Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, откри дека размислува за повлекување од активната политика по повеќе од две децении поминати на политичката сцена. Во интервју за РТВ21, Ахмети зборуваше за својата иднина, но и за состојбите во партијата, при што призна дека по 25 години активна политичка кариера сè почесто размислува за пензионирање. „Искрено, јас лично размислувам за тоа, бидејќи зад мене се 25 години ...
Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), во августовскиот рок за државна матура се пријавени 1 328 ученици, за стручна матура 126 и шест ученици за уметничка матура Утре и на 14 август ќе биде полагањето на екстерните испити од матурата за оние кандидати што во јуни вооппшто не ги положиле или не во целост. Утре ќе се полага тестот по изборниот екстерен испит – математика или англиски јазик. За другите странски јазици – германски, ...
Сириски суд денеска го осуди поранешниот претседател Башар ал-Асад на смрт во отсуство, откако го прогласи за виновен за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени за време на граѓанската војна, јави „Асошиејтед прес“. Братучед на Асад по мајчина линија, Атеф Наџиб, исто така беше осуден на смрт на истиот судски процес. Судот го смета за одговорен за репресијата во јужната покраина Дара што му претходеше на востанието и ...
Најмалку 164 лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што ја погоди централна Колумбија, додека спасувачките екипи и денеска продолжуваат со потрагата по преживеани под урнатините. Земјотресот што вчера рано изутрината ја потресе областа позната по производството на кафе, предизвика големи разурнувања во повеќе градови, меѓу кои Кали и Переира, а сериозно е оштетен и историскиот центар на Манизалес, каде што се урна еден ...
Градските власти на Приштина го отстранија големиот транспарент „Слободна Украина“, закачен на зграда во центарот на градиот од 2022 година, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети Белград и го потврди непризнавањето на независноста на Косово од страна на Украина. Градоначалникот Прпарим Рама за симнувањето на транспаретот изјави дека солидарноста продолжува, но „ниту една кауза не може да се гради врз понижувањето на ...
Топлотниот бран што ја зафати земјава продолжува и денеска со температури до 40 степени. Според синоптичарите, сончево и многу топло ќе биде и утре, а од четврток се очекува мало освежување и пад на температурата за неколку степени. Здравствените власти препорачуваат граѓаните да се заштитат од топлото време, да не се излегува без потреба од 11 до 17 часот, да се носи лесна и светла облека и да се консумираат лесна храна и повеќе течности. ...
Августовскиот рок за екстерните испити од матурата за кандидатите кои во јуни не ја положија или не во целост ќе биде спроведен утре и на 14 август, со почеток во 9 часот. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), во август за државна матура се пријавени 1 328 ученици, за стручна матура 126 и шест ученици за уметничка матура. Утре (12 август) е тестот по изборниот екстерен испит – математика или англиски јазик. За другите странски ...
На 10.08.2026 во 20:40 часот на ул.„11 Октомври“ на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода двајца малолетници на Скопје на возраст од 15 и 13 години поради основано сомнение дека извршиле кривично дело „разбојништво“ во обид по член 237 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Според пријавеното, тие околу 20:00 часот на бул.„Кочо Рацин“ физички нападнале 14-годишен малолетник од Скопје и се ...
Унгарскиот Парламент денеска ќе гласа за нов претседател на државата, откако владејачката партија „Тиса“ на премиерот Петер Маѓар за функцијата го предложи поранешниот претседател на Врховниот суд, Андраш Бака. „Убедени сме дека искуството на Андраш Бака и професионалната независност што ја покажуваше во текот на целата кариера претставуваат значајна предност во моментот кога заеднички се подготвуваме да ги поставиме темелите на новиот ...
Девизните резерви на крајот на јули годинава изнесувале 5.011 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 74,4 милиони евра, објави Народната банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (71,1%), по што следуваат монетарното злато (15,6%) и валутите и депозитите (13,2%). Девизните резерви на крајот на јули годинава изнесувале 5.011 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат ...
Светот е загрозен од „дигитална железна завеса“, – шефот на Сименс И покрај глобализацијата на дигиталните технологии, првенствено вештачката интелигенција, како и размената на искуства меѓу компаниите, геополитичката поделба меѓу Кина и САД ја интензивира заканата од формирање „дигитална железна завеса“, наведува шефот на Сименс, Роланд Буш, пренесува „Фајненшл тајмс“ Според изданието, технолошкиот јаз меѓу САД и Кина го менува глобалниот ...
