Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Полициски службеници од СВР Скопје привеле 31-годишен скопјанец, откако било пријавено дека физички нападнал двегодишно дете. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 13 јуни 2026 година во 19:15 часот во Скопје бил приведен М.А. (31) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава. — реклама — Според пријавеното, околу 19:00 часот во двор од семејна куќа тој физички нападнал двегодишно дете. Од МВР соопштија дека по ...
Иранските државни медиуми објавија дека Техеран сѐ уште нема донесено конечна одлука за предложениот мировен договор со Соединетите Американски Држави, со кој би требало да се стави крај на актуелниот конфликт меѓу двете земји. Информацијата доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф во саботата најавија дека договорот би можел да биде постигнат во рок од 24 часа. — реклама — „Договорот треба да ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а дневната температура ќе се движи од 25 до 33 степени. — реклама — Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала облачност и слаб променлив ветер. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 32 степени Целзиусови. — реклама — Според прогнозата на УХМР, времето ќе ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот меѓу САД и Иран, кој треба да доведе до повторно отворање на Хормушкиот теснец, ќе биде потпишан во недела. Но, иранските власти веднаш ја оспорија оваа најава, наведувајќи дека договорот сѐ уште не е финализиран. Трамп соопшти дека договорот ќе претставува гаранција дека Иран нема да поседува нуклеарно оружје. — реклама — „Тие повеќе не сакаат нуклеарно оружје и нема да го имаат, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД утре ќе потпишат нов договор со Иран, со кој, според него, Техеран целосно ќе биде спречен да развива нуклеарно оружје. Но, само неколку часа подоцна, од Иран повторно стигна порака дека потпишувањето во недела „дефинитивно нема да се случи“. Во објава на Truth Social, Трамп соопшти дека веднаш по потпишувањето на договорот, Ормускиот Теснец ќе биде повторно отворен за целиот поморски ...
Мировниот договор меѓу Иран и САД сепак нема да биде потпишан утре, соопшти портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи. Како што пренесуваат иранските државни медиуми, Багаеи изјавил дека Техеран мора да биде внимателен при најавувањето датуми за потпишување поради, како што наведе, двоумењето на САД. — реклама — Неговата изјава доаѓа во време на сè погласни шпекулации дека првичниот договор би можел да биде ...
САД и Иран постигнаа рамка за мировен договор по повеќе од три месеци војна, а првичниот договор би можел да биде потпишан во следните 24 часа, изјави пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф. Пакистан, кој посредува во разговорите, се подготвува за електронско потпишување на договорот, по што следната недела треба да започнат технички преговори за неговата имплементација. — реклама — И Вашингтон и Техеран вчера сигнализираа дека се блиску до ...
Тепачка меѓу двајца осуденици е пријавена во Казнено-поправната установа „Идризово“, при што едно лице се здобило со тешки телесни повреди. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 13 јуни во 01:47 часот во СВР Скопје, од КПУ Затвор Идризово било пријавено дека претходниот ден околу 19:15 часот во установата бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу осудениците К.Д. и Б.М. — реклама — Во инцидентот, Б.М. се здобил со тешки ...
Израелската армија денеска нареди евакуација на жителите од 20 градови и села во јужен Либан, откако од петокот навечер беа регистрирани повеќе напади со дронови врз северниот дел на Израел, за кои Тел Авив го обвини либанското движење Хезболах. Портпаролот на израелската војска, Авихај Адраи, преку објава на арапски јазик на социјалната мрежа Икс ги повика жителите веднаш да ги напуштат своите домови и да се преселат северно од реката ...
Независниот руски медиум „Медиазона“ и рускиот сервис на Би-Би-Си објавија дека досега ги потврдиле идентитетите на 225.019 руски војници загинати во војната против Украина. Во споредба со последната објава на крајот на мај, на списокот се додадени уште 3.813 загинати војници. — реклама — Авторите на истражувањето нагласуваат дека нивните податоци се базираат исклучиво на јавно достапни извори, меѓу кои посмртници, објави на членови на ...
