Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Милански Интер на фантастичен начин ја започна сезоната во која ќе ја брани титулата шампион на Италија. „Нераѕурите“ во првото коло од Серија А ја декласираа Монца со убедливи 4:1. На домашен терен, на „Џузепе Меаца“, Интер уште од самиот старт покажа кој е фаворит за шампионскиот трофеј. Домаќините стигнаа до предност по само шест минути игра. Хакан Чалханоглу даде вистински еврогол по асистенцијата на Енди Диуф за 1:0. Сепак, Монца не се ...
Американскиот милијардер, пронаоѓач и филантроп Херби Вертхајм е човекот кој плати неверојатни 40 милиони долари за „Ферари Луче“, првиот целосно електричен автомобил на италијанскиот производител. Со оваа продажба автомобилот стана најскапиот нов автомобил некогаш продаден на аукција, а приказната за неговиот 87-годишен сопственик е речиси исто толку интересна колку и рекордната сума, пишува „Топ гир“. Дури и во „Ферари“ не очекувале дека ...
По поразот на Манчестер јунајтед од Хал сити (2-0), разочарување во англиската Премиер лига доживеа и Тотенхем кој со 3-0 загуби на гостувањето кај Брентфорд. Ако по утрото денот се познава следи уште една тешка сезона за лондонскиот клуб, бидејќи домашниот состав во целост доминираше и упати дури 26 удари кон противничкиот гол. Резултатот беше отворен по само 12 минути игра кога погоди Луис Потер, а веќе во 33-тата минута Жанелт се погрижи ...
Легендарниот спринтер Усеин Болт уште еднаш ќе биде дел од фудбалот. Осумкратниот олимписки шампион е регистриран за настап во ветеранската лига во Англија, каде што ќе го носи дресот на Витеншо Ветс. Клубот од јужниот дел на Манчестер се натпреварува во Премиер дивизијата на ветеранската лига во Чешир, во која право на настап имаат само играчи постари од 35 години. Витеншо и минатата сезона привлече големо внимание, бидејќи во неговиот ...
Трагедија го погоди фудбалскиот свет отако младиот 25-годишен Куевин Кастро го загуби животот за време на натпревар во Португалија. Кастро ненадејно се струполил на теренот во 10. минута од дуелот против Естрела Амадоре. Медицинските екипи веднаш интервенирале и се обиделе да му помогнат, но, за жал, не успеале да го спасат. Младиот фудбалер зад себе остави кариера во неколку клубови на Островот. Покрај ВБА, настапуваше и за Јорк Сити, ...
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Киев ја отворил „Пандорината кутија“ со нападите врз руските економски цели, велејќи дека Русија ќе возврати удар врз „најчувствителните економски сектори“ на Украина, пренесува Ројтерс. Двајца загинати и осуммина повредени во руски ракетен напад во близина на Киев Украина ова лето ја засили кампањата на напади со беспилотни летала насочени кон руската економска инфраструктура, вклучувајќи ги ...
Ландо Норис ја освои пол-позицијата за трката за Големата награда на Холандија, откако возачот на Мекларен беше најбрз во квалификациите на патеката Зандворт. Актуелниот светски шампион имаше одлично издание и без поголеми проблеми стигна до најдобро време, оставајќи ја конкуренцијата зад себе. Од првиот ред до него ќе стартува Џорџ Расел од Мерцедес, додека третото место му припадна на неговиот тимски колега Кими Антонели. Од вториот ред ќе ...
Пелистер повторно не успеа да стигне до победа во Втората македонска фудбалска лига. По ремито против Камјани на домашен терен, битолчани денеска одиграа 0-0 против Брера во Кавадарци. „Зелено-белите“ беа подобар противник во текот на натпреварот, ја имаа иницијативата и создадоа неколку одлични можности, но реализацијата повторно беше нивниот најголем проблем. Ниту една од шансите не успеаја да ја претворат во гол. Брера, од друга страна, ...
Не е само колку време работиме, туку и колку често се менува нашето работно време. Ново истражување покажа дека непредвидливите работни распореди и големите флуктуации во бројот на часови што ги работиме, може да бидат поврзани со влошување на здравјето на работниците, но мажите и жените ги доживуваат последиците на различни начини. Студијата, објавена во списанието „ССМ – Здравје на населението“, вклучува податоци за повеќе од 61.000 ...
Нов, голем пожар избувнал денеска во близина на Струмица, а додека директорот на Дирекцијата и заштита и спасување, Стојанче Ангелов вели дека големиот мариовски пожар се става под контрола, од ТППЕ Прилеп, сега стигна итен повик. Во него се вели, сите кои имаат викендици од хлорната станица кај нови гробишта, преку Широк пат до Коњари да се упатат на своите имоти поради голем пожар, јавуваат локалните медиуми. Во прилепскиот регион, според ...
