
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Марк Гурман доволно често пишува за iPad на преклоп што веќе со сигурност можеме да очекуваме дека таков уред некогаш ќе биде претставен. По последната најава дека iPad на преклоп може да се очекува во 2026 или 2027 година, во најновиот неделен билтен, Гурман сега уредот го најавува за 2028. Според информациите, уредот веќе се тестира, а од Apple имаат постигнато линијата каде што се превиткува екранот скоро и да не се гледа. Тоа е и главната ...
Подобрата заштита која доаѓа со Android 15 ќе направи мал проблем со функционалноста на Phone Link апликацијата. Оваа апликација, покрај другото, овозможува прикажување на известувањата од Android телефон на Windows компјутерите. Со Android 15, известувањата кои содржат сензитивни информации, веќе нема да можат да се прикажуваат, односно Phone Link нема да има пристап до нив. Како вакви заштитени информации се сметаат тие кои содржат код за дво ...
Google оваа недела го претстави нивниот најнов квантен чип кој доаѓа со доста голем напредок од претходниот, а се истакнува и дека овој чип прави голем пробив во областа со решавање на неколку проблеми за првпат. Willow е името на чипот кој има способност да реши тест проблем за помалку од пет минути, нешто што на денешните супер компјутери би им требало повеќе од 10^25 години. Покрај големите очекувања за решавање на доста проблеми, односно ...
Google реши дека уредите за виртуелна, проширена, мешана и слична реалност, ќе бидат доволно популарни во иднина, па нивниот Android систем треба да биде прилагоден специјално за ваквите уреди. Резултат на тоа е посебната Android XR верзија која од компанијата истакнуваат дека е развиена во соработка со Samsung и Qualcomm. Тие додадоа дека Samsung идната година ќе претстави очила за проширена реалност, а истите ќе функционираат на оваа нова ...
После откажувањето на плановите за прекин на развојот на Skype и насочување на корисниците кон Microsoft Teams, а во главно поради популарноста на ваквите апликации за време на „короната“, апликацијата продолжи да функционира, па и да добива нови функции. Иако бројот на корисниците не може да се спореди со порано, сепак Skype останува една од најпознатите апликации за видео разговори, како и за повици од апликацијата кон фиксни и мобилни ...
На 12-ти ноември 2024 година во Скопје се одржа 7. Регионална конференција за е-трговија која повторно ја потврди својата позиција како најголем настан за дигиталната економија во регионот. Под темата “E-commerce: Untangling Potential”, конференцијата собра повеќе од 700 учесници и 30 говорници, кои споделија знаење, искуства и иновации на теми кои ги обликуваат трендовите во е-трговијата. Покрај инспиративните говори и панел-дискусии, ...
Денеска официјално почнува пријавувањето за 13-тото издание на Авицена Женска Трка 2025, која ќе се одржи на 13 април, 2025 година со почеток во 10:00 часот. Пријавувањето и регистрацијата за „Авицена Женска Трка 2025“, може да се направи преку официјалната веб страница, односно на следниот линк https://zenskatrka.mk/prijavuvanje/. Право на учество имаат сите припаднички на женскиот пол без ограничување на возраст. Сите што ќе се пријават до 30 ...
Иако има уште доста време до претставувањето на наредната генерација од iPhone, сепак со оглед на тоа што Apple доста порано ги носи повеќето одлуки, не е чудно што уште сега имаме неофицијални информации. Информациите, кои започнаа уште од минатиот месец, говорат дека iPhone, најверојатно само Pro моделите, конечно ќе добие одреден редизајн после години на скоро ист изглед. Главната промена која се најавува доаѓа кај модулот за задните камери, ...
Минатата година Microsoft ја донесе својата одлична Phone Link апликација на iOS и со тоа им овозможи на корисниците на iPhone некаква „handoff“ функционалност каква што би имале со Mac компјутер. Очекувано, апликацијата е далеку од функциите кои се достапни за Android смартфоните, но сепак им овозможи на корисниците проверка на известувањата, правење на повици, како и одговарање на пораки. Сега за корисниците на Windows Insider, Microsoft ...
Google ја претстави наредната верзија од нивниот Gemini јазичен модел, која сега официјално е стигната до Gemini 2.0. Ова е третата верзија која ја претставуваат од компанијата, по почетната верзија, па 1.5. Во тест форма Gemini 2.0 Flash, корисниците можат да ја пробаат оваа нова верзија од јазичниот модел уште веднаш преку Gemini апликацијата, односно Gemini „четботот“ кој е достапен преку веб и преку мобилни апликации. Како што би се ...
