
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Шеснасетмина се во притвор за пожарот во кочанската дискотека. Градоначалникот не е осомничен иако има претрес во општината. „Пулс“ која работела без лиценца и со низа пропусти го отвори прашањето за хаосот во неусоглсениот систем кој поттикнува корупција. Власта допрва ги „тресе“ дискотеките. Утрото во недела на 16 март 2025 година во 9 часот и 15 минути беше првото и единствено појавување на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов откако се ...
Младите сочувствуваат со врсниците кои ги загубија животите во пожарот во кочанската дискотека и бараат начини да покажат почит. Последиците од колективната траума ќе се видат по некое време, но едно е сигурно уште од сега - нема некој кој не беше допрен од трагедијата, велат психолозите. „Одеднаш престана да зборува...како нема да беше. Од утрото до попладне некое време, само плачеше, отвораше уста да каже нешто, но збор од уста не ѝ ...
Повеќе од 300 луѓе беа пријавени како загинати откако Израел изврши смртоносни воздушни напади во Појасот Газа, Либан и јужна Сирија во, како што рече, целни напади против екстремисти кои планираат терористички напади, што повторно ги разгоре тензиите што се закануваа да го зафатат регионот во нов, крвав конфликт. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека и дал инструкции на војската да преземе „силна акција“ против Хамас поддржан од ...
Традиционален Вашингтон често се вознемирува околу средбите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега, претседателот Владимир Путин. Лидерот на Соединетите Држави покажа афинитет кон авторитарниот владетел на Кремљ, што доведе до тоа многумина да се запрашаат дали лукавиот поранешен полковник на КГБ може да користи ласкање и други средства за да ги оствари своите цели. Сега, додека Трамп се подготвува да разговара со ...
Солзите и лелеци на блиските и граѓаните на Кочани кои денеска излегоа да им оддадат почит на жртвите, но и протестираа и бараат одговорност за трагедијата во која загинаа 59 млади луѓе, а уште 20 се во тешка состојба. Истражните институции уапсија 23-ца и најавуваат уште апсења, но нема осомничени од локалната власт. Тивко, траорно и по некој лелек од родителите и роднините на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се ...
Вкупно 84 пациенти од пожарот во дискотеката во Кочани се згрижени во болниците во Скопје, а 51 повреден се пратени во странство, информира министерот за здравство, Арбен Таравари. Според него, пациентите се генерално во стабилна состојба. Досега е извршена обдукција на околу 15 лица. Лекари се борат за здравјето на повредените, патолози прават обдукција на телата на починатите, на вториот ден од трагедијата во диско клубот „Пулс“ во Кочани каде ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави нови приведување од различни институции, меѓу кои и МВР. Во пожарот во Кочани загинаа 59 лица, а од повредените во државава се лекуваат 84 пациенти, а во странство 51 пациент. Ден по трагедијата градоначалникот на Кочани поднесе оставка. На 23 лица се зголеми бројот на осомничени за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во кој животот го загубија 59 лица, а 155 беа повредени. На денешната ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира телефонски да разговара со рускиот претседател Владимир Путин на 18 март, додека тој се обидува да постигне прекин на огнот во војната во Украина, која ги исцрпи војниците и ресурсите на двете страни. „Ќе разговарам со претседателот Путин во вторник. Многу работа се заврши во текот на викендот“, им рече Трамп на новинарите доцна на 16 март за време на летот од неговото одморалиште во ...
МВР и Обвинителството во акција - се обезбедува документација за опожарената дискотека, како и лицата поврзани со неа. Меѓу загинатите во дискотеката е и полицаец. Државниот обвинител Коцевски им вети на семејствата на починатите дека истрагата ќе биде целосна и брза. Бројот на загинати лица во пожарот во дискотеката во Кочани се искачи на најмалку 59 лица, а бројот на повредени кои се хоспитализирани низ болниците низ Северна Македонија е 155. ...
Изминатата ноќ во дискотеката „Пулс“ во градот на истокот Кочани избувнал пожар во кој, според информации на МВР дадени за новинската агенција МИА, има најмалку 50 жртви. Бројот на повредени лица засега се уште не се знае и допрва се утврдува. Дел од повредените се префрлени во штипската и во скопските клиники. Официјални податоци за тоа како настанал пожарот и кои се причините се уште нема. Како што известуваат локалните медиуми, причина за ...
