Аерозагадувањето од сообраќајот зема данок во човечки животи. Општина Прилеп е со највисока стапка на општа смртност и на починати деца помали од една година. Велес е без мерна станица за квалитет на амбиентален воздух. Кавадарци има 16.800 возила, што е најмногу по жител, а по скопските улици се возат над 200.000 регистрирани моторни возила. Познато е дека во Македонија, аерозагадувањето е високоризичен фактор по здравјето на граѓаните и дека ...

Во сабота (14 декември) со почеток во 20 часот во Кинотеката ќе се одржи специјална проекција на кратките филмови изработени од страна на младите филмаџии, учесници на работилницата „Филмска училница ФИЛМЕЈ“ која е во организација на Кинотеката на Р. С. Македонија и Гете Институт – Скопје, а е дел од меѓународниот проект ФилмЕД. Кратките филмови „Агент Блу“ на Јана Денковска, „Колач“ на Костадин Тасевски и „Фејктопија“ на Максим Котески и Алек ...

Денес во рубриката #НизТвојотОбјектив ѕиркаме во фото-апаратот на Христијан Бристиќ. Тој има 25 години и неодамна завршил академија за UX / UI дизајн, која, како што ни открива, на некој начин му помогнала да се усоврши во пределот на фотографијата. „Уште од мојата 16-та година започнав да навлегувам во светот на фотографија, а желбата да фотографирам музички настани ја добив на настап на ‘Funk Shui’ пред некоја година. Главно фотографирам ...

Поминаа повеќе од два месеци откако заврши јубилејното 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој се реализираше без ниту еден денар буџет од Агенцијата за филм, единствено на добра волја на сите учесници, соработници и партнери на Фестивалот, стои во јавното писмото на тимот на „Браќа Манаки“. Од таму посочуваат дека повеќе од два месеци раковсството на Фестивалот и неговите соработници се под огромен ...

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп е прогласен за личност на годината на магазинот „Тајм“. Негова конкуренција за изборот беа Камала Харис, Илон Маск, израелскиот претседател Бенјамин Нетанјаху и принцезата од Велс Кејт Мидлтон, јавува Евроњуз. Трамп беше личност на годината на „Тајм“ и во 2016 година, кога во Вашингтон ги надмина сите очекувања и во претседателската трка ја победи поранешната државна секретарка Хилари Клинтон. Тој е ...

Новинарите Атанас Костовски и Љупчо Јолевски се добитници на Државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за остварување во областа на новинарството, додека истата награда за остварувања во областа на публицистиката ја делат Иван Антоновски и Делвина Крлуку. Одлуката била донесена од Одборот за доделување на државната награда на седница одржана на 15 ноември. Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 21 декември во 10:30 часот, во свечената ...

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара веднаш да се стопира иницијативата за измена и дополнување на Законот за јавните набавки, поднесен во Собранието по скратена постапка на 5 декември 2024 година, од група пратеници. „Предложените законски измени со кои се укинува управната контрола на јавните набавки што ја спроведува Бирото за јавни набавки претставуваат сериозно уназадување на заштитата од корупција во услови ...

Во петок, на 13 декември, ќе започне имплементацијата на Правилникот за забрана на пушење во сите затворени објекти во Федерацијата Босна и Херцеговина (ФБиХ), пренесува Данас. Правилникот стапи на сила на 13 јуни годинава, но беше оставен простор за угостителските објекти да се приспособат половина година, со оглед на тоа што најголем дел од дискусиите беа за тоа како угостителските објекти ќе се прилагодат на забраната за пушење. Правилникот ...

Министрите за правда и внатрешни работи на Европската Унија се согласија Романија и Бугарија целосно да се приклучат во Шенген-зоната од 1 јануари, јавува Радио Слободна Европа. Одлуката, објавена од Европскиот совет денеска, доаѓа речиси 18 години откако двете земји од југоисточна Европа станаа членки на блокот и 15 години откако ги исполнија техничките критериуми за влез во Шенген-зоната. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер ...

Општините и министерствата исплаќаат два милиони евра годишно за адвокатски услуги, покажа новото истражување на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), кои истовремено објавија и база на отворени податоци за нивните исплати за овие услуги. Истражувањето покажува дека општините и министерствата немаат пишани внатрешни правила за ангажирање адвокати, имајќи предвид дека набавката на услуги од адвокат е исклучена од Законот за јавни набавки. Меѓу ...

Во Собранието вчера се одржа конститутивен состанок на Интерпартиската парламентарна група за заштита на природата и борба против загадувањето и климатските промени. Учесниците во парламентарната група изразија уверување дека таа ќе придонесе за подобрување на животната средина и успешно справување со последиците од климатските промени. „Се истакна дека повеќето општини долги години се соочуваат со проблемот на загадување на воздухот и истиот е ...

