Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски од АК „Скопски маратон“ триумфираше со нов државен рекорд на 10 км на пат, постигнувајќи време од 29 минути и 34 секунди во машка конкуренција на 10. јубилејно издание на традиционалната трка ХалкЕко Скопје трча 10км, соборувајќи го досегашниот резултат од 29,50 минути. Победничка во женска конкуренција е Греша Бакрачи од Косово, која мина прва низ целта со постигнато време од 35 минути и 18 ...

Оваа недела Скопје повторно ќе живее во знакот на спортот, енергијата и натпреварувачкиот дух. На 10 мај, со почеток во 9.00 часот, ќе се одржи HalkEco Skopje Run 10К – меѓународна атлетска трка која и оваа година ќе ги обедини домашните и странските натпреварувачи, рекреативците и љубителите на активниот начин на живот. Стартот и целта на трката ќе бидат поставени на бул. Илинден, во близина на фонтаната „Лотус“, а трасата ќе се движи по ...

Скопје, 05.05.2026 година – Синоќа во просториите на НЛБ Галерија, во присуство на високи претставници на институциите, дипломатскиот кор и бизнис секторот, се одржа хуманитарната продажна изложба именувана како „Уметноста на инклузијата“. Настанот, организиран од Специјална Олимпијада Македонија (СОМ) во партнерство со НЛБ Банка, беше круна на еден исклучителен креативен процес во кој атлетите на СОМ твореа заедно со вработени од Банката и ...

Еден од најголемите и најпрепознатливи малопродажни брендови во светот SPAR официјално влегува на македонскиот пазар, носејќи ново шопинг искуство, меѓународни стандарди и современ пристап кон секојдневното купување. Со отворањето на своите први маркети SPAR во Џевахир Мол и INTERSPAR во комплексот Retail Fresh Store во Скопје, SPAR го означува почетокот на своето присуство во Македонија со што најавува нова фаза во развојот на домашната ...

Скопје, 6 мај 2026 година – Самсунг (Samsung) го проширува воведувањето на One UI 8.5 на повеќе уреди, носејќи ги најновите Galaxy AI функции низ целиот Samsung Galaxy екосистем. Ажурирањето е фокусирано на подобрување на комуникацијата и креативните искуства на Galaxy мобилните телефони и таблети, вклучувајќи ги серијата Galaxy S25, Galaxy S25 FE, серијата Galaxy S24, Galaxy S25 FE, Galaxy Z Fold7 и Galaxy Z Flip7, Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z ...

Google оваа година повторно ќе одржи настан поврзан со Android кој ќе биде во рамките, но пред официјалниот почеток на нивната најпозната Google I/O конференција. The Android Show: I/O Edition официјално е закажан за 12 мај со почеток во 19:00 часот по македонско време. Ваквите настани се секогаш интересни, а преку истите ги дознаваме повеќето новини кои се планирани за наредната верзија од Android. Иако Google пушта доста бета верзии ...

Пазарот на софтвер за безбедност на Windows компјутерите не е баш мал, а долго време важеше практиката дека секој мора да има инсталирано барем некое од овие достапни решенија. За пред повеќе од 10-15 години ова дефинитивно беше препорачана практика, но по претставувањето, па подоцна унапредувањето на Windows Defender (Microsoft Defender), често почна да се поставува прашањето дали овој софтвер од Microsoft е доволен. Мојот заклучок е дека во ...

Microsoft и Ookla најавија проширување на нивното стратешко партнерство, преку кое платформата за мерење на мрежните перформанси, Speedtest, станува интегриран дел од екосистемот на Windows и пребарувачот Bing. Оваа интеграција се базира на технологијата Speedtest Web SDK, овозможувајќи им на корисниците пристап до дијагностика на мрежата директно од корисничкиот интерфејс на самиот оперативен систем, како и преку сервисите за пребарување на ...

Преминувањето кон оперативен систем со отворен код често започнува со едно основно прашање кое може да ги збуни новите корисници, а тоа е изборот на соодветна дистрибуција. За разлика од комерцијалните системи каде што постои само една главна верзија, Linux екосистемот нуди стотици различни варијанти, секоја прилагодена за специфични потреби, хардверски перформанси и кориснички навики. Оваа фрагментација е една од клучните карактеристики на ...

По неодамнешните најави и откриените фотографии, Huawei денес официјално го претстави новиот Pura X Max, продолжување на линијата „широки” преклопни телефони која компанијата ја започна со оригиналниот Pura X минатата година. Веќе пишувавме дека форматот на новиот модел е сличен со оној што се очекува да го понуди и Apple со првиот iPhone на преклоп. Иако Apple очигледно нема да бидат први на пазарот со овој формат, конкурентите сепак почнаа ...

