
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Според извори од корејскиот E-Today, Samsung наводно размислува за издвојување на уредите од највисоката класа од брендот Galaxy. Во највисоката класа има две серии, односно Galaxy S и Galaxy Z. Овие две серии би требало да се продаваат под друг бренд кој ќе биде специјално развиен за највисоката класа и најдоброто од компанијата. Информациите говорат дека од компанијата размислуваат за вакво нешто уште од почетокот на годината, а може и нешто ...
Вториот ден од неделата на нови Mac компјутери го доби новиот Mac mini кој сега работи со M4 и M4 Pro чиповите. Првиот нов Mac кој беше претставен вчера е нов iMac со M4 чипот. Како главна новина кај Mac mini може да се каже дека е намалувањето на димензиите на уредот, како што се шпекулираше, иако не е донесен до големината на Apple TV. Сепак, новиот Mac mini е повеќе од дупло помал од претходниот модел и сега има димензии од 12,7 на 12,7 ...
Една од најпопуларните апликации за менаџирање на календарите на macOS и iOS, која уште од почетокот е ексклузивно достапна само за корисниците на Apple, сега доби Windows верзија. Корисниците на Windows добиваат одлична апликација која според мене е најдобро направена од повеќето други достапни, па единствената маана што ја има е што не е достапна и на Android. Голем дел од корисниците на Windows користат Android смартфон, а не iPhone, па ова ...
Меѓународниот саем за енергетика и технологија – ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024, денеска ги отвори вратите за посетителите во Арената „Борис Трајковски“. Саемот официјално го прогласи за отворен г-ѓа Сања Божиновска, Министер за енергетика, рударство и минерални суровини, а свои поздравни обраќања имаа и г-дин Изет Меџити, Прв заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање и Даниела Глигоровска, Генерален директор на ...
Студентските средби Скомрахи на Факултетот за драмски ументости (ФДУ) и годинава ги обединуваат во Скопје студентите од повеќе европски драмски и филмски академии. Под мотото „Дионизија сега“, тие својата креативност, идеи и енергија ќе ја престават од 1-ви до 5-ти ноември во повеќе простори во градот – Академската сцена на ФДУ, Драмскиот театар, Албанскиот Театар, Младинскиот културен центар и Котур Кафе и Филм. Публиката ќе има единствена ...
Преку разгледување на кодот од Android 15 бета верзија, Мишаал Рахман од Android Authority открива нова функција која верува дека ќе биде дел од наредната верзија од системот, односно дел од Android 16 идната година. Се работи за нова API алатка која овозможува пристап до „Rich Ongoing Notifications“, нешто што досега беше достапно само за апликациите за телефонски повици и прикажување на изминатото време во горната лента. Со наредната верзија ...
Apple од вчера конечно почна да им нуди на своите корисници пристап до функции со генеративна вештачка интелигенција и големи јазични модели. Apple Intelligence за првпат им стана достапна на корисниците со пуштањето на iOS 18.1, iPadOS 18.1 и macOS 15.1 во текот на вчерашниот ден. Како што е познато, дел од најавените нови функции во јуни стануваат сега достапни, останатите ќе станат достапни во главно во декември, па ќе остане само целосно ...
Според информации од The Information, Meta развиваат сопствен интернет пребарувач со вештачката интелигенција, а компанискиот „попишувач“ веќе има започнато со индексирање на веб страните. Од компанијата се имаат одлучено за развој на сопствен пребарувач поради желбата да се намали зависноста од Google и Microsoft, чии пребарувачи моментално се користат при давањето на одговори од страна на „ботовите“ од Meta AI. Развојот на сопствен пребарувач ...
Apple, како што ни е познато на сите, доста доцни зад конкурентите кога е во прашање додавањето на популарните функции со генеративна вештачка интелигенција. Иако уште во јуни пишувавме дека Apple Intelligence ја донесува ВИ кај уредите од Apple, сепак како што подоцна беше најавено, таа сепак не стана достапна во септември со пуштањето на новите верзии од системите, како и со претставувањето на iPhone 16 серијата. Програмерите и корисниците кои ...
Apple минатата недела потврди дека оваа недела можеме да очекуваме нови Mac компјутери, а најавите на овие компјутери ќе бидат распределени во неколку денови. Неделата на нови Mac компјутери започнува со iMac, па овој се-во-едно компјутер доби надградба со новиот и подобар M4 чип. Apple го прескокна M2 чипот кога е во прашање iMac, па добро е што гледаме дека сега продолжува со редовна надградба на овој популарен компјутер. Штета останува само ...
