
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



750.4 милиони евра предвиде Европската Унија за Македонија. Овие средства се дел од Реформската агенда во рамки на Планот за раст на Западен Балкан за периодот од 2024 до 2027 година, кој има цел да го забрза социо-економското приближување на регионот со ЕУ и да го отвори патот кон членство во Унијата. Средствата ќе бидат условени со реализација на конкретни чекори. Македонија ќе добие 250 милиони евра како грант или неповратни средства за ...
Второто издание на „Skopje Space Jam“, серија концерти во планетариумот на Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи вечерва (сабота, 16 ноември). Настапуваат „Соба“ (Ема Ананиевска и Ива Дамјановски) од 20 часот, Јоана од 21 часот и Иш и Јас од 22 часот. „Дојдете пред да заврши одбројувањето, ставете ги телефоните на spaceship mode, ние ќе донесеме кислород и џемчиња“, се вели во најавата. Проектот „Соба“ на Ема и Ива (пијано и теремин) е ...
Јана Атанасовска која има 18 години ќе ја претставува Македонија на ФИС Светскиот скијачки куп во Леви, Финска. Јана ќе го претстави знамето на Македонија во дисциплината слалом, на денешната трка (16.11, сабота) со почеток во 11:00 часот. „Овој настап претставува огромен успех и достигнување не само за Јана, туку и за македонскиот спорт, поставувајќи нови стандарди и инспирација за идните генерации. Јана Атанасовска, која со својата ...
Радио-телевизија Војводина соопшти дека од објективна одговорност го отпуштила од работа досегашниот директор на одделот „Техника и технологија“, пренесува „Н1“. Како што се наведува во соопштението, имало прекин во емитувањето на програмата вчера (петок, 15 ноември) во периодот од 12:51 до 13:03 на првата и втората програма на РТВ. „Надлежните во РТВ дополнително во детали ќе ги истражуваат причините кои довеле до прекин на програмата, така што ...
„Секогаш Последни“ е нова претстава на „Скоро Театар“ која премиерно се одигра во понеделник (18 ноември) во Домот за култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода, Скопје. „Во оваа претстава, Виктор и Жарко се играат себе си, како актери кои одат до Прага да прават пост апокалиптична, дистописка претстава. Прага ко Прага, полна со пиво и забави, малку ги заведува овие порочни актери и ги носи во една сосема поинаква насока, па од егзистенцијална ...
Албумот „Transformer“ на Лу Рид, издаден во ноември 1972 година, е културолошки и музички маркер кој ја редефинираше рок сцената на 1970-тите. Создаден во соработка со Дејвид Боуви, кој беше и продуцент и неговиот соработник гитаристот Мик Ронсон, „Transformer“ прерасна во албум што го обликува имиџот и звукот на рок-андерграунд сцената и ја црпи својата сила од нескротливите, општествено контроверзни теми. Рид, познат по својата авторска улога ...
„Последиците од депонијата и од отровот можат да се забележат во секое годишно време, особено во есен и пролет, кога дува силен ветер, носејќи арсен и по главните улици каде проаѓаат жителите. Присуството на арсен, се познава и по силната миризба на водата за пиење. Честопати сме ја праќале на анализи кои покажале дека е опасна за здравјето. Загрозени се и прехрамбените производи од поседите“. Абедин Исмаили од општина Липково, е еден од ...
„Приказни од плакарот“ се вика уметничката инсталација на улицата „Македонија“, поставена од група млади кои сакаат да упатат на предизвиците со кои ЛГБТИК+ заедницата живее во државава. „Во овој плакар можете да влезете и да прочитате лични анонимни приказни од речиси 30 ЛГБТИК+ лица. Ова се приказни за нивните стравови, за криењето, за психолошкото и физичко насилство кое го трпеле и го трпат во семејните и социјални средини, но и приказни за ...
Во Нови Сад денеска се одржа акцијата „Застани, Нови Сад“ во која од 11:52 до 12:06 часот, опозицијата и граѓаните одбележаа 14 дена од смртта на 14-те луѓе кои загинаа во несреќата на железничката станица во Нови Сад. Во акцијата учествуваа и претставници на опозицијата во Белград со развивање на црно платно пред Собранието на Србија и со блокирање на сообраќајот, јавува Н1. Како што пренесува „021“, во Нови Сад, граѓаните учествуваа во ...
По повод вчерашниот, Светски ден на дијабетисот (14 ноември), генерален директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејсус напиша на социјалната мрежа X дека повеќе од 800 милиони луѓе во светот живеат со дијабетес, пренесува Ал Џазира Балканс. „Повеќе од 800 милиони луѓе во светот живеат со дијабетес. Сепак, не секој има пристап до пристапен третман и нега што им е потребна“, изјави Гебрејесус. Over 800 million people ...