Еминентните македонски уметници , виолинистот Владимир Костов и чембалистката Цветанка Созовска вечерва ќе изведат барокна музика во рамки на фестивалскиот репертоар на 66. „Охридско лето“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Цветанка Созовска е родена во 1975 година во Скопје. Започнува да учи пијано на 7-годишна возраст и основното и средното музичко образование ги завршува во класата на проф. Кармен ...
ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува ветувањата пред граѓаните. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги реализира ветувањата и работи во интерес на сите граѓани. За две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари.ВМРО-ДПМНЕ во предизборието ветуваше дека ќе обезбеди линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари. Ветено, реализирано. И наместо 5000 денари Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ испорача повеќе, за секој пензионер ...
Продолжените рокови за стекнување сопствени нуклеарни подморници го поттикнуваат раководството на Австралија да размисли за развој на беспилотна, поморска опрема. Австралиските власти веќе издвоија над 1 милијарда долари за автономни подводни возила „Гоуст шарк“ (Ghost Shark), кои се произведуваат заедно со американскиот „Андурил“ (Anduril). Иако официјална Канбера веројатно нема да застане тука, со оглед на растот на трошоците за одбрана, ...
MINYА Film i Animacija е независна хрватска продукциска куќа специјализирана за производство на висококвалитетна анимирана содржина, филмови и телевизиска програма. Основана од страна на креативната продуцентка Миљана Драгичевиќ, која има долгогодишно искуство во областа на анимацијата и меѓународните копродукции. Таа се јавува како копродуцент на македонскиот анимиран филм „Лефти и Рајти си најдоа дом“. Серијалот сликовници „Лефти и Еајти“ ...
Зборот е збор – за скоро од денес започнуваме со асфалтирање на булеварот „Борис Трајковски“. По три децении празни ветувања, за само нешто повеќе од три месеци ги решивме проблемите што ја кочеа изградбата на булеварот „Борис Трајковски“ и секојдневно создаваа вистинска голгота за повеќе од 100.000 граѓани, информираше скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница. – Денес трасата е целосно ослободена, изградена е нова ...
Публиката на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер имаше ретка можност да ужива во богатата колористична и лирска звучност на харфата врз која совршено владееше младата но виртуозна руско-американска уметница Алиса Садикова. Садикова е редок пример на талентиран харфист, а нејзиниот уметнички раст е видлив уште од раната возраст кога дебитирала на светската музичка сцена. Тоа го потврдија и присутните на синоќешниот концерт кои уживаа во ...
Бабец Театарот од Битола одбележа 16 години постоење со два настани: “Чествување на заветот” по повод 100 години од смртта на Крсте Петков Мисирков во НУ Народен Театар Битола и во НУ Центар за култура, беше изведена премиерата на детската претстава “Мајка (magna mater)” авторски проект на Марјан Георгиевски во продукција на Бабец театар. Пред речиси 8.000 години, на македонска почва, во неолитска куќа во Тумба Маџари, покрај огништето — ...
Владата го објави спотот со кој има намера да ја одбележи 35-годишнината од независноста на државата. Но, наместо овој јубилеј да ги претставува сите граѓани и заедничкиот пат на државата, Владата избра да прикаже исклучиво македонска верзија на нејзината историја, се наведува во соопштението од ДУИ. Спотот е само на македонски јазик. Уметниците се Македонци. Албанците практично не постојат во приказната што Владата ја подготвила за 35-те ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа потпиша извршна уредба со која се предвидува намалување на бројот вакцини препорачани за деца, ограничувајќи ја програмата за вакцинација на 11 вакцини. Со уредбата, исто така, се препорачува комбинираната вакцина против мали сипаници, заушки и рубеола (ММР) да се подели на три одделни вакцини, што би се примале одвоено. „Мојата администрација од овој момент ги признава препораките на златниот ...
Денес најгласно за состојбата во Македонија зборуваат токму оние политички структури кои со години ја имаа можноста да ја водат државата и да ги решаваат проблемите за кои денес самите држат лекции. СДСМ и ДУИ беа дел од власта во клучни периоди од поновата историја, а денес, наместо со сопственото политичко наследство, се обидуваат да се занимаваат со ЗНАМ. Токму на ова лицемерие во политиката се осврна претседателот на Движење ЗНАМ, Максим ...
