
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Здружението „Зелен институт“, во партнерство со здружението „Изгрејсонце“, спроведува проект „Граѓаните против корупцијата во животната средина“, за кој велат дека ќе придонесе за подобро управување со животната средина, овозможувајќи им на граѓаните да посочуваат и отвораат случаи на корупција во областите за злоупотреба на урбано зеленило, загадување на воздухот, опасни рудници, управување со отпад и поставување фотоволтаици на плодно ...
Оркестарот на Македонската филхармонија во четврток, со почеток во 20 часот ќе одржи концерт насловен „Меѓу срцето и умот“ на кој како солистка ќе настапи виолинистката Алена Баева од Луксембург. Диригент е маестро Емил Табаков од Бугарија, а на програмата е Концертот за виолина и оркестар бр.2 од Сергеј Прокофјев и Симфонијата бр.8 од Дмитри Шостакович. Како што информираат од Филхармонија, маестро Емил Табаков се смета за еден од најзначајните ...
Кинотеката на Македонија со дигиталната реставрација на филмот „Мис Стон“ по четврти пат ќе биде дел од европскиот проект „Сезона на класични филмови“ кој е во организација на Европската асоцијација на кинотеки (ACE – Association des Cinémathèques Européennes). Како што информираат од Кинотека, по успешните дигитализации на филмовите „Мирно лето“ (1961), „Фросина“(1952), „Мементо“(1967) и реставрираните етнолошки филмови на Вера Кличкова – ...
Изложбата на слики „Уметничко (по)стоење“ од уметницата Јулијана Гешоска ќе биде отворена утре, 17 декември, со почеток од 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. „Гешоска е уметница со долга и плодна кариера и надвор од границите на Македонија. Таа се има претставено во над 30 групни изложби надвор од границите на Република Македонија (Франција, Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Турција, Бугарија и др.) и била учесник на ...
Еколошката организација „О2 Иницијатива“ испрати барање до советниците и градоначалничката на Град Скопје за носење на серија на одлуки кои ќе ги вклучат сите извори на аерозагадувањето. „Доставивме барање до сите советници во Советот на Град Скопје и градоначалничката на град Скопје, г-ѓа Данела Арсовска, за поинаков пристап во решавање на проблемот со аерозагадувањето и носење на серија одлуки кои ќе ги вклучат сите субјекти кои го креираат ...
На првиот „Urban legendS festival“ кој ќе се одржи на 21 декември, сабота, со почеток во 20 часот во „Лабораториум“, ќе настапи хип хоп триото „Bad copy“, а диџеј сетови ќе пуштаат диџеј Гоце САФ и диџеј Страјк. „Главни ѕвезди на вечерта се ‘Bad copy’ (Ајзек, Скај Виклер и Тимбе), легендарните мајстори на балканската хип хоп сцена. А, специјални гости на вечерта се основоположниците на македонската хип хоп сцена диџеј Гоце САФ и диџеј Страјк“, ...
Од денеска почнува кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“ која опфаќа над 800 прехранбени производи со намалени цени од најмалку 10 проценти, соопшти утрово Владата. Во новогодишната потрошувачка кошничка листа, како што наведуваат, спаѓаат леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни ...
Регионалната телевизија Канал ВИС Струмица која што функционираше 33 години се затвори, а вработените завршија во Агенцијата за вработување, јавува порталот „Сакам да кажам“. Овој медиум веќе неколку дена не зрачи сигнал, со што Струмица остана без единствената телевизија која што информираше за локални и регионални случувања, а емитуваше и програма со неколку авторски емисии. Канал ВИС беше еден од најстарите телевизиски медиуми во земјава. ...
Во чест и сеќавање на поетот Игор Исаковски, човекот што ја означи генерацијата современи македонски писатели и го креираше ритамот и духот на времето во кое твореше, утре (понеделник) ќе се одржи поетско читање наречено „Ти пишувам од сржта на тишината“. Настанот ќе почне во 17 часот во „Лабораториум“. „На десетгодишнината од неговото физичко заминување, се собираме за да го славиме поетот и неговите стихови. Животот е краток, но уметноста е ...
Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој ќе трае од 15 декември до 15 јануари 2025 година. Право на учество имаат романите кои за првпат се објавени на македонски јазик во 2024 година. Kандидатите се обврзани да достават по пет примероци од романот кои не се враќаат, во читалницата „Славко Јаневски“ во Скопје (ул. ...
