Силно невреме вечерва зафати делови од Скопје, проследено со интензивни електрични празнења, грмежи и силен ветер. — реклама — View this post on Instagram Граѓани од повеќе населби пријавуваат дека невремето било проследено со чести молњи и засилени налети на ветер, кои на моменти довеле и до прекини во електричната енергија. Засега нема информации за евентуални штети. — реклама — Силно невреме вечерва зафати делови од Скопје, проследено со ...

Светското првенство во 2026 година ќе влезе во историјата како најголемиот мундијал досега. За првпат на завршниот турнир ќе настапат 48 репрезентации, а домаќини ќе бидат три држави – САД, Канада и Мексико. Но, покрај новиот формат, шампионатот ќе биде запаметен и како последна сцена за една генерација фудбалски великани што го обележаа спортот во изминатите две децении. — реклама — За многумина од нив, ова ќе биде последната можност да го ...

Лицата со трајни здравствени оштетувања повеќе да не бидат принудени на секои шест месеци или една година да одат на нови прегледи за да го остварат правото на туѓа нега – ова е целта на промените што ги најави министерот за здравство, Азир Алиу. Тој истакна дека во оваа фаза нема потреба од измени на законите, бидејќи постојната законска рамка веќе овозможува признавање траен инвалидитет. Според него, проблемот е во практичната примена и ...

На 10 јуни 2026 година, во 20:46 часот, во СВР Битола било пријавено дека на улицата „Стале Попов“ избувнал пожар во паркирано товарно возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки. Според информациите од СВР Битола, во инцидентот нема повредени лица. На местото веднаш интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, која успеала да го локализира и изгасне пожарот. — реклама — Увид на местото на настанот извршила увидна ...

Полициски службеници од ОВР Прилеп на 10 јуни 2026 година на улицата „Александар Македонски“ во Прилеп лишиле од слобода 15-годишник од градот, откако при сообраќајна контрола било утврдено дека управувал мопед „Хамачи“ со прилепски регистарски ознаки, без да има стекнато право на управување. Како што информираат од СВР Битола, по преземените мерки и извршените проверки било констатирано дека малолетникот управувал со возилото пред да положи ...

Полициски службеници од СВР Битола во првите минути по полноќ го лишиле од слобода Д.Ј. (40) од Битола, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал својата 34-годишна вонбрачна партнерка. Како што информираат од полицијата, настанот бил пријавен на 10 јуни 2026 година во 23:40 часот, а осомничениот бил приведен околу 00:30 часот на 11 јуни. — реклама — По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена ...

СДСМ преку соопштение обвини дека премиерот Христијан Мицкоски повторно ги менува своите ставови, откако денеска изјави дека парламентарни избори може да има „многу скоро“, иако, според опозициската партија, со месеци уверувал дека нема да има предвремени избори. Од СДСМ велат дека ова не е првпат Мицкоски да испраќа спротивставени пораки до јавноста, посочувајќи дека во минатото имал различни позиции за Преспанскиот договор, членството во ...

На 10 јуни 2026 година, во 18:50 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Народен фронт“ во Скопје велосипед удрил во 83-годишен пешак, по што велосипедистот избегал од местото на настанот. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во незгодата тешки телесни повреди се здобил Х.А. (83) од Скопје. Повредите биле констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, каде му била укажана лекарска помош. — реклама — ...

На 11 јуни 2026 година, во 01:27 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А.М. (45) и 17-годишник, двајцата од селото Романовце, кумановско, поради сомнение дека физички нападнале 25-годишен жител на истото село. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил во Романовце, при што бил употребен нож. Во пресметката повреди се здобиле А.М. и нападнатиот А.А. (25). — реклама — По целосно ...

На 10 јуни 2026 година, околу 11:30 часот, на улицата „Бајрам Цури“ во Дебар, полициски службеници привеле девет државјани на Албанија, информира Министерството за внатрешни работи. При заедничка контрола спроведена од полицијата и трудовата инспекција било констатирано дека лицата немале уредна документација за престој во земјава. Дополнително, било утврдено дека спротивно на законските одредби извршувале градежни работи на подрачјето на ...

Премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање околу парламентарните избори изјави дека Владата и натаму ја преферира опцијата за редовни парламентарни избори во 2028 година, но нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена и за други можни политички сценарија. Одговарајќи на новинарско прашање дали неодамнешните негови изјави за избори се однесуваат на предвремени парламентарни избори следната година или на редовните во 2028 година, Мицкоски рече ...