Меѓународниот саем за енергетика и технологија – ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024, во организација на Скопски Саем, утре (29.10.2024) во 10 часот ќе ги отвори вратите за посетителите во Арената „Борис Трајковски“ и ќе трае до 31 октомври. Саемот е отворен секој ден од 10.00 до 18.00 часот. Станува збор за саем кој ќе ги претстави сите иновативни решенија и најновите технологии во областите кои вклучуваат одржливи навики, а сите заинтерсирани ќе имаат можност ...
Било каква разлика во квалитетот на видеата на Instagram обично се препишува на квалитетот на телефонот, измената на видеото од страна на корисникот и слично. Сепак, стандардните логики не се единствените, се дозна од страна на директорот на овој дел од Meta, Адам Мосери. Тој преку видео во кое одговара на прашања од корисниците, открива дека квалитетот на видеата зависи од нивната популарност, кратко кажано. Со други зборови, видеата кои ...
„Во свет каде често се чини дека не можеме да фатиме чекор со новите технологии, вештачката интелигенција е тука да ги поедностави работите. Станува збор за подобрување на искуство со гледње ТВ, а не комплицирање. Затоа што она што е најважно, не е и никогаш не била технологијата, туку уживањето во моментите. Со телевизорите со вештачка интелигенција, тие моменти се полесно достапни. Тоа е толку едноставно.“ – Хозе Бареиро – Лопез, ...
Спор помеѓу ARM и Qualcomm кој започна пред неколку години, поточно по купувањето на Nuvia од страна на Qualcomm, сега доаѓа на ново ниво кое може да претставува посериозен проблем за компанијата. Доколку најавите и тужбата од страна на ARM се остварат и бидат успешни, Qualcomm може да има проблем со продажбата на нивните најнови и најмоќни чипови. Овие чипови се веќе популарниот Snapdragon X, кој конечно донесе конкуренција на MacBook на ...
Марк Гурман продолжува со најавите дека Apple планираат да претстават паметен екран и со тоа конечно успешно да влезат на пазарот на паметните домови. Првиот ваков екран го најавува за идната година и тој треба да биде со понормална цена и подостапен за повеќето корисници. Овој екран во основа треба да биде понапредна форма на паметните звучници кои се достапни како еден вид на домашни паметни асистенти. Со додавањето на екран кај ваквите ...
The Browser Company, е компанијата која стои зад развојот за еден од најуникатните интернет прелистувачи на пазарот, Arc Browser. Овој прелистувач е наменет за корисниците кои се понапредни, отвораат многу „табови“ во исто време, па соодветно и функциите и прилагодувањата на Arc не се баш за класичниот корисник. Од компанијата изгледа сфатија дека бројот на корисници кои можат да го имаат со ваков производ е доста ограничен, основачот на ...
Скопје, октомври 2024 — Во текот на октомври, потрошувачите од Македонија имаа можност да ја искусат извонредноста на европските земјоделски прехранбени производи за време на серијата промоции посветени на конзервирана праска со потекло од Грција кои се реализираа во маркетите. Во период од 1.10. до 18.10.2024 година, на 11 клучни локации во Скопје, беа одржани дегустации кои значително придонесоа за доближување на европскиот квалитет и ...
СКОПЈЕ, 25.10.2024: На само неколку недели до претстојната Конференција за е-трговија, која ќе се одржи на 12 ноември во големата сала на Националната опера и балет во Скопје, настанот ветува ден исполнет со инспиративни говори, панел дискусии и студии на случај преку кои ќе се „отплеткуваат“ можностите што ги нуди е-трговијата. Учесниците ќе имаат уникатна можност да го слушнат искуството на интернационалните и домашните индустриски експерти ...
Програмата „WeBalkans“ (webalkans.eu) започнува со второто издание на кампањата „Создадено од нас“ („Made of Us“), која ќе се одвива 23.-31. октомври 2024 година. Во рамките на оваа динамична иницијатива, 12 инфлуенсери од ЕУ и Западен Балкан ќе тргнат на возбудливо патување низ шест земји-членки на ЕУ. По претходното издание, кое го одбележа патување низ Западен Балкан, овогодинешната кампања ќе ги однесе следачите на пат низ земјите кои ѝ се ...
Само уште неколку дена остануваат до затворањето на пријавите за Podgorica Millennium Run – најголемиот спортски настан во срцето на главниот град на Црна Гора. Во организација на Multisport Академијата Mayer, под слоганот „Подгорица трча“, овој настан на 10-ти ноември ќе ги обедини сите љубители на здравиот начин на живот. Затоа, искористете ја можноста и пријавете се навреме преку официјалниот веб-сајт https://www.podgorica.run/registracija и ...
