Српските здравствени власти потврдија дека 600 бебиња од главната гинколошка клиника „Народен Фронт“ во Белград, наместо вакцина БСЖ , против туберкулоза, примиле физолошки раствор. Инцидентот се случувал во период од еден месец- меѓу 16 септември и 10 октомври оваа година – и тоа траело се додека не бил откриен големиот пропуст. Уште две недели, потоа, се чекало пред да се обелодени случајот и да се известат родителите за направената грешка и ...

Брод-крузер , пристана во главното пристаниште во Сиднеј со дури 800 патници заразени со вирусот на корона. Сите се туристи кои се наоѓаат на одмор и летување, пловејќи по делови од јужната хемисфера. На крузерот „Маџестик Принсес“ кој во Сиднеј доплови од Нов Зеланд, има 4600 патници и членови на бродскиот екипаж, што значи дека еден од петмина кои се на бродот се инфицирани со вирусот, за кого во тој дел од светот се вели дека – „целосно е ...

Американските компании „Модерна“ и „Мерк“ соопштија дека првите резултатаи од тестовите за создадената вакцина против рак, се позитивни и силно охрабрувачки. Таа вакцина се прави врз технологијата на информациона РНК , а на пациентите им се дава во комбинација со антиканцероген лек, а првите тестови спроведени врз 150 лица кои имаат меланом се правени откако тие пациенти во исто време го примале и лекот чие комерцијално име во САД е „Кејтруд“. ...

Семејството на прославениот холивудски актер Брус Вилис (67) потврди дека боледува од специфичен облик на деменција – позната во медицината како фронтотемпорална деменција ( болест која го напаѓа предниот дел од мозокот) – за која, засега, не постои ниту лек , ниту терапија. Во соопштението на семејството се вели дека претходната дијагноза, за тоа дека станува збор за афазија, сега е изменета, затоа што болеста продолжила да напредува, па сега ...

Хрватското министерство за здравство потврди дека Хрватска се соочува со недостиг на лекот против дијабетис („Оземпик“), затоа што е мошне популарен во јавноста како препарат за слабеење. Лекот е создаден и се препишува на лица болни од шеќерна болест, но благодарејќи на разните совети на интернет и на лекарски препораки, лекот е сега прифатен и како препарат за намалување на дебелината. Само поради тоа Хрватска наеднаш се соочи со криза која ги ...

Американската агенција за лекови и храна (ФДА) соопшти дека го одобрила за опште уптреба првиот спреј за нос на компанијата „Фајзер“ за елиминирање на болките предизвикани од мигрена. Главната карактеристика на лекот, освен што е создаден како спреј е и во тоа што делува мошне брзо. Претставник на оваа американска компанија има изјавено дека лекот, под комерцијалното име Завзпрет, ќе се најде во аптеките во САД, како и низ светот, веќе во јули ...

Вкупно 14 лица досега се починати во Полска , а други над 150 се заболени , откако во југоисточните делови на оваа земја, во граничниот реон со Украина, избувна епидемија на легионарската болест. Според полските и европските медиуми , епидемијата забрзано се шири, па само во еден ден, во понеделникот , се регистрирани десет нови случаи. Најголемиот број од заболените се сместени по болниците. Во меѓувреме, локалните власти настојуваат да ...

Јапонскиот милијардер Јасуку Маезава повика осум лица од меѓународната заедница, за да му се приклучат на патувањето во вселената – до и околу Месечината – во лет со вселенското летало на Елон Маск – Спејс Икс. „Повикувам луѓе, за да ми бидат сопатници, со бил какво потекло и од било кој дел од општеството“ – вели богатиот Јапонец кој уште порачува дека сите трошоци за патувањето ќе ги сноси само тој, па оној што ќе ја прифати оваа понуда, ќе ...

Компанијата My Heritage која се занимава со тестирање примероци од ДНК за да, преку нив, се открие потеклото на луѓето, сега има откриено начин – како, со помош на вештачката интелигенција – „се оживуваат“ стари фотографии. Претпоставка е дека во секое семејство – насекаде по светот – се чуваат слики од минатото, најчесто од најблиските роднини, или од драги пријатели кои сегашните генерации не ги запознале поради многуте поминати години. Не ни ...

Веќе подолго време, тројца милијардери – Илон Маск, Џеф Безос и Ричард Брансон – се наоѓаат во една необична трка – кој прв ќе полета во вселената. Како сега стојат работите, меѓутоа, изгледа дека победник ќе биде Британецот Брансон – кој најави дека на 11 јули ќе лета во вселената во космичкото летало на неговата компанија Вирџин Галактик. За разлика од основачот и сопственик на Амазон – најбогатиот човек во светот – кој најави дека неговиот ...