Лос Анџелес клиперс го објавија потпишувањето на центарот Џамарион Шарп и плејмејкерот Јуки Кавамура. Шарп, кој претходно играше за Далас, потпиша двонасочен договор, додека Кавамура потпиша едногодишен договор со минимална плата и може да настапува и за тим од развојната лига. Јапонскиот играч ја помина минатата сезона во Чикаго. Според податоците од лигата, Шарп е висок 226 см, а Кавамура е висок нешто повеќе од 170 см, што ги прави ...
Русија извршила нови напади со балистички ракети врз Киев и други поголеми украински градови, соопштија украински претставници. Во нападите во Запорожје загинале најмалку пет лица, а 20 се повредени. Началникот на регионалната воена управа, Иван Федоров, рано утринава на „Телеграм“ објави дека во Запорожје биле погодени индустриски објекти и инфраструктура. Во Киев, според првичните информации, едно лице е повредено. Градоначалникот Виталиј ...
– Регионална средба на превозниците од регионов ќе се одржи денеска во Скопје за изнаоѓање решение за проблемот со којшто се соочуваат превозниците од Западен Балкан во однос на престојот во Шенген зоната. Ваква средба првпат се одржува во земјава, а на неа е најавено учество на раководствата на превозниците од Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. – Проблемот се уште не е решен. Средбата се одржува за да ја утврдиме агендата ...
Концертот на српската пејачка Јелена Карлеуша, кој беше закажан за 15 август во клубот „Хасиенда“ во Водице, е откажан, потврдија организаторите. По повод откажувањето, српските медиуми ја контактирале Карлеуша, која не го криеше разочарувањето, но ниту својот став за целата ситуација. „Како некој што доаѓа од земја во која сите се добредојдени, без оглед на расната или националната припадност, тажна сум што ми е оневозможено да се дружам со ...
Екипата на Трабзон потпиша двегодишен договор со Мохамед Салах, а според информациите од турските медиуми постои голема веројатност клубот да донесе уште едно засилување поранешен член на Ливерпул. Репрезентативецот на Египет, Мохамед Салах беше пречекан од 25.000 симпатизери. Според информациите Трабзон е во преговори со репрезентативецот на Уругвај, Дарвин Нуњез. Тој уште е член на Ал-Хилал. Двата клуба договориле Нуњез за турскиот клуб да ...
Само што седнав вчера да го касапам Венкота Филипче, за неговата непристојна и политички суицидна реакција на спотот за јубилејот 35 години независност на Македонија – реакција во која октроираниот лидер од Кланот Дубаи се обиде да се убеди самиот себеси и уште неколкумина од својата потесна околина на Бихаќка, дека спотот наводно потврдил дека само СДСМ бил државотворна партија – ме претрка Богдан Илиевски, со еден извонреден пост што го ...
Претседателот на Движење ЗНАМ – за Наша Македонија, Максим Димитриевски изјави дека партијата ќе положи сметка пред граѓаните и најави дека на средината на септември ќе го објават извештајот за работата на нивните функционери. -Некаде средина на септември до почетокот на октомври ќе објавиме комплетен извештај за работењето на сите наши партиски функционери во сите сегменти, во сите министерства, директорати и буквално секаде каде што ...
Првите 30 електрични автобуси се очекуваат да стигнат во државава во декември или во јануари, а набавката на вкупно 150 се очекува да заврши за година и половина. Била поднесена една жалба која денеска е отфрлена од Второстепената комисија за жалби по јавни набавки, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. -Заврши и процесот на жалби, имаше една жалба поднесена, денеска беше отфрлена од Второстепената комисија, така ...
Вицепремиерот Николоски беше прашан дали премиерот во рамки на екскурзијата во Белгија ќе има и политички средби и разговори поврзани со блокираните евроинтеграции, Николоски, рече дека „од она што го знам, се работи за приватна посета“. -Сите имаме право на одмор, секако и премиерот има право на одмор… Секој си го бира своето место. Мислам дека, да бидам директен, е безобразно ова што го прави опозицијата. Да не му се дозволи на човек 5-6 ...