Иранските власти повторно соопштија дека Ормускиот теснец е целосно затворен за пловидба, додека американската страна остро ги демантираше таквите тврдења, оценувајќи дека поморскиот сообраќај во реалноста продолжува да се одвива. Новоформираната Управа за теснеците на Персискиот Залив (PGSA), тело што Техеран го формираше со цел регулирање на пловидбата низ овој стратешки важен морски премин, соопшти дека теснецот ќе остане затворен „до ...

Иранското Министерство за надворешни работи најостро ги осуди ноќните американски воздушни напади врз Техеран, оценувајќи дека тие го направиле договорот за прекин на огнот „практично бесмислен“. „Нелегалните и криминални напади на САД во изминатите неколку часа не само што претставуваат флагрантно кршење на Повелбата на Обединетите нации и основните принципи на меѓународното право за почитување на националниот суверенитет и територијалниот ...

Пакистан ќе продолжи со дипломатските напори и обидите за посредување со цел да се стави крај на конфликтот меѓу САД и Иран, и покрај најновата ескалација на тензиите во регионот, соопшти пакистанското Министерство за надворешни работи. „Пакистан е длабоко загрижен поради актуелната состојба во регионот, обележана со најновата ескалација. Апелираме до двете страни да се придржуваат кон претходно постигнатиот договор за прекин на огнот“, ...

Иранските вооружени сили соопштија дека рано утрово извеле ракетни напади врз американски позиции во Јордан, преземајќи одговорност за акцијата што ја опишаа како одмазда за претходните американски удари врз ирански цели. Според соопштението, пренесено од иранската државна телевизија ИРИБ, Техеран лансирал 12 балистички ракети насочени кон американски борбени авиони и воена инфраструктура. — реклама — „Како одмазда за американските напади во ...

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет упати остро предупредување до Куба за време на посетата на американската воена база во Заливот Гвантанамо, порачувајќи дека Хавана не треба да набавува оружје што би можело да ја загрози базата или американската територија. „Би било неразумно кубанската влада да се обиде да набави или да дојде во посед на оружје со кое би можела да ја погоди оваа база или американско тло“, изјави Хегсет, без да ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе извршат нови напади врз Иран, откако претходно го обвини Техеран дека со дрон соборил американски хеликоптер „Апачи“ во близина на брегот на Оман. Одговарајќи на новинарско прашање во Овалната соба за неговата претходна изјава дека Иран „ќе мора да ја плати цената“, Трамп рече: — реклама — „Ќе ги нападнеме, ќе ги нападнеме многу силно.“ На прашањето дали тоа значи продолжување на ...

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на собраниската седница се обрати до пратеничката од СДС, Славјанка Петровска која зборуваше за состојбите во земјоделието. Петрушевски истакна дека не очекувал, Петровска да се јави да зборува и критикува за земјоделието, додека поранешниот министер од редовите на СДС, Љупчо Николоски да не е присутен во салата. „Почитувана колешке, не очекував од вас дека ќе се јавите вие лично да говорите за оваа ...

И покрај жестоката реторика меѓу Вашингтон и Техеран, дипломатските напори за ставање крај на конфликтот продолжуваат зад затворени врати. Катарски преговарачи утринава отпатувале во иранската престолнина Техеран со цел да помогнат во финализирањето на евентуален договор меѓу Иран и САД, јави агенцијата Ројтерс. — реклама — Овој дипломатски потег доаѓа во момент кога американскиот претседател Доналд Трамп повторно му се закани на Иран дека ќе ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против 52-годишниот М.Д. од Берово, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „телесна повреда“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 1 јуни 2026 година во семејниот дом на пријавениот во Берово. — реклама — Како што наведуваат од МВР, М.Д. физички ја нападнал својата сопруга, при што употребил метален ...

Полициски службеници од СВР Скопје привеле тројца скопјани откако кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 9 јуни на различни локации во Скопје од слобода биле лишени А.Б. (23), Б.Ј. (21) и Х.Г. (20), сите од Скопје. — реклама — При извршените контроли, кај нив била пронајдена марихуана, која била одземена од полициските службеници. Од МВР соопштија дека по целосното ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан порача дека Техеран и Вашингтон мора да најдат излез од сегашната состојба на долготрајни тензии, оценувајќи дека односите „ниту војна, ниту мир“ повеќе не се одржливи. Како што пренесе полуофицијалната иранска новинска агенција „Мехр“, Пезешкијан истакнал дека е неопходно да се дојде до политичко решение и дека преговорите се единствениот пат напред. — реклама — „Ако сакаме да излеземе од состојбата ...