Оваа година Google, како и останатите производители нешто подоцна почнаа со пуштање на наредната верзија од Android. За корисниците на Pixel уредите процесот започна минатата недела, со најава дека и останатите производители ќе следат. Со оглед на тоа што корисниците на Samsung можат да ја очекуваат One UI 7 верзијата, направена на Android 15 дури на почетокот од идната година, OnePlus изгледа ќе бидат меѓу првите кои ќе ги надградат телефоните ...
Apple ги потврди досегашните гласини и најави дека идната недела ќе претстават нови Mac компјутери. Најавата доаѓа од Грег Џозвиак, главниот во компанијата за маркетинг, кој исто така најави дека целата идна недела ќе биде со најави, почнувајќи од понеделник. Од ова може да се заклучи дека изгледа нема сите нови компјутери да бидат најавени истиот ден, па од компанијата изгледа планираат распределување на најавите во текот на неделата. Идната ...
Со годинешната Galaxy S24 серија Samsung се одлучи да се врати на практиката да на корисниците надвор од САД, Канада и Кина им продава верзија од телефоните со нивниот Exynos чип, освен во случајот со S24 Ultra. Проблемот со ова е што Exynos чипот одамна веќе не успева да понуди перформанси како тие од конкурентите, па корисниците дури ако можат посебно ја купуваат американската верзија од телефоните само за да го имаат Snapdragon 8 чипот во ...
Со мало задоцнување, но сепак во рамките на најавеното, Huawei официјално го претстави и пушти во бета верзија својот целосно независен од Android оперативен систем, HarmonyOS NEXT. Засега, а целосно очекувано, системот ќе им биде достапен само на кинеските корисници, но сепак се очекува дека во иднина ќе им биде пуштен и на интернационалните корисниците на се’ уште доста популарните смартфони и други уреди од Huawei. Падот на продажбите на ...
Microsoft ја пушти надградбата за Windows 11 за 2024 година, односно Windows 11 верзијата 24H2, на почетокот од овој месец. Уште во самата најава на надградбата стоеше дека се работи за промена на голем дел од кодот која донесува поголема интеграција на ВИ, но и повеќе подобрувања поврзани со перформансите. Едно од тие подобрувања, кое не беше најавено тогаш, е поврзано со идните инсталации на надградби на системот. Тие сега ќе функционираат на ...
Иако имало и има одредени добри исклучоци, повеќето апликации денес за прилагодување и измена на изгледот на Windows 11 во главно се концентрираат на Старт менито. Seelen UI, апликација која неодамна стана официјално достапна за Windows 11 и Windows 10, овозможува повеќе можности за прилагодување на корисничкиот интерфејс. Истата е направена да изгледа доста добро и модерно, но сепак може да се каже дека нуди помалку измени од некои други ...
Qualcomm ја претстави наредната генерација од нивниот чип за мобилните од највисоката класа, но тој не го носи името Snapdragon 8 Gen 4. Наместо тоа, чипот го носи името кое почна да се користи кај чиповите од компанијата за компјутерите, па најновиот чип од Qualcomm го носи името Snapdragon 8 Elite. Името на новиот чип не е само маркетинг од страна на Qualcomm, па Snapdragon 8 Elite донесува доста големи подобрувања во споредба со ланскиот ...
Истражувачи од Катедрата за компјутерски науки при ETH Zurich објавија студија со која откриваат целосно нов проблем со приватноста од страна на алатките како ChatGPT, односно големите јазични модели. Тие во нивното истражување ги користат алатките од OpenAI, Meta, Anthropic и други за да покажат дека пристапот до информации за тренирањето на јазичните модели не е единствениот проблем кој го донесува развојот на овие модели, како и генеративната ...
Енергетскиот сектор се наоѓа пред големи промени, водени од зголемената потреба за одржливост и енергетска ефикасност. Во таа насока, го најавуваме претстојниот саем ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024, кој ќе се одржи од 29 до 31 октомври во Арената Борис Трајковски. Оваа годишна саемска манифестација претставува водечки настан за професионалците од областа на енергетиката и технологијата, овозможувајќи им да ги истражат најновите трендови, иновации и решенија ...
Повеќемесечните шпекулации испаднаа точни, па Samsung официјално го претстави специјалното издание од Galaxy Z Fold. Уредот ќе биде достапен само во Јужна Кореа од 25 октомври, а нема информации дека се планира пуштање на некој од другите светски пазари. Galaxy Z Fold Special Edition е името на уредот и истиот донесува доста добри подобрувања во споредба со неодамна претставениот Galaxy Z Fold6. Како главни новини се помалата дебелина и тежина ...