За прв пат во историјата на Ватикан, една жена доби функција во администрацијата на Светиот стол, со одобрение и благослов на поглаварот на католичката црква. Папата Франциско ја именува Французинката Натали Бекар за потсекретар на Синодот на бискупите. Французинката не само што влегува во историјата на црквата која досега беше целосно затворена за жените, туку оди и чекор понатаму во навлегувањето на новото време на католицизмот – добивајќи ...

Меган Маркл, сопругата на британскиот принц Хари, го доби судскиот спор против издавачката компанија која го издава лондонскиот таблоид „Дејли Меил“. Војвотката од Сасекс, титула што таа ја има добиено по венчавката со Хари, син на престолонаследникот Чарлс и покојната принцеза Дијана, го тужеше овој тиражен весник за повреда на приватноста. Тужбата беше поднесена откако „Меил“ го објави нејзиното лично писмо, што таа му го има испратено на ...

Шпанскиот Парламент со големо мнозинство гласови го прифати законот со кој во Шпанија се дозволува евтаназија, односно, пациентите со неизлечива болест – доброволно – да ја изберат смрта, за да се ослободат од маките што им ги носи болеста. Законот беше еден од приоритетите на социјалистичката влада на премиерот Педро Санчез и стапува во сила од јуни оваа година. Според министерот за здравство, со овој закон Шпанија се определува кон изградбата ...

Веста за разводот на бракот меѓу соосновачот на Мајкрософт и едно време најбогатиот човек во светот Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда, брзо се нареди меѓу информациите што го заобиколија светот, секаде примена со големо изненадување. Неговиот 27 годишен брак со некогашната соработничка во компанијата Мајкрософт, а потоа мајка на нивните три деца и партнер во Фондацијата „Бил/Мелинда Гејтс“ како и во сите нејзини проекти, се сметаше за складен ...

За сите нив се зборува дека живеат во луксуз. Во големи и раскошни вили, се одмараат на скапи јахти и на приватни острови, патуваат со сопствени авиони. Важат за богати жени, па затоа ги сметаат и за моќни. Таквиот општествен статус, сепак, го имаат стекнато – најчесто – затоа што нивните сопрузи се наоѓаат при самиот врв на листата на најбогатите луѓе во светот, што ја прави американското списание „Форбс“. Најновите случувања во приватниот ...

Европската агенција за човекова околина (ЕЕА) ги објави своите најнови податоци за квалитетот на воздухот во земјите на ЕУ, според кои најчист воздух дишат жителите на градови на северот од Унијата, додека најзагаден оние во Полска и во Италија. На северот тоа се шведскиот град Умео, како и финскиот Тампере, но и Фуншал, главниот град на португалскиот остров Мадера, во Атлантикот, одалечен од европското копно. За градови со најзагаден воздух се ...

Лондонскиот Виш суд определи спогодбен развод меѓу шеикот од Дубаи Мохамед Бин Рашид ал Мактум (72) и неговата доскорешна сопруга Аја ал Хусеин (47), мајка на неговите две деца, според кој шеикот на побегнатата сопруга ќе мора да и исплати над половина милијарда фунти. Судската парница се водеше околу старателството над неговите деца и таа досега чини околу 70 милиони долари. Станува збор за 554 милиони фунти, или за 733 милиони долари, што ...

Многу малку локации во Европа имаат воведено бесплатен јавен превоз – покажува едно германско истражување, покренато од идејата наместо автомобилот, да се користат градските автобуси, трамваите, подземната железница, или регионалните возови. Сето тоа како мерка за заштита на стандардот на луѓето од сега скапото гориво, како и за заштита на човековата околина – за запирање на загрижувачките климатски промени. Бесплатниот превоз, сепак, не е ...

Електричните тротинети (скутери) кои кога се појавија беа ознaчени како добро решение за еколошките проблеми на европските градови, во настојувањето да се намали загаденоста која ја предузвикуваат возилата на бензин и нафта, сега и самите стануваат проблем. Не само безбедносен, со зголемениот број сообраќајни несреќи , туку и еколошки проблем, откако бројот на расфрланите и оштетени, или тротинети со испразнети батерии драстично се има ...

Водачот на паравоената војска „Вагнер“ Евгениј Пригожин изминатите денови бил во Кремљ и пиел чај со рускиот претседател Владимир Путин- открива британската ТВ станица Скај Њуз, повикувајќи се на разузнавачки сознанија. Веста која медиумите ја пренесуваат како „шокантен податок“ – имајќи ги во предвид случувањата од 23 и 24 јуни кои за момент ја потресоа Русија, поради бунтот на вагнеровци и на нивниот водач- на некој начин ја има потврдено и ...

Игор Стрелков, поранешен министер за одбрана на т.н. „Донецка Народна Република“, оперативец на руската тајна служба, силен руски националист и најпосле познат како „путиновиот блогер“, е уапсен среде бел ден и веднаш обвинет за екстремизам. Веста за тоа прва ја соопшти неговата сопруга која изјавила дека во нивната куќа упаднале припадниците на Истражниот одбор и го одвеле во непознат правец. Апсењето подоцна го потврдија руските државни ...

