Роберт Фицо, контроверзниот премиер на Словачка, најверојатно ќе го преживее атентатот што беше извршен врз него, кога еден политички неистомисленик пукаше во него, додека претседателот на владата разговараше со педесетина свои подржувачи.Така велат неговите најблиски соработници, по неколкучасовната операција врз тешко ранетиот политичар. Инцидентот се случи на локалниот плоштад, во едно мало место, северозападно од главниот град Братислава, ...
Владимир Путин во неделата го смени од функцијата досегашниот министер за одбрана Сергеј Шојгу (69), дваесет и шест месеци по почнувањето на руската инвазија врз Украина и војната во која Русите останаа заглавени. Шојгу кој важеше за мошне близок соработник и лојален сојузник на претседателот, уште пред војната беше познато дека е „омразен“ во редовите на војската , со која раководеше, меѓу другото (велат) и затоа што не е од руска националност. ...
Епилогот од претседателските и парламентарните избори во Северна Македонија е познат. Досегашниот претседател не успеа да обезбеди уште еден мандат за себе и за својата опција, поразен од кандидатката на националистичката десница. На гласањето за новиот состав на Парламентот, пак, европската коалиција, предводена од социјал-демократите беше уверливо надгласана од антиевропскиот блок, предводен од вмровците. Сега веќе бившиот претседател не ја ...
Габриел Ескобар нема повеќе да биде специјален пратеник на САД за Западен Балкан. Веста за тоа , меѓутоа, не дојде како што тоа е вообичаено, од соопштение на Стејт департментот, туку од демантот на официјален Вашингтон- дека Ескобар не е сменет, туку дека се „ротира на друга функција“. Демантот, пак, се однесува на пишувањето на американскиот портал „Фронтлајнер“ дека овој дипломат од кариера, (главно) ангажиран во настојувањето да дојде до ...
Претседателот на НР Кина Си Џинпенг престојува во Европа- во посета на Париз и на две европски авторитарни држави- западнобалканска Србија и орбанова Унгарија, која европски медиуми веќе ја означуваат како „злото и заканата на ЕУ“. Станува збор за прва посета на еден кинески лидер после пет години, но оваа сега, од самиот почеток, по многу нешта се разликува од претходната. Во 2019 година Си во ЕУ беше раскошно пречекан- нудејќи му приватна ...
Престојот на претседателот на НР Кина во Европа, во прва посета после пет години, предизвикува резервирана реакција во европските медиуми. Од очекувањето дека таа може да помогне во релаксирање на кинеско-европските односи и во одбегнувањето на „трговска војна“, до црвените теписи во Белград и во Будимпешта за „братот Си“ и студените коментари дека на семоќниот кинески лидер- не треба да му се верува. Речиси сите медиуми , се занимаваат со ...
Европскиот Парламент деновиве, со големо мнозинство, го прифати најновиот финансиски план на Европската комисија (ЕК) за забрзан развој на Западен Балкан. Станува збор за доделување шест милијарди евра, за државите од регионот што треба да помогнат за нивното подготвување за влез во ЕУ. Притоа, за прв пат од Брисел е определен и рок од најмалку четири години, за користење на овие пари, за да може- веќе од 2028 година- некоја од земјите во ...
Со војна зафатената и од Русија разорената Украина, од пред крајот на минатата година, официјалено стана земја -кандидат за влез во ЕУ. Придружувањето на оваа поранешна советска република во Унијата , се забрза откако членството во НАТО (засега) носи со себе низа воено-политички и безбедносни дилеми, што предизвикуваат резерви кај дел од земјите во Алијансата. Рејтингот за членството на оваа земја во Унијата, меѓутоа, стои подобро. Барем кога ...
Од 1 јули оваа година,во Грција се воведува шест дневна работна недела. Новата обврска се однесува за државните служби- како што се комуналните фирми, банките и земјоделските стопанства, пред се, односно сите оние служби кои досега работеа пет денови во неделата. Според новиот закон, дополнителниот работен ден не смее да трае повеќе од осум часови , а во тој ден не може да има ниту прекувремена работа. Законот не само што определува работната ...
Кога пред крајот на 2022 година се разбра дека европската медиумска компанија Јуроњуз (Euronews) има нови сопственици и дека своето седиште го сели од Лион во Брисел, никој не знаеше кои се новите газди на оваа телевизија, позната како ТВ канал на ЕУ. Повеќе се знаеше за немирите во компанијата, за внатрешните судирања и за направените „кадровски“ чистки , кога од Јуроњуз заминаа 175 вработени од (тогашните) 320 луѓе на оваа веќе афирмирана ...
