
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Вчера (22 декември, недела) на плоштадот Славија во Белград се одржа мирен протест на студенти, земјоделци и граѓани со цел да го сврти вниманието на власта за барањата на студентите, а по повод падот на настрешницата во Нови Сад на 1 ноември кога животот го загубија 15 лица, пишува Н1. Според Министерството за внатрешни работи на Србија, на собирот имало околу 29.000 луѓе, но од присутните можеше да се слушне дека таа бројка била три пати ...
На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, граѓанско општество, политика и животна средина… 1. Јелена Божиќ, „СвиЌе“: Србија не памети ваков храбар одговор на младите на репресија и насилство „Замислете мрак кој трае повеќе од деценија. Таман кога не може да биде помрачно, корупцијата на една власт убива 15 луѓе. И младите луѓе во таа држава палат такви пожари, што од нив се тресат сите оние кои го гасеа ...
Секторот Санитарна контрола на ЈП Водовод и канализација информира дека по извршен вонреден мониторинг на водоснабдителниот систем на градот Скопје кој беше во прекин со водоснабдување вчера (21.12.2024) поради санација, реконструкција и модернизација на градската водоводна мрежа, водата е санитарно исправна и граѓаните можат непречно да ја користат. „Мониторингот опфати 9 (девет) клучни места и тоа во Автокоманда, Сингелиќ, Маџари, Ново Лисиче, ...
Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека владата ќе го забрани користењето на видео платформата ТикТок на една година, обвинувајќи ја социјалната мрежа за поттикнување насилство и малтретирање, особено меѓу децата. Албанските власти одржале 1.300 состаноци со наставници и родители по смртта на тинејџерот кој во средината на ноември беше избоден од друг млад човек по расправија, што наводно почнала на видео платформата. Обраќајќи се на ...
Ниту една институција во земјата нема точни податоци колку кривични дела се направени против дивите животни. Бројот на незаконски заловени, убиени, мачени или отруени животни не е познат, ниту пак се знае дали за овие случаи се водела истрага, дали имало обвиненија и дали некој добил казна и каква. Не се знае доколку некој заловил или убил балкански рис или ако труел птици дали и одговарал за тоа, ниту, пак, колку диви животни страдаат во ...
Траект претоварен со луѓе кои се враќаа дома за Божиќ се преврте во реката Бусира во северноисточниот дел на Конго. 38 луѓе се починати и уште 100 се пријавени за исчезнати, соопштија официјални лица и очевидци. Досега се спасени 20 луѓе. Потонувањето на траектот се случи во петокот вечерта, помалку од четири дена откако друг брод се преврте во североисточниот дел на земјата, кога загинаа 25 луѓе. „Траектот патуваше како дел од како дел од ...
Денес на плоштадот Славија во Белград ќе се одржи голем заеднички превоз на студентите и земјоделците, во почеток во 16 часот. Најавено е дека ќе им се приклучат и граѓани. Студентите кои ги блокираат факултетите најавија организирано доаѓање на протестот, а според информациите на Инстаграм страниците, собирањето на Славија е планирано од 16 до 16:30 часот. По петнаесетминутно молчење со кое ќе им се оддаде чест на жртвите на Железничката ...
На големата сцена во Македонскиот народен театар на 24 декември (вторник) со почеток во 20:00 часот ќе се одигра премиерната изведба на претставата „Бог на колежот“, по мотивите на „God of Carnage“ на Јасмина Реза, а во адаптација и режија на Весна Петрушевска. Ова е седмиот проект на Македонскиот народен театар во оваа сезона. Во претставата играат: Ѓорѓи Јолевски, Дарја Ризова, Симеон Мони Дамевски, Наталија Теодосиевa како и децата од ...
Независниот издавач „Шарла“ (Sharla) во своето богато музичко мени додаде уште едно дело од македонскиот музичар Глигор Кондовски, односно од неговиот проект „Еrstwhilesound“. По двете EP-a за „Шарла“ од 2020 и 2022 година, ова издание наречено „Flutter“ влегува во категоријата LP-a, или долгосвиречки албуми. Дебито на „Еrstwhilesound“ е спакувано во шест теми кои се движат низ совремеменото класично, електронско, алтернативно и експериментално. ...
Факултетот за информатички комуникациски технологии при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола вчера одбележа 10 години постоење. „Популарноста на информатичко комуникациските технологии како еден од современите предизвици на времето во кое живееме, секојдневно се потврдува во работата на Факултет за информатички и комуникациски технологии – Битола, единица на УКЛО, која одбележува 10 години постоење. Овие непобитни факти, беа во фокусот ...
