
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



До веб страната на ChatGPT сега може да се стигне уште полесно, односно со помалку пишување. OpenAI го пушти chat.com доменот, кој сега пренасочува кон chatgpt.com. Тоа што е интересно кај оваа вест повеќе е цената која изгледа ја имаат платено од компанијата, која изнесува повеќе од 10 милиони долари. Досегашниот сопственик на доменот беше Дармеш Ша, кој е основач и главен технички директор на HubSpot. Тој наводно го нема купено доменот со цел ...
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) секоја година реализира кампања „Користи зимска опрема“. Кампањата започнува на 15 ноември и трае до 15 март следната година, а се реализира со цел потсетување на возачите на законската обврска за задолжително носење и користење на зимска опрема за возилата во овој временски период, и нивно советување за подготовка на возилата за безбедно учество во сообраќајот во зимски ...
Повеќе пати оваа година читаме за тоа дека Apple планира да претстави доста потенка верзија од iPhone, нешто слично како што тоа го направи со годинешните iPad Pro модели. Според неофицијалните информации, iPhone Air, како што повеќето сакаат да го нарекуваат овој телефон, треба да биде позициониран некаде кај iPhone 17 Plus моделот, а најверојатно и ќе го замени. Тоа значи дека овој модел нема да биде најскап, ќе има комбинација од ...
Неофицијално можеше да се прочита за нова функција со вештачка интелигенција на која работат од Google и која е интересно наречена Jarvis, не знам дали е намерно избрано името кое го видовме во Iron Man филмовите. За Jarvis обично се кажува дека може да го преземе компјутерот на корисникот, но мислам дека тоа е до некаде погрешен начин да се опише со цел да звучи интересно. Тоа што Jarvis треба да може да го направи е да извршува задачи за ...
Microsoft изгледа подготвува уште едно ребрендирање на функциите со генеративна вештачка интелигенција кои се најпопуларната нова работа овие неколку години. Ребрендирањето изгледа се планира само за во Windows, а името кое наводно ќе се користи потсетува на сличното име кај главниот конкурент на компанијата. Copilot во Windows 11 изгледа ќе почне да го носи името Windows Intelligence, а секако споредбата ја правиме со оваа година претставената ...
Mozilla Foundation на крајот од минатиот месец отпушти 30% од своите вработени, нешто што директно ќе влијае на дел од работата на организацијата која стои зад Firefox прелистувачот. Оваа одлука од организацијата ја потврдуваат за TechCrunch за кои истакнуваат дека „Mozilla Foundation ги реорганизира тимовите за да ја зголеми агилноста и влијанието, додека го забрзуваме нашиот труд за обезбедување на поотворена и праведна технолошка иднина за ...
Код во втората бета верзија за програмерите од iOS 18.2, забележан од страна на 9to5Mac, покажува дека Apple работи на воведување на функцијата за прикажување на времето потребно батеријата да биде наполнета. Ова е еден од тие примери на мали, но доста корисни функции кои се одамна достапни на Android, но Apple не ги воведува кај iOS поради некоја нивна причина. Ваква функција е достапна на MacBook уредите, што значи дека само мобилните уреди од ...
Минатата недела, на 30. октомври во Камерната сала на Македонската филхармонија се одржа концерт за пијано насловен како Ноктурно за Шопен, кој ќе остане запаметен по неколку основи: изведувачи беа талентирани деца од музичките основни и средни училишта ширум државата, дел од нив за првпат изведуваа пред толкав аудиториум; композициите беа прекрасни ноктурна компонирани од жени-композиторки во чест на Фредерик Франсоа Шопен и инспирирани од ...
Две клучни одлуки – признавањето на овластените економски оператори (ОEO), кои се сертифицирани од страните на ЦЕФТА и воведувањето на нов систем за управување со ризик – се насочени кон поедноставување на царинските процедури, подобрување на безбедноста и намалување на одложувањето и чекањето. Овие промени значително ќе им користат на транспортните и логистичките компании, а посебно на оние во нашта држава, кои ќе имаат помалку проверки, побрза ...
Поддршката за се’ уште најпопуларниот оперативен систем на пазарот, Windows 10, истекува за една година, поточно истата завршува на 14 октомври 2025. После оваа дата системот веќе нема да добива безбедносни исправки и исправки на грешки, а веќе одреден период системот веќе не добива нови функции. Корисниците ќе имаат можност да доплатат, исто како во случајот со Windows 7, за продолжување на поддршката уште некоја година преку ESU – Extended ...
