Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски, е уапсен, а во тек се претреси на повеќе локации. Ова следи по кривична пријава што Финансиската полиција ја поднесе во 2020 година против 11 физички и 14 правни лица, осомничени за злоупотреби во ФФМ со кои била предизвикана штета од околу 2,4 милиони евра. „Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и ...
Бројот на умрените лица во 2025 година е 20 287 лица, што претставува зголемување од 0.4 % во однос на 2024 година. Поголем број умрени лица, т.е. 10 498 се од машки пол наспроти 9 789 жени. Умрени доенчиња се 62, а нивното учество е 0.3 % на 100 умрени лица, покажуваат податоците за морталитетот на Државниот завод за статистика. Според месецот на смртта, најголем број случаи, 2 002 се регистрирани во јануари, а најмалку 1 506 во април. ...
На 17.06.2026 околу 19:47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот од Градско кон Скопје се движи патничко возило „мерцедес“ кое било со регистарски таблички од друго возило. Возилото не застанало на знак за запирање и на клучка Миладиновци се вратило назад и продолжило по земјен пат во с.Блаце, општина Петровец, каде што удрило во дрво, по што возачот го напуштил местото. По пребарување на теренот, возилото било пронајдено и во ...
Апелацискиот суд-Штип ја укина пресудата казна доживотен затвор за штипјанецот Стојанче Зарков, кој лани со нож ја убил сопствената мајка. На Зарков повторно ќе му се суди во Основниот суд-Штип, потврдија за МИА од Апелацискиот суд-Штип. Посочуваат дека Зарков, кој почнал да ја издржува казната затвор во Затвор, сега по оваа одлука повторно ќе се врати во притворски оддел. Инаку во февруари годинава на Зарков му беше изречена казна доживотен ...
Иако овие две години се вратени 4,6 милијарди евра стари долгови, државата, сепак, проектира економски развој, буџетот се полни со предвидената динамика, а долгот е намален како процент од БДП. Воедно, се справивме и со најголемата енергетска криза во поновата историја - вели премиерот Христијан Мицкоски. Во интервју за „Каде се парите“, Мицкоски нагласи дека Владата успешно се справи со најголемата енергетска криза во поновата историја на ...
Приемот за учениците кои освоиле награди на меѓународни натпревари, меѓу кои и Дамјан Давков кој освои златен медал на Европската математичка олимпијада, ќе биде организиран по завршување на тековните олимпијади, на гала прием во Вила „Водно“ заедно со претседателката на државата – како и што заслужуваат овие деца кои се гордост и иднина на нашата држава, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска. Одговарајќи на пратенички ...
Безживотното тело на 75-годишна македонска државјанка било извлечено од морскиот дел во Неа Каликратија на Халкидики, со возило на брза помош жената била пренесена во здравствен центар, каде што била констатирана смрт, Од Крајбрежната служба на Грција соопштија дека во попладневните часови вчера, крајбрежната управа на Неа Муданија била информирана дека „75-годишна странска државјанка (државјанка на Република Северна Македонија) била ...
Овластени службени лица од Управата за финансиска полиција во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР), по наредби на судија на претходна постапка и под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), денеска извршија претреси на домови, деловни простории и лица на повеќе локации во Скопје. Како што соопштија од Управата за финансиска полиција, акцијата е резултат на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го потпиша Меморандумот за разбирање со Иран во Версајскиот дворец. Потпишувањето на привремениот договор за прекин на непријателствата се случи за време на самитот на Г7 во Франција. Меморандумот вклучува итен прекин на војната на сите фронтови, вклучувајќи го и Либан, целосно продолжување на поморскиот сообраќај во Ормутскиот теснец, укинување на блокадата на иранските пристаништа од страна на ...
Густ чад и пламени јазици рано утринава се издигнаа над југоисточниот московски реон Капотња, пренесуваат агенциите изјави на очевидци. Првично не беше познато што е причината за пожарот. Во тој дел на руската престолнина се наоѓа Московската нафтена рафинерија. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопшти дека во текот на ноќта руската противвоздушна одбрана соборила повеќе од 30 беспилотни летала упатени кон градот. Подоцна тој ...
