Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска беше најавено, но се одложи судењето за случајот со кучето Феликс, кое на 7 јануари почина откако му беа ненесени тешки повреди од двајца соизвршители. Истовремено пред судот граѓани излегоа на протест и побараа правда за Феликс, но и поголеми казни за мачење и убивање животни. „Неговата смрт нема да дозволиме да се заборави, премолчи, помине неказнето. Се мачеше 52 дена и умре, затоа што беше мирно ...

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) најостро ги осудуваат јавните објави на поранешниот уредник на една национална телевизија, Драган Павловиќ Латас, кој, како што велат, во изминатите денови преку приватна страница на социјалната мрежа Фејсбук таргетира новинари од неколку медиуми, злоупотребувајќи приватни фотографии од нивните профили и користејќи ги во своите ...

Претседателот на Република Српска Милорад Додик е прогласен за виновен пред Судот на Босна и Херцеговина (БиХ) под обвинение за непочитување на одлуките на Високиот претставник во БиХ. Од обвинението е ослободен Милош Лукиќ, в.д директорот на Службениот весник на Република Српска, пренесува Данас. Судот го осуди Додик на една година затвор. Истовремено му е изречена мерка – забрана за политичко дејствување во период од шест години. „Значи, нема ...

Опцијата за верификација на телефонскиот број во системот „Мој Термин“ е во насока на подобрување на достапноста на здравствените услуги на пациентите, соопштија денеска од Министерството за здравство. Оттаму појаснија дека оваа мерка има за цел да обезбеди пациентите навремено да добиваат известувања за закажани термини и други здравствени услуги, со што, како што велат, се намалуваат пропуштените прегледи и се оптимизира функционирањето на ...

Естонија стана првата земја во светот која покрена иницијатива за интегрирање чет-ботови и други алатки за вештачка интелигенција специјализирани за образование во националниот образовен систем, објавија естонската влада, „OpenAI“ и „Antropik“, пренесува Н1. Од 1 септември, односно од почетокот на новата учебна година, 20.000 средношколци од десетто и единаесетто одделение и нивните 3.000 наставници ќе имаат бесплатен пристап до „ChatGPT Edu“, ...

Од утрово, во системот „Мој Tермин“ функционира новина која бара верификација на пациентите што се обраќаат за помош, а која налути некои од матичните лекари. Имено, кога пациент ќе дојде во ординација, лекарот мора да го отвори/внесе неговиот број на картон во компјутер, но за да се потврди идентитетот на пациентот, тој добива код за верификација по смс порака, кој потоа го кажува на лекарот за да го внесе, пишува новинската агенција Мета. ...

Македонија останува делумно слободна земја, според новиот извештај на „Фридом хаус“ „Слободата во светот 2025“. Резултатот на земјава е ист како и минатата година, односно изнесува 67 од вкупно 100 поени. Поконкретно, Македонија има 28 од 40 поени во категоријата политички права, односно 39 од 60 поени во категоријата граѓански слободи. „Македонија е парламентарна република. Земјата продолжува да се бори со корупцијата, и додека медиумите и ...

Денеска започнува традиционалниот Струмички карневал. Програмата ќе започне од 18 часот со свечено отворање на карневалските денови со симболично предавање на клучот од градот на карневалистите од страна на градоначалникот. Карневалската програма која ќе трае до среда (5 март) вклучува бројни концерти, изложби, маскенбали и слично, а главната интернационална карневалска поворка е предвидена да започне во 18:30 часот во сабота (1 март). ...

Википедија на македонски јазик вчера надмина 150.000 статии. Изданието на глобалната интернет енциклопедија на македонски јазик започна во септември 2003 година и брои над 121 илјада регистрирани корисници. „Википедија на македонски јазик во изминатите две децении постојано расте, станувајќи еден од главните извори на информации на македонски јазик. Од своите почетоци во септември 2003 година, со само неколку статии, денес оваа платформа нуди ...

Се приклучуваме кон протестот за кучето Феликс, кое беше крвнички претепано и убиено во Момин Поток. Протестот ќе се одржи утре, 26 февруари (среда), пред Кривичниот суд во 10 часот, кога ќе се одлучува за неговата казна, велат од граѓанската иницијатива Зелен Хуман Град, откако претходно „Анима Мунди“ повика на протест. Според ЗХГ, неказнивоста на ваквите дела, кои се бројни и секојдневни, раѓа ново насилство. „Да се погрижиме овој случај да ...