РКЕ ќе воведе читање на броилата секој месец поради сомнежите за јануарски сметки за струја. Ќе оди и во инспекција по домови кои дале приговор за да види дали има проблеми со броилата. Сепак високите сметки ќе мора да се платат, па ако утврдат нерегуларности парите ќе се враќаат на следни сметки. Со оглед на големиот број поплаки од страна на граѓаните во однос на јануарските сметки за струја кои се повисоки од очекувањата утврди ли ...
Координативно тело за арбитражни постапки во Владата избира адвокатска куќа за разговори на Министерството за одбрана со италијанската компанија „Леонардо“. Договорот за набавка на хеликоптери не се раскинува, туку ќе се репреговара. Нема потреба од адвокатска куќа, сите дилеми при имплементација на договорот може да се надминат, вели поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска. Владата подготвува терен за репреговарање на договорот ...
Иако се оддалечени повеќе од 1600 километри и се многу различни по големина, Косово и Украина делат заедничка борба за суверенитет - едниот од нив сè уште ги чувствува последиците од војната од пред 26 години, додека другиот се бори против Русија за да го зачува својот територијален интегритет. Како што продолжуваат дискусиите за тоа како би можеле да изгледаат мировните сили во Украина, 25-годишното искуство на Косово со меѓународните мировни ...
Партиско – политички битки за столбовите во правосудството – Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Вкрстените интереси се пречка за вистински реформи во оваа област, па правдата е таква каква што е. Њузлетер 14.03.2025 Embed share Њузлетер 14.03.2025 Embed share The code has been copied to your clipboard. The URL has been copied to your clipboard No media source currently available 0:00 0:07:38 0:00 Директен линк Многу врева се ...
Рускиот претседател Владимир Путин вели дека Русија се согласува со предлогот на САД за прекин на огнот со Украина, но дека „постојат нијанси“ и секој договор треба да води кон долгорочен мир. Претходно оваа недела на состанок во Саудиска Арабија, делегациите од Киев и Вашингтон се согласија на 30-дневен прекин на огнот предложен од американскиот претседател Доналд Трамп. За време на состанокот во Белата куќа на 12 март со ирскиот премиер Мајкл ...
Законот за семејство ги става децата на средина на битката меѓу родителите кои се разведуваат, смета здружението „Наши“ кое бара да се воведе заедничко старателство. Но од Националната мрежа против семејно насилство предупредуваат дека овој модел, иако е добар, тешко би се имплементирал, додека властите планираат да го вметнат во Граѓанскиот законик. По 17 години заеднички живот, Сашо и неговата сопруга решиле да се разведат. Распаѓањето на ...
Мирот ќе ја подобри и европската и македонската економија, а обновата на Украина ќе отвори врати за македонски фирми, пред сè, градежни, но и можност за поголем извоз, оценуваат економски аналитичари. Ниту со Русија ниту со Украина, државата нема голема трговска размена – лани најмногу им извезувала лекови и зелка, а најмногу увезувала руски гас и украински производи од железо и челик, масло и репка. Македонски власти досега не забележале ...
И покрај тоа што ерупцијата на насилство во западна Сирија го покрена прашањето за способноста на преодната влада да ги контролира нејзините фракции, таа исто така, во фокус ги стави и руската и иранската вмешаност во „сириските работи“. Откако на 6 март избија судири меѓу владините сили и вооружените лица лојални на соборениот претседател Башар ал-Асад, разни групи за човекови права кои ја следат ситуацијата во Сирија, документираа над 800 ...
Струен удар здрма илјадници семејства поради надпросечно високите сметки за струја дури и за 300 насто. Приговори има до ЕВН, Регулаторна комисија и Народниот правобранител, но, корекции на сметките се ретки. ЕВН велат дека 85% од броилата ги читаат секој месец, освен во непристапните терени. 33-годишниот Павле живее под кирија во скопската населба Кисела вода. Неговите стандардни трошоци за месечниот закуп изнесуваат 12.000 денари и сметки за ...
Келнери, готвачи, негуватели на деца и стари лица, аргати на нива и сите други кои работат привремено во државата ќе можат да бидат ангажирани легално, со платени придонеси, според новиот предлог на закон што е во собраниска процедура. Предлагачите очекуваат да се реши голем проблем, но агенциите кои посредуваат за работа во странство се сомневаат дека ќе го спречи одливот на сезонски работници во Хрватска, Црна Гора, Словенија... Сум направила ...
