Унгарските компании го имаат дуплирано своето присуство албанската економија, но зад оваа експанзија не стои толку профитот , туку планот за да се изгради моќно политичко влијание во оваа земја и над се- на просторот на целиот Западен Балкан. Ваков е заклучокот од опсежната анализа на бугарскиот новински-истражувачки центар Бирд за состојбите во регионот, во што било вклучено и истражувањето на угледниот австриски весник „Дер Стандард“. И ...

Главната пропагандистка на Кремљ и на Владимир Путин, Маргарита Симонијан, позната како една од најгласните потикнувачи на војната против Украина, заговарајќи уште пожестоки и поубиствени напади за казнување на „непослушните Украинци“- сега во истиот таков тон им се закани и на Ерменија и на Ерменците. Таа е главен уредник на пропагандистичкиот ТВ канал Раша Тудеј (РТ) познат по пласирањето дезинформации , лажни вести и полувистини- не само за ...

Израелскиот амбасадор во ОН Гилад Ердан изјави дека неговата земја „работи на тоа за да ја снабди Украина со моќниот систем за рано предупредување“ – што се смета дека би можело многу да и помогна на украинската одбрана од руските напади. Според Ердан, таквата опрема би можела да помогне „за да се спасат животите на многу украински цивили од неселективните руски напади со ракети и дронови“ што Русите ги истураат врз населени локации низ ...

Двајца Руси- еден маж и една жена- со лажен идентитет како да се бугарски државјани- се откриени од бугарските власти. За нив сега се знае дека обајцата со години работеле за руската тајна служба. Во Бугарија се претставувале како да се Денис и Дијана Рашкови, а всушност станувало збор за Владимир и за Татјана Горочкин, обајцата во своите доцни триесети години од животот. И мажот и жената биле ангажирани за да бидат дел од широката руска ...

Владата на Куба -за прв пат досега- побара помош од Програмата за храна на ОН- за да може да и се помогне во санирањето на недостигот на храна и на некои од основните прехранбени производи, за надминување на тешката криза со која се соочува оваа карипска, островска, комунистичка земја. Веста за тоа ја потврди и Програмата за храна (WFP), оценувајќи дека станува збор за – како што е речено- случај без преседан, затоа што и покрај бројните ...

Северноатланската Алијанса соопшти дека отвора своја база во Албанија која не и припаѓа на земјата домаќин, туку на НАТО, што се означува како новина во досегашната пракса, кога станува збор за вакви воени објекти. Станува збор за базата Кучова, во близината на градот Берат, на југот од Албанија, која сега станува дел од инфраструктурата за потребите на Алијансата во реонот на Западен Балкан и тоа за подршка на операциите на просторот меѓу ...

Високи функционери на поранешната влада во Полска ќе сведочат во специјалната истрага што ја покренува Сејмот ( Парламентот), по откривањето на аферата за прислушување на политичките противници. Станува збор за истрага која (засега) е само парламентарна, откако новата влада на премиерот Доналд Туск ја осомничи претходната власт, предводена од десничарската и националистичка влада на партијата Право и Праведност (ПиС), дека со години на ред биле ...

Поранешниот кацелар на Австрија Себастијан Курц е осуден од судот во Виена на осум месеци затвор, но казната веднаш беше преименувана во условна. Тој беше осуден за давање лажни изјави во текот на официјалнaта истрагата за откриена корупција во владата, што ја отвори и ја водеше австрискиот Парламент. Судењето траеше четири месеци. Ова е прв пат во австриската правна и политичка историја, по повеќе од 30 години, еден поранешен канцелар (премиер) ...

Ултрадесничарскиот холандски политичар Герт Вилдерс, кому гласачите непромислено му дадоа најмногу гласови и со тоа и правото прв да се обиде да формира влада, призна дека се уште не може да ја создаде, иако поминаа неколку месеци од парламентарните избори. Пред божикните празници Вилдерс навести дека ќе се обиде да најде партнери за да создаде стабилна коалиција, до февруари, а доколку не успее ќе го врати мандатот.Но, и пред крајот на месецот, ...

Британската влада воведува забрана за користење на мобилните телефони во улилиштата, дури и кога учениците се на одмор. Одлуката е донесена затоа што е утрдено дека мобилките ја попречуваат наставата. Според министерството за образование, последното истражување има утврдено дека дури 97 отсто од децата од 12, или повеќе години имаат лични мобилни телефони и со нив одат на улилиште. Утврдено е дека наставата и образувањето се многу поквалитетни ...

Причината за смрта на Алексеј Навални и после неколку денови, останува непозната за семејството, за неговите соработници, како и за домашната и за демократската меѓународна јавност. Наводно , на истрагата ќе и требале две недели за да се утврди од што почина овој политички затвореник , додека ја издржуваше казната од 19 години затвор, во логор, сместен во крајно тешките услови на рускиот Арктик. Според руски извори, телото на мртвиот Навални, ...

