Полицијата на Косово соопшти детали за апсењето на лице осомничено за шпионажа, кое било лишено од слобода на граничниот премин Мердаре. Станува збор за Ф. С., кој по одлука на Специјалното обвинителство е задржан во полициски притвор 48 часа, јавија косовските медиуми. По апсењето, истражители од Дирекцијата за истрага на организиран криминал и тешки кривични дела, со судски налог, извршиле претрес во домот на осомничениот во селото Драгаш, ...

Дарвин Нуњез би можел повторно да заигра со Мохамед Салах ова лето, откако поранешниот напаѓач на Ливерпул, наводно, постигнал договор за трансфер во Трабзонспор. Нуњез е надвор од плановите на Ал-Хилал и една година по заминувањето од Ливерпул, ова лето повторно бара нов клуб. Иако пред некое време се поврзуваше со враќање во Ливерпул, а интерес за него покажуваше и Њукасл, најверојатната дестинација за Уругваецот е Турција. Турскиот ...

Американскиот технолошки гигант „Гугл“ официјално ја претстави новата серија паметни телефони „Пиксел 11“, која носи повеќе меморија, новиот чип „Тензор Г6“ и значително поголема интеграција на вештачката интелигенција, пишува „Евроњуз“. Основниот „Пиксел 11“ сега доаѓа со 256 гигабајти простор за складирање, додека верзијата од 128 гигабајти е укината. Почетната цена изнесува 899 долари, односно околу 770 евра, што е за 100 долари повеќе од ...

Полската тенисерка Ига Швјонтек ја елиминираше Елина Свитолина со 6:3, 1:6, 6:3 и се пласираше во финалето на турнирот во Торонто, Канада, каде што ќе игра за титулата со Елена Рибакина, која ја победи Коко Гоф со 2:1 во сетови во одличен финиш. Швјонтек ја победи Свитолина, од која ги загуби двата претходни мечеви оваа година, и се пласираше во своето прво финале оваа сезона. Нејзин ривал во дуелот за трофејот ќе биде Рибакина, која ја ја ...

Фудбалска Европа вчера се запозна со еден од најголемите таленти од генерацијата 2009 – Брајан Џомени Маџо. Напаѓачот на Астон вила постигна гол на своето деби за клубот од Бирмингем против Пари Сен Жермен во Суперкупот на Европа, израмнувајќи на 1:1. Маџо е роден во Енфилд, Англија на 12 јануари 2009 година и има само 17 години. Неговата физичка градба потсетува на Ромелу Лукаку, а поради неговата висина, силата и голгетерскиот инстинкт, ...

Адина Михај (31) и нејзиниот партнер Мадалин Думитру (30) се осудени на по 17 години затвор поради смртта на двајца мажи кои ги дрогирале и ограбиле. Михај се претставувала како сексуална работничка и договарала средби во домовите на жртвите, додека Думитру ѝ помагал во изработката на профили на интернет. Двојката во јуни ја признала вината за убиство од небрежност, а пресудата им била изречена денеска во судот во Оксфорд, објави „Скај њуз“. ...

Откако славниот Роџер Федерер повторно ги одбра Истра и Лошињ за семеен одмор, на хрватскиот брег се појави уште една тениска легенда. Рафаел Надал беше виден во Примоштен, каде што помина мирна и опуштена вечер, достојна за летен одмор, пренесуваат хрватските медиуми. Шпанската тениска легенда вечераше во познат ресторан во Примоштен, а потоа беше виден како шета по калдрмата на градот и ужива во опуштената далматинска атмосфера. Доаѓањето ...

Македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ го имаше својот прв настап на Европското првенство што се одржува во Париз, Франција. Во квалификациите, во својата група 2 го освои шестото место (од 10 натпреварувачи) со време од 1:52,59 мин. во дисциплината 200 метри слободно. Ова време претставува и нов државен рекорд (на 50 метарски базени), и за 15 стотинки го урна стариот рекорд на Александар Маленко од Европското јуниорско првенство во ...

Италијанскиот бизнисмен Валтер Лавитола признал дека го организирал бомбашкиот напад врз куќата на познатиот истражувачки новинар Сигфридо Ранучи. Според неговиот адвокат, намерата на Лавитола била новинарот, кој воедно е и негов пријател, да добие посилни безбедносни мерки. Признанието го дал пред истражителите откако бил уапсен на почетокот на неделата, пишува „Гардијан“. Во октомври минатата година, пред домот на Ранучи во место во ...

Од летувалиште преполно со туристи до сцена на масовна евакуација. За само неколку часа дел од Халкидики се претвори во борба со огнот и времето. Густ чад го покри небото над Касандра, пламените јазици се спуштија кон куќите, патиштата се затворија, а стотици жители и туристи спасот го бараа кон морето. Големиот шумски пожар што избувна денеска околу 14 часот во близина на Сивири и во почетокот зафати ниска вегетација, поттикнат од силниот ...

