Украинските специјални сили во саботата извеле напад врз рускиот воен аеродром Борисоглебск во Воронешката област, соопшти украинската војска преку социјалните мрежи. Според нивните информации, при ударот било погодено складиште со „клизни бомби“ и тренажен авион, а постои сомнеж дека се оштетени и други воени летала, иако засега не се објавени дополнителни детали. Во соопштението се наведува дека аеродромот служи како база за руски борбени ...

Американскиот претсеател Доналд Трамп изјави дека рускиот лидер Владимир Путин не покажал никаков интерес за прекин на огнот, туку напротив – сака „да оди до крај и да продолжи да убива луѓе“. Изјавата доаѓа по телефонскиот разговор кој Трамп го имал со украинскиот претседател Володимир Зеленски, во кој разговарале за засилување на воздушната одбрана на Украина, вклучително и испорака на американски ракети „Патриот“. „Ќе им требаат за одбрана… ...

Најмалку 24 лица го загубија животот во катастрофалните поплави што го погодија Тексашкиот ридски округ по поројните дождови кои ја зафатија областа во петокот, соопштија американските власти. Во тек е интензивна потрага по уште најмалку 25 лица, поголемиот дел од нив деца од христијанскиот летен камп „Мистик“ во Хант, кој во моментот на несреќата бил домаќин на над 750 девојчиња. Според надлежните, водата од поплавената река Гвадалупе ...

Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“, во кое членуваат родителите и блиските на настраданите во трагичниот пожар во клубот „Пулс“, ја најави 12-та протестна шетња под мотото „Марш за ангелите“. Маршот ќе се одржи денеска, на 5 јули, со почеток во 18:05 часот, и ќе започне од Паркот на Револуцијата, по што ќе продолжи кон Трговскиот центар, Општина Кочани, Полициската станица, Основниот суд и Јавното обвинителство. Маршот е израз на ...

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, преку видео на својот Фејсбук профил објави дека е завршена изградбата на делницата Дреново – Фариш, како дел од експресниот пат Градско – Прилеп, нагласувајќи дека овој инфраструктурен проект носи конкретни придобивки за граѓаните од Пелагонија и Тиквешијата. „Го изградивме експресниот пат Градско – Дреново – Фариш (Прилеп). Ветивме модерно и безбедно патно решение, и ова е ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 25-годишен скопјанец, кој на 1 јули управувал мотоцикл и со тоа предизвикал сообраќајна несреќа на кејот на Вардар, при што смртно настрада пешакот Југослав Николовски. Осомничениот се товари за кривични дела „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, бидејќи со мотоцикл без табличка возел ...

Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе постапка против шест лица, поради основано сомнение дека заеднички вршеле продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Во ...

Остра реакција на Мрежата за заштита од дискриминација на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски дека се разгледува можноста за воведување дополнителни даноци за неженети и немажени лица. Таквата изјава, велат е длабоко загрижувачка и претставува закана за основните човекови права и принципите на еднаквост и слобода. Мрежата оценува дека ваквата најава односно идна мерка не само што би била ретроградна, туку е и дискриминаторска, бидејќи ги ...

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број случаи на испраќање лажни SMS пораки кои лажно се претставуваат во име на телекомуникациски оператори. „Овие пораки содржат линкови до лажно дизајнирани веб – страници со цел да ве наведат да внесете лични или финансиски податоци, кои потоа можат да бидат злоупотребени од страна на криминални ...

Министрите за внатрешни работи на Македонија и Србија, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ денеска на граничниот премин Табановце – Прешево го промовираа почетокот на One Stop системот на заеднички контроли на граничниот премин со што се овозможува побрз транспорт на луѓе, повеќе трговија, туризам и пријателство меѓу двете држави. Почетокот на овој систем на заеднички контроли симболично беше означен со потпишување на Протоколот за извршување на ...

На предлог на градоначалникот Горан Герасимовски, Советот на Општина Центар на денешната 50. Седница, донесе едногласна одлука за доделување финансиска помош во износ од 1.000.000 денари за рехабилитација на повредените и поддршка на семејствата кои ги загубија своите најблиски во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. „Кога е најтешко, да си подадеме рака, да се поддржиме, да покажеме дека хуманоста и солидарноста се најголемата ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против полицискиот службеник Д.С. на работно место самостоен криминалистички техничар во СВР Тетово- ОВР ...

