Македонското борење продолжува со одлични настапи на Медитеранските игри во Таранто, каде што двајца наши претставници обезбедија место во полуфиналето. Реџеп Хајдари стигна до завршницата во категоријата до 94 килограми, иако патот до полуфиналето не му беше без проблеми. Во првата борба македонскиот борач претрпе убедлив пораз од Гркот Дурен Куруглиев со 0-10, но веднаш потоа реагираше на вистински начин. Хајдари во следната пресметка беше ...

Бугарскиот министер за одбрана Димитар Стојанов вчера изјави дека два американски авиони-танкери ја напуштиле бугарската воздухопловна база Безмер, пренесе „Ројтерс“. „Два американски авиони-танкери KC-135 ја напуштија Бугарија во петок“, изјави Стојанов. Распоредувањето на авионот, одобрено од Бугарскиот парламент на 22 јули, предизвика протести кај жителите на околните места, кои стравуваа дека авионите, а со тоа и нивните домови, би ...

Ова е можеби уште поголема промена од онаа кога Дејвид Бекам во 2000 година ја избричи главата за да му пркоси на својот тренер во „Манчестер јунајтед“, сер Алекс Фергусон. Но, норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд не му пркоси никому, едноставно одлучи дека е време да се збогува со својата препознатлива долга руса коса. Само неколку часа пред „Манчестер сити“ да ја започне новата сезона во Премиер лигата, фудбалерот на социјалните мрежи покажа ...

Полицијата информира за уште еден вознемирувачки случај на семејно насилство, овој пат во Гостивар. Таму, жена го пријавила сопругот дека ја принудувал на сексуални односи, а ги тепал и двете малолетни деца, велат од МВР. „Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 45-годишен гостиварец поради сомнение дека сторил кривични дела „силување во обид“ и „телесна повреда“. На 15 август 2026 година, ...

Легендарниот кошаркарски тренер Светислав Пешиќ се приклучи кон одбележувањето на 80-годишнината од формирањето на Работнички, а по тој повод откри интересен детал од својата играчка кариера кога малку недостасувало да го облече дресот на скопскиот клуб. Поранешниот селектор на Србија во видеообраќањето се присети на периодот кога настапувал за Пирот во Втората лига Исток. Токму тогаш легендата на македонската кошарка Лазар Лечиќ го ...

Победата на Фенербахче над Коњаспор со 4-2 остана во сенка на немилата сцена која се случи на почетокот од второто полувреме. Керем Актуркоглу по еден дуел со противнички фудбалер падна на тревникот и остана неподвижен, што веднаш предизвика голема загриженост кај неговите соиграчи, противниците и навивачите на трибините. На фудбалерот неколку минути му била укажувана медицинска помош на теренот, по што било одлучено веднаш да биде пренесен ...

За многу љубители на животни, ова звучи како совршено бегство од секојдневието – живот на грчки остров, опкружен со мачки и работа која подразбира грижа за нив. На островот Сирос постои необична можност за луѓе кои имаат искуство со мачки и се подготвени подолг период да се посветат на нивната нега. Додека повеќето луѓе одморот на грчките острови го замислуваат како денови поминати на плажа, покрај морето и со традиционална храна, постои и ...

Државјанин на Полска е уапсен вчера попладне на граничниот премин „Табановце“, кога се обидел да излезе од државата откако, според МВР, камерите на „Безбеден град“ го фатиле како вози со 164 километри на час на место каде ограничувањето било 80 километри на час. Тој ќе одговара за кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“. „На 22 август во 17:53 часот, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на автомобил ...

Превртен шлепер вчера неколку часа го блокираше сообраќајот на клучниот хрватски автопат А1 кој оди од Загреб до Дубровник, јавија медиумите. A traffic accident caused a collapse on the A1 motorway. A truck overturned across two lanes of traffic in the direction of Dubrovnik. The accident occurred between the Otočac and Perušić junctions, at kilometer 167 in the direction of Dubrovnik. pic.twitter.com/YwKPOT2He4 — Accident Moment 🥶 ...

Жена од Беровско го пријавила во полиција сопствениот внук од ќерка, кој е 15-годишно момче, дека ѝ се заканувал и бил агресивен, кршел низ домот и физички ја нападнал, соопшти МВР. „На 21.08.2026 во 14:00 часот во ОВР Берово, 66-годишна жена од беровско село пријавила дека нејзиниот 15-годишен внук од ќерка, на кого таа му е старател, се однесувал агресивно кон неа и ѝ се заканувал, а пред неколку дена физички ја нападнал и искршил дел од ...

