Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
„Македонија повторно е завиена во црно. Уништени и во грч седиме пред екраните во исчекување на нова поголема бројка, во исчекување на нова поголема тага. 59 млади лица не го видеа денешниот ден. Дупло повеќе се во болници и тешко повредени. Ние, како и децата во дискотеката, сме повторно беспомошни и оставени сами на себе. Во овие траорни денови, Македонија треба да биде заедно. Треба да си бидеме рамо за плачење и треба да си дадеме еден на ...
„Нема да има толку крв ако се’ е по закон! Бараме одговорност!“. Под овој транспарент, стотици граѓани на Кочани денеска маршираа низ градот барајќи правда и одговорност за вчерашната трагедија во која загинаа 59 луѓе. Протестот започна во 13 часот во Градскиот парк каде граѓани оддаваа почит на загинатите. Потоа, тој продолжи кон зградата на општината, каде граѓаните фрлаа со јајца. Маршот продолжи кон центарот на градот каде беше демолирано ...
Министерството за здравство ја отвори телефонската линија 078 378 754 за психолошка поддршка на пациентите. „Министерството за здравство информира дека во координација со ЈЗУ Психијатриска болница и Клиниката за психијатрија се формираат мобилни тимови составени од психијатри и психолози, кои ќе обезбедуваат психолошка поддршка за семејствата и пациентите. За сите кои имаат потреба од советување или помош, достапна е телефонската линија 078 378 ...
Во Градскиот парк во Кочани за денеска од 13 часот е најавен протест по вчерашната трагедија. Во објава на Фејсбук страницата Кочани (Гласот на Кочани) се наведува дека на социјалните мрежи кружат најави за протестот. „Овој протест е израз на длабока болка и револт за загубените животи, но и за состојбата во која се наоѓаме како општество. Не можеме да ги вратиме нашите мили сограѓани, но сме должни да се бориме во нивна чест и за нив да го ...
Градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов преку социјалната мрежа Фејсбук соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, по вчерашната трагедија во која загинаа 59 луѓе, а беа повредени 155 лица. „Во овие најтешки мигови за нашата земја и за мене лично, сакам да соопштам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на Кочани. Оваа загуба е огромна! Не постојат зборови што можат да ја опишат болката што ја ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) изразуваат длабоко жалење до семејствата на жртвите и до настраданите во трагичниот пожар што се случи во Кочани. „Со оглед на сериозноста и сензитивноста на случајот, апелираме до сите новинари и медиуми доследно да ги почитуваат етичките принципи од Кодексот на новинарите и другите професионални стандарди, притоа внимавајќи на почитување на ...
За десет лица за кои денеска се обезбедени докази во врска со трагедијата која се случи во дискотеката во Кочани се бара притвор, а над дваесет се повикани на информативни разговори во полициски станици, информираше вечерва Јавниот обвинител Љупчо Коцевски. Меѓу нив е и еден од организаторите кој денеска на обвинителите им кажал дека за вчерашниот концерт на групата ДНК нема писмен договор со изведувачите, пренесе новинската агенција Мета. ...
Владата донесе одлука за прогласување на седумдневна жалост на територијата на целата држава по трагедијата во Кочани во која загинаа 59 луѓе. „На денешната вонредна владина седница по трагичниот настан во Општина Кочани каде во несреќен случај при пожар на дискотека животот го загубија 59 млади лица, а над 100 луѓе се хоспитализирани и им се укажува лекарска грижа, Владата донесе одлука за прогласување на 7 дневна жалост на територија на целата ...
Повеќе од 20 малолетни лица се повредени, а три се починати, соопшти на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Како што изјави министерот, во дискотеката имало околу 500 лица, односно биле продадени околу 250 карти. „Имињата на починатите, по завршувањето ќе бидат доставени доставени до семејствата. Поголемиот дел се идентификувани. Сите тела се извадени од лице место. Во критична состојба имаме 22 лица и дел од овие ...
Црвен крст на Македонија информираше дека со сите свои расположливи капацитети, во соработка со државните институции, дава придонес во обезбедување на потребната поддршка за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани, каде починаа најмалку 51 лице, а над 100 се повредени пренесени низ болниците во Штип, Кочани и Скопје. „Нашата Организација ги стави во функција сите механизми за хуманитарна помош за повредените и семејствата на ...
Бројот на загинати во трагедијата во Кочани се искачи на 59. Од загинатите, идентификувани се 35 луѓе, од кои 31 се од Кочани и 4 од Штип, соопшти попладнево на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Бројот на повредени се искачи на 155. „Уште еднаш сакам да изразам искрено сочувство до семејствата на починатите во оваа ужасна трагедија, во која животот го загуби и еден полициски службеник од полициска станица ...