Издаден на 8 ноември 1974 година, „Sheer Heart Attack“ е трет студиски албум на британскиот рок бенд „Квин“ (Queen). Овој албум претставува значаен чекор во еволуцијата на бендот и на некој начин го укинува традиционалното поимање за рок-музиката, комбинирајќи различни жанрови и иновативни звуци, кои станаа обележје на „Квин“. Музички стил и звук „Sheer Heart Attack“ е одлична комбинација на хард рок, прогресивен рок и глaм-рок, со интензивни ...
Младите Винсент Вилчник и Емануела Ковачевска Китановска го креираа концептот „Камера Опскура“ (Camera Obscura) кој ги истражува македонските уметници. Винсент доаѓа од Словенија, а во моментов е докторантка на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Емануела е студентка на Институтот за психологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Првиот серијал на „Камера опскура“ е посветен на македонските ...
Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) упати отворено писмо до министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, затоа што смета дека предложениот буџет за филм за 2025 година не е доволен за елементарно да се покријат потребите на македонската кинематографија. Од ДФРМ најпрво велат дека веста за назначувањето на министерот за култура тие и сите нивни колеги филмаџии ја примиле со голема радост. „Радоста, зачинета со надеж, доаѓаше ...
Учениците и наставниците од СОУ Гимназија „Јосип Броз-Тито“ од Битола, во просториите на училиштето имаа обука за тоа како да постапат во случај на земјотрес. Експертите од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) одржаа предавање со симулација на евакуација во случај на земјотрес, со цел средношколците да научат како да се заштитат себеси во првите моменти во случај на земјотрес. Иако, теоретски за земјотресите ...
Со претставата „Хинкеман“, во режија на Тамара Стојаноска на независниот театар „Златен Елец“, вечерва во 20.00 во МКЦ се отвора 49 – то издание на меѓународниот театарски фестивал Млад отворен театар – МОТ. „Наградата „БИШ“ што ја добивме минатата година на 48.МОТ за претставата „Кенди“ нѝ отвори нови професионални шанси, гостувања на фестивали надвор од државата, запознавање со врвни театарски уметници и секако можност за работење на нова ...
Наградата „Денес“ за млад визуелен уметник до 35 години во Македонија ќе се додели по 18. пат на изложбата на тројцата финалисти Марко Гутиќ Мижимаков, Јован Јосифовски и Ивана Самандова на 19 ноември, вторник, со почеток во 20 часот во националната галерија „Мала станица“. Додека претставувањето на тројцата финалисти и разговор со жири-комисијата ќе се одржи во 12 часот, а вечерта во рамки на изложбата ќе бидат доделени и наградите. „Наградата ...
Град Скопје ги додели наградите „13 Ноември“ за придонес во развојот, севкупниот напредок и афирмација на градот, по повод одбележување на 80. годишнината од денот на ослободувањето на Скопје. Добитник на наградата „13 Ноември“ од областа на науката е проф. д-р Драги Митревски за, како што велат, посебен придонес во истражувачката научна и едукативна дејност поврзанa со Скопје, како и со меѓународна афирмација и популаризација на културното и ...
Направени се измените на Концепцијата за основно образование, на чија потреба во изминатиот период упатуваше стручната и пошироката јавност, а особено наставниците од основните училишта, информираат од Министерството за образование и наука (МОН). Согласно доставените сугестии за време на периодот во кој Концепцијата беше ставена на јавна дискусија, Бирото за развој на образованието интервенираше и ја подготви новата унапредена содржина. ...
Еден од омилените миленијалски состави од регионот, „nemanja“, во петок (15 ноември), ја продолжува својата балканска турнеја во скопското Кафе и кино „Котур“. Станува збор за бенд составен во Пула, Хрватска чиј звук е психо-грув, под влијание на фолклорниот жанр Кумбија од Колумбија, инспирирн од афро-колумбиската, турската, југоисточно азиската музика. На концертот ќе биде претставена новата постава на бендот, како и трилогијата од албуми – ...
Четвртата самостојна изложба на Јован Јосифовски, „Box office poison“, ќе биде отворена и затворена вечерва, 14 ноември, со почеток во 20 часот во културно социјалниот простор Центар – Јадро. Taa ќе биде проследена со промоција на уметничката книга „Never North, Never Fair: The Prespa Disagreement“, издадена од Центар – Јадро, како и со проекција на краткиот експериментален филм „Метастазата на Вергина“. „Надоврзувајќи се на моето истражување од ...