Обединетите нации соопштија дека во мај годинава е регистриран најголемиот број убиени и повредени цивили во Украина во еден месец од април 2022 година наваму. Според извештајот на Канцеларијата на ОН за човекови права (OHCHR), во текот на мај загинале најмалку 274 цивили, а уште 1.763 биле повредени. — реклама — Тоа претставува зголемување од 93 проценти во споредба со април, кога биле евидентирани 191 загинат и 865 повредени цивили. Од ...
Американската војска соопшти дека соборила повеќе ирански беспилотни летала кои, според тврдењата на Вашингтон, биле лансирани кон трговски бродови што пловеле низ Ормускиот Теснец. Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека Иран испратил повеќе еднонасочни нападни дронови во обид да погоди комерцијални пловни објекти во еден од најважните светски поморски коридори. — реклама — „Американските сили ги соборија сите беспилотни летала во ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре најавува сончево и посвежо време со мала до умерена локална облачност и значителен пад на дневните температури во однос на денешните. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а долж Повардарието повремено ќе биде засилен. Утринските температури ќе се движат од 8 до 16 степени, додека максималните дневни температури ќе бидат во интервал од 22 до 28 степени. — реклама — Во Скопје се ...
Рускиот претседател Владимир Путин најави дека руските сили ќе ги засилат нападите врз украинската инфраструктура со цел, како што рече, да ја одвратат Украина од напади врз цели на руската територија. „Со оглед на тоа што тие го прават тоа, мораме соодветно да одговориме. Тоа и го правиме, а ќе продолжиме да ги засилуваме ударите врз непријателската инфраструктура за да ги одвратиме од напади врз нашите цивилни објекти“, изјавил Путин на ...
Русија би можела во блиска иднина да се обиде да го тестира единството на НАТО и неговата посветеност на принципот на колективна одбрана преку ограничена воена акција, се наведува во извештајот на шведската парламентарна Комисија за одбрана. Според „Блумберг“, во извештајот се оценува дека Москва би можела да дејствува доколку процени дека политичките околности ѝ одат во прилог, дури и ако не се исполнети сите класични воени предуслови за ...
Независните гласачи во САД стануваат сè понезадоволни од претседателот Доналд Трамп за време на неговиот втор мандат, а најизразен е падот на поддршката кај оние без факултетска диплома, покажува нова анализа на Центарот за истражување на јавното мислење Associated Press-NORC. Според анализата на речиси 24 анкети спроведени меѓу јули 2024 и април 2026 година, позитивното мислење за Трамп кај независните гласачи без високо образование се ...
Американското централно заповедништво (ЦЕНТКОМ) соопшти дека американските сили во Ормускиот Теснец пренасочиле 136 бродови и онеспособиле уште девет, во рамки на спроведувањето на блокадата што Вашингтон ја воведе против Иран. Во објава на социјалната мрежа Икс, ЦЕНТКОМ наведе дека воените бродови и воздушните сили на американската морнарица продолжуваат со патролирање во регионалните води. — реклама — „Воените бродови и воздушните сили на ...
Украинските воздухопловни сили предупредија дека постои голема веројатност Русија во следните 24 часа да лансира балистичка ракета со среден дострел од полигонот Капустин Јар, локација од која претходно беше истрелана и ракетата „Орешник“. „Постои голема веројатност непријателот во следните 24 часа да употреби балистичка ракета со среден дострел, лансирана од полигонот Капустин Јар“, соопштија украинските воздухопловни сили. — реклама — ...
Општина Ѓорче Петров започна со спроведување на дератизација и дезинсекција на повеќе локации низ општината, како дел од редовните активности за заштита на јавното здравје и подобрување на хигиенските услови. Од локалната самоуправа информираат дека мерките се преземаат со цел превенција од појава и ширење на штетници, намалување на ризиците по здравјето на граѓаните и обезбедување почиста и побезбедна животна средина. — реклама — ...
Полициски службеници од СВР Штип привеле 25-годишен скопјанец откако било утврдено дека управувал автомобил без воопшто да има положено возачки испит. Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 11 јуни околу 13:00 часот на улицата „Брегалничка“ во Штип, при редовна сообраќајна контрола било запрено патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ќ.И. (25) од Скопје. — реклама — При проверката, полициските ...