Британскиот милијардер Ричард Брансон ја постигна својата животна желба – да полета кон Вселената, да се искачи до нејзиниот раб, а потоа да се врти на Земјата. Сето тоа го постигна за 90 минути лет во височината, па сега може да се каже за него дека е првиот кому тоа му успеа и дека е вистинскиот „пионер на вселенскиот туризам“. Околу 600 лица со купена карта Со ракетниот авион на неговата компанија „Вирџин Галактик“ Брансон се искачи до ...

Вселенската асоцијација на Југоисточна Европа, во која е вклучена и Северна Македонија, во соработка со Индија и нејзината вселенска програма, праќа свој, заеднички, сателит во вселената. Членките на асоцијацијата, се имаат договорено, засега, да ја одржуваат целата мисија во тајност, па за неа во медиумите да не се изнесуваат никакви детали, освен што се согласиле – целта на мисијата и нејзината основна порака – да останат како изненадување и ...

Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека успешно е изведен и завршен експериментот во вселената, кога за прв пат во историјата, беше измената орбитата на едно небеско тело- астероид- со директен удар во него на летало испратено од Земјата. Леталото Дарт , што го лансираше НАСА , успеа во својата мисија – да ја измена природната патека на астероидот Диморфос и на тој начин, со овој историски вреден експеримент, да направи еден вистински ...

Американската компанија „Мета“ во чија сопственост е Фејсбук , сепак, попушти во своето инаетење и се согласи на спогодба , според која ќе плати 725 милиони долари отштета (казна) во познатиот случај во кој беше обвинета- дека им дозволила на трети странки , вклучувајќи ја и фирмата „Cambridge Analytic”, да имаат пристап до личните податоци на корисниците на Фејсбук. Со ваквото решение на Мета, се затвора четири годишниот долг и развлечен спор ...

Легендарниот авион „Боинг 747“ за кого експертите велат дека има воведено вистинска револуција во авионскиот сообраќај беше испратен во историјата на вистински , кралски начин, како што тоа и му доликува на леталото кое одамна е означено како „Кралица на небото“. Американската карго компанија „Атлас Ер“ го презеде последниот произведен авион „747“, на компанијата „Боинг“ од погоните на фабриката во градот Еверет, во сојузната држава Вашингтон, ...

Вработените во Европската комисија (ЕК) имаат добиено наредба да ги тргнат ТикТок апликациите од службените мобилни телефони и од другите електронски апарати. Во службеното соопштение се вели дека ваквата мерка била неопходна , за да се заштитат службените податоци и за да се зголеми сајбер безбедноста. ТикТок, популарна играчка на млади и стари, која се поставува на смарт телефоните и таблетите, е сопсвеност на кинеската компанија „ByteDance” ...

Еден угледен фотограф кој освои прва награда за својата фотографија на престижен натпревар, мораше да ја врати наградата кога самиот откри дека сликата е направена со помош на вештачка интелигенција (А.I.). Можеше и да го сокрие тој податок- бидејќи никој од жирито не забележал дека зад перфекцијата на неговата слика се крие нешто друго, но тој подоцна има изјавено дека со признавањето само сакал да предупреди на опасноста од вештачката ...

Британско-иранскиот научник Камал Ахмади кој во Иран беше осуден на девет години и три месеци затвор, пред да биде одведен на издржување на казната, успеал да побегне од земјата, пеш, пробивајќи се преку опасни планински превои, за да на крајот се најде на безбедно – во Лондон. Британските весници кои пишуваат за неговите доживувања – како затвореник во злогласниот ирански затвор Евин и како бегалец, на патот за дома, во Британија – ги ...

За прв пат во историјата на Ватикан, една жена доби функција во администрацијата на Светиот стол, со одобрение и благослов на поглаварот на католичката црква. Папата Франциско ја именува Французинката Натали Бекар за потсекретар на Синодот на бискупите. Французинката не само што влегува во историјата на црквата која досега беше целосно затворена за жените, туку оди и чекор понатаму во навлегувањето на новото време на католицизмот – добивајќи ...

Меган Маркл, сопругата на британскиот принц Хари, го доби судскиот спор против издавачката компанија која го издава лондонскиот таблоид „Дејли Меил“. Војвотката од Сасекс, титула што таа ја има добиено по венчавката со Хари, син на престолонаследникот Чарлс и покојната принцеза Дијана, го тужеше овој тиражен весник за повреда на приватноста. Тужбата беше поднесена откако „Меил“ го објави нејзиното лично писмо, што таа му го има испратено на ...

Шпанскиот Парламент со големо мнозинство гласови го прифати законот со кој во Шпанија се дозволува евтаназија, односно, пациентите со неизлечива болест – доброволно – да ја изберат смрта, за да се ослободат од маките што им ги носи болеста. Законот беше еден од приоритетите на социјалистичката влада на премиерот Педро Санчез и стапува во сила од јуни оваа година. Според министерот за здравство, со овој закон Шпанија се определува кон изградбата ...