„Отвори прозорец кон нови светови“ е слоганот на 38. издание на Саемот на книгата, кој и оваа година ќе се одржи во Aрената Борис Трајковски во Скопје, во периодот од 23 до 29 април. Слоганот ја истакнува моќта на книгите да нѐ однесат во авантури кои не сме можеле ниту да ги замислиме, потврдувајќи дека Саемот на книга е место на инспирација, за нови идеи и место каде што секој може да го засити апетитот за нови знаења, возбудливи светови и ...

Целта на овие активности е да се поттикне јавна дискусија и да се зајакне свесноста за значењето на интелектуалната сопственост, како фактор што директно влијае врз инвестициите, иновациите и довербата во пазарот. „Интелектуалната сопственост често ја гледаме како апстрактна или техничка тема, но всушност, ја живееме секојдневно – во производите што ги купуваме, во услугите што ги користиме и во содржините што ги следиме. Во суштина, таа е ...

Марк Гурман од Bloomberg, веќе имаше доста да каже за новата верзија од Siri која конечно ќе ја видиме оваа година, а ќе биде презентирана во рамките на WWDC 2026 во јуни. Тој веќе најави дека Siri ќе стане достапна и како посебна апликација, ќе може да се користи и како „четбот“, односно како апликациите од OpenAI, Anthropic, Google и другите, а тука е и редизајнот на корисничкиот интерфејс. Гурман најави и дека Apple планира да дозволи ...

OpenAI пушти доста голема надградба на нивната алатка Codex, досега позната како алатка за програмирање, а која сега доаѓа со можност за контрола на компјутерот на корисникот. За почеток оваа можност доаѓа само кај macOS верзијата од апликацијата, а ова воопшто не изненадува со оглед на тоа што истото го прават и конкурентите. По претставувањето на агентите со вештачка интелигенција, „природен“ беше нивниот развој во правец на целосна ...

Скопје, 17 април 2026 година – Во современиот пејзаж на домашната забава, имерзивните визуелни ефекти бараат подеднакво моќен звук. Технологијата на Samsung Q-Symphony претставува промена во парадигмата на акустичното инженерство, овозможувајќи истовремено работење на звучниците на ТВ уредите и саундбар звучниците. За целосно достигнување на потенцијалот на овој екосистем, неопходни се прецизна конфигурација и просторна оптимизација. Науката ...

Google започна со пуштање на значајна надградба за AI Mode пребарувањето во својот интернет прелистувач Chrome. Иако самиот режим базиран на вештачка интелигенција е веќе достапен за корисниците, најновите промени се фокусираат на подобрување на корисничкиот интерфејс и намалување на потребата од постојано менување помеѓу различни „табови“ при пребарувањето информации на интернет. Главниот новитет на десктоп верзијата е паралелниот приказ на ...

Perplexity најави дека почнува со пуштање на Personal Computer, локалниот агентски систем за кој пишувавме веднаш по претставувањето минатиот месец. Компанијата преку објава на X соопшти дека од 16 април пристапот го добиваат сите претплатници на Perplexity Max, со приоритет за корисниците кои претходно се запишаа на листата на чекање. Како потсетување, Personal Computer е проширување на Perplexity Computer, агентot кој оркестрира повеќе ВИ ...

Во изминативе неколку години, YouTube активно го промовираше својот формат на кратки видеа, но корисниците сега добиваат официјална алатка за ограничување на нивното појавување. Според најновите информации, можноста за ограничување на времето на гледање на Shorts видеата, сега може да се постави на нула, со што практично се „блокира“ оваа функција. Оваа промена претставува надградба на функцијата претставена кон крајот на минатата година, ...

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата започнува кампања насочена кон унапредување на безбедноста во сообраќајот на мотоциклистите која ќе се реализира во соработка со МВР, Факултет за Безбедност-Скопје, Мотоциклистичката федерација. Во услови на зголемена мобилност и се поголемо присуство на мотоцикли во сообраќајот, мотоциклистите остануваат една од најранливите категории учесници. Кампањата има за цел да ја подигне ...

Google официјално ја претстави изворната апликација Gemini за macOS, овозможувајќи им на корисниците на овој оперативен систем пристап до асистентот со вештачка интелигенција директно од нивниот Mac компјутер. Новата апликација е дизајнирана да функционира како интегриран дел од системот, елиминирајќи ја потребата од користење на интернет прелистувач за интеракција со Gemini. Корисниците можат да ја повикаат апликацијата во секое време ...

Microsoft започна тивко да го повлекува брендирањето и копчињата за Copilot од основните апликации во Windows 11. Процесот, кој првично беше забележан во тест верзиите за Windows Insider, ги опфаќа Notepad и Snipping Tool. Овој потег доаѓа како одговор на реакциите од корисниците кои сметаа дека интегрирањето на вештачката интелигенција во оперативниот систем е премногу наметливо. Од компанијата дури најавија дека ги слушаат реакциите од ...