Денеска фудбалерите на Партизан славеа по вторпат против Тобол на гости во Казахстан со резултат 2:1 во реваншот од третото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА. Српскиот клуб беше подобар и на првиот меч во Белград со 3:0, и со конечни 5:1 обезбеди пласман во плејофот. Домаќините рано во седмата минута поведоа со прекрасниот гол на Чесноков кој со волеј ја затресе мрежата на Круниќ. Пресвртот на гостите следуваше во вториот ...

Објавен е првиот трејлер за долгоочекуваната 13-та сезона од хорор-серијалот на Рајан Марфи, „Американска хорор приказна: 13“ која на едно место ќе ги собере најголемите ѕвезди и најпознатите ликови од сите претходни сезони. Премиерата е закажана за 24 септември, а сезоната ќе се состои од 13 епизоди, пишува „Холивуд репортер“. „Како ’Avengers‘ во хорор издание“ Рајан Марфи откри дека 13-тата сезона нема да биде фокусирана само на една тема, ...

Уште еден работник, кој, за да биде ситуацијата уште потрагична, бил на само две години пред пензионирање, загинал на работното место, соопшти МВР. Ова се случило во фирма во скопската општина Аеродром, каде работникот бил прегазен од машина-вилушкар, која сама се придвижила, според полициското соопштение. „На 12.08.2026 околу 12:25 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во круг на фирма на подрачјето на општина ...

Рекордно нискиот водостој на Дунав повторно го извади на површина она што реката го крие повеќе од осум децении. Кај Прахово, недалеку од Ѓердап, во тек е сложена операција за извлекување на потонати германски воени бродови од Втората светска војна, а во нив сè уште има бомби, гранати, мини и муниција што може да биде смртоносна и денес, пренесе Време. Во овој дел од Дунав се лоцирани десетици германски воени пловила, а голем број од нив се ...

Актерот Мел Гибсон откри нови детали за долгонајавуваниот петти дел од филмската франшиза „Смртоносно оружје“ („Lethal Weapon“), по години во кои зборуваше за можноста за продолжување на серијалот. Во ново интервју, Гибсон објасни како би изгледал петтиот филм и каде би се наоѓале неговите ликови по толку години. Тој откри и дека сака да ја преземе режисерската палка, што било желба и на покојниот режисер Ричард Донер. пишува „Дедлајн“. ...

Белгискиот фудбалски репрезентативец Жереми Доку го продолжи договорот со Манчестер сити до јуни 2031 година, потврдија актуелните англиски шампиони во четврток. Претходниот договор на 24-годишниот играч беше важечки до јуни 2028 година. Доку дојде во Манчестер сити во 2023 година од францускиот Рен и досега одигра 131 натпревар за клубот од Етихад, постигнувајќи 22 гола. Минатата натпреварувачка сезона, Доку беше најдобар играч за клубот од ...

„Одисеја“ стана филм со најголема заработка во кариерата на режисерот Кристофер Нолан, заработувајќи повеќе од 1 милијарда долари на глобалните кино благајни за помалку од еден месец по објавувањето, пишуваат странските медиуми. Блокбастерот, чија премиера беше на 17 јули, е адаптација на античкиот грчки еп на Хомер и го следи Мет Дејмон како Одисеј, грчкиот крал на Итака, на неговото опасно 10-годишно патување кон дома по Тројанската војна. ...

Холивудската актерка Никол Кидман (59) во интервју за септемвриското издание на „ Британски Вог“ отворено зборува за своите професионални успеси, но и за длабоките лични промени по разводот со музичарот Кит Урбан со кого беше во брак 19 години. Седејќи во клуб во лонданскиот кварт Нотинг Хил, Кидман го опишува својот моментален живот како застанување на работ на непознатото. Минатиот септември таа поднесе барање за развод во Нешвил, а ...

46-годишен жител на Прилеп доби кривична пријава откако полицијата вчера, со судска наредба, извршила претрес во неговиот дом и пронашла десет птици од видот билбилче (Carduelis carduelis). Оваа птица, заедно со околу 130 други видови, е на листата на птици кои се заштитени како „корисни за земјоделството и шумарството“. „На 12.08.2026 во 13:35 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп, со наредба од Основен суд Прилеп, поради сомнение за ...

На почетокот на септември треба да заврши реконструкцијата на мостот на Маркова Река на патот што води кон Драчево, која започна пред неколку дена. Така е предвидено во договорот помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и изведувачот на градежните работи Друштвото за градежништво и проектирање „Синтек Инженеринг“ ДООЕЛ, од село Бразда, информираат од ЈПДП. Дотогаш треба да се стрпат драчевци и сите други граѓани кои секојдневно ...

Познатиот македонски музички продуцент и композитор Дарко Димитров, кој деновиве се одмора во Грција, се најде во непосредна близина на огнена стихија. На социјалните мрежи сподели видеа и фотографии од туристичкото место Сивири, на кои се гледа густ црн чад. На видеата се забележуваат и противпожарни хеликоптери кои постојано надлетуваат и фрлаат вода во обид да го стават пожарот под контрола. Според она што го објави Димитров, чадот брзо ...