Алексеј Навални , најостар критичар на рускиот режим, прогласен од Кремљ за “државен непријател“, умре ( како политички затвореник) во казнениот логор „Поларен волк“ , во Сибир, во суровите арктички предели. Имаше 48 години. Колку што се знае- на сопругата и на мајката, како и на своите соработници им се нема пожалено дека боледува, посебно не од некоја на смрт тешка болест, иако со години на ред беше физички и психички измачуван. Според руските ...

Францускиот второстепен суд му ја потврди казната на поранешниот претседател Никола Саркози , на која беше осуден во првостепената постапка- една година затвор , од што шест месеци условно- за случајот со прекумерното трошење пари во предизборната кампања во 2012 година. Судот, во ноември претходната година, одново им судеше на Саркози и на уште деветмина други лица, за оваа афера, откако сите вложија жалба на првостепената пресуда, според која ...

Интервјуто со Владимир Путин на поранешниот новинар на американската телевизија Фокс Такер Карлсон, кој сега заработува правејќи пропагандни и платени интервјуа кои се појавуваат на интернет, има предизвикано различни реакции. Во руската јавност , дури и онаа блиска на Кремљ, се смета дека шансата која му ја има дадено Американецот на Путин, не била искористена како што требало. Прокремљовски блогери ги исмеваат Карлсон и неговата сегашна ...

Такер Карлсон, поранешен новинар и водител на американската десничарска и конзервативна телевизија Фокс кој сега е само пропагандист- како што го нарекуваат колегите во САД и во Европа- беше примен во Кремљ, за да направи интервју со Владимир Путин. Станува збор за двочасовен разговор со рускиот лидер кој веќе две години води своја војна против Украина, ја парчосува нејзината територија и анектира делови од една независна држава, членка на ОН, ...

Над триесет годни од распадот на поранешна Југославија и постоењето на независна БиХ, оваа поранешна ЈУ република се уште не може да „застане на нозе“ и да стане функционална држава. Босна е единствената од некогашните републики која нема преговарачки статус за влез во ЕУ и покрај одамна прокламираната определба на земјата да биде дел од евро-атланските интеграции. При тоа, во прашање не е спротивставувањето на ЕУ ( и НАТО) за приклучувањето на ...

Стотина илјади Руси кои побегнаа од својата земја кога Владимир Путин ја покрена инвазијата врз Украина, но бегајќи и од неговиот режим, ја одбраа Србија за локација во која времено, или трајно ќе се населат. Веруваа дека станува збор за земја што ја сметаа дека е пријателски наклонета кон Русите. Последните седум, осум месеци, меѓутоа, некои од нив се присилени да бараат ново засолниште и нова , попријателски наклонета средина, затоа што од ...

Четврт век после убиството, смрта на белградскиот новинар Славко Ќурувија останува без правна, но и без политичка разрешница, колку и да овој случај е присутен на српската политичка сцена – и порано и сега. Предизвикувајќи бранување во демократската јавност, која и во времето на убиството , а и сега, води битка за ослободување на медиумите од контролата на политиката и од злоупотребите што се прават. Повод за повторното навраќање на убиството , ...

Полскиот претседател Анджеј Дуда уште еднаш ги помилува двајцата пратеници ( од доскора владеачката партија Право и Праведност), повикувајќи се на правото што му го дава Уставот, но кршејќи притоа низа прописи , околу процедурата, бидејќи претходно тие двајца веќе биле од него помилувани. Станува збор за правен преседан, што се случува уште од порано- кога пратениците прв пат биле помилувани ( велат во Варшава) под притисок од моќниот партиски ...

Унгарската ултра-десничарска партија „Нашата татковина“ соопшти дека ќе ја бара територијата на Западна Украина – за Унгарија- затоа што таму живееле припадниците на унгарската етничка заедница. Се проценува дека ги има околу 150 илјади. Лидерот на оваа партија Ласло Торокај вели дека ваквото барање ќе се официјализирало – „доколку Украина ја загуби својата државност“, поради инвазијата од страна на Русија. Партијата , инаку, е дел од унгарскиот ...

Генералот Валериј Герасимов, началник на Генерал-штабот на руската армија не е виден во јавноста од почетокот на оваа година, што веднаш предизвика разни коментари во домашнат и во европската јавност. Тој е главен командант на армијата на фронтот во Украина, во време кога војската е заглавена на целиот украински Исток, кого уште од времето кога Владимир Путин му ја довери тешката задача да командува во војната, која од почетокот не оди според ...

Владата на десниот центар во Грција настојува веќе следниот месец да ја почне постапката за легализација на геј браковите во земјата, но за таа своја иницијатива се соочува со силниот отпор на Грчката православна црква (ГПЦ) која, за разлика од најголемиот број земји во ЕУ и во Европа, не е одвоена од државата. До средината на февруари, предлог законт за легализација на истополовите бракови ќе биде ставен на гласање, во Парламентот, што според ...