Украинскиот министер за одбрана, Михајло Федоров, изјави дека Киев има зацртано цел преку напади со беспилотни летала врз руските линии за снабдување целосно да го изолира анектираниот полуостров Крим. „Изгледа дека наскоро Крим ќе се претвори во остров“, рече Федоров во интервју за јутјуб-каналот „Пресинг“. Според него, нападите врз транспортните и логистичките правци отвориле „прозорец на можности“ за Украина. „За Русите започнува пекол со ...
Претседателите на САД и Иран, Доналд Трамп и Масуд Пезешкијан, го потпишаа договорот за прекин на војната на Блискиот Исток, со кој Исламската Република се согласи да го разреди својот збогатен ураниум во замена за значително олеснување на економските санкции. Трамп го потпиша Меморандумот за разбирање за време на свечена вечера во дворецот Версај, по завршувањето на самитот на Групата Г-7, во присуство на францускиот претседател Емануел ...
Густ чад и пламени јазици рано утринава се издигнаа над југоисточниот московски реон Капотња, пренесуваат агенциите изјави на очевидци. Првично не беше познато што е причината за пожарот. Во тој дел на руската престолнина се наоѓа Московската нафтена рафинерија. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопшти дека во текот на ноќта руската противвоздушна одбрана соборила повеќе од 30 беспилотни летала упатени кон градот. Подоцна тој ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во седиштето на НАТО во Брисел учествува на состаноци на Северноатлантскиот совет на ниво министри за одбрана, на кои во фокус се колективната одбрана, инвестициите во одбранбените капацитети и подготовките за претстојниот Самит на Алијансата. На состаноците, како што е најавено, ќе стане збор за зацврстување на одбранбените способности на НАТО преку континуирано вложување во одбраната, развој ...
Економската сигурност, повеќегодишниот финансиски план на Европската Унија, одбраната, актуелната состојба на Блискиот Исток и процесот на приклучување на нови земји кон Унијата спаѓаат меѓу најважните теми на дискусија во рамките на Европскиот совет, кој денес и утре ќе одржи состанок во Брисел. Особено внимание на средбите ќе биде посветено на безбедноста на источните граници на ЕУ, како реакција на сѐ почестите инциденти со упади на руски ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го објави службениот текст на Меморандумот за разбирање помеѓу САД и Иран, кој е прв чекор кон мир на Блискиот Исток. За време на викендот Вашингтон и Техеран постигнаа рамковен договор за завршување на војната, што почна на 28 февруари со американско-израелскиот напад врз Иран. И двете страни тоа го прогласија за сопствена победа и упатија предупредувања во случај да не се ...
Унгарската опозициска партија „Фидес“ ја оцени како „сериозна грешка“ намерата на Владата на премиерот Петер Маѓар постепено да ги укине регулираните цени на горивата. Параментарната група на „Фидес“ преку соопштение посочува дека во услови на меѓународна несигурност нема гаранции дека цените на нафтата повторно нема нагло да пораснат, поради што сметаат дека постојниот ценовен плафон треба да остане во сила. Од „Фидес“ ја обвинија Владата ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, го поздрави „неутралниот“ став на кинескиот и на рускиот лидер, Шји Џјинпинг и Владимир Путин во текот на конфликтот со Иран, оценувајќи дека не ги попречиле напорите на Вашингтон за ограничување на нуклеарните амбиции на Техеран. Зборувајќи на прес-конференција за време на Самитот на групата Г-7 во Евиан, Трамп изрази благодарност кон двете земји за, како што рече, нивното воздржување од вмешување во ...
Англија ја победи Хрватска со 4:2 (полувреме 2:2) синоќа во својот прв натпревар од групната фаза на Светското фудбалско првенство 2026 година. Натпреварот се одржа на стадионот „AT&T“ во Арлингтон, САД. Хари Кејн постигна два гола за Англија. Тој реализираше пенал во вториот обид во 12. минута. Џуд Белингам и Маркус Рашфорд исто така постигнаа голови за Англија. Мартин Батурина и Петар Муса беа стрелци за Хрватска во натпреварот. ...