Жител на скопското село Зелениково вчера пријавил во полиција дека двајца соселани му се заканувале со остар предмет, му го искршиле автомобилот и го повредиле, а подоцна еден од нив му ги прегазил стапалата со автомобил, соопшти МВР. Покрај двајцата пријавени, кои според возраста и иницијалите се татко и син, уапсен е и човекот кој ги пријавил. „На 12.08.2026 во 07:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода ...

Државјанин на Србија, С.К. (25), е уапсен во Будва под сомнение дека во текот на летото крадел чанти од туристи на плажите. Според соопштението на црногорската полиција, тој се сомничи дека украл поголем број чанти во кои се наоѓале вредни предмети и лични документи, објави РТВ Будва. Црногорската полиција соопшти дека полициските службеници од Одделението за безбедност Будва, постапувајќи по повеќе пријави од граѓани за одземени предмети, ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, продолжува да ја поддржува можноста за зголемување на бројот на Светското првенство на 64 репрезентации, објавува „Тајмс“. Се очекува светската фудбалска организација да донесе одлука за предлогот за проширување на сегашниот формат од 48 репрезентации до 14 август. Идејата ја презентираше Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) и предвидува промената да стапи на сила за Светското првенство ...

Легендарната вила на Елизабет Тејлор во Бел Ер е спасена од уривање и ќе се реставрира и проширува по цена од повеќе од 62 милиони долари. Проектот ќе ги зачувува оригиналните соби на актерката, но ќе се додадат неколку нови конструкции. Познатиот градежен магнат Арди Тавангарјан се надева дека обновата и проширувањето на некогашниот имот на Тејлор ќе привлече исто толку внимание колку што привлекувала и самата актерка, пишува „Њујорк пост“. ...

За три хороскопски знаци есента 2026 година ќе биде многу повеќе од сезона на убави пејзажи и топли напитоци. Планетарните аспекти ќе им дадат силен ветер во грб, ќе им отворат нови можности и ќе ги поттикнат конечно да го искористат својот момент, пишува „Атма“. Есента 2026 година ќе има две различни лица. Првиот дел од сезоната ќе бара трпение, преиспитување на плановите и расчистување на односите, додека вториот ќе отвори простор за ...

Ана Костадиновска, професорка по пеење и долгогодишен придружен вокал на „ДНК“, повторно се сети на својот близок пријател и соработник Владимир Блажев-Панчо. Костадиновска на Инстаграм сподели стара фотографија на која е заедно со Панчо и со чичко Тоше од Македонски Брод. Фотографијата своевремено ја објавил Панчо, познат и како диџеј Шорти Пи, со зборовите: „Со чичко Тоше, слаткарот од Македонски Брод и Преслава“. Сега фотографијата ...

Густ црн чад се издигнал над Вараждин откако денеска избувнал пожар во компанија во градот. Центарот 112 ја примил пријавата за пожарот на плоштадот Антун Густав Матош во 14:55 часот, пренесе Вараждински. На местото веднаш излегле сите итни служби. Според првичните информации од полицијата, на пожарот му претходела експлозија во просториите на компанијата што се наоѓа на таа адреса. Наводно, пожарот избувнал во магацин со уреди за ...

Преодниот рок ова лето влегува во својата последна фаза откако Челси постави цврст рок за Манчестер сити да го потпише фудбалерот од средниот ред, Енцо Фернандез. Новинарот Фабрицио Романо известува дека „Сините“ ги информирале „граѓаните“ дека договорот за Фернандез мора да биде финализиран пред петок, 17.00 часот (локално време). Во спротивно, клубот од западен Лондон нема да дозволи аргентинскиот интернационалец да се пресели на „Етихад“. ...

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски, ќе го чека почетокот на судската постапка на слобода, откако Основниот кривичен суд Скопје му го укина притворот. Судот ја прифатил понудената гаранција во вредност од 500.000 евра што поранешниот прв човек на мак-фудбалот ги дал во недвижен имот. На Ѓорѓиоски му е одземена патната исправа и ќе треба да се јавува на суд. Против него, како што е познато, уште во ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
93%
1025
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.57
91%
1023
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
88%
1020
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
0.51
78%
1025
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.84
97%
1026
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
95%
1021
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
0.22
87%
1025
weather icon

Тирана

10ᴼ / 9ᴼ
1.54
100%
1025
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
94%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1025
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
2.57
86%
1022
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
3.6
92%
1025
Currency

61.577

Currency

55.056

Currency

73.822

Currency

37.948

Currency

39.11

Currency

67.241

Currency

8.2594

Currency

0.67154

Currency

0.34797

Currency

0.52359

Currency

1.0978

Currency

0.58615

Алуминиум

3.05

Паладиум

32600.86

Родиум

297394.41

Кобалт

33.53

Калај

46.53

Рутениум

61086.42

Бакар

12.71

Цинк

3.76

Иридиум

321507.47

Платина

50123.01

Сребро

1691.13

Злато

132371.05