Пред Кривичниот суд во Скопје утре (среда, 26 февруари) од 09:30 часот е закажан протест под името „За Феликс. За животните. За правна држава. За правда“, инициран од „Анима Мунди“. „На 26.02.2025 година е закажано првото рочиште по кривичната пријава која ја поднесовме против лицето кое ѕверски, со умисла, употреба на најголема сила и 10 удари со метална шипка по глава во заграден простор и без можност да се избави и спаси, удираше несреќно ...

Со извршената ревизија утврдени се слабости во спроведувањето на инспекцискиот надзор во студентските домови и воспитно-образовните установи, што резултира со недоволна контрола врз процесите на прием, сместување и евидентирање на студентите, како и со намалена ефикасност во оценувањето на квалитетот на образовните институции. Недостигот на редовни и вонредни инспекции, кадровските слабости и отсуство на имплементација на препораките од ...

Дали Македонија станува земја на празни клупи и напуштени домови? Колку млади ќе останат во земјата до следниот попис? Ова се прашањата што ги отвора најновото 56. издание на „Лице в лице“, кое го става фокусот на најгорливите проблеми со кои се соочува младата генерација. Соочени со економска несигурност, недостаток на можности и систем што не им дава глас, младите сѐ повеќе ја гледаат својата иднина надвор од границите на земјата. „Новиот број ...

Во средното училиште „Браќа Миладиновци“ во Скопје е пуштена во употреба нова сензорна соба која ќе им овозможи поинклузивен тек на образовниот процес на средношколците со попреченост од скопските училишта, соопштија од Град Скопје. Досега, оттаму велат дека опремиле сензорни соби во повеќе градски средни училишта, а проектот велат дека продолжува да се реализира во сите 23 средни училишта на Град Скопје со цел креирање инклузивна средина за ...

Малите, средните и големите трговци кои вршат дејност трговија на мало, согласно со Националната класификација на дејностите, се должни на своите веб страници да ја објават, одделно за секој свој продажен објект, тековната продажна, односно единичната цена во моментот на објавување на секоја стока што ја нудат за продажба. Ова го предвидуваат измените на Законот за заштита на потрошувачите кои денеска беа донесени во Собранието. Ажурирањето на ...

Во Кинотеката на Македонија на 1 март од 20 часот ќе биде прикажан „Враќање во иднината“ на Роберт Земекис, објавен во 1985-та. Оваа, 2025-та се навршуваат точно 40 години од премиерата на еден од најобожуваните научнофантастични филмови, кој ја дефинираше поп-културата и инспирираше генерации. Два денови потоа, на 3 март од 20 часот, во Кинотека ќе биде прикажан и „Враќање во иднината 2“. Следниот ден, 4 март во истиот термин од 20 часот ќе има ...

Повеќе од 500 деца и млади од над 10 градови низ Македонија вчера се собраа во Свети Николе за да го прослават Светскиот ден на извидниците – денот кога низ целиот свет се одбележува извидничкото движење, неговите вредности и мисија. „Под мотото ‘Биди подготвен!’, извидниците во Македонија повеќе од 7 децении се симбол на младинска активност, другарство, лидерство и позитивни промени во заедницата. Овој голем собир е доказ за силата на ...

За килограм сезонска свежа зелка или за килограм сезонско овошје, портокал, од 60 до 90 денари. Ова беа дел од цените на денот кога стапи на сила владината одлука за замрзнати маржи, пишува Порталб.мк. Што се случува со цените на земјоделските производи? Во јануари годинава индексот на трошоците за земјоделско производство се зголемил за 5,9 % додека индексот на крајниот производ предаден за откуп или доработка пораснал за повеќе од 20%. Што ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска на прес-конференција го означи почетокот на реконструкцијата на Воената болница „8 Септември“ во вредност од 12 милиони евра и изградба на нова административна зграда со проширување на просторот за патници во вредност од 2.7 милиони евра на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. Проектот за реконструкција и адаптација на болницата опфаќа реконструкција на хируршкиот дел, седум ...

Советниците во Нови Сад го избраа Жарко Миќин за нов градоначалник, додека пред градското Собрание траат протести и судири со полицијата. Миќин е советник од листата на владејачката партија, пренесе Ал Џазира Балканс. Опозицијата се спротивстави на изборот на Миќин, наведувајќи дека актуелната власт го изгубила легитимитетот и нема морално право да избира градоначалник и градски совет. Тие ги повикаа граѓаните на протест пред градското Собрание ...

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2024 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), ја направи првата селекција, избирајќи 20 од 43-те пристигнати наслови на годинашниот конкурс. Комисијата ...