Илјадници граѓани од сите делови на Србија денеска се собраа во Белград на повик на студентите за да учествуваат на протестен собир, поттикнат од трагедијата во Нови Сад кога се урна настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 луѓе, а двајца беа повредени. Многу улици во градот се блокирани поради големиот број луѓе, па граѓаните и студентите наоѓаат алтернативни начини да се приклучат на протестот. Колони демонстранти ...
Во Белград денеска се одржа масовен протест, поттикнат од трагедијата во Нови Сад на 1 ноември минатата година. Граѓаните кои учествуваа на протест полека почнаа да заминуваат од плоштадот Славија откако беше објавено дека студентите го сметаат протестот за завршен, пренесе Ал Џазира Балканс. Централниот собир беше кај Народното собрание во 16 часот, но собирот се прошири и на плоштадот Славија каде студентите одржаа говори. View this post on ...
Животот го загубија 51 лице, а повеќе од 100 се хоспитализирани низ болниците во Штип, Кочани и Скопје, откако во раните утрински часови пожар ја зафати дискотеката „Пулс“ во Кочани, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР) Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи изјави дека полицијата ги утврдува околностите за одговорност. Тој изрази сочувство до блиските на загинатите. Околу трагичниот случај што се случи за време на ...
Семејствата на повредените деца од пожарот во дискотеката во Кочани, кои се на лекување во Скопје, ќе можат да се сместат во капацитетите на училиштето „Партенија Зографски“ и студенскиот дом „Томе Стефановски Сениќ“ во скопската општина Гази Баба, пренесува агенцијата Мета.мк. Од таму денеска информираа дека сите граѓани кои имаат потреба од престој и храна можат да се обратат кај Игор Петрески, претставник на „Партенија Зографски“ на бројот ...
Формиран е тим од пет јавни обвинители, со тоа што двајца јавни обвинители се од ОЈО Скопје, еден јавен обвинител од ОЈО Штип и двајца јавни обвинители од ОЈО Кочани, соопшти државниот обвинител Љупчо Коцевски на прес-конференција. Тој посочи дека тимот има раководител и дека дел од обвинители се на терен, а другиот дел издаваат наредби за одредени процесни дејства. „Во текот на денот ќе се врши увид и ќе се преземаат сите дејствија околу ...
Во моментов, 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, каде што им се пружа неопходна медицинска помош, соопштија од Министерството за здравство. „Веднаш по несреќата, здравствениот систем беше целосно мобилизиран, а сите болнички капацитети се ставени во функција за да се обезбеди најдобра можна грижа за повредените“, велат оттаму. Во Клиничката болница во Штип се хоспитализирани 45 пациенти, во Општата ...
Досега има 118 луѓе згрижени низ болниците во државата, односно во Кочани, Штип и Скопје, изјави министерот за здравство Арбен Таравари на прес-конференција по трагедијата во Кочани. Тој посочи дека нема пациент што не е тријажиран и хоспитализиран низ болниците во државата. „Сите наши капацитети се ставени во функција и се надевам ќе дадеме максимум од себе за да спасиме што повеќе животи на децата на кои што им се случила трагедијата“, рече ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) изрази длабоко жалење во врска со трагедијата во дискотека во Кочани. Бидејќи станува збор за трагедија од големи размери во која има и човечки жртви, Агенцијата ги повикува медиумите да бидат особено внимателни во известувањето со цел да се почитува достоинството на жртвите и да не се предизвикува дополнителна болка на нивните семејства. „Од овие причини, информациите коишто ќе бидат ...
Галеријата „Пионери“ на 20 март во 19 часот ја најавува самостојната изложба на Индиа Мулен. „Индиа Мулен е мултидисциплинарна уметница од Ирска. Изминатава деценија таа работи во театар, телевизија и филм, појавувајќи се како актерка во низа проекти признати од критиката. На јавноста ѝ е особено позната по улогата во ТВ-серијата ‘Нормални луѓе’. Во последниве години Мулен се занимава и со филмска продукција и визуелна уметност“, соопштуваат од ...
Фестивалот за свежа, домашна и независна музика „Земјотрес“ го сподели краткиот филм за Мирко Попов, еден од главните иницијатори и организатори на овој настан. Филмот беше проектиран на овогодинешното издание на фестивалот и ја пренесува пасијата на Мирко за музиката, диџејството, неговиот бенд, независната сцена… Воопшто зборува и за важноста на македонското творештво, но и за младите како движечка сила. View this post on Instagram A post ...