Книжевна средба со шпанскиот автор Франсеск Миралјес ќе се случи во петок, 15 ноември, со почеток од 19 часот во едукативниот културен центар „Лабораториум“. „Миралјес е еден од најчитаните странски автори кај нас, но и во светот. Неговите дела ‘Икигаи’, ‘Намасте’ и ‘Ичиго-ичие’ се продадени во неколку милиони примероци низ целиот свет. Читателите ќе имаат можност да се сретнат со човекот кој истражувајќи за своите книги, истражи многу за себеси ...
Британскиот весник Гардијан соопшти дека повеќе нема да објавува содржини на Х поради „вознемирувачка содржина“ на „токсичната медиумска платформа“, која вклучува расизам и теории на заговор, пренесува Ал Џазира Балканс. Гардијан на својата веб-страница вчера објави дека веќе некое време ја разгледувал одлуката да престане да објавува на социјалната мрежа, но изборите во САД помогнале во одлуката. „Кампањата за претседателските избори во САД ...
На 18 ноември (понеделник), во Офицерскиот дом во Битола со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложбата „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска Бакревска. Како што инфромираат организаторите, изложбата претставува серија уникатни лумен-принтови и алтернативна фотографска техника. „Ова дело не е само израз на уметничката пракса, туку и форма на активизам-глас против незаинтересираноста на заедницата за заштита на ...
Овој четврток во рубриката #НизТвојотОбјектив ја имаме Дина Јовевска, студентка на Архитектонскиот Факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и нејзиниот серијал фотографии насловен „Гласна тишина“. „Фотографиите од оваа серија имаат за цел да ја доловат доминантната тишина во напуштените простори. Овие фотографии се направени во запуштениот хотел Палас во Охрид. Најгласните простори се оние каде човековиот глас има исчезнато, каде ...
Со настанот „Песна за неговата песна“, Културно информативниот центар – Скопје ќе ја одбележи деведесетгодишнината од раѓањето на македонскиот класик Петре М. Андреевски. Настанот ќе се одржи на 20 ноември (среда), со почеток во 12 часот, со актерска изведба на делови од неговото творештво, книжевен разговор преку кој ќе се отворат важни прашања за неговата поезија и со проекција на архивски видео материјали, во салонот Империјал 2. „Во ...
Иницијативата Две гаражи вечерва, среда 13 ноември, во „Олд скул“ организира трет настан со името „Ослободуење на Скопје“, со цел да се одбележи празникот на главниот град. „Поттикнати од лошата музика која се сервира на скопјани, другарите од двете гаражи веќе трета година по ред го организираат единствениот фестивал кој се оддржува на значајниот датум 13.11. денот на кој Скопје се ослободуе од окупаторските сили. Оваа година како и лани ...
Со почетокот на грејната сезона започна и сезоната на висока загаденот на воздухот. Градовите низ земјава веќе се замаглија од ПМ честички, иако ниските температури започнаа пред само десетина дена. Скопје и оваа есен високо котира на светските листи на најазагадени градови, а неговите граѓани и овојпат сметката ќе ја платат со своето здравје. Очигледно е дека од минатите години досега лекцијата не е научена, иако постојано се повторува дека за ...
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп одлучи милијардерот Илон Маск и поранешниот ривал во трката за републиканскиот претседателски кандидат Вивек Рамасвами да го предводат Секретаријатот за ефикасност на владата, тело кое досега не постоеше, пренесува Н1. Зборувајќи за Маск и Рамасвами, Трамп рече дека ќе работат надвор од владата за да ѝ пружат „совети и насоки“ на Белата куќа и дека ќе работат со Канцеларијата за управување и ...
Најновото петто издание на младинското културно списание „Спознавање“, проекција на три краткометражни филмови, базар на млади креативци и два концерти се случуваа минатата сабота (9 ноември) во Младинскиот културен центар – Битола. На базарот учествуваа „Лом Лабел“ (алишта), Емилија Трајковска (фотографии), „Урбаниум“ (литература), „Спознавање“ (списанија), „Луна Адитеја“ (алишта), Бојана Исијанин (фотографии), „Пондер“ (литература), „MM ...
Албумот „Rocket to Russia“ на легендарните „Ramones“, објавен во ноември 1977, е врвно олицетворение на нивната брза, жестока, но мелодична панк-рок естетика. Овој албум е третото студиско издание на „Ramones“ и е промовирано во време кога панк-движењето ги доживуваше своите златни денови. Но, „Rocket to Russia“ е многу повеќе од обичен панк-албум; тој е револуционерен спој на интензивна енергија и поп-сензибилитет што ја дефинираше музиката на ...