Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) овој месец почнува со целосна дигитална трансформација, најави денес ректорката на првиот и најголем државен универзитет, Биљана Ангелова, пишува новинската агенција Мета. Според неа, најпрво ќе се дигитализираат сите студентски сервиси, при што основните сервиси се очекува да бидат целосно завршени пред почетокот на учебната 2025/2026 година, а целиот процес да биде заокружен со воведувањето ...

Утре (4 март) во 19 часот во „Центар Јадро“ ќе се отвори изложбата на која ќе бидат претставени идејните решенија за новата управна зграда на Општина Центар. Со изградбата на планираниот нов комплекс, старите бараки ќе се заменат со современ објект кој ќе ги задоволи потребите на општинската администрација, се посочува во најавата за изложбата и се додава дека локалните жители ќе добијат функционален простор. Проектот, како што се наведува, ...

Почина театарскиот, филмски и телевизиски актер Самоил Стојановски, соопштија од Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес. Стојановски беше дел од македонската актерска сцена повеќе децении, а од 2003, па до неговиот последен аплауз во декември годинава беше вработен во велешкиот театар. На сцената на Велешкиот театар создаде ролји во бројни претстави, меѓу кои „Будење“, „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“, „Четвртата ...

Дали знаете дека аерозагадувањето не е само еколошки, туку и правен проблем?, прашуваат од Македонското здружение на млади правници (МЗМП), кое учествуваше во првата надзорна расправа во Собранието за ефектите од загадениот воздух врз јавното здравје. Оттаму, МЗМП дава свои согледувања, како на пример дека судовите не штитат доволно. „И покрај пресудите на европскиот суд за човекови права, македонските судови не обезбедуваат ефикасна правна ...

Синоќа на скопскиот аеродром слета првиот авион на компанијата „Трансавија“ од Амстердам и по 12 години, Скопје и Амстердам се повторно поврзани по воздушен пат. Како што соопштија од скопскиот аеродром, втората по големина нискобуџетна авиокомпанија во Холандија „Трансавија“, сега ќе лета на релација Амстердам – Скопје – Амстердам два пати неделно, секој четврток и недела. „Денес одбележуваме значајна пресвртница за ТАВ Македонија, подружница ...

Осум романи остануваат во трка за наградата „Роман на годината“ која ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Се работи за романите „Ветрилиште“ од Игор Анѓелков, „Тони“ од Румена Бужаровска, „Кој го уби Едгар Алан По“ од Владо Јаневски, „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски, „Леска Брезоска“ од Симона Јованоска, „Простување“ од Кица Колбе, „Светот што го избрав“ од Калина Малеска и „И ...

Протестен марш и бојкот на големите ланци маркети и трговските центри е најавен за 8 Март – Меѓународниот ден на жената. Во најавата на настанот објавен на Фејсбук се посочува дека протестниот марш ќе започне од 13 часот кај Универзалната сала во Скопје. „Овој 8 Март не сакаме ружи. Што ќе ни се ружи ако немаме за леб? Овој 8 Март прогласуваме ЖЕНСКИ БОЈКОТ – за слобода и автономија од силеџискиот систем. Не е време за симболични гестови и ...

„Заедно водиме: Младите се сила на Балканот“, е темата на регионалната конференција во организација на ХЕРА, која вчера ги собра младите од Западен Балкан во Скопје. Целта е младите од регионот да се обединат, да ги идентификуваат заедничките предизвици и да се залагаат за инклузивен дијалог кој ќе им овозможи активно учество во донесувањето на важни одлуки, пишува новинската агенција Мета. Савче Ѓошева, студентска правобранителка при ...

Десетици илјади луѓе ги блокираа улиците во центарот на Ниш на 18 часа за време на протестот „Студентски едикт“. Студентите кои веќе три месеци блокираат повеќе од 60 факултети ширум Србија ги повикаа граѓаните на протест барајќи кривична и политичка одговорност за трагедијата во Нови Сад, во која загинаа 15 луѓе, пренесе Радио Слободна Европа. Протестот започна на 1 март во 9 часот со блокада на централните градски улици на најголемиот град во ...

Во големата сала на Филхармонија во Скопје на 18 март од 20 часот ќе се одржи концет на Јордан Костов. Се работи за промоција на неговиот албум „Маглота“, снимен во Ханои, а со светска премиера во Македонија. Солисти ќе бидат Роман Столјар на пијано од Русија, понатаму Бренда Охана на маримба од Бразил, Јордан Костов на хармоника, Фенг Хао на тапани оф Шангај, Рубем Фариас на контрабас од Брази, Ник Де Карло на туба од САД и хорот Св. Злата ...