Микробиолошки, водите од Охридското Езеро се класифицираат како „одлични”, освен во месец јули и декември лани, кога водата се класифицира како „незадоволителна” заради зголемен број на ентерококус. Најголем број примероци површинска вода од Охридското езеро се класифицираат во III класа заради зголемен најверојатен број на колиформни бактерии, како и во IV-V класа во месец јануари, август и септември. Ова е наведено во последниот извештај за ...
Галеријата „Пионери“ ја најавува самостојната изложба на Индиа Мулен која ќе се одржи на 20 март, со почеток во 19 часот. Мулен е мултидисциплинарна уметница од Ирска, а изминатава деценија таа работи во театар, телевизија и филм, појавувајќи се како актерка во низа проекти признати од критиката. „На јавноста ѝ е особено позната по улогата во прочуената ТВ-серија ‘Нормални луѓе’. Во последниве години Мулен се занимава и со филмска продукција и ...
Бордот на европски студенти по технологија (БЕСТ) – Скопје го најавува дваесеттото издание на Саем за вработување и кариера „Job Fair 2025“, кој ќе се одржува од 24 до 27 март. Од БЕСТ велат дека „Job Fair“ е настан кој ги поврзува студентите и компаниите на едно место. Овогодишното издание ќе се одвива со физичко присуство на техничко-технолошкиот кампус (ФИНКИ, ФЕИТ, МФС, ТМФ), каде секоја од партнер компаниите ќе може да се запознае со ...
Македонија веќе не е празен простор на светските мапи за планинарски патеки! Четири секции од Македонската бесконечна трансверзала се веќе комплетно вметнати на Open Street Map, а со тоа и на сите популарни мапи и апликации кои се базирани на овие мапи, информираат дечките од Sammiana – Македонска бесконечна трансверзала. Тие посочуваат дека се работи за повеќе од 700 километри патеки заедно со дополнителни важни точки од интерес, како извори на ...
Српската полиција ја запрела новинарската екипа на „Слободна Далмација“ на граница, ги тргнала настрана и им ги одзела документите, а откако утврдила дека се новинари, им забранила влез во Србија, јавува Н1. Како што се наведува, новинарите од Сплит добиле документ во кој се објаснува дека тие претставуваат безбедносен ризик. „Слободна Далмација“ пишува дека неофицијално дознаваат оти влез во Србија им бил забранет и на други новинарски екипи од ...
На Специјаните олимписки зимски игри „Торино 2025“, нашите специјални олимпијци годинава ја претставуваат Македонија во три дисциплини, а од Италија веќе стигнуваат вести за нивни успеси. „Со грациозност, емоција и нејзината љубов кон танцот, Илина Георгиева го освои второто место во категоријата спортски танци на Зимската специјална олимпијада ‘Торино 2025’! Со незапирлива енергија Стефан Трпковски настапи во категоријата спортски танци и го ...
Она што го почна Општина Карпош и беше критикувано како изолиран случај на регресивно однесување, за жал, почнаа да го копираат и другите скопски општини Општина Центар – Горан Герасимовски и Општина Кисела Вода – Орце Ѓорѓиевски. Во време кога е повеќе од евидентно дека треба да се намали употребата од персонални автомобили, пред сѐ од урбанистички и сообраќаен аспект, но и од еколошки и безбедносен, општинските татковци почнаа да ги ...
Романот „Светот што го избрав“ на писателката Калина Малеска во издание на „Или-или“ е овогодишниот добитник на наградата Роман на годината која ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“. Наградата „Роман на годината“ се доделува по 26. пат, а во најтесниот избор за наградата годинава влегоа трите романи „Простување“ од Кица Колбе, „Светот што го избрав“ од Калина Малеска и „И ѕирка и проѕирка“ од Огнена Никуљски. На годинашниот конкурс, што се ...
Саемот на независни издавачи „ФИЈУК Саем“ утре (сабота, 15 март) од 14 часот ќе се одржува во Студентскиот културен центар (СКЦ во Домот „Кузман Јосифовски – Питу“) во Скопје. „Внимание, внимание скопска публико!Прво ФИЈУК Саем, па потоа п(р)олет. Домаќински го разголуваме првиот Фијук во Скопје за оваа година. Озбилен крем де ла крем. Кој до која, мој до моја, кој која ако не свој своја. Графики, фотографии, колажи, книги, фанзини, цртежи, ...