Во текот на вчерашниот ден Apple ја пушти една од поважните надградби на iOS 18 со која го заокружи пуштањето на повеќето Apple Intelligence функции. Со iOS 18.2, како и другите системи, корисниците ги добиваат Image Playground и Genmoji, а тука е и интеграцијата на ChatGPT во Siri. Во најавата на надградбата, Apple истакна кога може да се очекува последната поголема новина поврзана со вештачката интелигенција, а тоа е конечното унапредување на ...
На 16 и 17 декември на големата сцена на Македонскиот народен театар, со почеток од 20:00 часот ќе се одиграат две премиерни изведби на претставата „Замисли нов свет“, работена според мотиви од делата на Горан Стефановски. Ова беше соопштено на прес-конференцијата која се одржа денеска во Македонскиот народен театар, на која присуствуваа членови на актерската екипа заедно со режисерката Нела Витошевиќ, претставникот од продукциската куќа „Сектор ...
Една недела подоцна од што се очекуваше, Apple ги пушти финалните верзии од iOS 18.2, iPadOS 18.2, macOS 15.2, како и watchOS 11.2. Овие верзии беа достапни во бета форма изминатиот период, а сега им стануваат достапни на сите корисници. Оваа „тура“ на надградби може да се каже дека е доста важна за Apple, а со истата корисниците ги добиваат поголемиот дел од најавени Apple Intelligence функции. Во првата надградба во октомври беа пуштени ...
Кратко по завршувањето на Black Friday промоцијата за X Premium, претплата која покрај другото вклучува и пристап до Grok „четботот“ од xAI, од мрежата го пуштија пристапот до Grok и за корисниците кои не плаќаат. Grok беше претставен минатата година од xAI, уште една компанија на Елон Маск, а во основа се работи за „четбот“ направен со генеративна вештачка интелигенција и голем јазичен модел, конкуренција на ChatGPT, Gemini и другите. ...
По официјалната најава за замената на Windows Mail, Calendar и People апликациите со новиот Outlook, сега се знае и периодот кога бизнис корисниците можат да очекуваат ваква замена за класичната Outlook апликација која доаѓа како дел од „Office“ пакетот, односно Microsoft 365. Windows Mail престанува со функционирање на 31 декември оваа година, што значи дека од 1 јануари корисниците веќе ќе мора да го користат новиот Outlook, доколку не се ...
Оваа година корисниците нешто подоцна ја добиваат најновата верзија од Android, а ако се земе во предвид дека повеќето Android уреди во светот се од Samsung, надградбата за повеќето корисници ќе биде дури идната година. Со текот на годините бројот на нови функции и поголеми промени кај Android е намален, а тоа е очекувано. Големите подобрувања кај перформансите сега помалку се забележуваат, а и изгледот на корисничкиот интерфејс е повеќе од ...
Едукативна средба на која родителите ќе дискутираат за врсничкото насилство утре (12 декември) ќе се одржи во салата на советот на општината во Штип. Почетокот на работилницата, која е наменета и за родителите од Свети Николе, е закажан за 18 часот. Настанот е организиран од „Макпетрол“ во рамки на општествено одговорната кампања „Крени глас против врсничко насилство“. Водител ќе биде актерот Сашко Коцев, а за стручниот дел од темата ќе зборува ...
Претставен во тест форма на почетокот од годината, OpenAI официјално го пушти својот модел за генерирање на видеа, Sora. Оваа верзија треба да е понапредна и побрза од првата, а од компанијата ја нарекуваат Sora Turbo. Sora им е достапен само на корисниците кои плаќаат претплата за ChatGPT, односно за ChatGPT Plus и ChatGPT Pro корисниците. Со овој нов модел корисниците ја добиваат можноста да генерираат видеа исто како што тоа досега можеа да ...
Google вчера го претстави нивниот најнов и досега најнапреден квантен чип Willow. Од компанијата истакнуваат два фактори кои прават пробив во областа и се наредниот чекор кон целосно функционалните квантни компјутери. Со Willow Google постигнуваат нешто што за првпат се постигнува после 30 години, а тоа е намалување на грешките експоненцијално кои се јавуваат секогаш кога се зголемува бројот на „кјубитови“, мерката за податоци кај квантните ...
Пласманот на Стефан Стојановиќ на првата позиција на Светската младинска лига во Венеција е јубилеј за карате клубот „Макпетрол“. За скопската екипа ова е успех од особено значење затоа што е 50 одличје освоено на најсилните натпреварувања организирани од Светската карате федерација (WKF). Овие медали се од највисокорангирани натпревари: светски златни лиги, светски премиер карате лиги, светски купови за млади и светски премиер лиги, серија А. ...
