Трета сезона по ред, скопскиот аквапарк е затворен за посетители, а според информациите од СЦ „Борис Трајковски“, кои управуваат со просторот, граѓаните и ова лето нема да можат да го користат како опција за разладување и забава, земајќи предвид дека во моментов, како што не информираа од спортскиот центар, се врши етапно сервисирање и поправање на реквизитите. Истечени сертификати и огромни загуби Аквапаркот беше изграден и пуштен во ...

Поранешната шампионка на Вимблдон, Маркета Вондроушова, доби четиригодишна суспензија откако одбила да биде дел од допинг-контрола, соопшти Меѓународната агенција за интегритет во тенисот. Случајот датира од декември минатата година, кога чешката тенисерка не сакала да обезбеди примерок за време на допинг-тест спроведен надвор од натпреварувањата. Предметот бил разгледуван од независно тело во април, а по завршувањето на постапката е ...

Македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација ќе добие ново име во своите редови. Американецот ДиВејн Стјуард Јуниор ќе биде новиот натурализиран играч на националниот тим, со што селекторскиот стручен штаб добива уште една квалитетна опција во бековската линија. Станува збор за кошаркар со сериозно американско потекло и богато натпреварувачко искуство. Роден на 28 јули 1999 година во Мисисипи, САД, Стјуарт е висок 198 сантиметри и ...

Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја соопшти дека е Сеул е подготвен, ако сакаат, да ги прими севернокорејските воени заробеници од Украина, пренесува Ројтерс. „Јужна Кореја ќе ги прифати севернокорејските граѓани заробени од украинските сили за време на нивните борби на страната на Русија, доколку сакаат“, се наведува во соопштението на јужнокорејското МНР. Во соопштението се потенцира дека Јужна Кореја е против на ...

Австриските универзитети повторно влегуваат во отворен судир со владата поради финансирањето на високото образование. Само еден месец по масовните протести на кои десетици илјади луѓе излегоа на улиците во поддршка на универзитетите, раководствата на високообразовните институции предупредуваат дека без дополнителни средства следува период на кратења, ограничувања и намалени можности за студентите. Во центарот на спорот е новиот буџетски ...

Непознат напаѓач вчера пукал во библиотека во северна Калифорнија и убил двајца луѓе, а повредил и дете, објави „Лос Анџелес тајмс“. Полицијата добила повик за пукање во филијалата на Библиотеката на округот Бјут, во градот Чико, изјави началникот на полицијата, Били Олдрич, на вечерна прес-конференција. За време на повикот, во позадина се слушале звуци од истрели и вресоци, рече тој. Двајца возрасни луѓе биле убиени, а дете биле пренесено ...

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени натпреварувачките броеви за екипите од Супер машка лига, а ждрепката посака освојувачот на ЕХФ Европскиот Куп, ГРК Охрид, во првото коло да го пречека вицешампионот Еурофарм Пелистер. Вардарци одбраната на титула ќе ја започнат на домашен терен против Еурофарм Пелистер 2. Супер машка лига, 1 коло: Бутел Скопје – Младост Богданци Охрид – Еурофарм Пелистер Вардар – ...

Со објавувањето на официјалното промотивно видео на социјалните мрежи, RESET официјално ја најавува својата прва летна сезона – серијал од три специјални епизоди снимени во Охрид, кои во текот на следните три месеци ќе донесат инспиративни разговори, нови перспективи и приказни што оставаат трага. View this post on Instagram A post shared by reset (@resetchat) Во текот на летните месеци, публиката ќе има можност да проследи три специјални ...

Преговорите за новите правила за пестициди во Европската Унија влегоа во последна фаза, но сè уште не е постигнат договор меѓу земјите-членки. Најголемото несогласување се однесува на третманот на остатоците од пестициди во увезената храна, каде што Франција инсистира на политика на нулта толеранција, додека некои членови предупредуваат дека таков пристап би можел да отвори трговски и правни проблеми. Кипар, кој претседава со Советот на ЕУ, ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Попладне под влијание на циклонска активност ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, со грмежи и со засилен ветер. Локално се очекуваат обилен пороен дожд и силен ветер, со можна појава на град. Минималната температура ќе се движи од 11 до 18 Целзиусови степени, а максималната од 25 до 36 степени. Во Скопје ...

Слушај ја веста Високите летни температури носат дополнителни предизвици за новите родители, особено кога станува збор за доењето и негата на новороденчињата. Како топлото време влијае врз доењето, колку често треба да цица бебето и како родителите да препознаат дали внесува доволно млеко, во емисијата „Медицинско катче“ одговор побаравме од медицинската сестра и едукатор за доење Наташа Џамбазовска од болницата „Аџибадем Систина“. Според ...

