. Новата холдинг компанија ќе стане целосен сопственик на двете компании, а идниот месец и Mitsubishi ќе одлучат дали ќе се приклучат кон ...

Практиката на Google да прави договори за кои им плаќа на компаниите нивниот пребарувач да биде главен, нивните апликации да бидат пред-инсталирани на Android, како и договорите со операторите, им донесе проблем со Министерството за Правда. Од министерството бараат растурање на компанијата, односно Google да ги продаде Chrome и Android. Google излегоа со одговор на ова барање со предлози како да се решат истакнатите проблеми кои ги имаат од ...

Microsoft 365 Companions е нова функција која минатиот месец беше најавена за Windows 11. Во основа, оваа функција ќе донесе мали додатоци на долната лента од системот, како и на Старт менито. Еден таков „придружник“ кој беше прикажан е од Phone Link апликација и ќе се прикажува на едната страна од Старт менито, а корисниците ќе добијат многу побрз пристап до дел од функциите на апликацијата без потреба да ја отворат. Дополнителни Companions кои ...

Apple го презентира приклучувањето на трендот на интегрирање на функции со генеративна вештачка интелигенција, наречени Apple Intelligence, уште во јуни оваа година. Првично се веруваше дека сите овие нови функции ќе станат достапни како и со другите вакви најави, во септември со првата финална верзија од системите, но тоа не беше така, а и можевме да прочитаме дека тоа нема да биде така. Сега како што е познато, повеќето функции беа пуштени ...

Како одговор на две објави на неговата мрежа X, Елон Маск најави дека во план е пуштање на е-пошта сервис од страна на компанијата. Најавата доаѓа во класичниот стил на Маск, кој само кратко кажа дека вакво нешто се планира да се направи. Очекувано, нема повеќе информации за тоа дали навистина и кога може да се очекува @x.com сервис и какви функции би нудел. Исто така не може да се процени колку корисници би се одлучиле да го заменат нивниот ...

Microsoft оваа недела пушти бесплатна верзија од нивниот GitHub Copilot, одлука која дефинитивно ќе направи разлика за доста програмери. Со ова корисниците добиваат бесплатен пристап до алатка која може да им помогне доста при развојот на својот код. Очекувано, GitHub Copilot Free доаѓа со одредени ограничувања, па корисниците ќе можат да искористат до 2.000 довршувања на код во месецот, како и до 50 пораки како разговор во месецот. Добро е што ...

Донесувањето на Digital Markets законот во Европската Унија може да се каже дека досега најмногу ги погоди Apple. Тие како прилично затворена компанија, односно компанија која го држи нивниот систем затворен, сега се принудени да отворат доста од пристапите и сервисите достапни само за нивните уреди и корисници. Apple се погодени од овој закон како компанија со голем број на корисници и влијание, а уште од самиот почеток од компанијата започнаа ...

YouTube започна со тестирање на нов начин на оставање одговор на коментарите на видеата од страна на креаторите на видеата. Тие ќе можат да одговорат со нивниот глас, односно со аудио како дел од стандардните одговори на коментарите. Засега оваа новина се тестира со мал број на креатори од САД и им е достапна само преку YouTube апликацијата на iOS. Одговорите треба сите да можат да ги слушнат, но колку што проверив, не секогаш тоа е случајот, ...

Повеќе од седум години по претставувањето на HDMI 2.1 стандардот, кој донесе доста потребни и барани карактеристики, HDMI Forum го најави претставувањето на наредната верзија од стандардот. Иако не е директно најавено дека се работи за HDMI 2.2, се верува дека ова ќе биде верзијата која ќе биде претставена. Претставувањето се очекува да се случи на почетокот од идниот месец, односно во рамките на CES 2025 саемот за технологија. Повеќето ...

Каратистот на „Макпетрол“ и на репрезентацијата на Македонија, Стефан Стојановиќ, годинава имаше извонредни постигнувања крунисани со бронзениот медал на Светското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Венеција, Италија, во категоријата над 84 килограми во млади сениори (У-21). Со овој резултат тој на изборот за „Спортист на годината 2024“ е номиниран за „Млад спортист на годината“. Листата на успеси на Стојановиќ е голема и тој еден од ...

При крајот на октомври, ChatGPT доби пристап до интернет, односно „четботот“ ја доби можноста одговорите кои ги дава да бидат на основа на најновите информации, наместо само на податоците на кои е трениран моделот и се постари. Со ова ChatGPT може да се каже дека станува конкуренција на стандардните интернет пребарувачи какви што се Google Search, Bing, DuckDuckGo и слични. При поставувањето на прашање во ChatGPT, системот сам одлучува дали е ...

Испраќањето на пораките преку Instagram веќе не мора да се прави веднаш. Мрежата воведе можност за закажување на пораките, па корисниците можат да изберат кога би сакале истите да бидат испратени во иднина. Новата можност е достапна само за текстуалните пораки, односно не може да се закажува испраќањето на слики, видеа, GIF слики и слично. Моментално, закажувањето може да се направи за до еден месец во иднина, а веќе закажаните пораки може да ...

