Милан со победа ја започна новата сезона во Серија А, откако на гостувањето кај Торино славеше со 2-1. Рубен Аморим така дебитираше со три бода на клупата на „росонерите“. По мирното прво полувреме, гостите го решија натпреварот во краток период. Алфадјо Сисе во 64. минута погоди по асистенција од Адриен Рабио, а само три минути подоцна Французинот се запиша и меѓу стрелците за 2-0. Торино успеа да намали во судиското надополнување преку Че ...

Многумина уште од детството го слушаат предупредувањето дека не треба да го лижат капакот од пудингот бидејќи може да биде штетно. Но, дали оваа навика е навистина опасна за здравјето или станува збор за едно од предупредувањата што се пренесуваат од генерација на генерација? На алуминиум во секојдневниот живот сме изложени од различни извори, вклучувајќи храна, садови, лекови и козметички производи. Проблемот може да се појави со ...

Бројот на студентите на прв циклус студии во Македонија се зголемил за 4.155, односно за 8,2 проценти, во периодот од академската 2020/2021 до 2025/2026 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во академската 2020/2021 година на факултетите и високите стручни школи биле запишани 50.881 студент. Пет години подоцна, во академската 2025/2026 година, нивниот број достигнал 55.036. Значително пораснал бројот на студенти што ...

Сирија и Израел вчера одржаа разговори на високо ниво во Јордан, со посредство на САД, за да ги намалат тензиите по неодамнешните израелски напади врз сириска територија, објави сириската државна новинска агенција САНА, повикувајќи се на дипломатски извор од Министерството за надворешни работи. Разговорите биле насочени кон практични механизми за запирање на израелските напади, апсења и таргетирани операции, како и кон обновување на ...

Поранешниот вицепремиер Артан Груби и уште седуммина други луѓе обвинети за злоупотреби во „Државна лотарија“, денеска ќе седнат на обвинителна клупа во Кривичниот суд. Груби е моментално во куќен притвор во неговиот стан во Чаир. Обвинителството пред две недели соопшти дека поднело обвинение против Груби, но неговото дело е сменето, па ако се товареше за „проневера во службата“, сега тој и останатите обвинети се товарат за „злоупотреба на ...

Солунската обиколница вечерва ќе биде делумно затворена за сообраќај во периодот од 23 часот до 5 часот утрото наредниот ден, соопшти Грчка инфо. Затворањето на овој патен правец директно ги засега возачите што патуваат од правецот на Македонија и граничниот премин Евзони кон Халкидики. За време на изведувањето на градежните активности, сообраќајот во спротивниот правец (од Халкидики кон Евзони) ќе се одвива непречено и патот ќе остане ...

Претседателот на Србија Александар Вучиќ во Белград се сретна со познатиот холивудски актер Жан-Клод ван Дам, кој престојува во Србија поради учеството на Филмскиот фестивал во Ниш. Вучиќ сподели фотографии од средбата на својот инстаграм-профил. Во објавата, српскиот претседател наведе дека му било големо задоволство да го пречека „човекот со чии филмови пораснаа генерации и кој ни покажа дека со доволно дисциплина и упорност понекогаш може ...

Копретеседателката на Алтернатива за Германија (АФД) Алис Вајдел изјави дека нејзината партија, доколку влезе во федералната влада, ќе бара излегување на Германија од еврозоната и Шенген, затворање на националните граници и многу построга миграциска политика. Вајдел го изјави ова во интервју за германската телевизија ЗДФ, кое беше емитувано вчера. Alice Weidel fordert im ZDF-Sommerinterview einen Ausstieg aus Schengen. “Und wenn ich mir ...

Уште еден случај во регионот го отвара прашањето каква храна јадеме? Во медиумите осамна вест дека косовските институции во изминатите две недели спроведуваат засилени контроли на млечните производи на тамошниот пазар откако лабораториски анализи покажале неправилности кај повеќе производи на еден производител, вклучително и присуство на растителни масти, палмино масло, млеко во прав и скроб, кои не биле соодветно наведени на декларациите. ...

Австрискиот вицеканцелар Андреас Баблер вечерва ќе мора да објасни зошто Социјалдемократската партија на Австрија (СПО) падна на само 16 отсто во анкетите. Партијата очекуваше владината работа и смирувањето на внатрепартиските судири постепено да донесат подобар рејтинг, но резултатот е спротивен. Од историски нискиот резултат на последните парламентарни избори, социјалдемократите продолжија да губат поддршка. Токму за падот на поддршката ...

