Франција и Србија одиграа вистински кошаркарски спектакл, во кој победникот беше решен буквално во последната секунда. Французите славеа со 91-90, благодарение на Џејленд Хорд кој беше побрз од сирената. Французите имаа целосна контрола во првото полувреме и на паузата заминаа со убедливи 54-35. Сепак, Србија во продолжението заигра многу подобро и со одлична трета четвртина од 27-14 целосно се врати во игра. ET JAYLEN HOARD AU BUZZER 🥳🥳 ...

Хулијан Алварез беше дочекан со свирежи од навивачите на Атлетико Мадрид пред натпреварот против Вилјареал, по шпекулациите дека аргентинскиот напаѓач би можел да го напушти клубот и да се пресели во Барселона. При излегувањето на фудбалерите на теренот, дел од домашните навивачи јасно го изразија своето незадоволство кон Алварез. Атмосферата околу Аргентинецот дополнително се вжешти по информациите за неговата наводна желба да заигра за ...

Клавир и микрофон што ги користел легендарниот фронтмен на „Квин“, Фреди Меркјури, како и рани верзии на негови песни, ќе бидат понудени на аукција во октомври, а некои од предметите би можеле да достигнат цена од неколку стотици илјади евра. Предметите се дел од колекцијата на германскиот музички продуцент Рајнхолд Мак, долгогодишен соработник на „Квин“, и неговиот син Фреди Џуниор, кумашин на Меркјури. Меѓу највредните предмети е ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека спроведувањето на меморандумот за разбирање постигнат со САД е најдобриот начин за излез од војната, пренесува АП. „Меморандумот за разбирање е најдобар начин да се надмине ситуацијата ‘ниту војна, ниту мир’. Во него нема ниту една одредба што претставува капитулација“, вели Пезешкијан во пишаната изјава. Сепак, нагласува иранскиот претседател, врховниот лидер ја одредува политиката ...

Силвано Франциско ова лето беше во центарот на вниманието на европскиот кошаркарски пазар, но неговата кариера можеше да продолжи во сосема друга насока. Францускиот репрезентативец откри дека сериозно размислувал за преселба во НБА, но еден голем потег на Леброн Џејмс индиректно го променил неговиот план. Франциско имал конкретна опција со Чикаго Булс, а интерес за неговите услуги покажале уште неколку НБА екипи. Сепак, ситуацијата на ...

Охрид продолжува да доминира на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски-Усташ“. Домаќинот ја одбрани титулата од минатата година, откако во финалниот натпревар славеше над Вардар 1961 со 29-27. Охриѓани одиграа одличен турнир, а успехот го потврдија и со бројните индивидуални признанија. Доминик Мате беше прогласен за МВП на финалето, но и за најкорисен играч на целиот турнир. Голманот Дино Славиќ исто така доби признание, откако беше избран ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија, пропорционално на својата големина, е „европска велесила“ кога станува збор за опременоста со летала за гаснење пожари. Тој го посети Делиблатското Песочиште во Војводина, каде со денови беснеат големи пожари, пренесе „Н1“. „Што се однесува до средствата и опремата, ние сме европски гигант. Хеликоптерите што ги добивме од Европа за гаснење пожари се послаби од нашите и имаат ...

Сè поголем број вработени се соочуваат со т.н. „тивко пукање“ на работното место – постепено губење на мотивацијата и поврзаноста со работата како последица на долготраен стрес и исцрпеност. Според истражувањата, едно едноставно правило при планирањето на годишниот одмор би можело да помогне во спречувањето на прегорувањето. Станува збор за т.н. „правило 43“, според кое паузите и годишниот одмор би требало да се планираат така што меѓу нив ...

Русија го повлече амбасадорот во Велика Британија, Андреј Келин, и воедно ја обвини британската влада за влошувањето на билатералните односи, за кои тврди дека паднале на историски најниско ниво, пренесува Гардијан. Келин ја завршил својата дипломатска мисија на 21 јули, а Кремљ сè уште нема предложено негов наследник. На онлајн-листата на Русија на високи дипломатски претставници во Велика Британија сега е наведен само Василиј А. Циганов, ...

Манчестер Сити со голем пресврт ја започна новата сезона во Премиерлигата, откако на домашен терен го совлада Борнмут со 2-1. Гостите први стигнаа до предност преку Маркус Таверние во 26. минута. Сити долго време не успеваше да го пронајде патот до мрежата, а најголемата шанса за израмнување ја пропушти Ерлинг Халанд. Сепак, „граѓаните“ не се откажаа и во самиот финиш направија целосен пресврт. Во 84. минута Марк Геи погоди за 1-1, а само ...