Две лица загинаа, а осум се повредени во руски ракетен напад врз Бориспиљ, град во близина на Киев, додека во украинската престолнина престојува германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул, пренесува Јаху. Воздушните сирени се огласиле во Киев за време на настан со ветерани на кој присуствувале Вадефул и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во исто време, Русија извршила напад со балистички ракети врз Бориспиљ, кој се ...
Фудбалерите на Арсими стигнаа до втората победа сезонава во ПМФЛ откако на гостински терен во единствениот денешен натпревар од четвртото коло ја совладаа Шкендија Арачиново со 2-0. Шкендија Арачиново во овој натпревар влезе со добра атмосфера по победата над Тиквеш која за нив беше прва во најсилното друштво, но денеска беа непријатно изненадени на свој терен. Домаќините имаа поголем посед на топката, но Арсими знаеше да биде опасен кога ...
Врската на актерката Кејти Холмс и уметникот Џејсон Бард Јармоски изгледа се развивва во посериозна насока. Актерката го однесе девет години помладото момче на вечера во Ист Хемптон, каде што го запозна со некои од своите блиски пријателки. Вечерата беше организирана по повод 45-годишнината од брендот „Мајкл Корс“, а се одржа само неколку недели откако Кејти и Џејсон првпат јавно покажаа дека се заедно. View this post on Instagram A post ...
Елиф Елмас и официјално го комплетираше изненадувачкиот трансфер во Аталанта. Македонскиот репрезентативец денеска стави потпис на договорот со клубот од Бергамо, со што го започнува својот трет предизвик во италијанскиот фудбал. Во Аталанта Елмас пристигнува како позајмен играч од Лајпциг, исто како што беше случајот и минатата сезона во Наполи. Македонецот ќе има нова можност да ја пронајде формата со која своевремено го привлече ...
По големото невреме што минатиот месец го зафати главниот град, кога беа откорнати стотици дрвја низ општините, а во непогодата сериозно беа оштетени и најголемите градски гробишта во Бутел, според изјавата од управителот АД „Бутел“, во невремето орканскиот ветер откорнал повеќе од 80 дрвја и гранки. Страшни беа глетките од откорнатите корења што целосно ги отворија и ги разрушија гробовите и надгробните плочи. Сè уште не се знае на кој ...
За учениците од основно училиште во селото Нижухе, Кина, секојдневното одење до училиште до неодамна беше сериозен физички потфат. Селото се наоѓа повеќе од 500 метри под работ на кањонот, па децата мораа да одат пеш до училиште по стрмни и изложени патеки речиси три часа во секој правец. Тоа значеше околу шест часа одење секој училишен ден, пишува „Гаџет ривју“. Сè тоа се промени на 31 јули 2026 година, кога се отворија скалите „Фујао“, ...
Италијанецот Алесио Окипинти е победник на 39. издание на Охридскиот пливачки маратон, кој денеска се одржа на патеката од Свети Наум до Охрид. Окипинти 25-километарската делница ја преплива за 5 часа, 3 минути и 44 секунди, оставајќи го зад себе сонародникот Николо Ричарди. Најдобриот македонски млад пливач, 17-годишниот Петар Цеков одлично се снајде во силната конкуренција и со освоеното трето место се закити со бронзениот медал. Во женска ...
Во периодот од 25 август до 10 септември 2026 година, Меркур ќе биде во Девица, носејќи период во кој во преден план ќе бидат прецизноста, анализата и практичните решенија, пишува „Атма“. Меркур влегува во Девица на 25 август во 13.04 часот, а во овој знак ќе остане до 10 септември во 18.21 часот, кога ќе премине во Вага. По престојот во Лав, кога акцентот беше ставен на впечатливото изразување и големите идеи, сега фокусот се префрла кон ...
Поранешниот премиер на Естонија и европски комесар Сиим Калас почина на 77-годишна возраст. „Со голема тага објавувам дека мојот драг татко Сиим Калас почина синоќа“, објави неговата ќерка Каја Калас, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, на Инстаграм. View this post on Instagram A post shared by Kaja Kallas (@kajakallas) Калас, економист по професија, беше првиот Естонец што стана член на Европската ...
Манчестер јунајтед на најлош можен начин ја отвори новата сезона во Премиерлигата. По оптимистичниот крај на минатата сезона и враќањето во Лигата на шампионите со Мајкл Керик на клупата, „црвените ѓаволи“ доживеаја непријатен пораз од Хал со 2-0. Новајлијата во елитното англиско друштво одигра одлично во првото полувреме кога создаде предност два гола. Ајви во 17. минута го отвори резултатот, а Менди во 38. минута повторно ја затресе ...