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски успешно ја започна својата мисија на Медитеранските игри во Таранто, откако обезбеди место меѓу најдобрите осум во својата категорија. Во осминафиналната пресметка, Георгиевски по голема борба го совлада претставникот на Тунис, Моатаз Ифауи. Македонецот мораше да одигра три рунди, а на крајот триумфираше со 2-1, по меч кој траеше 10 минути и 47 секунди. Следната пречка за Георгиевски ќе биде ...

Македонската манекенка и поранешна водителка Сања Николиќ денеска го слави својот 44. роденден, а нејзиниот сопруг, раперот Марко Маринковиќ – Слаткаристика, ѝ посвети романтична објава на социјалните мрежи. Слаткар сподели видео од еден од своите настапи, на кое во еден момент, додека пее, ѝ приоѓа на Сања и ја бакнува. Во описот на снимката ѝ упати кратка роденденска честитка: „Среќен ти роденден, љубавино моја“, напиша раперот. View this ...

Катастрофа била избегната во прилепското село Бонче, откако силен ветер рано утрово го пренел пожарот кон населеното место и огнената линија се приближила до куќите, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според Ангелов, пожарот околу 4 часот се спуштил кон долот над селото, при што ситуацијата била исклучително сериозна. Во гаснењето биле ангажирани доброволни пожарникари од Битола и Кочани, а ...

Реал Мадрид со победа ја отвори новата сезона во Ла Лига, откако на домашен терен со 2-1 го совлада Еспањол. „Кралевите“ до трите бода стигнаа во самиот финиш, кога резервистот Карлос Еспи го постигна победничкиот гол. По натпреварот, Жозе Мурињо оцени дека неговиот тим заслужил да слави, иако призна дека гостите одиграле натпревар поради кој не заслужиле да останат без бод. Португалецот посебно го истакна начинот на кој Еспањол се бранеше и ...

Шест луѓе, меѓу кои и две деца, во изминатиот ден биле уапсени во Скопје, Куманово и Кочани, откако кај нив биле пронајдени марихуана и друга материја за која полицијата се посомневала дека е дрога. На 21 и 22 август, на различни локации во Скопје, полициски службеници ги лишиле од слобода 13-годишен и 17-годишен малолетник од Скопје, како и 19-годишниот Б.С. од Струга. Кај нив биле пронајдени и одземени тврда кафеава материја и марихуана. ...

Страотен инцидент се случи вчера кај градот Билеќа во Босна и Херцеговина, каде по настан со коњички трки, насилник со автомобил бркаше луѓе на отворен простор и успеа да прегази тројца, кои се во болница, јавија локалните медиуми. На социјалните мрежи се појави снимка од инцидентот, за која предупредуваме дека може да биде вознемирувачка за дел од публиката. Полицијата во Билеќа синоќа уапсила двајца луѓе осомничени дека му помагале на ...

Електрана во Велика Британија беше не работи четири дена минатиот месец поради напад од ирански хакери, во она што се верува дека е најуспешниот напад од ваков вид досега, објави „Телеграф“. Весникот наведува дека ова е првпат хакери поврзани со иранскиот режим да успеат да онеспособат електрана во Велика Британија. Инцидентот се совпадна со серија напади врз американската водоводна инфраструктура минатиот месец, кои погодија 12 држави и ...

Српската полиција уапсила државјанин на Македонија кај градот Прибој, под сомнение дека влегол во Србија како ангажиран извршител на нарачано убиство, објави „Телеграф“ повикувајќи се на полициски извори. Засега не е познато кој требало да биде цел на планираната ликвидација. Според медиумот, осомничениот во полициските евиденции наводно се водел како платен убиец кој работел за кавачкиот клан, а се доведувал во врска и со претходен обид за ...

Земјотрес со магнитуда 5,9 го погоди источниот дел на Јапонија, вклучително и поширокото подрачје на Токио, околу два часот по полноќ по локално време. Во земјотресот биле повредени најмалку 37 луѓе, главно со полесни повреди, а надлежните соопштија дека нема опасност од цунами. Според Јапонската метеоролошка агенција, епицентарот бил во јужниот дел на префектурата Ибараки, на длабочина од околу 70 километри. Американскиот геолошки институт ...

Иако звучи необично, возраста на нашето тело не мора да се совпаѓа со бројот на години што сме ги проживеале. Тони Вис-Кореј, швајцарски професор по неврологија и директор на Иницијативата „Најт“ за отпорност на мозокот при Универзитетот „Стенфорд“, развива начини за мерење на таканаречената биолошка старост, за која научниците сметаат дека попрецизно покажува како старее организмот отколку хронолошката возраст, пишува „Тајм“. Тестовите на ...