Познато е дека Apple им овозможува на своите корисници предности доколку ги користат уредите од компанијата со функции како AirDrop која овозможува лесно споделување на датотеки помеѓу овие уреди. На страната на Android е нешто поразлично поради фактот што не се работи за една компанија која ги произведува сите уреди. Тоа сепак не значи дека функција како AirDrop не е возможна кај конкурентите на Apple, па Quick Share е пример за тоа. Настаната ...
Google најави неколку новини кои стануваат дел од најпознатата апликација за навигација и мапи, Google Maps. Очекувано, не сите новини се веднаш достапни во целиот свет, а дел од нив стандардно се пуштаат само во ограничен број на градови и локации. Главната новина која е достапна за сите корисници е надградената можност за додавање на места за застанување по пат при навигација. Корисниците ќе добијат предлози за локации по патот, како на пример ...
(Скопје, 01.10.2024) „Бела ноќ“ по 20-ти јубилеен пат ќе се одржи во сабота (05.10.2024) на неколку локации низ Скопје. Настанот претставува симбол на културно-уметничкиот живот на скопјани и со низа активности секоја година ја збогатува понудата на културно-уметнички настани во Скопје. Скопјани и посетителите ќе имаат можност да уживаат во театарски спектакл на отворено, музички настани, изложби, проекции, работилници и други културно-уметнички ...
Скопје е официјално во центарот на вниманието за светската танцова сцена. На оргомно задоволство особено на љубителите на хип хоп културата, долгоочекуваниот настан IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show 2024, започнува оваа среда. Неверојатната бројка од пет илјади танчери кои дојдоа во главниот град, е уште еден доказ дека Македонија е на мапата на глобалните танцови настани и претставува огромен успех за нашата држава – која ...
Пред една недела корисниците на Apple за првпат добија вградени функции со генеративна вештачка интелигенција, односно најголемиот дел од корисниците, кои не ја користат бета програмата. На 28 октомври Apple ги пушти iOS/iPadOS 18.1 и macOS 15.1 верзиите со кои дојде и Apple Intelligence. Како што веќе со месеци е познато, Apple не ги пушти сите презентирани во јуни Apple Intelligence функции веднаш, па истите ќе бидат пуштани постепено до ...
Информациите од 2022 година дека продолжува развојот на познатиот имејл клиент Thunderbird, кој подолго време престана да се развива активно со Firefox од страна на Mozilla, беа одлична вест за големи број на „фанови“. Новата и целосно редизајнирана десктоп апликација од Thunderbird беше пуштена во јули 2023, а беше најавен развој и на мобилна верзија. Уште во 2022 беше најавено дека развојот на мобилната апликација ќе биде на основа на ...
Најновиот неделен билтен од Марк Гурман покрива неколку теми, а главната е неговата анализа за тоа дека Apple може повторно да се обиде да влезе повеќе на „гејминг“ пазарот со новите Mac mini кои беа претставени минатата недела. Насловот на билтенот е „Apple конечно ја најде својата играчка конзола со новите Mac mini“. Ова секако не значи дека од компанијата планираат така да го промовираат нивниот уште помал десктоп компјутер, а бројот на игри ...
Литванската компанија Pixelmator денеска објави дека нивниот тим планира да се приклучи на Apple. Со тоа ја информираа јавноста за постигнатиот договор за купување на компанијата од страна на Apple. Pixelmator ги прави едни од најпознатите апликации за измена на слики кои се достапни само на системите од Apple, односно на macOS и iOS. Од компанијата се достапни апликациите Pixelmator Pro, Photomator, како и Pixelmator за iOS. Во објавата за ...
Apple оваа недела направи нешто поразлично претставување на нови производи. Немањето настан во живо кој се одржува во некоја од познатите простории на компанијата е веќе стандардна работа од 2020 навака, но оваа недела Apple направи нешто додатно. Mac компјутерите беа претставени во, како што ја нарекоа од компанијата, недела на нови Mac компјутери. Претставувањето траеше три дена, односно во понеделник, вторник и средата беа претставени новите ...
(Скопје, 31 октомври 2024 година) – Wolt, иновативната технолошка компанија и платформа за локална испорака на храна и малопродажба, слави 10 години постоење и го најавува своето претстојно лансирање во Македонија. Со оваа експанзија, Македонија се приклучува на растечката мрежа на Wolt, која покрива 28 земји и вработува над 12.000 луѓе. Патувањето на Wolt започнува во 2014 година како мала стартап компанија со шест коосновачи, а денес е водечка ...