Шесте нови еколошки автобуси кои се донација од Европската унија за Градот Скопје, речиси еден месец откако беа промовирани и претставени на јавноста пред бројни политичари и медиуми, останаа паркирани во депото на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје (ЈСП), пишува Новинската агенција Мета. За тоа, според ЈСП, има најмалку две причини. Првата е тоа што еден од автобусите бил заведен со погрешен број на шасија. Грешката наводно била утврдена ...
Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. Акцијата почна денес, 21 Декември (сабота) во раните утрински часови кога сите екипи на Секторите ЕОК, Механизација и Водовод отпочнаа со празнење на магистралниот водовод на предвидените локации долж Партизанска. Досега поправени се дефектите кај Порта Влае, мост Обединети Нации и на булевар ...
Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. Акцијата почна денес, 21 Декември (сабота) во раните утрински часови кога сите екипи на Секторите ЕОК, Механизација и Водовод отпочнаа со празнење на магистралниот водовод на предвидените локации долж Партизанска. Досега поправени се дефектите кај Порта Влае, мост Обединети Нации и на булевар ...
Супермен, бетмен и други суперхерои и ликови од цртани филмови денеска традиционално се спуштија по јаже на Детската клиника и ги израдуваа хоспитализираните деца. Истовремено, во склоп на акцијата им поделија и новогодишни пакетчиња. View this post on Instagram A post shared by Радио МОФ (@radiomof) Целта на овој несекојдневен настан на Тимот за спасување на планина, дел од Тимот за одговор при катастрофи на Црвениот Крст на град Скопје е ...
После 20 години од првата промоција на првиот албум на македонскиот рапер Тонио Сан, за првпат излегува специјално издание во лимитиран тираж во физичка форма за, како што пишува во најавата, „оние најверните колекционери“. Култниот „Цветот на светот“ ќе може да се набави на ЦД, како што е и оригинално издаден, препечатен во 2024, со истите цртежи и дизајни од 2004. ЦД-то може да се набави на денешната промоција (21 декември) во „Re:start music ...
Најмалку двајца, меѓу кои и дете беа убиени вчера откако кола влета во толпа на Божиќен базар во германскиот град Магдебург, пишува „Би-Би-Си“. Повеќе од 68 луѓе се повредени, а 15 од нив се во тешка состојба, според градските власти. Градските власти соопштија дека осомничен е 50 годишен лекар од Саудиска Арабија, кој во Германија се преселил во 2006 година. Неодамна тој работел во град на околу 40 километри од Магдебург. Според некои написи од ...
На 23 декември (понеделник) со почеток во 18 часот во Кинотека на РСМ, во склоп на дванаесеттото издание на фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“ ќе се случи настан чија интердисциплинарна програма ќе вклучува панел дискусија на тема „Живот без капитализам: Како дотаму?“, проекција на документарниот филм „Земја за нас“ и разговор со режисерката Карла Црнчевиќ. Настанот е бесплатен. „Преку дискусијата на тема ‘Живот без ...
Повеќе здружени еко-организации и иницијативи информираат дека на 16 декември ги доставиле сите барања за спроведување на мерките за намалување на аерозагадувањето до Владата, Министерство за животна средина, Собранието и Град Скопје. Им даваат време на повиканите институции да ги разгледаат и одговорат до среда, 25 декември, во спротивно најавуваат нов протест. „Веќе помина една недела откако мерките беа доставени, две недели од протестот, а ...
Новогодишна изложба на 26 изложувачи од 10 градови ќе се одржи утре, 21 декември, со почеток од 13 часот во Градската галерија во Струмица. „Ве очекуваат рачни изработки, инспиративна уметност и прекрасна празнична атмосфера. Не пропуштајте ја утрешната можност да уживате во магијата на празниците преку уникатни креации. Дојдете, поддржете локални таленти и заедно да го доживееме празничниот дух!“, истакнуваат од „Новус“ и „Млади хаб“. Исто ...
Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите изразува голема загриженост и осуда за начинот на кој повеќе медиуми известуваат за судската постапка поврзана со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. „Медиумите треба да бидат свесни дека секое претерано изнесување детали за чинот на насилство или злосторство, претставува повреда на достоинството на жртвите, а ги повредува и чувствата на нивните најблиски. Со навлегување во детални ...