Актуелниот струмички градоначалник, Костадин Костадинов кој го „замрзна“ неговото членство во СДСМ откако лидерот Венко Филипче не го кандидираше за уште еден мандат најави кампања со луѓето која, како што пишува на ФБ, ќе трае 365 дена. Од следната недела започнувам народна кампања – 365 дена со вас. 365 дена со луѓето! Не кампања на зборови, туку на дела. Не кампања на ветувања, туку на покажување. До сега бев секој ден, секој час со вас – ...

Дафина Стојаноска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешната расправа на Комисија за финансирање на буџет посочи дека СДС имаа можност 7 години да докажат колку се загрижени за потребите на граѓаните. „Кога ќе ве потсетиме дека имавте можност од цели 7 години за да докажете колку сте домаќини, колку сте загрижени за реалните потреби на граѓаните и колку сте чесни вие веднаш возвраќате со одговор да не се враќаме назад, ние казната ја добивме на ...

Вештачењата за случаите поврзани со Онкологија и со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се веќе комплетирани, информираше денеска државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Во изјава дадена по седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет, на која се расправаше за ребалансот на Буџетот, Коцевски нагласи дека овие вештачења претставуваат значаен финансиски товар за обвинителството, со оглед на тоа што биле изработени во ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против три лица поради сомнение за кривично дело Насилство по член 386 став 3 од Кривичниот законик, откако на 2 јуни брутално нападнале вработен во пункт на „Водовод“ во Шуто Оризари. Според обвинителството, додека оштетениот паркирал службено возило пред објектот, тројцата осомничени му пришле од зад грб и без повод го нападнале со дрвени и метални палки, клоци ...

Во приватна здравствена установа во селото Кадино, скопско, починала 36-годишната И.Т. од населбата Илинден – се наведува во полицискиот билтен на МВР. Смртта била констатирана од страна на лекар, а на телото не се забележани видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција. Во несреќа што се случила на регионалниот пат Ресен–Стење, на влезот во селото Царев двор, 17-годишен возач од Ресен изгубил ...

Судија од Основниот суд во Кавадарци се соочува со обвинение за несовесно постапување, откако со своите одлуки свесно овозможил осудено лице да ја избегне издршката на затворската казна речиси цела година. Обвинението го поднесе Основното јавно обвинителство Велес. Како што информираат од Обвинителството, станува збор за судија за извршување санкции, кој во текот на 2024 година намерно постапувал спротивно на законот во предмет што се однесува ...

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“ која се одржа во Владата, при што порача дека државата е свесна за демографската криза и отворено се соочува со неа. „Оваа Влада не го премолчува проблемот, го признава и се бори со него“, рече Мицкоски, додавајќи дека борбата за повисок наталитет не е задача на едно министерство, туку на целото општество – од градинките и училиштата, ...

Обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение против две лица за кривични дела поврзани со корупција, информираат од Обвинителството. Првообвинет во случајот е директорот на ЈЗУ „13-ти Ноември“ – Скопје, кој се товари за кривично дело примање поткуп, додека второобвинетото лице се товари за примање награда за противзаконито влијание. Според обвинението, директорот побарал поголема ...

Во Србија, денес е петтиот ден од студентските и граѓанските протести и сообраќајните блокади низ целата земја. Блокади има во Белград, Нови Сад, Ниш, Чачак, Краљево, Ваљево, Панчево, Суботица и други градови. Првите апсења на граѓани веќе се евидентирани во Нови Сад. Во Белград, полицијата ги отстрануваше блокадите, а на улиците беа присутни силни полициски сили, вклучувајќи ја жандармеријата и полицајци во цивилна облека со балаклави. ...

Повеќе од 20 лица се повредени, вклучувајќи најмалку тројца со тешки изгореници, по силна експлозија на бензинска пумпа во источен Рим околу 8:20 часот утрово. Итните служби биле на местото на настанот пред експлозијата бидејќи биле повикани откако камион удрил во цевковод на бензинска пумпа, објавија италијанските новински агенции. Пожарот се проширил на блискиот магацин, а ударниот бран од експлозијата ги оштетил блиските згради. Според ...