Државниот обвинител на Полска Адам Боднар известувајќи го Парламентот за истрагата за прислушување во време на претходната власт, на партија Право и Праведност на Јарослав Качински, потврди дека е докажано користењето на моќната спајвер програма „Пегасус“ против стотици луѓе , дури и против избрани државни функционери. Според Боднар кој е и министер за правда, истрагата ги има откриено размерите на големата злоупотреба која е напеавена, за да се ...
Руските војници се повлекоа од Нагорно Карабах, каде беа стационирани како мировни сили. Баку и Москва ја потврдија веста, но и двете страни не објаснуваат зашто Русите си заминаа и зашто токму сега. Нагорно Карабах, невралгична точка во регионот под Кавказ, каде на неколкупати се водени војни за оваа територија, доскоро (фактички) беше независен регион населен со Ерменци , на територијата на Азербејџан. Сега таму нема Ерменци , откако избегаа ...
Официјален Белград прифача дека во јули 1995 година, во Сребреница, во БиХ во екот на крвавата и брутална граѓанска војна се случило страшно злосторство- кога се ликвидирани над осум илјади лица, вклучувјќи и многу тинејџери, само затоа што се Муслимани- но не признава дека тоа што се случило е геноцид. Според толкувањето на српската страна дадено низ изјавата на претседателот на Србија Александар Вучиќ и на националистичкиот лидер на етничките ...
Кога сега би се одржал референдум за влез на Црна Гора во ЕУ, дури 79 отсто од анкетираните граѓани во најмалата поранешна ЈУ република, би гласале за влез во Унијата. Еден таков референдум е предвиден со пристапниот процес на секоја земја-кандидат за членство во ЕУ, на крајот од тој процес, откако успешно ќе завршат преговорите со Брисел, а Европскиот совет ја прифати земјата за нова членка. Во секој случај, процентот на проевропски ...
Долготрајната пандемија предизвикана од корона вирусот, службено беше завршена минатата година, но европскиот континент сега се соочува со епидемијата на голема кашлица. Во изминатите месеци таа е широко раширена низ Европа и продолжува да се шири, иако нема размери на пандемија. Според бриселски „Политико“ , станува збор за инфективна болест од времето на романите на Чарлс Дикенс во деветнаесетиот век . Сега пак се означува како „последната ...
Расправата во Парламентот на Грузија, околу владиниот предлог- закон за-„транспарентност на странското влијание“ во земјата- има предизвикано жестока расправија, која заврши со општа тепачка на пратениците на власта и на опозицијата. Инцидентот го има предизвикано еден гневен пратеник на опозицијата кој несогласувајќи се со она што го зборувал пратеникот на позицијата, истрачал до говорницата и со силен, боксерски удар во лицето го соборил ...
Во ноќта меѓу саботата и неделата, во една одмазничка операција, како што Техеран самиот ја има наречено, Иран го нападна Израел, директно од својата територија. Во долгото непријателство што трае меѓу двете земји , уште од победата на исламската револуција пред 40 години, беше само прашање кога воено ќе се судрат. Но, без преседан е постапката на режимот во Техеран- да се нападне израелската територија од Иран, користејќи стотици беспилотни ...
Гневата реакција на Белград во врска со официјалниот предлог- Косово да биде примено во Советот на Европа (СЕ), како полноправна членка- е примирена, откако стана јасно дека Србија се соочува и со можната осуда во ОН за геноцидот врз муслиманите во Сребреница. Наместо навредувањето на поранешната грчка министерка за надворешни работи Дора Бакојани, што уследи откако таа , како претседателка на комитет на СЕ даде „зелено светло“ за Косово и со ...
Пропагандна мрежа за подршка на Русија и нејзината агресија врз Украина -за ширење на антиукраинска кампаеа , со користење лажни и невистинити вести- во која биле вклучени и платени ( од Москва) европски политичари- е открена и разбиена , откриваат медиумите во ЕУ, повикувајќи се на властите во неколку европски држави. Медиумите, меѓутоа, не ги именуваат политичарите кои се согласиле да примаат пари од Владимир Путин за да работат за руската ...
Џон Болтон, поранешен советник за национална безбедност во Белата куќа, во времето на Доналд Трамп , остро го нападна својот поранешен шеф, обвинувајќи го за контроверзните изјави и коментари, околу надворешната политика на САД , дадени како можност доколку одново биде претседател. За нив се вели дека се давани од рака, но дека се загрижувачки, бидејќи кога би се реализирале би можела да покренат криза во Америка и во светот, а посебно во ...