Хуманистот, активист и здравствено лице, Денис Јанкуловски – Космонаутко влезе во учебникот „Граѓанска и политичка партиципација“. Се работи за универзитетски учебник наменет за студентите по правни и политички науки. „Епа драги мои, дојде и тој ден. Каква чест, денес Космонаутко влезе и во учебник. Тешко наоѓам збор за да опишам како се чувствувам, ова е награда, ма повеќе од награда. Ејјјј, студенти ќе читаат и ќе ме спомнуваат како пример од ...

Во среда (5 март) со почеток во 19:30 часот во Европската куќа во Скопје ќе биде промовиран новиот број на списанието „Зенит“, а ќе се одржи и разговор со македонскиот режисер Милчо Манчевски. „Во отворен и инспиративен разговор, Манчевски ќе сподели размислувања за својата уметност, за филмската индустрија, како и за темите што го инспирираат низ годините. Мал осврт кон содржините на списанието ќе даде главната уредничка Ана Витанова ...

Жаклина Хаџи-Зафирова Македонското новинарство низ годините поминува(ше) бројни предизвици, но најголемиот предизвик пред кој сè уште е исправено е токму неговото понатамошно опстојување како професија и занает кој(а) некогаш беше препознаен(а) како една од најценетите и најпосакуваните на овие простори. Повозрасните со носталгија се сеќаваат на времињата кога утрата започнуваа со некогаш најтиражните весници кои се купуваа во трафиките. На ...

Општина Центар во 2015 година воведе зона за смирен сообраќај во Дебар Маало. Но, во меѓувреме општината ја загубила институционалната меморија и заборавила како спровела и дали воопшто е надлежна да воведува зони на смирен сообраќај на улиците под нејзина надлежност, реагираат од иницијативата Шанса за Центар. Од таму посочуваат дека целата дискусија на последната седница на Советот се движела околу убедувања за надлежност на општината, или пак ...

Министерството за образование и наука информира дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година трае од 1 до 5 март 2025 година. Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација, електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk Во објавата на МОН се наведени условите и критериумите за остварување на правото на субвенциониран студентски ...

Истражувајќи низ планската документација за опфатот кај Маларична, почнаа да излегуваат на виделина чудни ситуации. 1.Отуѓување на државно земјиште за приватни интереси Прво и основно: која е потребата од отуѓување на државно земјиште, чија елементарна намена се подразбира дека била, е и мора да остане јавна? Кој и зошто иницирал промена на намената на земјиштето и промена на сопственоста, на крај, државно земјиште да биде отуѓено за да се ...

Во Скопје денеска беше одбележан Денот на ретките болести. Како што беше истакнато на настанот, целта е да се подигне јавната свест за предизвиците со кои се соочуваат лицата со ретки болести и нивните семејства, како и да се поттикне институционален дијалог за унапредување на политиките за нивна подобра интеграција во општеството. Беа нагласени потребите од усвојување на националната стратегија за ретки болести, ратификација на Резолуцијата на ...

Во Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ во недела (2 март) ќе се одржува второто издание на „Прочка Ебаго“, настан каде ќе има целодневна програма со уметност и музика. Вечерниот дел е закажан за рокенрол и музика во живо. „‘Паркети’ – битолските панк ветерани кои доаѓаат со заразна енергија и добро познати хитови. ‘Vagina Corporation’ – алтернативен скопски состав кој е спремен да го претстави нивниот луд танц. ‘Diattic’ – ново-формиран бенд кој ќе ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која од 1 март цената за потрошувачите на топлинска енергија за ЕСМ Енергетика (5,17 отсто) и Скопје Север – Енерџи Еко Линк (5,25 отсто) ќе се зголемат за околу 5 проценти. „Кога ја соопштивме цената за најголемиот систем преку кој со парно се снабдуваат над 95 проценти од домаќинства, најавивме ...

По 14 месеци тишина, „Odron Ritual Orchestra“ вечерва (петок, 28 октомври) од 21:30 часот во скопскиот „Ѕе“ излегува од сенката на својата светлост. „Првиот клупски концерт на овој монолит ќе го донесе обредниот звучен ѕид поблиску од било кога. Непосредноста на ‘Ѕе’ е совршен терен за оваа интеракција. Напуштањето на префиксот ‘Светлост +’ ја најавува новата колаборативна насока на овој дум-џез ансамбл“, стои во најавата за концертот на „Odron ...