LG Rollable требаше да биде конкуренција на уредите како Galaxy Z Fold, кој на пазарот ќе донесеше алтернативен пристап без еден од главните проблеми на уредите на преклоп. Наместо да се превиткува, LG Rollable функционираше со екран кој се намотува, а со тоа се избегнуваше и место каде се појавува линија поради превиткувањето. Овој телефон беше само најавен во 2021 година во рамките на CES, а неколку месеци подоцна LG објави дека излегува од ...

Во септември минатата година Google претстави десктоп апликација која им стана достапна на Windows корисниците преку Search Labs, програма која е ограничена во помал број на земји. Оваа апликација сега станува достапна за сите корисници во светот, иако системот мора да е наместен на англиски за да може да се симне и користи. Со Google за десктоп апликацијата корисниците ги добиваат Google Search функциите директно на нивниот компјутер во ...

Компанијата Huawei се подготвува за претставување на својот нов уред на преклоп, наречен Pura X Max. Според достапните слики, овој модел се одликува со поширок формат на екранот кој наликува на дизајнот што се очекува да го примени и Apple за својот прв телефон од овој тип. Ваквиот формат кој се очекува да го користи Apple е релативно невообичаен на тековниот пазар на уреди на преклоп, каде најчесто доминираат потесни екрани, па изгледа дека ...

Chat функцијата која ги замени директните пораки во X мрежата, како што се очекуваше, ќе биде достапна и како посебна апликација. Ова одамна е најавувано како цел од страна на Елон Маск, па X станува повеќе од тоа што беше додека се викаше Twitter. XChat е името на апликацијата и истата веќе може да се „пред-нарача“ во App Store, па кога ќе стане достапна автоматски да се инсталира. Достапноста е најавена за 17 април, а веднаш нема да има и ...

Microsoft официјално го објави датумот кога целосно ќе престане со поддршка на апликацијата Outlook Lite за Android уредите. Според известувањето од компанијата, корисниците ќе изгубат пристап до функциите на своето поштенско сандаче преку оваа апликација на 25 мај 2026 година. Овој потег е дел од пошироката стратегија на Microsoft за намалување на преклопувањето на софтверските решенија и насочување на ресурсите кон развојот на нивната ...

Познатиот Џон Просер, кој стана уште повеќе познат по тужбата од страна на Apple за откривањето на Liquid Glass дизајнот кој дојде со iOS 26, иако поретко, продолжува со објава на видеа кои откриваат што може да очекуваме од компанијата. Просер објави ново видео за првиот iPhone на преклоп кој се очекува да биде претставен оваа есен и покрај тоа што некои најавуваат дека може да дојде до одложување поради инженерски проблеми. Ова е второ ...

Samsung неодамна го претстави новиот Galaxy A57 5G, заедно со A37 5G, паметен телефон кој има за цел да ја задржи доминацијата на компанијата во повисокиот сегмент од средната класа. Најголемата и најзабележителна промена оваа година е физичкиот дизајн. За разлика од ланскиот модел Galaxy A56 кој беше релативно тежок и масивен, новиот A57 е драстично потензок со само 6,9 милиметри и значително полесен, со тежина од 179 грама. Куќиштето е ...

Информација која оваа недела беше објавена од страна на Nikkei Asia најави можно одложување на претставувањето на првиот iPhone на преклоп. Причината за тоа се инженерски проблеми кои се имаат појавено при процесот на тестирање на уредот, па iPhone Fold можно е да го видиме дури идната година, наместо овој септември како што се очекува. Кратко подоцна со објава излезе Марк Гурман, за кого може да се каже дека најретко греши со неофицијалните ...

По долг период на најави и постепено префрлање на опциите, Microsoft потврди дека планира целосно да го укине класичниот Контролен панел (Control Panel) во Windows 11. Оваа информација беше потврдена преку изјави на инженери од компанијата, кои посочуваат дека фокусот во иднина ќе биде целосно насочен кон апликацијата за поставки (Settings). Сепак, поради тоа што ова не е првпат да очекуваме вакво нешто, ќе видиме дали оваа година навистина ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
0.47
41%
1018
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
2.68
64%
1015
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
0.4
55%
1015
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
0.64
46%
1018
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
0.86
43%
1017
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.75
83%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
2.24
48%
1014
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.67
45%
1016
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
3.11
48%
1016
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 20ᴼ
3.58
63%
1015
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 26ᴼ
2.24
40%
1015
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
2.0
100%
1015
Currency

61.52

Currency

53.3836

Currency

71.8674

Currency

37.3567

Currency

38.0037

Currency

65.8747

Currency

7.90563

Currency

0.66388

Currency

0.33961

Currency

0.52362

Currency

1.12294

Currency

0.55998

Платина

52920.13

Злато

130712.08

Родиум

265243.66

Паладиум

40863.60

Алуминиум

3.19

Сребро

1873.42

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Калај

54.92

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Бакар

13.13