Жена судија ќе го суди натпреварот Чешка – Јужна Африка. Тори Пенсо е назначена за главен судија на натпреварот од Светското првенство 2026 година помеѓу Чешка и Јужна Африка. Триесет и деветгодишната Американка ќе стане втората жена што ќе суди на натпревар од Светското првенство за мажи. Натпреварот ќе се игра денес (18 јуни) во Атланта со почеток во 18 часот по македонско време. Стефани Фрапар од Франција стана првата жена судија на еден ...
Поранешниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ го критикуваше капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо, за грешка во 68. минута од натпреварот на Светското првенство во 2026 година против ДР Конго (1:1). Португалскиот напаѓач не му ја остави топката на својот соиграч туку се одлучи на тежок удар кој заврши крај стативата. – Обично, како напаѓач, се движите од една статива на друга за да привлечете дефанзивец со себе и да создадете ...
Вишиот суд во Белград донесе втора првостепена пресуда за родителите на Коста К., кој на 3 мај 2023 година во основното училиште „Владислав Рибникар“ уби девет ученици и еден чувар. Таткото, Владимир Кецмановиќ, е осуден на 14 години и шест месеци затвор поради занемарување и злоупотреба на малолетно лице, како и за тешко кривично дело против јавната безбедност. Неговата сопруга, Миљана Кецмановиќ, доби затворска казна од две години и 11 ...
Собранието денеска ќе одржи седница на чиј дневен ред се повеќе законски предлози, извештаи и одлуки. Пратениците ќе дискутираат за Извештајот за работата на Комисијата за хартии од вредност за 2025 година, финансиските извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2025 година, ревидирани од овластен ревизор, како и Извештајот за реализација на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2025 ...
Во Владата денеска ќе биде претставен нов национален проект „Прекинување на циклусот на насилство - системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“. Целта на проектот е да развие системски и одржлив механизам за рано препознавање, превенција и соодветно постапување при семејно насилство врз деца, преку поврзување на образовниот систем, институциите и семејствата во заедничка мрежа за заштита и поддршка. ...
Најмногу врнежи во изминатите 24 часа до 8 часот се измерени во Гевгелија 17 литри на метар квадратен, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Според податоците на УХМР, 14 литри на метар квадратен се измерени во Демир Капија, 6 во Берово, додека по 3 литри на метар квадратен се регистрирани во Попова Шапка, Маврови Анови и Крушево. Два литра на метар квадратен се измерени во Тополчани, а по еден литар во Радовиш Пожар, Прилеп, ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер до 40 километри на час од северен правец, особено во источните делови од државата. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а ...
Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во синоќешното обраќање од градскиот стадион во Струмица, по повод 36-тиот роденден на партијата одржан под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, порача дека Македонија мора да забрза, да се движи напред со самодоверба, со јасна насока и со вера во сопствените можности, бидејќи граѓаните на оваа држава, Македонија, тоа го заслужуваат, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го ...
Поминавме безмалку две години. Покажавме дека со скромни ресурси можеме да направиме многу. Во овој краток период направивме Македонија да биде во топ пет во Европа според растот на БДП, како процент од истиот. Постигнавме историски рекорд, над 1,255 милијарди евра странски директни инвестиции. Работиме на шест нови автопати, зголемивме пензии, градиме студентски домови, за студентите обезбедивме електронски уреди. Сето она коешто ...
Обвинителството во Милано денеска соопшти дека италијанската полиција запленила „значајни“ докази при претресот на домот на еден од четворицата Италијанци, против кои се води истрага за учество во „Сараево сафари“. Помеѓу запленетите докази има фотографија од осомничениот, 65-годишен маж кој живее во областа Александрија, со техничка опрема и придушувач. Претресот е спроведен врз основа на сведочењата на неговата поранешна сопруга и ...
Македонските екипи од Конференциската лига на УЕФА Силекс и Шкендија, ако ја минат првата пречка познати им се ривалите по денешното извлекување на двојките за следната рунда. Победникот на Купот Силекс, ако го мине Динамо Минск од Белорусија (гостинскиот натпревар ќе се игра во Бугарија) ќе треба да патува и да игра против Нефтчи од Азербејџан. Шкендија Тетово ако ја потврди фаворитската улога против Европа од Гибралтар, следен противник ќе ...