
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Ансамблот „Театро ала мода“ составен од музичари кои живеат и работат во Холандија, во четврток со почеток во 20 часот ќе настапат во Камерната сала на Филхармонија. Во ансамблот свири македонската чембалистка Цветанка Созовска, Лилија Славни (барокна виолина) и Џошуа Читам (виола да гамба). На програмата се дела Букстехуде, Телеман, Ј. С. Бах, Ж. Мари-Леклер, Форкере и Рамо. „Преземајќи го името од сатиричниот памфлет на венецијанскиот ...
Обединување на жените во медиумите, новинарки и медиумски работнички во одбрана на нивните професионални и работнички права е главната цел на женската медиумска мрежа „Еднаква“ која што беше промовирана вчера во Скопје. „Еднаква“ е неформална мрежа создадена од самите новинарки и медиумски работнички во процес на повеќе месечни средби, консултации и обуки и ќе дејствува во рамките на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници. Како ...
Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“ продолжува со серијата проекции во рамки на програмскиот сегмент „Зимски МакеДокс“. Во едукативно-културниот центар „Лабораториум“ во Скопје, вечерва од 21 часот ќе се одржи проекција на македонскиот документарен филм „Градина“ во режија на Бојан Тантуровски, ќе биде промовирана и новата онлајн платформа „Doc Around Europe – Film Festival Network“, а вечерта ќе заврши со предновогодишно ...
Податоците собрани во текот на две години од вселенскиот телескоп Џејмс Веб го потврдија претходното откритие дека универзумот се шири речиси 8% побрзо отколку што би се очекувало врз основа на она што астрофизичарите го знаат за неговите првични услови и еволуција во текот на повеќе од милијарда години, пренесува Ал Џазира Балканс. Набљудувањата од најмоќниот вселенски телескоп некогаш распореден се чини дека ја отфрлаат идејата дека податоците ...
Младинската Културолошка иницијатива „5 до 12“ – Охрид ја доби повелбата „Патрон на градот – Свети Климент Охридски“. Покрај нив, повелбата ја добија и клубот за подводни дејности „Охрид“ и здружението на граѓани „Независна аматерска театарска група Аматер. Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен придонес во развојот и севкупниот напредок и афирмација ...
Годинава во светот се убиени 104 новинари, а повеќе од половина од нив загинале во Газа, покажуваат податоците на Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ), пренесува Данас. Генералниот секретар на ИФЈ, Антони Беланже посочи дека по 129-те смртни случаи регистрирани во 2023 година, „2024 година е една од најлошите години“. Според ИФЈ, од почетокот на оваа година биле убиени 55 палестински медиумски работници. Од почетокот на војната на 7 ...
Јавните претпријатија на централно и на локално ниво, државните фирми и здравството – водечки според висината на доспеаните а неплатени обврски. Според новите податоци од Министерството за финансии, за три месеци, ЈП на локално ниво пријавиле драматично намалување на долговите, но и покрај ваквиот тренд, тие и натаму остануваат високо на листата на должници, пишува Порталб.мк. Долгот кон приватниот сектор надмина 270 милиони евра. Државните ...
Артан Груби, поранешен вицепремиер на Северна Македонија и Енвер Беџети, судија на Апелациониот суд се најновите имиња на црната листа на САД, пренесува агенцијата Мета. „Согласно членот 7031(в), Стејт департментот јавно ги назначува Артан Груби и Енвер Беџети за нивна вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси поврзани со кривичната пресуда на Сашо Мијалков, директор на Управата за безбедност на ...
Завршена е првата фаза на градежните работи на новиот мега-парк во општина Карпош, зелен појас кој се простира на површина од 86.000 метри квадратни, соопштуваат од Град Скопје. „Се уреди и исчисти запуштениот простор кој беше непристапен и обраснат, а сега прераснува во парк со чија реализација како проект и дел од програмата ‘За модерно Скопје’, се делува со цел долгорочно унапредување, заштита и зачувување на животната средина“, се вели во ...
Младинскиот образовен форум (МОФ) организира отворено предавање за студенти на тема „Политичката култура кај младите и дали сме осудени на неуспех?“ на 11 декември, среда, со почеток во 17 часот во читалната на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. „Каква е политичката култура кај младите? Дали (не)вклученоста во заедницата значи неизвесна иднина? Што всушност значи ‘политика’? Како се дефинира ‘моќ’? На овие прашања и уште многу други ...
Надлежните институции малку ги користат податоците за вистинските сопственици во насока на спречување, откривање и санкционирање на перењето пари и во борбата против тероризмот, а се чини, воопшто не ги користат за други цели и за спречување корупција, криминал и злоупотреби во другите области. Ова е едел од наводите на новата Анализа на користењето на податоците за вистинските сопственици во борбата против корупцијата кое денеска ја објавија ...
Сиријците вчера се соочија со нова политичка реалност откако бунтовниците го зазедоа главниот град Дамаск, ставајќи крај на режимот на Башар ал Асад, кој побегна во Москва. Бунтовничкиот сојуз предводен од исламистичката Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) започна ненадејна офанзива во северозападна Сирија кон крајот на ноември, а потоа брзо ја зазеде територијата од силите приврзани на Асад додека се движеа кон Дамаск, пренесува Н1. Сириските бунтовници ...