Во Буџетот за идната година се обезбедени средствата за ваучери од 250 евра за набавка на електронски уреди за сите студенти, како и средства од 10 милиони евра кои ќе бидат наменети за млади до 29 години за отпочнување бизниси, односно финансиска поддршка до 30.000 евра за бизнис за млади, соопшти Владата. Ова доаѓа по најавата на премиерот Христијан Мицкоски од октомври кога беа најавени овие мерки. „Ваучерот за студентите од 250 евра за ...

Еколошката организација „О2 Иницијатива“ упати низа критики и забелешки откако вчера излегоа најновите податоци и проценки за бројот на прерано починати поради аерозагадувањето во Европа, направени од Европската агенција за животна средина, а се однесуваат за 2022 година. На ниво на цела Европа, околу 240.000 смртни случаи се поради изложеноста на ситните честички ПМ 2.5., а од нив во Македонија се дури 3.600. Исто така, во земјава 330 смртни ...

Драмски театар Скопје ја продолжува традицијата на поддршка на уметниците од независната сцена. Преку јавен повик, театарот ги повикува уметниците да аплицираат за термин за изведба на претстава во продукција на независната сцена. Јавниот повик е отворен заклучно со 30 декември 2024 година. Неделата на претстави од независната продукција ќе се одржи од 14 до 18 јануари 2025 година. „По направената селекција на апликациите за претставите ...

Вчеравечер илјадници студенти со свирчиња, транспаренти и мегафони се собраа на улицата „Андриќев Венец“ во Белград нешто пред 18 часот и се упатија кон зградата на Претседателството каде Александар Вучиќ имаше обраќање по повод нивните блокади. „Претседателот ќе се обраќа по повод нашите блокади, дојдете пред претседателството да се слушне нашиот глас!“, најавија група студенти и организацијата за млади „Борба“ некаде околу 16 часот. „УА“, „Не ...

Во Социјалниот Центар „Дуња“ во Скопје, утре (13 декември) со почеток од 20 часот, со заеднички концерт на импровизирана музика ќе настапат „Амплидајн Ефект“ (Amplidyne Effect) на електроника и Мартин Џорлев на гитара. „’Амплидајн Ефект’, проект на Мартин Георгиевски, е активен од 2009 година, препознатлив по електронска и амбиентална музика со сесии од импровизирана музика“, стои во најавата за настанот. Од тогаш, има издадено бројни изданија а ...

Седмото издание на најголемиот еспорт настан во Македонија „А1 Game Fest“ ќе се одржи на 14 и 15 декември во „Ист Гејт Мол“. Пријавувањето за сите игри и турнири моментално а во тек, а бројот на учесници е ограничен. Заинтересираните можат да се пријават за „Counter-Strike 2“, „Dota 2“, „EA SPORTS FC™ 25“, „Tekken 8“ и за косплеј натпреварот. Настанот се организира под мотото „Гејмај одговорно“ * Текстот е обновен поради превид во однос на ...

По повод Меѓународниот ден на човековите права, на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје се одржа тркалезна маса на тема „Еколошките човекови права и еколошката правда – промоција, заштита и унапредување“. Настанот послужи како платформа за обединување на различни перспективи и експертизи со цел да се создаде посилна основа за заштита и унапредување на еколошките права и правда во земјата. Ана Чернишова, заменичката на Постојаниот ...

За прв пат, македонските пара алпски скијачи Зоран Јовановски и Вангел Тркаљанов, заедно со тренерите Јане Стефанов и Петар Илев, ја претставија Македонија на две престижни ФИС трки во Зурс, Австрија. „Трките се одржаа на 7 декември. На двете трки, Зоран Јовановски го освои одличното седмо место и заработи ФИС поени, што претставува значаен успех за македонскиот пара спорт. Вангел Тркаљанов, иако не успеа да ја заврши трката, покажа храброст и ...

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почнува да спроведува засилени, вонредни контроли кај операторите со храна. Со цел заштита на здравјето на најмладата популација потрошувачи – децата, велат од АХВ, акцент на контролите ќе се стави на новогодишните пакетчиња и нивната безбедност. „Како одговорна институција за безбедноста на храната, заштита на здравјето на граѓаните и нивните права како ...

Месечните трошоци на студентите во Северна Македонија достигнуваат повеќе илјадници денари, вклучувајќи ги високите цени за образование, сместување, патување, храна и други потреби. Анализата направена од Форумот за образовни промени, покажува дека просечните трошоци за еден семестар само за студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини 81.335 денари или 1.317 евра, објави агенцијата Мета.мк. Во септември Meта.мк направи една анализа на ...