Дејан Георгиевски не успеа да стигне до медал на Медитеранските игри во Таранто, откако македонскиот таеквондист беше елиминиран во четвртфиналето. Георгиевски во првата борба го совлада Тунижанецот Мотаж Ифауи со 2-1 и избори пласман меѓу најдобрите осум во категоријата над 87 килограми. Сепак, за место во полуфиналето и сигурен медал се соочи со Турчинот Хусеин Демирџиоглу. Борбата беше неизвесна, но турскиот претставник на крајот славеше ...

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, четири се под контрола, а 25 се изгаснати, соопшти утрово Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општините Студеничани и Зелениково – кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер со кракот кон селата Палиград и Вражале во Општина Зелениково, во Општина Македонски Брод – кај месноста Видуш и селата Драгов Дол и ...

Мафините се секогаш добра опција за појадок или за вечера, а во жешките летни денови можат да послужат и како замена за ручек и се особено практични ако пакувате храна за на работа. Ако ги избегнувате поради брашното, ќе го обожавате овој лесен и едноставен рецепт за вкусни, солени мафини од тиквички, направени со зеленчук и шунка. Тие се помалку калорични од обичните мафини, нивниот вкус е извонреден, а подготовката е многу брза. Состојки: ...

Украина и Финска денеска потпишаа договор за производство на дронови и сoработка во одбранбената индустрија, пренесува „Украинска правда“. Договорот е потпишан денеска во Киев на состанок на работната група за соработка, на кој присуствуваа украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот фински колега Александар Стаб, а во пресрет на утрешната прослава на Денот на независноста на Украина. „Нашите компании потпишаа документи во врска со ...

Најмалку 30 луѓе загинаа откако куп отпад на голема депонија се урнал врз околните куќи во главниот град на Гвинеја, Конакри, соопшти владата. Во несреќата во населбата Дар ес Салам се повредени уште 22 луѓе, од кои шестмина потешко. Владата соопшти дека биле ангажирани „значителни“ ресурси и бројни припадници на службите, вклучувајќи ја и армијата, во потрагата по преживеани. Депонијата се урнала околу два часот по полноќ по обилните ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ...

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 24 август, прочитајте што ви предвидуваат ѕвездите за денес. Овен Работната недела ќе ја започнете со силна мотивација и желба да завршите што повеќе обврски. Можно е да добиете предлог што ќе бара брза одлука, но сепак проверете ги сите детали. Во љубовта не дозволувајте ситно недоразбирање да прерасне во расправија. Внимавајте на заморот и најдете време за одмор. Бик Фокусот ќе биде на практичните ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојачне Ангелов информира дека пожарот што беснееше во реонот на делчевското село Бигла делумно е ставен под контрола, но проблем е што се разгорува нов оган во Пехчево, кон границата со Бугарија. „Состојбата со пожарите денеска е исклучително лоша. За жал, имаме и неколку тешки шумски пожари. Повеќе од 20 пожари на отворен простор, дел од нив се изгаснати, дел се активни. Пожарот што изби ...

Триесет и пет години по осамостојувањето, Македонија ја одбележува годишнината во услови што тешко можат да се споредат со атмосферата од 1991 година. Тогаш доминираа неизвесноста поради распадот на Југославија, стравувањата за безбедноста и економската иднина, но и силното очекување дека самостојната држава ќе создаде подобри услови за живот, стабилни институции и јасна перспектива за идните генерации. По три и пол децении, Македонија е ...

До крајот на годината, условите за живот, семејните околности или деловните можности на некои луѓе би можеле да се променат, а ѕвездите конкретно издвојуваат три хороскопски знаци кои ставаат посебен акцент на промена на домот или местото на живеење. Близнаци – нов почеток на друга адреса Близнаците тешко го поднесуваат чувството кога се заглавени на едно место. Кога ќе почувствуваат дека нивниот сегашен простор или околина повеќе не им ...

Речиси 40 проценти од новата музика објавена низ целиот свет во јули 2026 година е создадена со учество на вештачка интелигенција (ВИ), според нова студија на платформата „Сабмит хаб“. Оваа онлајн платформа, преку која музичарите можат да ги понудат своите песни на музички плејлисти и блогови, анализирала повеќе од милион музички нумери, пренесува „Евроњуз“. Нивната алатка за детекција на ВИ покажа дека 23,2 проценти од анализираните песни ...