На 1 март со почеток во 20 часот во Националната опера и балет ќе се изведе една од најпознатите и најпопуларни опери во историјата – „Кармен“ од Жорж Бизе. Диригент ќе биде гостинот од Италија, Џанлука Мартинeнги, режијата и сценографијата се на Нина Најденова и Елена Иванова од Бугарија, костимографијата е на Марија Пупучевска, концерт- мајстор е Јане Бакевски, а хор-мајстор: Јасмина Ѓорѓеска. „Заводливата, Кармен е симбол на независност и ...

Бранко Прља Во време кога вештачката интелигенција (ВИ) ги поместува границите на можното, американската Канцеларија за авторски права зазема цврст став: човечката креативност останува во срцето на авторското право. Вториот дел од долгоочекуваниот извештај за авторските права и вештачката интелигенција, објавен на 29 јануари 2025 година, содржи значајни заклучоци кои ќе влијаат врз иднината на креативните индустрии. „Нашите заклучоци се темелат ...

„Во текот на последниот викенд од овој месец, според бројките од полициските сообраќајни контроли на ниво на целата држава, се чини дека како по некое непишано правило за учесниците во сообраќајот значи своевидно опуштање во поглед на почитувањето на сообраќајните правила и прописи“, велат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Па така, во рамки на извршените сообраќајни прегледи на 21, 22 и 23 февруари, од 2.228 издадени платни налози ...

Групата „Next to Silence“ на 27 февруари од 21 часот ќе одржи концерт во клубот „Котур“. „Овој концерт ќе биде ретка прилика да се слушне групата во живо, а на кого ќе бидат изведени повеќе композиции од нивните албуми“, се вели во најавата. „Next to Silence“ е македонски џез состав кој функционира повеќе години и сочинет е од членови кои долго соработуваат со разни музички формации. Групата фаворизира специфичен џез израз кој не се вклопува во ...

Tимот на српскиот портал за сатира Njuz.net ќе гостува во Скопје на 22 март. Во Центар – Јадро во 20:30 часот, тие ќе бидат дел од првото издание на „Анекта Евентс“. „Ова е ретка можност во живо да се чујат авторите кои веќе 15 години преку сатира го отсликуваат балканското секојдневие“, соопштуваат од „Анекта“. Во Скопје доаѓаат Јелисавета Милетиќ, Марко Дражиќ, Виктор Марковиќ и Ненад Милосављевиќ, автори и сценаристи на Njuz.net, како и дел ...

Домот на културата „11 Октомври“, лоциран во паркот во Ченто, моментално се реконструира, а по обновата е планирано да се простира на 1.000 метри квадратни, да има три нивоа, да биде енергетски ефикасен и целосно инклузивен со лифт и тоалети за лица со атипичен развој, со капацитет за 180 гледачи. „Повеќе од четири децении ова место беше најцрната точка во општина Гази Баба во кое се вршеа и девијантни појави, а за помалку од 18 месеци од денес ...

Софистицирана опрема за тестирање и верификација на броилата, која поради неажурност во претходните години останала неискористена, треба да биде ставена во функција и на располагање на граѓаните, бара Министерството за енергетика. „Станува збор за машина – Трофазен систем за мерење на електрична енергија и моќност, која повеќе од 7 години седи неупотребена во подрумските простории на Бирото за метрологија. Со ставањето во употреба на оваа ...

Со последните две измени на постоечкиот Закон за инспекциски надзор, во декември 2024 година и во јануари 2025 година, Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) како и останатите 14 државни инспекторати продолжуваат да функционираат како органи во состав на матичните министерства, објави агенцијата Мета.мк. Така, ДИЖС продолжува да работи како дел од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), соопштија од ова ...

Иницијативата За почиста Македонија на 1 март организира нова „Акција во природата“, овој пат за чистење на Марков Манастир, со почеток во 11 часот. „Иде пролет. За цветната сезона да не ја дочекаме во ѓубре, редно е да посветиме малку љубов кон природата. Марков Манастир е прекрасно и популарно излетничко место кое за жал е често посетувано од несовесни граѓани кои го користат како лична депонија“, велат од За почиста Македонија. Од таму ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-4ᴼ / -4ᴼ
0.51
100%
1030
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
89%
1027
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1026
weather icon

Софија

-4ᴼ / -4ᴼ
2.06
93%
1030
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.59
91%
1028
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 6ᴼ
1.06
96%
1025
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
1.34
91%
1028
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
87%
1027
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
1.03
85%
1026
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.79
95%
1028
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
0.0
100%
1028
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Родиум

258813.51

Бакар

10.93

Злато

139298.91

Кобалт

58.42

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Калај

43.15

Сребро

2105.58

Алуминиум

2.92

Паладиум

53788.20

Цинк

3.04

Платина

62683.26