Министерот за надворешни работи на НР Кина, Чин Ганг (57) во вторникот беше неочекувано сменет од функцијата, со одлука на највисокото партиско тело, a на вонредна седница на одборот за надворешни работи на Националниот конгрес. На функцијата беше само седум месеци. Ваквата одлука која е невообичаена дури и за земја каква што е Кина, доаѓа после едномесечното (необјаснето) отсуство на министерот и неговото непојавување во домашната јавност и на ...

Владимир Путин , по средбата со африканските лидери изјави дека не ја отфрла идејата за одржување мировни преговори со Украина, иако претходно ги отфрли африканските предлози за запирање на војната, по руската агресија од пред 18 месеци. Сега вели дека кинеските и африканските мировни иницијативи би можеле да бидат – „основа за изнаоѓање мировно решение“ . „Нова територијална реалност“ Во оваа прилика, рускиот претседател не зборувал за тоа како ...

Австрлиската разузнавачка агенција за борба со оргнизираниот криминал го сомничи Том Доши , водечки албански бизнисмн и политичар дека раководи со криминална група која делува во Австралија- вклучена во имигрантски измами, шверц на дрога и перење пари. Според домашите медиуми кои се повикуваат на наодите на разузнавачите , за што е направен детален извештај чии деталите медумите можеле да ги видат, Доши е означен како лидер на криминален клан, ...

Влдимир Путин создава своја мрежа од некакви мистериозни приватни војски, во форма на компании низ Русија, за кои засега не се знае зa каква цел му се потребни на шефот на руската држава. Европските (руските независни) медиуми веруваат дека тие би требало да делуваат како заштита од уште еден можен бунт како тој што го предизвикаа „вагнеровци“ пред крајот на јуни. Специјални претпријатија „Бизнис инсајдер“ посочува дека плановите за создавање ...

Карин Книсел е поранешна австриска министерка за надворешни работи која ќе остане запаметена по тоа што неутрална Австрија опасно ја туркаше во руската политичка интересна сфера. Сега, оваа Австријанка од редовите на тамошната ултра-десничарска Слободарска партија, се наоѓа на продолжен одмор во Русија, во селото Петрушево. Освен што се одмара таа и работи во еден руски политички центар. За мисијата на фрау Книсел се разбра откако на неколку ...

Либиските власти соопштија дека во пустината имаат откриено мртви тела на над 35 илегални мигранти од подсахарска Африка, кои се обидувале да стигнат до медитеранскиот брег и преку територииите на Либија и Тунис да се префрлат во Европа. Колку што се знае, ова е едно од ретките откритија дека африканските мигранти умираат и во пустинските делови од континентот, а не само во импровизираните пловила и чамци кои настојуваат илегално да го преминат ...

Во авионска несреќа, што се случи во Тверската област, во поширокиот реон на Москва, загинаа сите десет лица кои беа во приватниот авион „Embraer Legacy” – седумина оатници и тројца членови на екипажот. Во соопштението на руските власти кое го пренесуваат државните, прокремљовски медиуми, се вели дека на списокот на патниците биле и Евгениј Пригожин, лидер на паравоената , платеничка војска Вагнер, како и неговиот прв заменик , воениот командант ...

Таксим Шинаватра (74), поранешен премиер на Тајланд и милијардер кој по враќањето во земјата беше ставен во затвор, побара од тајландскиот крал да биде помилуван. Шинаватра кој и покрај сите контроверзи врзани за него и за негоата кариера како политичар и бизнисмен, останува најпознатиот премиер на оваа азиска земја, е затворен за да ја отслужи затворската казна од осум години, на која беше осуден за злоупотреба на службената должност, на ...

Фаталното пукање на еден полицаец во кое беше убиено едно 17 годишно момче, додека возел автомобл, во едно од предградијата на Париз покрена шестдневни улични немири, со ретко видено насилство и уличен бандитизам. Со подметнување пожари, со грабежи дури и на оружје, со палење на автомобили и со обид да се запли и куќата н еден од градоначалниците на едно такво предградие. Убиениот е од северноафриканско, алжирско потекло, па мнозинството од оние ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски престојуваше во еднодневна посета на Софија , што само по себе беше изненадување. Најмногу поради (досегашната) силно проруска позиција на политичкиот врв на Бугарија, главно изразена преку ставовите на бугарскиот претседател – за руската агресија и за тоа дали треба да им се помага на Украинците. Имајќи „разбирање“ за путиновите освојувачки походи кон Украина ( 2014 и 2022 година) и третирајќи ја ...