Веста за разводот на бракот меѓу соосновачот на Мајкрософт и едно време најбогатиот човек во светот Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда, брзо се нареди меѓу информациите што го заобиколија светот, секаде примена со големо изненадување. Неговиот 27 годишен брак со некогашната соработничка во компанијата Мајкрософт, а потоа мајка на нивните три деца и партнер во Фондацијата „Бил/Мелинда Гејтс“ како и во сите нејзини проекти, се сметаше за складен ...

За сите нив се зборува дека живеат во луксуз. Во големи и раскошни вили, се одмараат на скапи јахти и на приватни острови, патуваат со сопствени авиони. Важат за богати жени, па затоа ги сметаат и за моќни. Таквиот општествен статус, сепак, го имаат стекнато – најчесто – затоа што нивните сопрузи се наоѓаат при самиот врв на листата на најбогатите луѓе во светот, што ја прави американското списание „Форбс“. Најновите случувања во приватниот ...

Европската агенција за човекова околина (ЕЕА) ги објави своите најнови податоци за квалитетот на воздухот во земјите на ЕУ, според кои најчист воздух дишат жителите на градови на северот од Унијата, додека најзагаден оние во Полска и во Италија. На северот тоа се шведскиот град Умео, како и финскиот Тампере, но и Фуншал, главниот град на португалскиот остров Мадера, во Атлантикот, одалечен од европското копно. За градови со најзагаден воздух се ...

Лондонскиот Виш суд определи спогодбен развод меѓу шеикот од Дубаи Мохамед Бин Рашид ал Мактум (72) и неговата доскорешна сопруга Аја ал Хусеин (47), мајка на неговите две деца, според кој шеикот на побегнатата сопруга ќе мора да и исплати над половина милијарда фунти. Судската парница се водеше околу старателството над неговите деца и таа досега чини околу 70 милиони долари. Станува збор за 554 милиони фунти, или за 733 милиони долари, што ...

Многу малку локации во Европа имаат воведено бесплатен јавен превоз – покажува едно германско истражување, покренато од идејата наместо автомобилот, да се користат градските автобуси, трамваите, подземната железница, или регионалните возови. Сето тоа како мерка за заштита на стандардот на луѓето од сега скапото гориво, како и за заштита на човековата околина – за запирање на загрижувачките климатски промени. Бесплатниот превоз, сепак, не е ...

Електричните тротинети (скутери) кои кога се појавија беа ознaчени како добро решение за еколошките проблеми на европските градови, во настојувањето да се намали загаденоста која ја предузвикуваат возилата на бензин и нафта, сега и самите стануваат проблем. Не само безбедносен, со зголемениот број сообраќајни несреќи , туку и еколошки проблем, откако бројот на расфрланите и оштетени, или тротинети со испразнети батерии драстично се има ...

Водачот на паравоената војска „Вагнер“ Евгениј Пригожин изминатите денови бил во Кремљ и пиел чај со рускиот претседател Владимир Путин- открива британската ТВ станица Скај Њуз, повикувајќи се на разузнавачки сознанија. Веста која медиумите ја пренесуваат како „шокантен податок“ – имајќи ги во предвид случувањата од 23 и 24 јуни кои за момент ја потресоа Русија, поради бунтот на вагнеровци и на нивниот водач- на некој начин ја има потврдено и ...

Игор Стрелков, поранешен министер за одбрана на т.н. „Донецка Народна Република“, оперативец на руската тајна служба, силен руски националист и најпосле познат како „путиновиот блогер“, е уапсен среде бел ден и веднаш обвинет за екстремизам. Веста за тоа прва ја соопшти неговата сопруга која изјавила дека во нивната куќа упаднале припадниците на Истражниот одбор и го одвеле во непознат правец. Апсењето подоцна го потврдија руските државни ...

Министерот за надворешни работи на НР Кина, Чин Ганг (57) во вторникот беше неочекувано сменет од функцијата, со одлука на највисокото партиско тело, a на вонредна седница на одборот за надворешни работи на Националниот конгрес. На функцијата беше само седум месеци. Ваквата одлука која е невообичаена дури и за земја каква што е Кина, доаѓа после едномесечното (необјаснето) отсуство на министерот и неговото непојавување во домашната јавност и на ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
45%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
2.06
45%
1023
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
0.51
54%
1024
weather icon

Софија

17ᴼ / 15ᴼ
1.54
41%
1021
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
3.06
53%
1022
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
3.09
64%
1023
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
3.13
54%
1018
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
3.09
49%
1018
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.09
43%
1019
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
5.66
76%
1023
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
2.06
61%
1023
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
5.14
49%
1020
Currency

61.625

Currency

53.1113

Currency

70.739

Currency

34.524

Currency

37.7697

Currency

66.3174

Currency

7.42861

Currency

0.66709

Currency

0.35087

Currency

0.52618

Currency

1.2677

Currency

0.59938