Аерозагадување во Кочани Кочанци, во одредени денови и периоди во месецот дишат воздух со полни гради, го нема повеќе темниот облак што доаѓаше од депонијата кај селото Бели и надвиснуваше над нивните домови, но за да има чист воздух, мораше да се случи граѓанскиот отпор и 18 дневни барикади кон депонијата, која е оддалечена 3,5 километри од градот. Над 5.000 граѓани и екоактивисти, деноноќно, од 28 октомври годинава не дозволуваа возилата на ...
Чарлс Купчан Синан Улген Падот на власта на Башар ал Асад отвори можност за политичка и економска обнова на оваа клучна арапска држава. Сепак, ако се осврнеме на тоа какви биле претходните напори за стабилизирање на пост-конфликтните општества на Блискиот Исток, ќе забележиме дека тие изобилуваат со неуспеси, а следниве неколку месеци најверојатно ќе ја одредат политичката траекторија на Сирија. Брзиот пад на сирискиот претседател Башар ал Асад ...
„Обредите, традициите и начинот на славење отсекогаш биле дел од нашата културна и лична приказна. Тие не само што ги поврзуваат генерациите, туку претставуваат и форма на ескапизам – моментална пауза од секојдневието и бегство во светот каде што симболиката, редот и заедничкото ја надминуваат индивидуалната реалност. Ескапизмот е универзална човечка желба да се оддалечи од барањата на реалноста и да се најде прибежиште во имагинацијата, ...
На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, граѓанско општество, политика и животна средина… Образованието не е главен приоритет на државата, студентите треба солидарно да го креваат стандардот На студентите во Македонија им треба субвенциониран превоз, удобно легло, бесплатно образование, дигитализација, како и студентски сервис кој ќе ги поврзува со флексибилна работа. За ова да се случи, Законот за високо ...
Започна Националното дебатно првенство во организација на Младинскиот образовен форум (МОФ). Ова е 155-от дебатен турнир во рамки на 25-годишното постоење на организацијата, а се одржува до недела (15 декември). Тезата на ова првенство е „Овој дом би приоритизирал интегрирање на бегалците во заедниците кои ги примаат, наместо нивно враќање во татковината“. Актуелноста на самата теза, како што велат од МОФ ќе предизвика спротивставување на ...
Кои се предизвиците во високото образование поврзани со користењето на ВИ алатки, потребата од воспоставување баланс помеѓу иновацијата и академскиот интегритет, како и важноста од меѓусекторска соработка во креирањето на политиките за вештачка интелигенција. Oва беа темите во рамки на настанот „Етичка употреба на вештачката интелигенција: Кој ја има контролата – луѓето или алгоритмите?“, во организација на германската Фондација за слобода ...
Руските власти ги блокираа услугите на апликацијата Вибер поради наводно прекршување на законот, соопшти во петокот рускиот телекомуникациски регулатор Роскомнадзор, јавува Радио Слободна Европа. Регулаторот рече дека апликацијата, во сопственост на јапонската мултинационална компанија Ракутен, се користела за терористички и екстремистички цели, за продажба на дрога и ширење дезинформации. Обвинителите го истражуваа Вибер за ширење „информации ...
Парламентот на Јужна Кореја денеска гласаше за отповикување и недоверба на претседателот Јун Сук Јеол, со што се суспендира од службените должности поради неговиот за воведување вонредна состојба минатата недела, јавува Радио Слободна Европа. Од 300 пратеници, дури 204 гласаа за импичмент на претседателот, при што 85 пратеници гласаа против, тројца беа воздржани, а четири гласа беа неважечки. Тоа значи дека Јун веднаш ќе биде суспендиран од ...
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) потсети дека до крајот на годината на работниците треба да им се исплати регрес за годишен одмор, односно популарно наречен К-15, што е регулирано со Општиот колективен договор за јавниот сектор и со Општиот колективен договор за приватниот сектор. Како репрезентативен синдикат во јавниот сектор, од ССМ посочија дека минатата година го потпишале Општиот колективен договор за јавен сектор со кој по ...
Вечерва со почеток во 21:30 часот во „Лабораториум“ ќе се одржи концерт на психоделичниот рок бенд „The Local Blue“. Влезот е слободен. „’The Local Blue’ e музичка група од Скопје, во која членуваат четворица млади, но и добро познати музичари во се’ побогатата алтернативна сцена на овие простори. Тричленото јадро на бендот го сочинуваат Кристијан Савиќ, Панде Ефтимов и Кристијан Новковски, во чиј трио формат зад себе ги оставија албумите ...