Тоа што требаше да биде директна конкуренција на Google и другите пребарувачи преку SearchGPT, сега доаѓа во нешто поразлична форма. OpenAI официјално ја најави можноста за пребарување преку ChatGPT, односно го најавија ChatGPT search. Тоа што оваа новина значи во основа е дека ChatGPT конечно добива пристап до веб, односно до веб страните достапни за пребарување и со тоа може да дава најнови информации, а не само до датата на која е трениран ...
Од статија која не е официјално објавена, а ја имаат откриено од 9to5Mac, дознаваме дека App Store ќе почне да прикажува сумирана верзија од сите оставени рецензии за апликациите. Една ваква функција очекувано доаѓа по пуштањето на Apple Intelligence, а сумирањето на текст е една од основните и доста често користени функциите кои ги донесе генеративната вештачка интелигенција. Сумираните рецензии ќе се менуваат соодветно кога корисниците ќе ...
Mozilla ја пушти верзијата 132 од нивниот прелистувач Firefox оваа недела, а со тоа ја означи и 20 годишнината од претставувањето на овој некогаш најпопуларен прелистувач на пазарот. Официјалната годишнина, односно датата кога беше пуштена првата верзија од Firefox e 9 ноември 2004, а пуштањето на 132-рата верзија е најблиску до таа дата, па може да се смета како јубилејна. Firefox 132 не донесува некои драстични новини, а од кога прелистувачите ...
Согласно најновите објавени податоци за трансакции на места на продажба за е-трговија (со исклучок на трансакциите со електронски пари) на Народната банка на Македонија во првата половина од 2024 година вредноста на вкупните трансакции направени кон интернет продавниците од Македонци дома и во странство, како и од иматели на странски картички изнесува 20.899,8 милиони денари или 339,8 милиони евра. При тоа кон македонските е-трговци биле ...
Македонски Телеком оствари солидни финансиски резултати во првите девет месеци од 2024 година. Приходите од продажбата остануваат во пораст за 1,4 проценти споредено со истиот период минатата година, како и оперативните приходи коишто пораснаа за 0,9 проценти. Нето добивката е благо намалена за 1 процент, како и оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBIDTA) за 2,4 проценти. Вкупните капитални инвестиции (CAPEX) на крајот ...
Apple оваа недела, распределено во три дена на претставувања, ги претстави новите iMac со M4, редизајнираниот, односно доста помал Mac mini со M4 и M4 Pro, како и MacBook Pro со M4, M4 Pro и M4 Max. Една информација која се шпекулираше испадна точна, а тоа е дека сите овие нови компјутери од Apple веќе не почнуваат со 8GB обединета меморија. Ова беше предмет за критика кон компанијата, колку и да се обидуваа да тврдат дека 8GB кај нивните уреди ...
Третиот и последен ден од неделата на нови Mac компјутери ги донесува новите MacBook Pro, како што се очекуваше, три нови модели. Претставени се MacBook Pro 14 инчен со М4 чипот, како и MacBook Pro 14 и 16 инчни модели со M4 Pro и M4 Max чиповите. Трите модели ги донесуваат подобрувањата на M4 серијата на чипови, а како што веќе заклучивме, најголемата разлика која ја донесуваат овие чипови е кај NPU, односно процесорот за вештачка ...
Со претставувањето на уште помалиот Mac mini вчера, како и со новите MacBook компјутери денес, Apple официјално ги претстави и посилните верзии од нивниот M4 чип, M4 Pro и М4 Max. Ќе ги почекаме тестовите и споредбите со Windows конкурентите, но од тоа што може да се види, Apple останува на врвот со нивните ARM чипови. Повторно споредба Apple ја прави со M1, со што станува јасно дека подобрувањата на перформансите со ланскиот модел не се доволно ...
Google доста направи изминатиот период за да ја намали огромната потрошувачка на меморија по која е познат нивниот Chrome прелистувач. Тој веќе одамна има функција која ги става во состојба на „спиење“ неактивните „табови“ и со тоа тие веќе не трошат меморија, нешто што посебно прави разлика кај корисниците кои отвораат и користат доста голем број на „табови“. Сега оваа функција добива подетална можност за прилагодување, односно избор на нивото ...
Скопје 30 октомври 2024 г. – Samsung Electronics денес објави дека нивниот сопствен криптографски модул, Samsung CryptoCore, го доби престижниот FIPS 140-3 сертификат од Националниот институт за стандарди и технологија (NIST). Овој сертификат ја потврдува посветеноста на Samsung за обезбедување водечка сигурност и заштита на податоците за корисниците на паметни телевизори. „Со сè поголемата поврзаност на системите за домашна забава, за ...