
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Поради појавата на поединци кои се обидуваат морално да ги предизвикаат поекспонираните поединци за време на актуелните блокади, студентите на Универзитетот во Ниш ја испраќаат следната порака: не нè вознемиривте – блокадите опстојуваат, пишува Н1. „Пред нас се 365 нови денови, а тоа се 365 нови можности! Подобар живот не се чека, тој се создава“, е дел од официјалната честитка на градоначалникот на Ниш, Драгослав Павловиќ. Младите во градот со ...
Уште една новогодишна тема – желботека. Овој пат, решивме да собереме ставови и желби од разни луѓе што имаат искуство, стручност, или било на кој начин се вклучени во инклузивните процеси: Што сакаат да видат во 2025 година за младите и воопшто лицата со атипичен развој? Повеќе простори, дневни центри, поинаков третман? Можеби поодговорни институции, поголем буџет за инклузија, подобра инфраструктура, или поефективни закони? Што? Можеби ...
Членовите од Артивизам клубот во Струга заедно со нивните ментори, во саботата, 28 декември, во „Јуроп хаус“ во Струга ја отворија и промовираа изложбата „Слушни, види, сподели“ која имаше една единствена цел – подигнување на свеста против насилството. Во рамките на акцијата во првиот дел СЛУШНИ, на македонски и албански се читаше авторска поезија и приказни од секојдневниот живот поврзани со насилството. Во делот ВИДИ беше прикажано видео ...
Историјата на видеоигрите не е само приказна за една индустрија — станува збор за хроника на една револуција која целосно ја промени сегашноста па и иднината што следи. Целосно ја промени забавата, начинот на кој ја користиме технологијата и ја разбираме културата, пишува новинската агенција Мета. Од најраните денови на едноставни, пикселизирани игри како „Понг“ (Pong), до хиперреалистичните отворени светови на „The Witcher 3“ и „Cyberpunk ...
Сектор за внатрешни работи (СВР) Скопје известува дека утре, 6 јануари, по повод христијанскиот празник Бадник на подрачјето на град Скопје ќе се одржи Бадникова манифестација во склоп на Бадникови поворки и свечен собир на Кумовите бадникари на платото на Соборниот храм Св. Климент Охридски, како и Божиќна манифестација во склоп на Бадникови Поворки. Трасата на движење ќе започне од пред општинската зграда на општина Кисела Вода, по ул. „Петар ...
Судијата Хуан Мерчан нареди Доналд Трамп да биде осуден на 10 јануари во неговиот случај за премолчување пари во Њујорк – помалку од две недели пред да положи заклетва како претседател, пренесува Би-Би-Си. Мерчан сигнализираше дека нема да го осуди Трамп на затворска, условна или парична казна, туку наместо тоа ќе му даде „неусловно ослободување“ (н.з. кога осудено лице е ослободено од казна без услови) и напиша во својата наредба дека ...
„Мистериозниот вулкан“ кој еруптираше во 1831 година толку експлозивно што ја олади климата на Земјата конечно е идентификуван од научниците, речиси 200 години подоцна, пренесува Ал Џазира Балканс. Ерупцијата беше една од најмоќните во 19 век, ослободувајќи толку многу сулфур диоксид во стратосферата што просечната годишна температура на северната хемисфера падна за околу еден степен целзиусов. Годината на оваа историска ерупција беше позната, ...
Светската јавност сè уште нема некои од клучните одговори за корона вирусот – за неговото потекло, вкупниот број на смртни случаи или причините за долготрајниот Ковид, иако тој се појави пред повеќе од пет години, пренесува Ал Џазира Балканс. На крајот на 2019 година, група луѓе во кинескиот град Вухан се разболеа од вирус што не беше виден досега, а пандемијата што следеше изложи длабоки нееднаквости во глобалниот здравствен систем. Вирусот е ...
Американската технолошка компанија Ејпл се согласи на спогодба со корисниците кои ненамерно биле шпионирани од нејзиниот гласовен асистент Сири и ќе им плати вкупно 95 милиони долари за претрпената штета, пренесува Ал Џазира Балканс. Предложената спогодба, според која сопствениците на производите на Ејпл со помошникот Сири би можеле да добијат до 20 долари по уред, мора да биде одобрена од американски суд. Потенцијалната исплата ќе се однесува ...
Најновите измените на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги предвидуваат испечатениот електронски документ кој што ќе биде изваден од граѓанинот, да има иста важност како и оригиналниот документ, посочи министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во синоќешното гостување на телевизија Алфа. „Во Собранието, мнозинството ја изгласа измената на Законот за електронски документи. Јас велам два ...