Современите центри за отпад сѐ уште се само на хартија Проценките на националниот план за управување со отпадот покажуваат дека во Македонија има над 2 илјади диви и 54 нестандардни депонии, кои не ги исполнуваат условите за санитарна работа и ги загадуваат водите, почвата и здравјето на луѓето. Загадувач на животната средина е и единствената стандардна комунална депонија „Дрисла“ во Скопје. Надлежните очекуваат дека проблемот со депониите ќе се ...
Занаетчискиот дом во Куманово викендов ќе биде домаќин на фестивалот „Самоиницијатива“, кој ќе понуди културна детоксикација преку низа настани со свирки и саем на независни издавачи. Најпрво, како загревање за официјалниот дел, вечерва е најавен концертот на Џипси Рафина, панк-рок трубадур, родум од Италија кој талка по светот во последните 20 години, свирејќи илјадници концерти низ Европа, Јужна Америка и САД, често свирејќи на места каде што ...
Да се забрани увоз на користени возила постари од десет години и под „ЕУРО 5“ стандард и да се ограничи увозот на нови возила со минимален „ЕУРО 6“ стандард, е барањето на десет граѓански еколошки организации кое го адресираа и го предадоа до Владата и премиерот Христијан Мицкоски, пишува Новинската агенција Мета. Екологистите денеска, на прес конференција пред зградата на Владата, го повторија барањето и посочија дека активностите кои ги ...
Јапонското студио „Team Atsobi“ беше во фокусот на синоќешните награди „The Game Awards“, откако нивната „Astro Bot“, ексклузивката за „Play Station“ – освои четири награди, вклучувајќи и видео игра на годината. Оваа 3Д платформска игра со истоимениот робот Astro Bot што се одвива низ шест галаксии и 60 планети, ги „собра“ наградите и во категориите за најдобра режија, најдобрата семејна игра и најдобрата акциона/авантуристичка игра. По неа, ...
Викендов (14 и 15 декември) во киното Фросина во Младинскиот културен центар ќе се изведат интерактивни еко-магионичарски претстави за деца на Кристиан Шопов, познат како Magic Kiko. Претставите и во двата дена ќе се одржуваат во 13:00, 17:00 и 19:00 часот. „Ова уникатно шоу ги воведува најмладите во светот на магијата, притоа учејќи ги за важноста на рециклирањето и заштитата на животната средина. Преку интерактивни трикови и едукативни ...
Осмото издание на хардкор фестивалот „Востание“ ќе се одржи вечерва во Младинскиот културен центар (МКЦ) со почеток во 18:30 часот. На фестивалот ќе настапат шест бендови. Еден од нив се металкор бендот „Malevolence“ од Шефилд, Англија кои се еден од најактуелните бендови на моменталната хардкор/метал сцена. Нивниот последен албум „Malicious Intent“ ги однесе на турнеи со „Mastodon“, „Lamb of God“ и „Trivium“, како и на некои од најголемите ...
Распространетоста на интернетот и сеприсутноста на социјалните мрежи и дигиталните канали за комуникација, целосно го променија начинот на кој се поврзуваме со другите луѓе, разменуваме информации, учиме и имаме пристап до огромен број содржини. Тоа придонесе да се појават и развијат голем број нови ризици и опасности, меѓу кои една од најприсутните е онлајн родово-базираното насилство. Овој тип насилство, кој опфаќа демнење, вознемирување, ...
Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС-УКИМ) денеска упати писмо за поддршка до колегите во Србија кои блокираат повеќе од 40 факултети. Блокадите започнаа на крајот на ноември, по нападот врз студентите на Факултетот за драмски уметности кои оддава почит во траење од 15 минути за 15-те жртви при падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад. Студентите, меѓудругото, бараат да се ...
На студентите во Македонија им треба субвенциониран превоз, удобно легло, бесплатно образование, дигитализација, како и студентски сервис кој ќе ги поврзува со флексибилна работа. За ова да се случи, Законот за високо образование и Законот за архивско работење треба да третрпат промени. Студентите треба здружено и солидарно да ги издејствуваат и креираат промените, затоа што образованието не е високо меѓу приоритетите на државата. Исто така, ...
Центарот за истражување на национализмот и културата ЦИНИК, Скопје овој викенд организира два настани по повод одбележувањето на јубилејот од формирањето на масовната женска организација Антифашистички фронт на жените (АФЖ) во Македонија (14-15.12.1944). Утре, сабота (14 декември) со почеток во 19 часот во Музејот на Македонија ќе се одржи промоција на втор зборник научни текстови чиј главен истражувачки фокус е првото женско списание, ...