Нов трагичен настан ја потресе навивачката сцена во Краков, каде што животот го загуби млад приврзаник на третолигашот Хутник Краков. Инцидентот се случил во текот на викендот, а полицијата веќе започнала истрага за околностите на случајот. Според првичните информации од полските медиуми, за нападот постои сомнеж дека стојат навивачи на градскиот ривал Висла Краков. Сепак, истрагата треба да утврди што точно се случило и кој ја сноси ...

Интер Мајами продолжува со слабите резултати во МЛС-лигата, откако пред своите навивачи претрпе пораз од Торонто со 1-2. По првите 45 минути без погодоци, натпреварот целосно се промени во вториот дел. Гостите направија вистински удар во краток временски интервал, постигнувајќи два гола во 59. и 62. минута, со што Интер Мајами се најде во сериозна негатива. Домашниот состав долго време не успеваше да најде решение за одбраната на Торонто, а ...

Авторката на документарни филмови Билјана Туторов, по 2018 година, повторно доаѓа на „МакеДокс“, овојпат со новиот документарец „Планина“, кој го направи заедно со Петар Гломазиќ. Приказната на филмот „Планина“ се одвива во оддалечените висорамнини на Црна Гора, каде мајка и ќерка овчарки гордо ја бранат планината на своите предци од заканата да стане воен полигон на НАТО, разгорувајќи ги спомените за насилството што го уништило нивното ...

Двајца германски државјани загинаа во авионска несреќа на планината Велебит во Хрватска, соопшти државната Агенција за истражување на несреќи во воздушниот, морскиот и железничкиот транспорт, според „Јутарњи лист“. Несреќата се случи завчера околу 16 часот, кога се урна авионот од типот „Дајмонд ХК-36ТЦ-100 Супер Димона“, во кој, според медиумите, биле маж и жена од Германија на возраст од околу 80 години. Тие полетале од аеродромот Оломоуц ...

Моделката на „Онлифанс“ Скарлет Вас откри дека таа и нејзиниот сопруг Тајо Ричи, кој е син на нејзиниот очув, го очекуваат своето второ дете. Австралиската креаторка на содржини ја сподели веста на Инстаграм во вторникот, 18 август, објавувајќи видео во кое се појавува со Ричи и нивната 19-месечна ќерка. Во видеото, Вас и Ричи се држат за раце и одат покрај карпа со поглед кон морето, додека тој ја носи нивната ќерка во рацете. View this ...

Украинската влада подготвува нова програма за отворање на 100.000 работни места за воените ветерани, најави премиерот Серхи Корецки на 22 август во Киев. Земјата веќе брои околу 1,5 милиони ветерани и речиси еден милион активни војници, но сè уште нема изграден единствен систем за нивна поддршка и реинтеграција, пренесува Киев индепендент. Владината стратегија предвидува заеднички ангажман на министерствата, државните претпријатија и ...

Канадскиот премиер Марк Карни синоќа соопшти дека одлучил да ги прекине трговските преговори со Соединетите Американски Држави, откако Доналд Трамп воведе царини од 50 проценти на увозот на канадски производи. Карни изјави дека Канада ќе возврати со иста мера, пренесе „Ројтерс“ – Она што го постигнавме не е доволно за да ги исполниме нашите цели во интерес на канадскиот народ. Промените во последен момент на условите предложени од САД беа ...

Сообраќајот на патиштата низ Македонија утрово се одвива непречено, по суви коловози, но интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен, соопшти АМСМ. На граничниот премин „Табановце“ се чека околу 40 минути за влез и излез од државата, додека на „Богородица“ времето на чекање за излез изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања. АМСМ апелира на внимателно возење, прилагодена брзина и ...

Само една недела откако го совлада Вардар во финалето на турнирот во Струга, Охрид повторно му нанесе пораз на македонскиот шампион. Овојпат охриѓани беа подобри во финалето на турнирот „Крсте Андоновски“, каде што славеа со 29-27 и го одбранија трофејот. Охрид уште еднаш покажа дека во новата сезона влегува во одлична форма. Домашниот тим ја презеде контролата над резултатот во средината на првото полувреме, а во продолжението успеа да ја ...

Младиот играч за врска на Барселона и шпански репрезентативец Гави, кој пред еден месец стана светски шампион, ќе вложи 1,3 милиони евра за изградба на 150 домови за социјално загрозени лица во неговиот роден град Лос Паласиос. Со овој проект фудбалерот сака да ѝ помогне на заедницата во која порасна. Според информациите на шпанскиот весник „Спорт“, Гави ќе ја финансира изградбата на 150 станбени објекти. Неговата инвестиција не е замислена ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
74%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
62%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
85%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
67%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
59%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Калај

46.54