Американскиот претседател Доналд Трамп и светот се на пат да откријат дали Русија е навистина заинтересирана да стави крај на својата повеќе од тригодишна целосна инвазија на Украина или да ги следи своите максималистички цели за заземање на земјата. По деветчасовни преговори во Саудиска Арабија на 11 март, Украина се согласи на американскиот предлог за итен прекин на огнот од 30 дена, кој може да биде продолжен од двете завојувани страни. Сега ...
Украина се согласи со американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот во војната против Русија, а САД ќе ја укинат суспензијата на воената помош, се вели во заедничката изјава на официјалните претставници објавена од Киев по повеќе од девет часа разговори во Саудиска Арабија. Разговорите на 11 март уследија по големиот напад со украинско беспилотно летало што го погоди московскиот регион и другите руски провинции во текот на ноќта, при што ...
Високи украински и американски функционери одржуваат состанок со високи влогови во Саудиска Арабија на 11 март, на кој се разговара за тоа како да се стави крај на руската војна против Украина во услови на неодамнешни тензии меѓу Киев и Вашингтон и интензивирање на борбите на бојното поле. Разговорите дојдоа 11 дена по спорниот состанок во Белата куќа меѓу Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп, кој ги разгоре односите меѓу двете ...
Приведени 11 луѓе, еден во бегство, а еден веќе во притвор за друго дело е исходот од вчерашната полициска акција по наредба на Обвинителството за гонење на криминал. Тие се осомничени за набавка на мазут со сомнителен квалитет и за перење на пари. Перење пари и злоупотреба на службена должност ги поврзува 11 луѓе, меѓу кои сопственици на нафтени компании и поранешен директор на ЕСМ, за кои обвинителството се сомнева дека покрај перењето пари, ...
Се бара увоз на отпад од Европа, а државата нема систем за управување со домашниот отпад, алармираат граѓанските организации. Без соодветни контроли и недостиг на инспектори и лаборатории се зголемува ризикот за дополнителни злоупотреби и загадување Северна Македонија бара да увезува отпад од Европската унија, иако сè уште нема воспоставено систем за безбедно управување - и со домашен и со увезен отпад, со што ги зголемува ризиците од ...
Неизвесно е дали некој од петте членови на Судски совет ќе се појави во Собранието на седницата за нивна интерпелација. За ВМРО-ДПМНЕ интерпелациите се неопходни за кадровски промени и очекуваат да поднесат оставки, додека СДСМ е против и смета дека ова е упад во уставниот поредок. На 11 март, Судскиот совет ќе одржи редовна седница, а паралелно, пратениците во законодавниот дом ќе расправаат и гласаат за интерпелации на пет негови членови, ...
Чадот од ударот на Овалната соба што ги исфрли од шините американско-украинските односи едвај се исчисти, а војната во Украина е веќе на нова пресвртна точка. Но, една земја - Саудиска Арабија, се појавува како центар на гравитација за потенцијалните мировни разговори. Украинскиот претседател Володимир Зеленски отпатува за Ријад на 10 март за да се сретне со саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман, де факто владетел на кралството во ...
ССМ обвинува дека власта намерно ги минирала преговорите за платата и оти преку општините и министерства прави притисоци за да ја зајакне Конфедерацијата на слободни синдикати. Владата, пак, ќе преиспитува кој е репрезентативен, тврди дека сака „фер и правична застапеност на работниците“. Кој синдикат е релевантен, кој не е, колку е реална потрошувачка кошничка, која синдикална организација е поблиска до една или до друга политичка партија … ...
Околу 250 пациенти со дијабет останаа без лекот оземпик. Недостигот се јавува во период кога тие до властите испорачаа барања и за поквалитетен третман со ленти и глукомери. Од Владата тврдат дека ги разгледуваат сите барања и иницијативи од здруженијата, вклучително и оние на пациентите. Се будите едно утро и целиот ваш свет го сочинуваат броеви, вредности на гликемија, јаглехидратни едицини, дози на инсулин и слично. Потоа ги осознавате сите ...
Рано утрото на 6 јануари 2024 година, единица руски борци го напушти селото Смиле во источниот регион Запорожје во Украина за да нападне позиција каде што беа стационирани Виталиј Ходњук, познат по кодното име „Пингвин“ и неговите колеги украински војници. Во жестоките борби што следеа, руската единица успеа привремено да ја заземе позицијата, но беше истисната во украински контранапад. „Се приближивме до нив, на околу 5-7 метри и тие почнаа да ...