Њукасл и Ливерпул одиграа драматичен натпревар на „Сент Џејмс Парк“, кој заврши 2-2. Домаќините имаа победа во рацете, но „црвените“ се спасија во 99. минута. Еланга уште во петтата минута донесе водство за Њукасл, а Ливерпул израмни преку Коди Гакпо во 55. минута. Само две минути подоцна Џо Вилок повторно ги доведе „страчките“ во предност. Ливерпул до крајот притискаше, а во последните секунди доби пенал. Доминик Собослаи беше сигурен од ...

Пропаднаа трговските преговори меѓу САД и Канада, што отвора прашања за границите на агресивната трговска стратегија на американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Вашингтон пост“. Според анализата на американскиот медиум, администрацијата на Трамп се обиде со силен притисок да ја натера Канада да направи отстапки, но наместо тоа, канадскиот премиер Марк Карни се повлече од преговорите. Како причина го наведе постојаното проширување на ...

Меган Маркл сепак нема да се појави во третата сезона на серијата „Господата“ (The Gentlemen) на Гај Ричи, откако нејзиниот планиран ангажман бил повлечен по силните негативни реакции во Велика Британија, пишува „Гардијан“. Информацијата ја објави Тина Браун, поранешна главна уредничка на „Венити фер“ и „Њујоркер“, само еден ден откако беше објавено дека војвотката од Сасекс преговара за улога во популарната серија на Нетфликс. „Утрово ...

Ландо Норис стигна до нова победа во Формула 1, откако беше најбрз на Големата награда на Холандија на патеката „Зандворт“. Трката започна со голем шок за домашните навивачи. Макс Ферстапен рано ја загуби контролата над болидот и заврши во заштитната ограда, поради што на патеката беа истакнати црвени знамиња и трката беше прекината. По рестартот, Норис покажа одлично темпо и успеа да се искачи на првата позиција. Возачот на Мекларен без ...

Седумнаесетгодишна девојка е убиена во случајот што пред два денови ја потресе Шведска, кога тинејџер вооружен со меч, нападна ученици во средно училиште, пренесува „Гардијан“. Во инцидентотот, кој се случи за време на настава во централниот шведски град Фагерста пред два дена, најпрво беше објавено дека се повредени неколку луѓе, меѓу кои и две момчиња на возраст од 12 и 17 години, кои се здобиле со полесни повреди. Трет тинејџер, исто ...

Амбасадорот на Австрија во Скопје, Мартин Памер, изрази разочараност по уништувањето на новопоставената зимска маркација на патеката за планинарење од Попова Шапка кон Титов Врв (2.748 м.) на Шар Планина, дел од проектот „Славков“. Тој вели дека земјите од Вишеградската група – Австрија, Словачка и Чешка – во иднина ќе се запрашаат дали има смисла да продолжат со поддршка на вакви иницијативи. Повеќе од 45 од вкупно 112 поставени столбови за ...

Мислевте дека сè ќе остане исто до крајот на летото? Всушност, вистинските изненадувања допрва доаѓаат. 1 септември е судбоносен ден за трите знаци на Зодијакот – Бик, Вага и Стрелец, ѕвездите подготвуваат сигурни пари, а успехот станува апсолутно неизбежен. Ве очекуваат можности за голема заработка. Овој судбоносен датум во септември носи конечен расплет на вашите долгогодишни финансиски проблеми. Подгответе се да го наплатите секој вложен ...

Овогодинешниот УС Опен ќе постави нов рекорд во светот на тенисот, откако организаторите го зголемија наградниот фонд на неверојатни 108 милиони долари. Сумата е за 20 проценти поголема од минатогодишната, со што Отвореното првенство на САД стана турнирот со најголем награден фонд во историјата на тенисот. Шампионите во поединечна конкуренција ќе инкасираат по 5,5 милиони долари, додека финалистите ќе добијат по 2,8 милиони. Пласманот во ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека одржувањето избори во услови на војна би претставувало огромен ризик за Украина, пренесува Гардијан. Зеленски тоа го изјави како коментар на повикот на неговиот поранешен министер за одбрана, Михајло Федоров, Украина да се подготви за одржување избори. „Сметам дека во услови на ваква војна, изборите како такви претставуваат огромен ризик“, рече Зеленски. Според него, изборите би биле ...

Американски суд ја поништи забраната за издавање иселенички визи за државјаните на 75 светски земји. Одлуката ја донесе судијката Џенет Варгас од Федералниот окружен суд во Менхетн во Њујорк, пренесе Си-ен-ен. Судијката оценила дека државниот секретар Марко Рубио ги надминал своите законски овластувања со забраната, донесена со образложение дека ќе го спречи влезот на луѓе кои би користеле социјална помош и јавни бенефиции. Варгас, според ...