Во Радио МОФ направиме уште една новогодишна тема – културна желботека за 2025 година. Тргнавме да собираме ставови и желби од разни луѓе што работат во секторот култура: Што сакаат да видат во 2025 година? Повеќе настани, свирки, изложби, претстави, дискусии…? Можеби поодговорни институции, поголем буџет за култура, нов закон, или промена на стара легислатива? Можеби ни недостасува солидарност, самоорганизираност, повеќе уметничка слобода, или ...
Има растечки тензии во израелската владејачка десничарска коалиција, бидејќи некои министри се обидуваат да постигнат политички придобивки во време кога војската е исцрпена од 15-месечната војна која не покажува знаци на запирање, пренесува Ал Џазира Балканс. Имаше повици да се смени министерот за национална безбедност Итамар Бен Гвир, откако тој одби да гласа за нацрт-законот за зголемување на буџетот, освен ако Харедите не се ослободат од ...
Овогодишниот буџет за студентски стандард е за 18% поголем од ланскиот и ќе изнесува 30 милиони евра. Ќе се работи на закон за студентска работа, дигитализација на учебниците и ЈСП картичката, како и донесување на предлог-законите за средношколско и студентско организирање. Студентите имаат потреба од зголемена и конкретна евалуација на универзитетските управи и на државните и на приватните универзитети, од зголемување на опсегот на бесплатниот ...
Изминатата 2024 година Македонија беше исправена пред предизвици и настани кои повторно го поставија прашањето за иднината на високото образование и студентскиот стандард. Од зголемени трошоци за студентите, преку корупцијата, до протести и барања за подобрување на условите – уште една година помина со впечатокот дека системот бара сериозни реформи, пишува новинската агенција Мета. Според Државниот завод за статистика, во академската 2023/2024 ...
Од 1 јануари 2025 година секое физичко и правно лице, преку електронска пошта (e-mail) ќе може да поднесува иницијативи, барања и предлози до Уставниот суд. Електронското поднесување на поднесоци е овозможено преку интернет страницата на Уставниот суд, односно преку категоријата „Обраќање до Судот”, каде во поткатегоријата „Eлектронско поднесување на поднесоци” се наведени насоки за начинот на електронското поднесување. Поднесувањето на ...
Судијата Александар Камбовски со 13 гласа едногласно е избран за претседател на Судскиот совет денеска, 3 јануари, на седница на советот. „Бидете уверени дека оваа институција ќе се води со интегритет, непристрасност, со максимални напори за заштита на судската независност на сите судии во нашата држава. Ова е куќа на судиите, за судиите. Покрај тоа што ја контролираме нивната работа, ние ги охрабруваме да работат согласно законите, согласно ...
Во 2024-та, во сите 365 дена се случија многу работи, а со тоа и Радио МОФ продолжи активно да ги следи младинските, општествените и културните случувања во земјава. Во продолжение погледнете го нашиот избор на фотографии направени од новинарите на Радио МОФ од протести, културни настани, манифестации и општествени случувања. Некои се направени со фото-апарат, некои спонтано со телефон: Протест на граѓани пред Град Скопје за состојбата со ...
Во обид да ги дискредитира студентските протести, српскиот таблоид „Новости“ објави фотографии од пасошите на студентите, браќата Лазар и Лука Стојаковиќ. Насловот инсинуира дека Хрвати го предводат студентскиот протест, што таблоидите во Србија со денови се обидуваат да го припишат на протестите кои ги блокираат факултетите, пишува Н1. Она што „Новости“ го сокриле е дека браќата Стојаковиќ се потпишале на кирилица и дека се од српска ...
Веста дека од страна на Битолското обвинителство е отворен предмет за фотографијата на заменик директорот на Македонија пат, Сашо Дранго, сликан со застрелана мечка, животно со највисок степен на заштита во Македонија е добар чекор кон разрешница, „доколку сакаме да се наречеме правна држава“, сметаат од здружението за заштита на животни „Анима мунди“. Според нив, преку дадените изјави дека тој не ја застрелал мечката, туку дека таа била жртва ...
Бебињата родени од 1 јануари 2025 година се дел од генерацијата Бета, нови генерациски групи кои ги опфаќаат оние родени од 2025 до 2039 година, според истражувачката компанија „Мекриндл“, пренесува Бизнис Инсајдер. Според податоците на компанијата, генерацијата Бета ќе сочинува 16 отсто од светската популација до 2035 година, а многу нејзини припадници ќе го доживеат 22. век. Терминот „генерација Бета“ доаѓа откако основачот на компанијата, ...