Пешак на возраст од 65 години се здобил со тешки телесни повреди откако бил удрен од автомобил во центарот на Скопје. Како што информира МВР, несреќата се случила на 3 јули околу 11 часот на улицата „Филип Втори Македонски“. Патничко возило „пежо 207“ со скопски регистарски таблички, управувано од 48-годишниот П.А. од Скопје, удрило во пешакот К.К., исто така од Скопје. Повредениот бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, ...

Рано утрово, на автопатот Нови Сад–Суботица, во насока кон граничниот премин Хоргош со Унгарија, животот го загуби 39-годишен македонски државјанин, а уште едно лице е тешко повредено во тешка сообраќајна несреќа. Несреќата се случила околу 5:15 часот, кога патничко возило од марката „Киа“, по сè уште неутврдени причини, излетало од коловозот во близина на населбата Вишњевац — помеѓу клучката Жедничка и наплатната станица во Суботица — и се ...

Под слоганот „Силна Европа во светот што се менува“, во текот на следните шест месеци Кралството Данска, кое го презеде претседателството со Советот на Европската Унија на 1 јули, ќе се фокусира на две главни теми – безбедност и одбрана и конкурентност и зелена транзиција. На овој пат, Данска покрена важна иницијатива, имено, сака Европа да го искористи целиот свој правен арсенал против Унгарија за кршење на основните права на Унијата, ...

Еден од потписниците на Преспанскиот договор, Никола Димитров, со кој се реши 27 годишниот спор со соседна Грција дава предлог и за решавање на проблемот со Бугарија за македонскиот јазик и идентитет. Во објава на Фејсбук, Димитров пишува дека Преспанскиот договор е силно оружје и треба да се искористи Ме фрапира изедначувањето на нерешението на проблемот со Бугарија со решението на спорот со Грција. Во пакетот што го прифати претходната ...

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски, со свој став по вчерашното отвфрлање на обвинението против Максим Димитриевски. Вели дека актуелниот прв човек на Куманово не само што бил тројански коњ за раскол во партијата, туку бил и уценет играч на власта. „Пет дена пред завршните зборови – обвинението против Максим Димитриевски исчезна. Готово, не важи, исчезнале доказите. Борецот за правда “коректорот” Димитриевски ...

Русија постепено гради односи со Талибанците, за кои претседателот Владимир Путин минатата година рече дека сега се сојузник во борбата против тероризмот. Официјална Москва, вчера објави дека ги прифатила акредитивите на новиот амбасадор на Авганистан, со што стана првата земја што ја признала талибанската влада во земјата. Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Москва гледа добри перспективи за развој на врските и ќе продолжи ...

Се намалуваат гужвите на граничниот премин Табановце, од денеска, петок, 5 јули, официјално стартува примената на системот „One Stop Shop“, со кој контролата ќе се врши само при влез во државата. Овој интегриран модел на гранична проверка треба значително да го олесни и забрза преминот на патници и стоки, особено во летниот период кога метежите се најизразени. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најави дека свеченото пуштање во ...

„По преземањето на одговорноста во државниот пазарен инспекторат работиме со засилено темпо и со јасна цел да обезбедиме почитување на законите и еднаков третман на сите правни субјекти. А, пред се наша приоритетна цел е заштитата на потрошувачите, односно заштитата на граѓаните на Република Македонија “ , рече Влатко Стојкоски, организационен секретар на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Државен пазарен инспекторат на денешната трибина во Струмица на ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
76%
1018
weather icon

Белград

17ᴼ / 14ᴼ
3.13
76%
1018
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
85%
1021
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
0.0
71%
1020
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
1.08
52%
1018
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.51
94%
1022
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
1.34
55%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
2.57
82%
1017
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
73%
1017
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
1.54
65%
1017
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
8.05
81%
1019
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
6.17
64%
1014
Currency

61.53

Currency

52.8054

Currency

70.9423

Currency

34.491

Currency

38.2639

Currency

65.716

Currency

7.3959

Currency

0.64969

Currency

0.35649

Currency

0.52657

Currency

1.28033

Currency

0.59816