Кербер, троглавото куче-чудовиште , од грчката митологија, познато е како чуварот на пеколот. Внимавал од таму да не излезат оние кои боговите ги сместиле во пеколот. Во денешно време, со името на ова митолошко чудовиште , метеоролозите го означија најновиот жежок топлотен бран кој како „топлотна купола“ се има поставено над цела Јужна Еропа, вклучувајќи го и Балканот. Луѓето и нивното здравје Веројатно метеоролозите мислеле на пеколот каков што ...

Шефот на британската тајна служба МИ6, Ричард Мур ги повика руските гражани кои се уште се борат со својата совест , да се свртат против режимот на Владимир Путин и да почнат да работат – односно да шпионираат- за Велика Британија. Ваквата изјава која предизвика голем интерес во светските медиуми- како поради самата суштина на апелот, така и поради фактот дека првиот човек на МИ6, познат по кодираното име „Си“, не се појавува во јавноста и мошне ...

Бугарската полиција соопшти дека 18 жени се убиени во земјата, само во првите три месеци од оваа година, што се означува како алармантен податок, затоа што домашните активисти за човекови права сметаат дека таа бројка не е реална и дека вистинската состојба во Бугарија, кога станува збор за насилството врз жените, е многу полоша. Во првата половина од годинава, на пример, се регистрирани 600 случаи на семејно насилство , што е повеќе во споредба ...

Случајот со теророт на милитантните антиваксерски групи и медиумите кои ги подржуваат, оригинално потекнува од Ирска, но тој може да е и од Британија, или Германија. Може да се има случено и во Америка, но и на Балканот- во Србија, или во Македонија, на пример. Анти-ваксерите постоеја и порано, делувајќи како маргинални, иако влијателни групи меѓу делови од населението, ширејќи лажни теории и приказни против вакцините. Посебно влијателни (и ...

Јавната обвинителка на ЕУ, Лаура Ковеши покрена широка истражна операција во Бугарија за злоупотреба и грабеж на пари од европските развојни фондови. Оваа балканска члнка на Унијата се смета за земја каде има најмногу вакви случаи. По налог на канцеларијата на европското обвинителство , пред неколку денови бугарската полиција има извршено претрес во триесетина приватни куќи и службени канцеларии , трагајќи по докази за обвинувањето за ...

Владата во Берлин даде „зелено светло“ за планот за либерализација на канабисот , што во Германија се смета како значаен прв чекор за декриминилизација на поседувањето ограичено количество канабис. Тоа значи дека во земјата ќе им се овозможи на лицата кои тоа го сакаат да може да го купуваат за рекреативни цели. Предлогот на новиот закон сега ќе треба да помине во германскиот Бундестаг, а министерот за здравсто верува дека целата работа околу ...

Кога беше обелоденето дека руска шионска тројка – сите бугарски државјани – е откриена во Британија, изгледаше како одново да се чита некој од романите на Јан Флеминг и како Европа и светот да се вратиле во времето на разузнавачката пресметка меѓу Истокот и Западот. Особено што сите тројца- Орлин Русев, Бисер Џамбазов и Катрин Иванова- се прикажувале и оставале впечаток на обични луѓе од соседството, кои заминале од државата од каде потекнуваат ...

Бугарскиот претседател Румен Радев кој од првите денови на новата заедничка влада на партиите ГЕРБ и ПП-ДБ (Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија) е против ваквата владина комбинација, што тој не ја очекуваше, продолжува да создава проблеми, настојувајќи да го разбие владиното единство. Претходно има речено дека со владата (практично) управува партијата на Турците, изјава во типично балкански, националистички стил што се слуша и на ...

Пет пати досега граѓаните на Белград излегуваат на масовни протести, спроведени под паролата „Стоп на насилството„. Последен пат тоа се случи во изминатиот викенд – на денот кога се наврши еден месец од злосторството во белградското основно училиште и од истиот таков злосторнички напад, во реонот на Младеновац, во околината на српскиот главен град. Дури 18 лица, повеќето ученици-деца, беа жртви на насилствата извршени за само 24 часови. Тоа, ...

Скопје

13ᴼ/13ᴼ
5.14
100%
1015

Белград

19ᴼ/14ᴼ
2.06
58%
1013

Софија

17ᴼ/17ᴼ
3.09
52%
1014

Сараево

19ᴼ/19ᴼ
4.62
54%
1013

Љубљана

16ᴼ/14ᴼ
6.17
78%
1013

Атина

21ᴼ/18ᴼ
4.12
52%
1015

Тирана

15ᴼ/15ᴼ
5.14
88%
1013

Подгорица

20ᴼ/19ᴼ
5.14
52%
1013
Currency

61.6641

Currency

57.1438

Currency

71.6381

Currency

37.76

Currency

41.8013

Currency

62.9836

Currency

7.89562

Currency

0.62515

Currency

0.36538

Currency

0.52647

Currency

1.77133

Currency

0.68427

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

530 $

Никел

603086 $

Рутениум

24115 $

Калај

32 $

Сребро

871 $

Злато

74540 $

Бакар

9 $

Паладиум

30767 $

Платина

30886 $

Родиум

151607 $

Цинк

92926 $