Светската здравствена организација (СЗО) испрати алармантно предупредување до здарвствените власти во земјите од Европа, поради досега незабележаниот пораст на заразната болест морбили ( мали сипаници). Во претходната, 2023 година, регистрирано е рекордно зголемување на случаите со ова заболување- дури 45 пати повеќе- во споредба со 2022 година. Станува збор за пријавените случи , па се сомнева дека вистинската бројка е можеби и поголема, но ...

Околу еден милион луге излегоа на улиците во градовите низ Германија , во текот на изминатиот викенд , на протести против ултрадесницата и против десничарскиот екстремизам, изразувајќи и на тој начин и подршка на демоктратијата во земјата . Според извори на полицијата, од петокот , до неделата демонстрации против ширењето омраза и нетрпеливост меѓу лугето од различна етничка и расна припадност, како и против десничарењето, се одржани на над 100 ...

Шефот на дипломатијата на Саудиска Арабија Фејсал бин Фархан , на годишниот Економски форум во Давос, навести дека неговата земја би можела да го признае Израел- доколку се разреши палестинското прашање. Ова е прв пат вака висок функционер на Ријад јавно да зборува за една ваква можност. Според него, услов за тоа би бил прекинот на огнот- на сите страни- вклучени во сегашниот судир, а тоа значи и на Израел и на Хамас. „Сеопфатен регионален мир“ ...

Алексеј Навални е во затвор, осуден на вкупно 19 години затвор- за наводен „екстремизам“, откако врз него беше извршен обид за атентат (со агенсот Новичок), затоа што ја провали раширената корупција во врвот на руската власт. Но, иако сега казната ја издржува во затвор, во далечниот, суров и студен Арктик, неговиот истражувачки тим продолжува да работи, на разобличувањето на системот на клептократијата, врз која се потпира власта во Русија. Во ...

Зетот на Виктор Орбан има купено дури 11 големи деловни згради во Белград. Според локалните медиуми не може да се открие за која цена и колку пари Иштван Гиборц морало да оддели за една ваква зделка, но тврдат дека станува збор за најголемата зделка во ваквиот бизнис, не само во Србија, туку и во регионот. Ова веднаш покрена цела низа прашања во Белград и во Будимпешта, за обемот на големата српско-унгарска дружба која не е само политичка, туку ...

Брисел нема -формално- да и ја затвори вратата Србија за влез во ЕУ, но можно е тој процес да биде одложен, или дополнително забавен-пишуваат белградски медиуми повикувајќи се на европски дипломатски извори. Станува збор за реакција на изјавата на европратеникот од Словенија Клемен Грошељ за тоа дека „постои реална можност, вратата на ЕУ за проширување со земјите од Западен Балкан, да се затвори за Србија- и тоа мошне брзо“. Грошељ беше шеф на ...

Премиерот во Франција ја нема моќта и значењето што го имаат претседателите на владите во најголемиот број земји во светот. Во француската политичка пракса, премиеррот е повеќе како „техничко лице“ во системот на власта во државата, отколку политичко, иако станува збор за втората по важност позиција во француската политика. Тоа е така, затоа што претседателот на државата ја води владата и управува со земјата, во домашната и во надворешната ...

Полската полиција , во вторникот, упадна во претседателската палата во Варшава , за да уапси двајца пратеници од партијата Права и Праведност, која доскоро беше на власт,инаку обајцата обвинети за злоупотреба на службената должност. Полицијата тргна во потрага по нив, за да бидат уапсени, откако не ги најде на нивните домашни адреси, затоа што во тој момент биле во претседателската палата, каде се покажа дека се криеле од властите. Станува збор ...

Скопје

11ᴼ/11ᴼ
0.51
94%
1016

Белград

13ᴼ/11ᴼ
3.6
73%
1012

Софија

9ᴼ/8ᴼ
5.14
81%
1017

Сараево

11ᴼ/11ᴼ
2.44
75%
1016

Љубљана

14ᴼ/12ᴼ
2.57
92%
1003

Атина

18ᴼ/14ᴼ
4.02
67%
1015

Тирана

13ᴼ/13ᴼ
1.54
94%
1013

Подгорица

14ᴼ/11ᴼ
3.09
77%
1013
Currency

61.5733

Currency

57.0942

Currency

71.6381

Currency

37.7347

Currency

41.753

Currency

62.9295

Currency

7.89259

Currency

0.62233

Currency

0.36633

Currency

0.52563

Currency

1.77226

Currency

0.68366

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

530 $

Никел

603086 $

Рутениум

24115 $

Калај

32 $

Сребро

871 $

Злато

74540 $

Бакар

9 $

Паладиум

30767 $

Платина

30886 $

Родиум

151607 $

Цинк

92926 $