Иран соопшти дека ја преиспитува иднината на преговорите со Соединетите Американски Држави по најновите американски воени напади врз ирански цели. Како што пренесе Иранската студентска новинска мрежа (SNN), повикувајќи се на портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Багаеи, Техеран во моментов ја разгледува можноста за продолжување на дипломатскиот процес во светло на последните случувања. — реклама — Багаеи ги обвини САД и ...

Иранските државни медиуми објавија видеоснимки за кои тврдат дека го прикажуваат лансирањето на ракети и беспилотни летала употребени во ноќешните напади врз американски воени цели на Блискиот Исток. Според соопштението на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), цел на нападите биле американски воени бази во Јордан, Кувајт и Бахреин. Од Техеран наведуваат дека акцијата претставува одговор на претходните американски воени удари врз ирански ...

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 11 јуни (четврток), во раните утрински часови, ќе се спроведе авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на главниот град. Од Градот посочуваат дека, доколку временските услови не дозволат реализација на активноста, прскањето ќе биде извршено првиот нареден ден кога ќе има поволни услови, во истиот термин. — реклама — Воедно, се апелира до пчеларите навремено да ги преземат ...

Израелските сили продолжија со воздушните напади врз територијата на Либан и покрај претходните предупредувања од Иран дека воените дејствија треба да запрат. Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека и натаму гаѓаат, како што наведуваат, „терористичка инфраструктура“ на Хезболах во јужен Либан. Според нив, во текот на изминатото деноноќие биле погодени повеќе позиции во областа на градот Тир и на неколку други локации на југот од ...

Иранското Министерство за надворешни работи ги осуди утринските американски воздушни напади врз иранска територија, оценувајќи ги како „јасно кршење“ на националниот суверенитет и меѓународното право. Во соопштението, Техеран предупреди дека земјите од Блискиот Исток кои им дозволуваат на американските сили да ги користат нивните бази би можеле да станат легитимни цели доколку нападите врз Иран продолжат. — реклама — „Иранските вооружени сили ...

Францускиот претседател Емануел Макрон ја потврди посветеноста на Франција кон безбедноста на нордиските и балтичките сојузници, оценувајќи дека Русија се соочува со пораз во Украина, но и покрај тоа продолжува да ги провоцира соседните држави. По видеоконференцијата со лидерите на Данска, Естонија, Финска, Исланд, Латвија, Литванија, Норвешка и Шведска, Макрон преку социјалната мрежа Икс порача дека Франција останува цврсто посветена на ...

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека Израел е подготвен да изведе нов, длабок напад врз Иран веднаш штом добие наредба за тоа. Според соопштението објавено на официјалната интернет-страница на израелската војска, Замир оценил дека неодамнешниот напад врз Иран бил само „подготовка за многу позначаен и потежок удар“. — реклама — „Подготвени сме да дејствуваме повторно и да му нанесеме на Иран уште посилен ...

И покрај новите тензии и меѓусебните обвинувања, примирјето меѓу САД и Иран, кое повторно беше воспоставено вчера, сè уште останува на сила. До обновувањето на договорот дојде откако Иран и Израел во неделата навечер разменија напади. Техеран соопшти дека нападите врз Израел биле одговор на засилените израелски воени операции во Либан, каде што израелската армија се бори против Хезболах, близок сојузник на Иран. — реклама — Во изминатите ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
35%
1016
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
6.9
41%
1016
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
0.51
46%
1014
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
2.57
45%
1019
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
2.35
38%
1018
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 19ᴼ
1.54
68%
1016
weather icon

Атина

25ᴼ / 24ᴼ
5.81
52%
1014
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
64%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
44%
1014
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 20ᴼ
3.13
59%
1019
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 24ᴼ
1.79
35%
1015
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
6.69
88%
1015
Currency

61.4762

Currency

53.1364

Currency

71.9634

Currency

37.6704

Currency

38.3539

Currency

65.3905

Currency

7.89266

Currency

0.63222

Currency

0.33409

Currency

0.52502

Currency

1.11186

Currency

0.55759

Платина

56103.05

Калај

56.34

Алуминиум

3.25

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Бакар

13.28

Паладиум

41731.67

Родиум

282926.57

Сребро

2080.30

Иридиум

252383.36

Кобалт

45.39

Злато

140678.81