ПСЖ се соочи со сериозни проблеми на стартот од новата сезона во Лига 1, но на крајот успеа да избегне пораз на гостувањето кај Рен. Францускиот шампион губеше со 2-0, но благодарение на Феран Торес стигна до 2-2. Рен рано го зададе ударот преку Себастијан Шимански во деветтата минута, а предноста на домашните ја удвои Естебан Лепо пред паузата. ПСЖ долго не успеваше да најде решение за организираната игра на противникот. Клучниот момент ...

Елиф Елмас со победа го започна новиот предизвик во Аталанта, која на домашен терен го совлада Сасуоло со 2-1 во првото коло од Серија А. Македонскиот репрезентативец натпреварот го почна од клупата, но доби шанса за деби во финишот. Аталанта поведе преку Џакомо Распадори во шестата минута, но Сасуоло израмни во 55. минута со голот на Кас Одентал. Домаќините повторно стигнаа до предност во 65. минута, кога Никола Крстовиќ погоди за 2-1. ...

Полицијата го уапси Жељко Вујовиќ, осомничен за обид за тешко убиство за време на коњички трки во селото Биљелјани кај Билеќа, објави Нова. Заедно со Вујовиќ е уапсен и Мирко Самарџиќ, кој, според наводите на полицијата, заедно со него избегал по инцидентот. Двајцата, по криминалистичката обработка, ќе бидат предадени во надлежност на Окружното јавно обвинителство во Требиње за понатамошно постапување. Да потсетиме, Вујовиќ е осомничен за ...

Црвена Звезда продолжи со победничкиот ритам во српската Суперлига, а Алберто Риера може да биде особено задоволен од оние кои добија шанса од почеток. Белграѓани со убедливи 4-0 го совладаа Чукарички и се искачија на лидерската позиција. Македонскиот интернационалец Матеј Гаштаров одигра цел натпревар за Црвена Звезда и со сигурна партија придонесе во убедливата победа. Младиот дефанзивец ги мина сите 90 минути на теренот, што е уште еден ...

Во ерата на брз туризам и загадени градски центри, швајцарските Алпи чуваат бисер што му пркоси на современото темпо на живот. Селото Венген, сместено во регионот Јунгфрау на околу 1.274 метри надморска височина, меѓу туристичките работници и локалното население е наречено „Заспаната убавица“ на Швајцарија. Она што го прави Венген посебен е статусот на зона без автомобили. Во оваа населба, каде што живеат околу 1.300 жители, влезот со ...

Аријан Адеми би можел повторно да заигра во хрватската лига, откако неговата авантура во Ујпешт се наоѓа пред самиот крај. Искусниот играч за врска повеќе не е во плановите на унгарскиот клуб, кој му дал дозвола да си бара нова средина и без обесштетување да го напушти тимот. За поранешниот македонски репрезентативец веќе се појави интерес од Хрватска. Како можни дестинации се споменуваат Горица и Рудеш, кои сакаат да го засилат својот ...

Два израелски воздушни напади врз Појасот Газа денска убија најмалку двајца луѓе, меѓу кои и четиригодишно момче, и раниле уште седум луѓе, соопштија палестинските здравствени власти, додека Израел предупреди дека ќе ги интензивира нападите по, како што тврди, лансирањето балони, дронови и змејови од Газа кон Израел, пренесува Ројтерс. Еден од нападите погодил зграда во градот Завајда, во централниот дел на енклавата, по предупредувањето на ...

Одри Хепберн и денес важи за една од најголемите икони на филмот и модата, но самата таа никогаш не била свесна за тоа колку е посебна, вели нејзиниот син Шон Хепберн Ферер во ново интервју за „Пипл“. Ѕвездата на филмовите „Празник во Рим“ (Roman Holiday) и „Појадок кај Тифани“ (Breakfast at Tiffany’s) воопшто не планирала да стане актерка. Нејзиниот сон бил да биде балерина, но годините поминати во Холандија за време на Втората светска ...

Силно невреме со обилни врнежи и силни налети на ветер ја погоди Полска, предизвикувајќи бројни проблеми низ земјата. Од полноќ полските пожарникари имале повеќе од 4.000 интервенции, соопшти Државната противпожарна служба, пренесуваат полските медиуми. Најголем дел од интервенциите биле за отстранување паднати дрвја, обезбедување оштетени покриви и испумпување вода од поплавени улици, објекти и подруми. Поради најавеното влошување на ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
74%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
62%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
85%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
67%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
59%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Родиум

295786.87