Заменик-директорот на ЈП „Македонија пат“, Сашо Дранго, од кого здружението „Анима Мунди“ денеска објави фотографија со пушка и мртва мечка, вели дека тој не ја застрелал мечката, туку дека таа била жртва на сообраќајна несреќа. Дранго и вработените во „Македонија пат“ само ја тргнале од коловозот на патот Битола-Ресен, по што тој се сликал со неа, тврди функционерот во изјава за Телма. Иако на фотографијата се гледа дека Дранго носи пушка со ...
Заменик директорот на „Македонија пат“ и претседател на унијата на ветерани во Демир Хисар, Сашо Дранго, гордо се фотографира со мечка што ја застрелал во декември 2024 година, реагира „Анима Мунди“, објавувајќи и две фотографии. Како што велат од здружението за заштита на животни, мечката е класифицирана како дивеч под заштита, што значи дека нејзиното ловење, прогонување или вознемирување е строго забрането. „Фотографиите до кои дојде ‘Анима ...
Главниот град на Македонија денеска повторно влезе во трката за најзагаден град во светот. Според платформата за мерење на загаденост на воздухот „Ај-кју ер“, во 10 часот и 54 минути утрово имаше индекс од 183, па само градови како Лахор, Делхи, Сараево, Дака, Ханои, Вухан и Чонгкинг беа пред Скопје. Со тоа, Скопје беше влезен во категоријата „нездрав воздух“, односно означен со црвена боја. Протест за чист воздух – 28 декември / Бојан Шашевски ...
Со стартот на новата година, од 1 јануари во Швајцарија стапија на сила новите закони со кои се забранува носењето бурка, а притоа почнуваат да важат и законите за борба против детските бракови, зајакнувањето на обновлиците извори на енергија и спречување на банкротирање на големите банки, пренесува „Свисинфо“. Според државниот закон за покривање на лицата на јавно место, прекршувањата ќе се казнат со парична казна до 1.000 швајцарски франци. ...
Долго најавуваната реконструкција на студентските домови „Кузман Јосифовски – Питу“ и „Стив Наумов“ почнува по празниците, беше меѓу првите вести во образованието во 2024 година. Реконструкцијата навистина почна да се случува. Студентите минатата година добија и попусти во културните установи. Во 2024 година Министерството за спорт во соработка со УКИМ најави дека ќе ја реконструира демолиранта сала на општествениот кампус на Универзитетот. Беше ...
Загаден воздух, диви депонии и ѓубришта, реки заробени во мали хидроцентрали, многу вредни природни богатства сѐ уште незаштитени, опасности за биодиверзитетот, континуирана девастација на Охридскиот Регион и историски жаришта. Приликите во 2024 година во животната средина не може да се рече дека се многу поразлични од годините предходно, а и понатаму ова не се врвните приоритети на политичарите и на институциите. Буџетите се ситни, капацитетите ...
Наместо бујна прослава, на дочекот на новата година во Белград, Нови Сад и Ниш владееше една гласна тишина. Од 23:52 до 00:07 се одржа 15-минутен молк, во чест на петнаесетте луѓе кои загинаа откако се сруши настрешницата на Железничката станица во Нови Сад. Молкот беше дел од најновиот протест на бранот универзитетски блокади и протести кои се одржуваат ширум Србија, како реакција на несреќата во Нови Сад. „Нема нова, должни ни сте за старата“ ...
„Што се однесува за изминатава вечер, на територија на целата држава новогодишната ноќ помина главно мирно. Безбедносната состојба на територија на целата држава за време на новогодишната ноќ беше стабилна. Уште еднаш сакам да изразам благодарност до полициските службеници кои беа на должност изминатава ноќ“, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој денеска присуствуваше на отворање на новиот ски центар „Михајлово“ близу ...
Новата година ја почнуваме со надежи, очекувања и верба дека ќе биде година за паметење по добро, исполнета со радост и убави случувања. По половина година заедничко работење за да го направиме образованието подобро и поквалитетно, во 2025 заедно со учениците и студентите, наставниците и родителите, со сите граѓани кои веруваат дека можеме да имаме напреден воспитно-образовен систем – продолжуваме, вели министерката за образование и наука, Весна ...
Повторно правиме листа на македонски албумски изданија, за да ја одбележиме изминатата 2024 година и да дадеме внимание на домашното музичко творештво. Во листата се вклучени подолги LP-a и кратки EP-a, од целиот музички спектар и без жанровски ограничувања, а има и албуми во живо и реизданија. Мариналеда – EP Puca Cerep – Дисторзирана реалност Ширшаја – Венту Етерну Строг пост – Строг пост Pikolomini – From Subway to My Way (reissue) Toni ...