Земјоделците од Здружението за опстанок на земјоделските производители во Србија „Иницијатива“ утре планираат да готват гулаш за студентите во Нови Сад во знак на поддршка на протестите и не планираат да се откажат без оглед на предупредувањето од Безбедносно-информативната агенција (БИА) дека ќе им бидат одземени тракторите доколку со нив тргнат до градот. Ова го изјави Милан Богуновиќ, член на Управниот одбор на здружението, известува Н1. ...
Од утре (сабота) до понеделник во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај, соопшти Министерство за внатрешни работи (МВР). Причината за ова е официјална посета на делегација предводена од претседателот на Големото национално собрание на Република Турција „Од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град ...
Форумот за образовни промени (ФОП) денеска ја претстави својата иницијатива за субвенциониран меѓуградски превоз за студенти кои студираат надвор од местото на живеење. Станува збор за иницијатива која, како што рекоа, се однесува на олеснување на финансискиот товар за студентите, така што меѓуопштинскиот превоз ќе стане поевтин и попристапен, пишува Новинската агенција Мета. „Нашите истражувања покажаа дека, на пример, на УКИМ – од 25.000 ...
На македонската амбасада во Киев е причинета материјална штета, а направен е и првичен преглед на штетите на лице место и се работи на нивно санирање, по денешните ракетни напади на руската армија врз Киев, соопшти Министерството за внатрешни работи. При нападот, како што соопштија, нема повредени меѓу дипломатскиот персонал, а од МНР најостро ги осудија нападите. „Воедно, информираме дека при нападот е погодена и критичната инфраструктура во ...
Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека краен рок да ги заменат регистарските таблички со нови кои имаат ознака НМК или на истите да залепат налепница НМК е до 31 декември. „Тоа значи, регистарските таблички кои ја содржат буквената ознака МК (регистарски таблици со четири броеви) и регистарски таблици кои не ја содржат буквената ознака МК (со три бројки) треба да бидат променети со нови регистарски таблици кои ја содржат ...
Ликовната изложба „Регенерација“ на авторките Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска ќе биде отворена во понеделник, 23 декември 2024 во 19 часот во Културно информативен центар (КИЦ) на Македонија во Тирана, Албанија. „Преку своите дела трите авторки се осврнуваат на периодот полн со промени во начинот на живеење предизвикани од пандемијата Ковид 19, кој неизбежно се рефлектираше во нивните дела. Тие ја преиспитуваат релацијата на ...
По сликовницата „Рокчето“ и поетската збирка „Шестарот на времето“, издавачката куќа „Арс Ламина“ ја објави првата есеистичка книга на Никола Маџиров на македонски јазик – „Дом во тишина“. „Новата публикација, што е дел од едицијата ‘Македонски книжевни класици’, на едно место ги собира сите есеи објавувани најчесто во превод, на други јазици, но не и на оригиналниот, на јазикот на којшто се напишани. ‘Дом во тишина’ е своевидно враќање дома на ...
Во вторник (24 декември) ќе се отвори самостојната изложба на уметницата Христина Иваноска, со наслов „Џинови и снегулки“. Отворањето е во 19 часот во Музејот на Северна Македонија. Насловот на изложбата „Џинови и снегулки“, реферира на истоимената поема од книгата поезија „Егејска барутна бајка“ на писателот Славко Јаневски, која е објавена во 64-тиот број на „Македонка“ од 1950 година. „Христина Иваноска, преку својата уметничко-истражувачка ...
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на Македонија објави препораки за граѓаните во врска со најавениот недостиг на вода во Скопје поради зафатот на главниот довод на водоводната мрежа кој, според најавите на ЈП „Водовод и канализација“, ќе започне вечерва, 20 декември, во 22 часот и не се знае колку време ќе трае. Се очекува засегнати да бидат сите населби од десната страна на реката Вардар, односно од Ѓорче Петров, од кружниот тек кај „СП Планет“ ...
Вероника Бучковска е именувана за в.д. директорка на Агенцијата за филм, одлучи Владата на седницата одржана на 17 декември. и доаѓа на местото на Даниела Станковска Плачковска, која неодамна поднесе оставка од функцијата, соопштуваат од Агенцијата за филм. Вероника Бучковска е дел од Секторот за филмска дејност и меѓународна соработка при Агенцијата за филм на Р.С. Македонија од 2011 година, задолжена за промоција на македонската филмска ...