Градежните работи на булеварот „Борис Трајковски“ и реконструкцијата на мостот на Маркова Река пред влезот во Драчево им создаваат многу главоболки на жителите што секојдневно ја минуваат оваа траса кон центарот на Скопје. Сообраќајниот метеж што сега владее, затоа што на мостот наизменично се пуштаат возила во едната, па во другата насока, а на булеварот едната лента не е во функција поради асфалтирање, ќе се зголеми уште повеќе за десетина ...
Кога сакаме да ослабеме или да ја одржиме телесната тежина, висококалоричните намирници честопати се меѓу првите што ги исфрламе од исхраната. Сепак, бројот на калории сам по себе не покажува колку одредена храна е здрава и хранлива, пишува „Е-клиника“. Некои намирници имаат висока енергетска вредност поради големото количество додаден шеќер или заситени масти, додека други се калорични затоа што содржат незаситени масти, протеини, ...
Македонската таеквондистка Миљана Рељиќ не успеа да обезбеди место во полуфиналето на Медитеранските игри во Таранто, откако во четвртфиналето загуби од Чаима Туми од Тунис со 2-0. Рељиќ претходно забележа победа во осминафиналето против Ана Куорово, но не успеа да го продолжи победничкиот пат во категоријата до 57 килограми. Туниската претставничка беше подобра во четвртфиналната пресметка и го запре настапот на македонската ...
Грчката метеоролошка служба предупреди дека температурите во делови од Грција викендов ќе надминат 40 степени Целзиусови, а на одделни места живата би можела да се искачи и до 42°C. Според Националната опсерваторија во Атина, во текот на викендот се очекува дополнителен пораст на температурите, а топлотниот бран ќе продолжи во многу делови од земјата до средината на следната недела. Максималните температури ќе се движат меѓу 38 и 40 степени, ...
Македонскиот боксер Ален Рустемовски со сигурна победа го започна настапот на Медитеранските игри во Таранто. Во категоријата до 60 килограми, тој без поголеми проблеми го совлада Босанецот Михајло Декиќ. Рустемовски уште од самиот почеток ја презеде контролата над борбата и по две рунди имаше предност кај сите пет судии. Четворица му доделија резултат 20-18, додека петтиот судија по првите две рунди ја бодуваше борбата со 20-17 во корист на ...
Елиф Елмас направи изненадувачки трансфер и кариерата ќе ја продолжи во Аталанта. Македонскиот репрезентативец не беше меѓу фудбалерите кои во изминатиот период се поврзуваа со италијанскиот клуб, a трансферот бил експресно завршен. За Елмас се споменуваа неколку можни дестинации, но Аталанта не беше дел од листата. Сепак директорот Џунтоли експресно реагирал на желбата на Маурицио Сари. Договорот бил постигнат за само 24 часа. Со овој ...
Хрватската музичка сензација Јаков Јозиновиќ (20) се пофали со незаборавно крстарење со своите пријатели, а некои веруваат дека и неговата мистериозна девојка била меѓу нив. Јаков одлучил да ги искористи летните денови за уживање на море, а на своите придружници им покажал како изгледа крстарењето со пријателите, меѓу кои се и четири девојки. Младиот пејач објавил серија фотографии и видеа од својот одмор на Јадранското Море, на кои позира ...
Седумгодишно момче било оставено само, неколку часа на планината Фуџи во Јапонија, откако неговиот 48-годишен татко му рекол да „почека тука“ бидејќи било уморно, а потоа продолжил со искачувањето со својот постар син. Момчето било пронајдено околу 7:30 часот наутро во четвртокот, како седи на клупа во близина на шестата станица од планинарската рута, на надморска височина од повеќе од 2.000 метри. Во моментот имало магла и дожд. Според ...
Македонската женска ракометна репрезентација со пораз ги започна настапите на Медитеранските игри во Таранто. Нашите ракометарки имаа одлично прво полувреме, но во продолжението целосно паднаа и ѝ дозволија на Грција да слави со 31-25. Гркинките подобро го отворија натпреварот и поведоа со 3-1, но Македонија брзо воспостави контрола над играта. Избраничките на нашиот стручен штаб го презедоа водството, а до паузата стигнаа и до највисоки пет ...
Мачка од засолниште, која го добила името Аврил Лавињ, стана вистински хит на социјалните мрежи поради необичната сличност со познатата канадска пејачка. Набргу откако нејзината фотографија била објавена, мачката била вдомена, пренесува „Кликс“. Корисниците веднаш ги забележале темните шари околу нејзините очи, кои потсетуваат на црниот туш за очи што беше еден од заштитните знаци на Аврил Лавињ во почетокот на двеилјадитите. Импресивна ...