Основачот на iRobot, Колин Енгл, компанија која стои зад развојот на најпознатата роботска правосмукалка, Rumba, после 30 години како директор на компанијата, сега ќе се обиде на пазарот со нова. iRobot има проблеми со функционирањето по откажувањето на намерата за купување на компанијата од страна на Amazon на почетокот од годината. Откажувањето дојде по можните проблеми од регулаторните тела, па на iRobot им беше исплатена одредена сума за ...

Неофицијални информации укажуваат на можноста двете познати јапонски компании, Honda и Nissan, да се спојат во една компанија. Наводно двете компании разговараат за продлабочување на веќе започнатата соработка, кое може да доведе и до нивно спојување. Оваа информација може да се каже дека не доаѓа како големо изненадување, а посебно по информациите од минатиот месец за доста слабото функционирање на Nissan. Од компанија отпуштија 9.000 ...

Motorola претставија четири нови телефони од средната и ниската класа. Овие телефони дефинитивно може да се каже дека не донесуваат ништо ново и посебно, па се добри за корисниците кои имаат доволно постари уреди и бараат нешто ново, но не скапо. Претставени се Moto g15, Moto g15 Power, Moto g05 и Мото e15. Сите овие телефони доаѓаат со скоро истите карактеристики, па се разликуваат во по една која треба да го привлече вниманието на различните ...

Почнувајќи од 19 јануари 2025 година, TikTok ќе биде забранет во САД и апликацијата веќе нема да смее да биде достапна во продавниците за апликации. Тоа значи дека TikTok ќе мора да биде тргната од Play Store, App Store и другите, а корисниците ќе можат да продолжат да ја користат инсталираната апликација додека истата функционира. Причината за ова е позната, а тоа е дадениот рок од 9 месеци за продажба на мрежата на компанија која не е во ...

Apple досега претстави три модели од нивната „пониска и поевтина“ класа која го носи додатокот SE. Последниот iPhone SE беше претставен во 2022 година кој го задржа стариот дизајн со Touch ID копчето на предната страна. Повеќе пати досега можевме да прочитаме дека од компанијата планираат повторно да претстават iPhone SE, а најновите информации претставувањето го ставаат за март идната година. За овој модел се најавува дека ќе има променет ...

Замислете да имате помалку стрес и повеќе време. Замислете да добивате помош пред да побарате. Во ерата на мобилната AI, слободата да се фокусирате на она што е најважно за вас не е сон, туку реалност – и наскоро доаѓа на Galaxy. Пред неколку недели, ја лансиравме One UI 7 бета програмата. Таа го означи почетокот на новата ера со првиот AI-интегриран оперативен систем – вистинска AI платформа која значително го подобрува мобилното искуство на ...

Последната генерација на преклопни телефони од Samsung – Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 – сé уште ги воодушевува корисниците со својот врвен дизајн и иновации, и токму затоа, ако размислувате за најприкладниот подарок за Нова Година за вашите драги луѓе, тогаш дефинитивно овие уреди го заслужуваат вашето внимание. Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 се истакнуваат со најтенката и најлесната изработка во историјата на Galaxy Z серијата, со совршено ...

По откритието дека новата Recall функција не е направена доволно добро кога е во прашање приватноста на корисниците, односно основна работа како шифрирање на дата базата не е направено, Microsoft ја повлече и ја доработи. Важноста на функциите поврзани со приватноста доаѓа од фактот што Recall е функција која со вештачка интелигенција прави слика од се што корисникот прави на компјутерот. Замислата е да подоцна корисникот може да побара се што ...

Epic започнува со реализација на нивниот долгогодишен план за кого дадоа доста голема борба пред судовите. Epic Games Store продавницата ќе доаѓа прединсталирана на уредите кои се продаваат преку операторот Telefonica, односно преку O2 и Movistar во ОК, Шпанија, Германија и Латинска Америка. Посебно се истакнува дека оваа продавница ќе биде инсталирана и на уредите од Samsung, па ќе видиме како ќе реагира на оваа најголемиот Android ...

Марк Гурман, во неговиот најнов неделен билтен, најавува дека Apple работи на целосно нова верзија од Magic Mouse. Ова минималистички направено глувче првпат беше претставено пред 15 години, односно во 2009 година. Почна како доста уникатен и функционален уред, а сега добива доста критики. Меѓу главните критики се лошата удобност на глувчето кое не ни може да се спореди со конкурентните кои даваат големо значење на ергономијата, односно ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
87%
1008
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
89%
1012
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
6.17
66%
1016
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
94%
1010
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
1.57
92%
1010
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
80%
1016
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
3.58
71%
1001
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
87%
1004
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
8.23
44%
1005
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
5.81
90%
1012
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
4.12
72%
1016
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
5.14
87%
1008
Currency

61.525

Currency

56.8742

Currency

73.565

Currency

35.8229

Currency

39.732

Currency

64.4608

Currency

7.93968

Currency

0.66916

Currency

0.37876

Currency

0.52226

Currency

1.49584

Currency

0.66438

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

16154.00

Рутениум

20190.67

Калај

36.65

Сребро

1091.03

Злато

100296.19

Бакар

10.11

Паладиум

31250.53

Платина

32418.75

Родиум

184063.02

Цинк

2.85