Samsung вчера официјално ја најави бета верзијата од One UI 7, односно наредната верзија од One UI која е направена на најновата, Android 15 верзија. Поради некој причина, надградбата оваа година доаѓа доста подоцна, па финалната верзија нема ни да биде достапна до крајот на годината. Корисниците можат да очекуваат дека процесот на надградба ќе започне од јануари идната година, односно по претставувањето на Galaxy S25 серијата. Од неофицијални ...
Една од главните критики за познатата Telegram апликација за разговори е големиот број на проблематична содржина која оди до степен на споделување на слики и материјали од малолетни лица, односно „сексуална злоупотреба на деца“. За овој вид на содржина има и официјално име, CSAM – child sexual abuse material, а за успешно откривање и тргање на истата проблем често претставуваат сервисите со шифрирање на комуникацијата. Apple дури доби критики за ...
OpenAI, како почеток на нивниот „12 Days of OpenAI“ настан на претставување на нови функции, ја претстави финалната верзија од OpenAI o1 јазичниот модел и целосно нов пакет за претплата ChatGPT Pro. ChatGPT Pro е пакет кој чини 200 долари месечно и е наменет за истражувачите, инженерите и другите корисници кои имаат посериозна потреба од генеративната вештачка интелигенција и големите јазични модели. Овој пакет вклучува неограничен пристап до ...
„Во Новата 2025 година бидете дел од заедницата што множи добрина и дели радост. Изберете празнични честитки, со срце и свест“ Ова е повикот на Платформата за одржлив развој „Лице в лице“, што ги придружува овогодишните Новогодишни честитки, колекција создадена во соработка со македонски уметници кои ги донираа своите дизајни. Со оваа иницијатива, „Лице в лице“ продолжува да ја исполнува својата двојна општествена мисија – економско зајакнување ...
Во рамките на „The New York Times DealBook Summit“, основачот и директор на OpenAI, Сем Алтман, информира дека ChatGPT сега има повеќе од 300 милиони активни корисници неделно. Бројката од 200 милиони беше надмината во август оваа година, па може да се заклучи дека најпознатиот „четбот“ брзо ја зголемува својата бројка на корисници. Како што може да се забележи од тие кои го користат ChatGPT, алатката редовно добива новини, а една од повеќе ...
Стивен Леви од Wired седна со Тим Кук во Apple Park за интервју со директорот за една од најпознатите компании во светот, а може да се каже и историјата. Во разговорот се отвораат повеќе теми, но не може да се каже дека беа откриени некои посебни непознати информации. Тим Кук разговара за неговото доаѓање во Apple во време кога не била сигурна иднината на компанијата. Стив Џобс и неговата енергија биле тие кои го решиле да премине во Apple од ...
На нешто помалку од една година до истекот на официјалната поддршка за најпопуларниот Windows моментално, Windows 10, Microsoft ги потврди минималните барања кои ги постави за Windows 11. Овие барања се голем дел од причината зошто Windows 11 не го држи првото место на Windows инсталации, а тоа изгледа ќе остане така уште доста време. Не дека се очекуваше промена на политиката, но еве Microsoft сега ја потврди нивната решеност да продолжат да ги ...
Сите корисници на Македонски Телеком отсега ќе можат да ја користат Perplexity AI, една од најнапредните алатки за пребарување базирана на вештачка интелигенција без дополнителен надомест во период од една година. Алатката може да се активира преку Magenta Moments, до крајот на јануари, 2025 година. Што е Perplexity Perplexity AI е софистицирана алатка базирана на вештачка интелигенција, дизајнирана да обезбеди брзи, прецизни и релевантни ...
Иако беше познато од претходно, цензурата која ја прават друштвените мрежи најмногу дојде до израз со „корона кризата“ од 2020, па наваму. Секој кој се обидел да објави нешто на Facebook против официјалните државни ставови и политики има забележано дека добива предупредување пред објавата, а истата не ги добива стандардните прегледи. За одредени корисниците ова одеше и до повисоко ниво, како тргање на објавите, а на крајот и забрана на профилот. ...
Samsung оваа година реши да не ја пушти својата Android 15 надградба која доаѓа кај уредите во форма на One UI 7. Истата ќе биде пуштена со претставувањето на Galaxy S25 серијата идниот месец, па чекањето веќе е дојдено скоро при крај. Сепак, слободно може да се каже дека чекањето ќе вреди, а One UI 7 е доста голема надградба и донесува доста нови елементи кај корисничкиот интерфејс, а ќе има и нови функции. Затоа што веќе можевме да видиме ...