Ако истовремено земате калциум и магнезиум – само фрлате пари, велат лекарите. Сепак, некои компании дури и ги нудат во иста таблета. Идеално би било сите хранливи материи што ни се потребни да ги добиваме преку исхраната, но многумина претпочитаат да посегнат по разни суплементи. Ако земате повеќе додатоци на исхраната, можеби мислите дека е најлесно да ги земате во исто време секој ден, по можност во една таблета, за веднаш да завршите со ...

Руски напад со дрон врз градот Суми, во североисточна Украина, уби тројца членови на исто семејство, меѓу нив и 13-годишно момче, додека, пак, украински напад врз руска индустриска фабрика усмрти петмина, објави „Ен-би-си њуз“. Нападот во Суми погодил дом и ги усмртил 36-годишен маж, неговиот син и 73-годишната мајка на неговата партнерка, изјави Олех Хрихоров, шеф на регионалната воена администрација. Партнерката на мажот и неговиот ...

Објектот „Бамби“, клон на детската градинка „Срничка“ за првпат добива термофасада, со што значително ќе се подобри енергетската ефикасност на објектот, ќе се намалат трошоците за загревање во зимскиот период и ќе се обезбедат попријатни услови за престој во текот на топлите летни денови. Како што информираат од Општина Аеродром станува збор за значајна инвестиција што се реализира како донација и која ќе придонесе за помодерен, ...

По Франција од групата И, и репрезентацијата на Норвешка обезбеди пласман во нокаут фазата на Светското фудбалско првенство, победувајќи го Сенегал со 3:2 (1:0) во второто коло во Њу Џерси. Норвешка и Франција имаат максимални шест бода и ќе го одлучат победникот во групата во директен дуел во третото коло. Тој натпревар ќе се игра во Бостон на 26 јуни. Во тој натпревар, нерешено за првото место ќе им одговара на Французите, бидејќи во ...

Четириесет и шестгодишниот Дарко Весковиќ, познат како Прика, е убиен денеска околу 16 часот во кафуле во белградската населба Кумодраж, а уште едно лице е тешко рането, пренесе Н1. View this post on Instagram A post shared by MUKI SRECNO SLOBODAN MOMAK NE SALIM SE NIKAD NI 1 SEKUNDARNE (@muharemmukihamidovicmutemir) Според српските медиуми, напаѓачот по пукањето избегал, а полицијата започнала потрага. На местото на настанот биле присутни ...

Организаторите на протестот што се одржува во Тирана објавија детална листа на барања упатени до Владата, барајќи оставка на премиерот Еди Рама, формирање техничка влада и уставни реформи, објави „Албаниан пост“. Во соопштение прочитано во име на организаторите, беше нагласено дека главното барање е „безусловна оставка на премиерот и на владата“, придружена со формирање непартиска преодна влада со мандат од 12 месеци. Тие бараат и уставни ...

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски стави крај на соработката со Тренто, откако италијанскиот клуб потврди дека кошаркарот ја активирал клаузулата за раскин на договорот. „Кошаркарскиот клуб Тренто информира дека Андреј Јакимовски ја искористи можноста за предвремен излез од договорот, кој важеше и за сезоната 2026/27. Му благодариме за професионалниот однос, посветеноста и придонесот во текот на сезоната и му посакуваме многу ...

Бер Пејн (9), синот на Лијам Пејн, е единствениот наследник на имотот на покојниот пејач, вреден милиони долари. Според судските документи до кои дојде списанието „Пипл“, Бер наследил 29.007.998 долари од имотот на пејачот. Иако дел од парите може да се искористат веднаш, поголемиот дел ќе се чува во фонд додека Бер не наполни 18 години, се наведува во судскиот документ. Да потсетиме, Лијам Пејн почина на 16 октомври 2024 година, на ...

Додека Соединетите Американски Држави и Иран преговараат за трајно отворање на Ормутскиот теснец и повторно започнување на протокот на нафта од Блискиот Исток, следниот потег на глобалниот пазар може да зависи од една земја која воопшто не учествува во преговорите, Кина. Кина, втор најголем потрошувач на сурова нафта во светот, ги искористи сите достапни механизми за да ги зачува залихите, бидејќи војната во Иран го прекинува пристапот до ...

Најмалку три лица, меѓу кои еден полицаец и осомничениот вооружен напаѓач, загинаа во пукотница во населбата Кот де Нез во Монтреал. Во инцидентот е ранета и полицајка, соопшти полицијата, пренесе ЊујоркПост. 🚨 FRIGHTENING FOOTAGE: SWAT teams seen outside the home of a Lubavitcher family in Montreal as police search for an armed gunman reportedly on the loose. Reports indicate two police officers have been shot. pic.twitter.com/KOi7FrNTJB — ...

Партијата Вреди е спремна за избори, особено после позитивниот резултат на локалните избори, вели првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали, во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Но, смета дека граѓаните очекуваат да видат остварување на ветеното. Во прилог на тезата дека не се плашат од избори во кој било момент, генералниот секретар на Вреди вели дека раководат со десет општини и тој факт е добра почетна ...