Кинотека на Македонија во 2025 година влегува со буџет од 7.5 милиони денари со кои ќе се реализираат програмски активности од областа на заштитата на аудиовизуелните добра, проекти од меѓународна дејност и евроинтеграции, како и од издавачка дејност, соопштија оттаму. Буџетот, како што велат, е зголемен за повеќе од 1,5 милиони денари во однос на минатата година. Најголемиот дел од вкупната сума, односно 6.5 милиони денари, е најавено дека ќе ...

Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ вечерва го организира шестото издание на мултимедијалниот настан „Клинци“ во Европската куќа во Скопје со почеток во 20 часот. Во рамки на настанот ќе се одржи книжевно читање во кое ќе учествуваат Филипа Сара Попова, Никола Наумовски, Емануела Ковачевска Китановска и Бисера Стефановска. Покрај читањето, најавена е и изложба на фотографии на младата фотографка Емилија Трајковска. ...

По иницијативата на граѓанските организации, уставните судии вчера со мнозинство гласови одлучија да ја оценуваат уставноста на членовите 17 и 18 од Изборниот законик, кои големите партии минатата пролет здружено ги донесоа во скратена постапка и без јавна расправа и го зголемија потребниот број потписи за поднесување на независни кандидатури. Дарко Костадиновски, претседател на Уставниот суд, на прес-конференција рече дека Уставниот суд ...

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе поднесе известување, врз основа на кое двајца 14-годишни малолетници од Скопје, ќе бидат пријавени за случајот со праќање лажни закани за бомби во училишта, соопшти утрово Министерството за внатрешни работи Пријавените малолетници на 19 ...

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство изрази длабоко несогласување и загриженост за предложените измени на Законот за полиција, кои, како што велат, значат чекор назад во заштитата на жртвите на семејно и други форми на насилство врз жени. Овие измени, според нив, воведуваат несигурност и дополнителни бариери кои сериозно ја влошуваат безбедноста на жртвите. „Со важечкиот закон на полициски службеник кој сторил семејно ...

Оскаровецот Џин Хекман, неговата сопруга и нивното куче вчера биле пронајдени мртви во нивниот дом во Ново Мексико, пишува Асошиејтед Прес. Од полцијата изјавија дека нема непосредни индикации за насилство, но, не е наведена причината за смртта, ниту пак кога двојката починала. Хекман (95), Бетси Аракава (63) и нивното куче биле мртви кога полицијата влегла во нивниот дом за да ја прови нивната благосостојба околу 13:45 часот во средата, изјави ...

Во сезоната 2024/2025 вкупниот број на случаи на грип или заболувања слични на грип изнесува 17.375, а во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 36,4%, информираат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во последниот извештај за заболени од грип и заболувања слични на грип. „Во текот на осмата недела од 2025 година (од 17 до 23 февруари), пријавени се 3.035 случаи на групни пријави за заболени од ...

Оваа година, матурантите кои учат во скопските средни училишта испитите од државната матура ќе ги полагаат во амфитеатри и предавалници на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Ова се прави за да се намалат препишувањата, кои секоја година се евидентираат во голем број, пишува новинската агенција Мета. Информацијата дека за прв пат годинава ќе се организира на УКИМ, за Мета ја потврди ректорката, Билјана Ангелова. „Веќе е ...

Женската медиумска мрежа „Еднаква“ преку соопштение денеска најостро ги осуди неоснованите обвинувања на Драган Павловиќ Латас изложени на социјалните мрежи против новинарките Сашка Цветковска и Деница Чадиковска со цел да се наруши нивниот интегритет и да се дискредитира нивната работа. „Нападите кои се непоткрепени со факти се на штета на целата новинарска фела и состојбата на медиумите во земјата. Со ваквото малициозно таргетирање за кое не ...

Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вчера по спроведен вонреден инспекциски надзор, наредија нештетно уништување на 1.980 килограми небезбедно замрзнато пилешко месо по потекло од Полска кое било транспортирано во возило кое го запленило Министерството за внатрешни работи од непознат сторител. Месото било спакувано во 180 пакети по 11 килограми и во моментот на контрола било во фаза на отопување, велат од АХВ. Во ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-4ᴼ / -4ᴼ
0.51
100%
1030
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
89%
1027
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1026
weather icon

Софија

-4ᴼ / -4ᴼ
2.06
93%
1030
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.59
91%
1028
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 6ᴼ
1.06
96%
1025
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
1.34
91%
1028
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
87%
1027
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
1.03
85%
1026
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.79
95%
1028
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
0.0
100%
1028
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Бакар

10.93

Сребро

2105.58

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Иридиум

145787.60

Злато

139298.91

Алуминиум

2.92

Родиум

258813.51

Калај

43.15

Паладиум

53788.20

Платина

62683.26

Цинк

3.04