Дваесет и осумгодишен жител на Кичево бил лишен од слобода откако полициска контрола утврдила дека управувал мопед без воопшто да се стекне со право на управување. Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 11 јуни во 20:50 часот, на магистрален пат во Кичево, полициски службеници сопреле мопед со кичевски регистарски ознаки. При контролата било утврдено дека мопедот го управувал М.Н. (28) од Кичево, без претходно да има ...
Здравствената состојба на осудениот поранешен командант на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ, и натаму е сериозно нарушена, тврди неговиот син Дарко Младиќ, кој изјави дека неговиот татко е сè послаб и сè потешко комуницира. „Сè е послаб и сè потешко зборува. Таму не може да добие соодветна нега. Понекогаш има подобри денови, понекогаш полоши, но генерално неговата состојба се влошува“, изјави Дарко Младиќ за РТРС. — реклама — Тој ...
И покрај дипломатските напори за намалување на тензиите меѓу Вашингтон и Техеран, Иранската револуционерна гарда (IRGC) повторно упати остра закана до Соединетите Американски Држави, порачувајќи дека е подготвена веднаш да одговори на секоја закана или, како што наведува, „погрешна проценка на непријателот“. Во соопштение објавено по последните воени случувања во регионот, IRGC истакна дека е „целосно подготвена да даде одлучен, моментален и ...
Полициски службеници од СВР Битола привеле 44-годишен жител на градот, откако при контрола кај него била пронајдена и одземена марихуана. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 11 јуни околу 22:50 часот на улицата „Филип Втори Македонски“ во Битола, од слобода бил лишен П.П. (44) од Битола. — реклама — При извршениот преглед, кај него била пронајдена и одземена марихуана, по што бил приведен во полициска станица. Од ...
Полициски службеници од СВР Битола привеле 35-годишен жител на градот, откако бил пријавен дека физички ја нападнал својата сопруга и ѝ нанел повреди. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 11 јуни од слобода бил лишен И.П. (35) од Битола, постапувајќи по претходна пријава за семејно насилство. — реклама — Според пријавеното, тој физички ја нападнал својата 34-годишна сопруга, при што таа се здобила со повреди. Осомничениот ...
Случај на семејно насилство е регистриран во Тетово, откако 78-годишен маж бил приведен под сомнение дека физички ја нападнал својата сопруга и ѝ нанел телесни повреди. Од СВР Тетово информираат дека на 11 јуни, во 16:00 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Ш.А. (78) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека истиот ден, околу 09:00 часот, во семејниот дом физички ја нападнал својата 74-годишна сопруга. — реклама — Жената ...
Полициски службеници од СВР Тетово привеле 27-годишен жител на тетовското село Мала Речица, откако при претрес во неговиот дом била пронајдена дрога. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 11 јуни припадници на Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го лишиле од слобода М.К. (27) од Мала Речица. — реклама — При претресот во неговиот дом и помошните простории, извршен врз основа на судска ...
Израелската армија соопшти дека во текот на изминатата седмица извршила повеќе од 300 воздушни напади врз позиции на Хезболах во јужен Либан, во рамките на засилените воени операции што се одвиваат паралелно со пошироките тензии на Блискиот Исток. Според Израелските одбранбени сили (ИДФ), биле погодени околу 310 цели поврзани со шиитската милитантна група, а во нападите биле убиени приближно 80 нејзини припадници. — реклама — Од израелската ...
Само неколку дена по оптимистичките најави за можен договор меѓу Вашингтон и Техеран, безбедносната состојба во Ормускиот теснец повторно се влошува, откако американски медиуми објавија дека Иран во текот на ноќта лансирал беспилотни летала кон трговски бродови што пловеле низ стратешкиот поморски премин. Според „Фокс њуз“, американските сили пресретнале и собориле два ирански дрона-самоубијци. Висок претставник на американскиот одбранбен ...
Силно невреме вечерва зафати делови од Скопје, проследено со интензивни електрични празнења, грмежи и силен ветер. — реклама — View this post on Instagram Граѓани од повеќе населби пријавуваат дека невремето било проследено со чести молњи и засилени налети на ветер, кои на моменти довеле и до прекини во електричната енергија. Засега нема информации за евентуални штети. — реклама — Силно невреме вечерва зафати делови од Скопје, проследено со ...