Манчестер Сити официјално го потврди трансферот на 18-годишниот Ајуб Буади од Лил, во зделка која со бонуси може да достигне 100 милиони евра. Младиот Мароканец, кој блесна и на Светското првенство, потпиша договор со „граѓаните“ и се очекува да биде дел од новиот проект во средниот ред. Со ова Сити продолжува агресивно да го засилува тимот и да инвестира во најголемите млади таленти во Европа. Шок во Мадрид: Ѓулер прифатил понуда од ПСЖ ...

Поранешниот француски шампион Бордо доживеа нов тежок удар и беше исфрлен во шестиот ранг на францускиот фудбал поради финансиските проблеми кои со години го потресуваат клубот. И покрај понудениот спас со финансиски пакет од 10,6 милиони евра, надлежните институции не проценија дека „жирондинците“ можат да ја стабилизираат ситуацијата. Сега постои опасност клубот да биде целосно ликвидиран. Драматичните сцени продолжија и на пријателскиот ...

Се чини дека милијардерката и поранешна сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, ѝ се врати на својата прва љубов – пишувањето книги. Неделава таа почна да објавува делови од книгата со наслов „Последни денови во две нации (историја во осумнаесет умови)“, која би можела да носи и одредена политичка порака. Првиот роман што ќе го објави по разводот од Безос во 2019 година создава дистописки кошмар со двајца владетели. Според „Њујорк пост“, едната ...

Поп-кралицата Мадона го продолжи своето патување низ Грција, а по прославата на 68. роденден на Крф, овојпат сподели фотографии од нејзината посета на островот Патмос, каде престојувала со синот Роко Ричи. На фотографиите што ги објави на Инстаграм, пејачката е облечена во светол фустан, со цветна марама на главата и чипкани ракавици. Дел од кадрите се направени во црковен амбиент, каде Мадона е фотографирана покрај икони, со црковна книга ...

Извршниот директор на Фолксваген, Оливер Блуме, изјави дека ситуацијата во најголемиот европски производител на автомобили е критична и тензична, по најавите дека се неопходни мерки за намалување на трошоците и редуцирање на работната сила, пренесува „Велт“ цитирајќи ја агенцијата ДПА. – Ситуацијата е повеќе од критична, изјави Блуме во интервју објавено на страницата на компанијата. Според него, неопходни се итни мерки, иако оперативниот ...

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовки информираше дека жител на Скопје Север исекол бандера за улично осветлување за да си изгради настрешница на диво. Тој најави дека во понеделник ќе има интервенција на службите, како и кривична пријава за сторителот. „Скопје Север, општина Бутел. Узурпирал државен имот, поставил дивоградба и исекол столб од општинско осветлување. Во понеделник следи брза и одлучна акција за отстранување на дивоградбата ...

Голем шумски пожар беснее во борова шума во близина на селото Бигла во Делчевско, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. „Денес околу 10 часот неодговорно лице палело гуми во својот дом во село Бигла, кое што е село од разбиен тип, односно се наоѓа на неколку ридови. Притоа изгубил контрола врз огнот и огнот се проширил во блиската шума“, изјави Ангелов. Тој вели дека надлежните институции преземаат мерки ...

Сместен на бреговите на реката Брегава, лева притока на реката Неретва, и опкружен со планината Хргуд и Видово Поле, Столац е еден од градовите во Херцеговина со богато културно и историско наследство. Во негова близина, во живописното селце Бољуни, кое официјално му припаѓа на селото Бјелојевиќи, се наоѓа една од најинтересните знаменитости на овој регион: бунарот Невеш. Познат меѓу народот и како „грчки бунар“, за кој се верува дека ...

Густ чад од голем пожар кој беснее на територијата на Србија се приближува кон македонската граница, соопшти директорот на „Национални шуми“, Кире Михаилов, во објава на социјалните мрежи. Според неговата објава, пожарот се движи од правец на српското село Трнава кон селото Стража во Општина Липково, над граничниот премин Табановце. Михаилов наведува дека густиот чад веќе ја зафатил речиси целата Општина Липково, делови од Општина Арачиново, ...

Двајца луѓе се ранети во инцидент со пукање во скопското село Арачиново, откако било пукано кон автомобил во кој се наоѓале на улицата „18“ во Арачиново, објави „Скопје1“. Пукањето било пријавено утрово во 5:45 часот во СВР Скопје. Полицајци излегле на местото и утврдиле дека било пукано кон автомобил „шкода“ со скопски таблички. Во автомобилот биле И.И.(34) и Ш.И.(42), кои се здобиле со повреди. Тие биле пренесени во болницата „Свети Наум ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
74%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
62%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
85%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
67%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
59%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76