Во натпреварот од второто коло од Групата Ј на Светското фудбалско првенство во Сан Франциско, репрезентацијата на Алжир го победи Јордан со 2:1 (0:1). Јордан поведе со голот на Низар Ал Рашдан во 36 минута од мечот, а Алжир направи пресврт преку Надир Бенбуали (69`) и Амине Гури (82`). Дуел во кој двата тима го дадоа својот максимум, а поискусниот и поквалитетен Алжир победи, додека дебитантот Јордан остана без шанси за пласман во нокаут ...

Илјадници граѓани секој ден плаќаат храна, производи и услуги преку интернет-платформи и апликации за достава, убедени дека купуваат легално, дека плаќаат данок и дека како и секој друг потрошувач ќе можат да го искористат правото на поврат преку „Мој ДДВ“. Но наместо фискална сметка добиваат електронска потврда, порака на телефон или фактура на имејл. Пари се земени. ДДВ е пресметан. Нарачката е испорачана. Само едно недостига, документот ...

Хулијан Алварез повеќе не крие дека размислува за разделба со Атлетико Мадрид, а шпекулациите за негов трансфер во Барселона добија дополнителна тежина по неговата изјава по натпреварот против Австрија. Аргентинскиот напаѓач призна дека не е целосно задоволен од актуелната ситуација и дека отворено разговарал со клупското раководство за својата иднина. „Можеби не е најдобриот момент да зборувам за тоа, но не сакам да се преправам дека сѐ е ...

Таканареченото „правило со два прста“ стана вистински вирален хит на интернет, а сè повеќе луѓе го користат овој едноставен трик за да препознаат зрела и слатка лубеница во продавницата или на пазарот. Според оваа теорија, надворешниот изглед на лубеницата често може да биде лажен – кората може да изгледа совршено, додека внатрешноста останува блутникава и безвкусна. Поради ова, купувачите постојано се свртуваат кон нови методи за да ...

Додека многумина лесно ги забележуваат проблемите и можните неуспеси, постои еден хороскопски знак кој речиси секогаш гледа причина за надеж. Според астролозите, титулата најголем оптимист во Зодијакот му припаѓа на Стрелец. Припадниците на овој знак се познати по својата ведрина, верба во подобро утре и способност да пронајдат светла страна дури и во најтешките ситуации, пишува „Атма“. Како еден од променливите знаци во Зодијакот, Стрелецот ...

Пејачката Маја Вукиќевиќ се огласи од Австралија, каде што живее неколку години, со емотивна и впечатлива објава. Таа на Фејсбук го сподели своето длабоко воодушевување од концертот во престижната Сиднејска опера. Маја имаше можност да ја следи Петтата симфонија на Бетовен, изведена од Сиднејскиот симфониски оркестар под диригентската палка на Ања Билмајер. Пејачката не го криеше своето воодушевување од уметноста на Билмајер, и реле дека ова ...

Маж од Соединетите Американски Држави решил цел месец целосно да се откаже од алкохолот, а потоа јавно ги споделил резултатите што ги забележал кај своето физичко и ментално здравје. Иако за многумина чашата вино во добро друштво или пивото додека следат спортски натпревар претставуваат вообичаен дел од секојдневието, неговото искуство покажува дека придобивките од апстиненцијата можат да бидат значително поголеми од моменталното уживање, ...

Домашниот намаз од печени модри патлиџани со мајонез и лимон е кремаст, освежителен и совршен како прилог за секој оброк или за ужина. Овој вкусен и освежителен намаз ги освои срцата на многу гурмани низ целиот свет. Комбинацијата од печен модар патлиџан, ароматичен лук, сок од лимон и кремаст мајонез создава совршена рамнотежа на вкусови. Подготовката е едноставна и брза, што го прави одличен избор за секоја пригода. Состојки: – 1 кг модри ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
4.91
20%
1015
weather icon

Белград

34ᴼ / 34ᴼ
4.94
20%
1016
weather icon

Загреб

35ᴼ / 35ᴼ
2.5
36%
1016
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
4.78
38%
1019
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
4.55
24%
1018
weather icon

Љубљана

36ᴼ / 34ᴼ
0.45
39%
1017
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
6.26
42%
1015
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
5.02
34%
1016
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
3.76
30%
1015
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 33ᴼ
2.24
32%
1018
weather icon

Будимпешта

40ᴼ / 38ᴼ
2.68
24%
1015
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 25ᴼ
8.38
95%
1018
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Цинк

0.00

Паладиум

38195.09

Сребро

1902.84

Калај

50.56

Алуминиум

3.20

Родиум

249168.29

Иридиум

233896.68

Злато

131072.82

Кобалт

56.29

Платина

51923.46

Рутениум

49029.89

Бакар

12.33