Во пресрет на манифестацијата „Прличеви беседи“ 2025 година НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид распишува Конкурс за избор на најдобра беседа посветена на Григор Прличев на тема: „Чувај се себеси“. „Познато е и од неговата ‘Автобиографија’ дека Прличев најчесто држел беседи пред охриѓани. Токму под наслов ‘Чувај се себеси’ Прличев на крајот од една учебна година кога учителствувал во Охрид ја кажал оваа беседа, а подоцна во 1866 година ја ...

Во октомври годинава, Државниот завод за статистика (ДЗС) бележи 107.672 туристи, од кои 74.2% или 79.930 се странски, а 25.8% или 27.742 се домашни туристи. Ова претставува зголемување за 13.5 илјади туристи во споредба со октомври минатата година. Бројот на ноќевањата во октомври годинава, според податоците на ДЗС изнесува 211.611, од кои 32.5% се од домашните туристи, а 67.5% од странските туристи. Најголем број од странските туристи се од ...

51 нов случај на ХИВ/СИДА имало во 2024 година, заклучно со 27 ноември. Тоа во проценти е 10,9% повеќе од истиот период во 2023 година, информира Институтот за јавно здравје. Иако Македонија се смета за земја со ниска преваленца на ХИВ, во последните години има нагорен тренд во бројот на случаи. Од друга страна, во последните години има сè помалку пари од државниот буџет за превенција од ХИВ. Предлог-буџетот за 2025 година предвидува 90 милиони ...

Романските проевропски партии се обврзаа да формираат владејачко мнозинство што ја опколи цврстата десница и потенцијално поддржува еден кандидат во повторување на поништените претседателски избори во земјата, пренесува Гардијан. Владејачките левичарски социјалдемократи освоија најмногу места на парламентарните избори на 1 декември, што резултираше и со три ултранационалистички и тврдодесничарски групи, некои со очигледни проруски симпатии, да ...

Понеделнички во „Котур“ ќе се случи промотивен настан за јубилејното 10-то издание на фестивалот „Под земја полесно се дише“. „Набавете си со време врвно квалитетни печатени маици и торби и поддржете ја независната уметничка сцена што секој декември го размрдува скопскиот тежок застоен смог со атрактивна музичка и уметничка програма“, Ќе свират „Филис енд френдс“, а ќе пуштаат музика скопските фраер.к.и Марина, Ишџан Твин, Ајнур и Сали. Инаку, ...

Околу 240.000 смртни случаи годишно во Европската Унија може да се припишат на изложеноста на ситни честички, најголемиот загадувач на воздухот, според најновата проценка на квалитетот на воздухот на Европската агенција за животна средина, пренесува Н1. Последните податоци, исто така, потврдуваат дека Европејците сè уште се изложени на концентрации на загадувачи на воздухот многу над препорачаните нивоа на Светската здравствена организација. ...

Соња Стојадиновиќ Иако е тренирана да размислува како човек, човечкиот хуманоиден импулс и импулсивната реакција во ризични ситуации, ВИ не може да ги имитира, ниту да ги предвиди. Се’ додека ВИ се креира за да му помага на човештвото и нејзината регулација е на високо ниво, мали се шансите таа да се оттргне од контрола. Ја имаме таа среќа да живееме во ерата на развојот и ширењето на вештачката интелигенција (ВИ). Со сите предности кои таа ги ...

Габриел Гуалано де Годој Вчера, 10 декември, беше Меѓународниот ден на човековите права, важна прилика да се потсетиме и да повториме дека човековите права се за сите, секаде и секогаш. Говорејќи за човековите права, не можеме, а да не помислиме на војните кои беснеат по светот и на новите и стари конфликти кои му се закануваат на човечкото постоење и на сè останато што на човека му е драго – домот, безбедноста, припаѓањето. Луѓето кои се ...

Повеќе од 30 државни факултети на четири универзитети во Србија официјално се под блокада. Студентите бараат објавување на целосна документација за реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад, како и откривање на одговорните за нападот врз студентите на ФДУ, пренесува Н1. Кон блокадата вчера се приклучија и студентите од Економскиот факултет во Суботица на Универзитетот во Нови Сад и Факултетот за образование на наставници на ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
56%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
2.57
73%
1021
weather icon

Загреб

22ᴼ / 17ᴼ
0.0
71%
1023
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
6.17
68%
1019
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.07
84%
1019
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
1.03
92%
1024
weather icon

Атина

27ᴼ / 26ᴼ
5.14
59%
1011
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
52%
1014
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
6.17
36%
1017
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
1.54
72%
1018
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
0.45
66%
1020
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
8.23
69%
1013
Currency

61.525

Currency

52.5197

Currency

72.0328

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.12

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

175221.57

Цинк

2.75