На локалните избори во Турција, претседателот Реџеп Таип Ердоган доживеа тежок пораз. Неговата партија Правда и развој (АК) одново, како и на претхпдните локални избори ја загубија контролата во главниот град Анкара, како и во Истанбул, што му е посебно тешко, затоа што од таму, пред безмалку четврт век е започнато неговото владеење со земјата. Поразот овојпат е потежок, затоа што АК партијата загуби во низа големи градови, што се смета за тежок ...
Познатата австриска трговска компанија „Шпар“ ги обвини Виктор Орбан и владата на Унгарија дека ја рекетираат. Извршниот директор на компанијата Ханс Рајс откри дека Орбан барал од него , близок роднина на унгарскиот премиер да стане инвеститор во унгарската филијала на „Шпар“ која има разгранета мрежа на унгарска територија. За казна- повисок данок Кога Австријанците го одбиле барањето , владата во Будимпешта ги казнила. Веднаш по тоа уследило ...
Известувачот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, грчката политичарка Дора Бакојани беше остро критикувана од српскиот претседател Александар Вучиќ, отако во својот извештај за Косово , изнесен пред Комитетот на оваа организација, таа предложи оваа балканска земја да биде примена за членка на Советот на Европа. За нејзиниот предлог гласаа сите земји- членки, освен Србија, БиХ и Црна Гора. Конечната одлука треба да биде прифатена на ...
Информацијата дека зетот на Доналд Трамп, како што пред тоа беше и со зетот на Виктор Орбан, станува инвеститор во Белград- на мала врата, сокриено од јавноста и без никаков тендер- предизвика бурна реакција во српската, проевропска и продемократска опозиција. Особено кога се разбра дека станува збор за локацијата на која сега се наоѓа тешко оштетената зграда на поранешниот Генерал-штаб на некогашна ЈНА, а потоа на војската на Србија, во ...
Земјите од Западен Балкан- кандидати за влез во Европската Унија имаат (генерално) повисока инфлација од просекот на ЕУ, како и од постигнувањето на еврозоната. Тоа според европските експерти се толкува како очекувана состојба, со оглед на позиците од кои се тргнати овие земји и од вкупната ситуација на нивните економии. Особено, кога сето тоа се споредува со државите кои се членки на Унијата, кои се во предност, со самото тоа што се дел од ЕУ , ...
Во петокот, на 22 март, во Москва беше закажан концерт на групата „Пикник“. Концерот беше предвидено да се одржи во салата на „Крокус Сити Хол“ комплексот, сместен подалеку од центарот на рускиот главен град. Но, наместо концерт и забава, се случи терористички напад и вистински масакр во кој- колку што досега се знае- има 140 убиени и загинати и 200 повредени лица. Маскирана група во која биле четворица напаѓачи , вооружена со автоматско оружје, ...
Одлуката на Зоран Милановиќ , како актуелен претседател на Хрватска , на распишаните избори да се кандидира- за нов премиер-без притоа да се повлече од сегашната функција- успеа да го зголеми рејтингот на опозициската, досега „бескрвна“ Социјал-демократска партија. Рејтингот на оваа партија чиј лидер беше во еден период, со која беше и социјал-демократски премиер, велат дека сега е дури девет отсто повисок. Но, потегот на Милановиќ кој ...
Брегот на појасот Газа, (каде од повеќе од пет месеци се води војна меѓу израелските сили и терористичката палестинска организација Хамас), претставува локација која има исклучителна вредност за инвестирање, па затоа и има голем потенцијал за вложување. На овој начин размислува Џаред Кушнер, поранешен советник во Белата куќа, за Блискиот Исток, но кој од тоа време остана повеќе запаметен како зет на Доналд Трамп, оженет за неговата ќерка Иванка. ...
Америка може наскоро да остане без популарната социјална мрежа Тик-Ток, откако Претставничкиот дом ( Долниот дом) на Конгесот на САД со уверливо мнозинство го усвоија законот, според кој мрежата ќе се забрани доколку нејзините сопственици на ја продадат. Законот се носи од безбедносни причини. Сега останува законот да биде потврден и во Сенатот, па Американците да останат без Тик-Ток, затоа што Белата куќа веќе објави дека претседателот „чека да ...
Владата на британскиот премиер Риши Сунак соопшти дека ќе биде забрането странски влади да поседуваат, или да имаат под контрола британски весници и списанија. Таквата реакција на Даунинг стрит 10 доажа по изразената загриженост дека угледниот лондонски „Дејли Телеграф“- после „Тајмс“ вториот најстар весник во Британија- како и списанието „Спектејтор“- гласило на Конзервативната партија- може да се најдат под контрола , односно да бидат во ...