Речиси милион раселени Палестинци во завојуваниот Појас Газа се изложени на ризик од екстремен студ и дожд оваа зима, предупредуваат од Агенцијата на Обединетите нации за бегалци (УНРВА), пишува „Анадолу“. „Раселените луѓе во Газа имаат потреба од заштита од дожд и студ. Само околу 23 отсто од потребите се задоволени, оставајќи 945.000 луѓе во ризик во текот на зимскиот период“, се вели во соопштението на агенцијата на ОН. Се додава дека итно е ...
Светлана Јовановска Додека Мелони е горда што се намалил бројот на мигранти што стасуваат во Италија, во првите 8 месеци од оваа година нелегалните премини се зголемени за 56 отсто во Грција, за 66 отсто во Шпанија и дури за 126 отсто на шпанските Канарски Острови. Откако италијанската премиерка Џорџа Мелони договори со Албанија екстернализација на мигрантите кај оваа наша сосетка, нејзините европски колеги почнаа да ја земаат за пример ...
Регионалната дигитална платформа „Creative Gate“ за поврзување креативни индустрии на Западен Балкан официјално беше претставена во рамки на ПИН Музика конференција на 29 ноември во просториите на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. „Доколку раководите со културен центар, фестивал, или настан во областа на музика, филм, театар, танц, архитектура, визуелна уметност и други уметности, регистрирајте се на платформата и откријте ја магијата ...
На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, граѓанско општество, политика и животна средина: 1.„Втор ден ми е“ – Медицински лица и министерката за образование зборуваа за стигмата околу менструалниот циклус Менструацијата е состојба ексклузивна за женскиот пол и за да се надмине стигмата која се влече од трансгенерациската траума, треба да се зборува јавно. Да се признаат потешкотиите и симптомите е првиот ...
Илјадници демонстранти излегоа на улиците на грузискиот главен град Тбилиси на 7 декември по насилното задушување на полицијата од претходната ноќ против демонстрантите кои беа гневни од одлуката на владата да ги прекине преговорите за пристапување во Европската унија, пренесува Радио Слободна Европа. Насилството повторно изби доцна во ноќта, бидејќи сведоците рекоа дека новинарите и останатите биле тепани од групи мажи во улична облека, додека ...
Протестот во Нови Сад во организација на групите „Свиќе“ и „Став“ денеска започна пред градското собрание. Граѓаните донесоа лименки со црвена боја, на што активистите претходно повикаа. Пред почетокот на протестот, прогресивците се собраа на улицата Стражиловска. Во меѓувреме, повеќе од 20 државни факултети во Белград, Нови Сад и Ниш влегоа во блокада, барајќи објавување на комплетната документација за реконструкцијата на Железничката станица ...
Побунетите во Сирија соопштија дека ставиле крај на 24-годишното авторитарно владеење на Башар ал Асад, во првото обраќање на државната телевизија по молскавична офанзива што го изненади светот. Асад рано утринава го напушти Дамаск во непознат правец, изјавија за Ројтерс двајца високи воени офицери, додека побунетите рекоа дека влегле во главниот град, каде што воопшто немало војници, пренесува Н1. Сириската воена команда денеска ги известила ...
Поради влошената безбедносна ситуација во Сирија, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, да ја напуштат во прва можна прилика. „Апелираме да се одложат сите патувања кон оваа држава. Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Сирија“, се наведува во соопштението од ...
Интерактивно предавање на тема театар ќе одржи Ана Стојаноска, професорка по македонска драма и театар на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Скопје, на 10 декември, вторник, со почеток во 19 часот главната сала во Друштвото на писателита на Македонија (ДПМ). Предавањето е од отворен тип, a поканети се сите љубители на штиците што живот значат. „Театарот е најубавата уметност и најспецифичната: живее само во мигот додека се игра ...
Читачката промоција на стихозбирката „Рајсфершлус“ од Јулијана Величковска ќе се одржи во четврток, 12 декември, со почеток во 20 и 30 часот во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. „Уште од самото појавување во современата македонска поезија Јулијана Величковска видливо се издвои со нагласеното љубопитство за поместување и надраснување на веќе освоените стандарди во компонирањето лирска песна кај нас. Затоа и беше за ...
Американскиот федерален апелационен суд го потврди законот според кој кинеската фирма „ByteDance“ мора да се откаже од својата популарна апликација ТикТок во Соединетите американски држави (САД) до почетокот на следната година или ќе се соочи со забрана, пренесува Ал Џазира Балканс. Пресудата може да се обжали до Врховниот суд или до целосниот совет на Апелациониот суд. Американскиот претседател Џо Бајден, кој го потпиша законот во април, може ...
Самостојната изложба „1000 добро изодени патеки“ на уметницата Елена Чемерска ќе се отвори во вторник, 10 декември, во 19 часот во Културно-социјалниот простор Центар-Јадро, а во соработка со галерија „Грал“. „’1000 добро изодени патеки’ ја испитува променливата врска помеѓу телата, објектите и светот околу нас. Преку слики, текст и звук, Елена ги истражува темите на распаѓање, трансформација и постојаните промени што го обликуваат нашето ...
Уставниот суд на Романија ги поништи резултатите од првиот круг на гласање на претседателските избори само неколку дена пред одржувањето на вториот круг, поради руско влијание. Тоа значи дека процесот ќе биде рестартиран од почеток, а владата треба да одреди датум за ново гласање, пишува Би-Би-Си. Првиот круг го освои Калин Георгеску, „речиси непознат екстремен десничар и натоскептик“ кој претходно го пофали Владимир Путин. Одлуката на судот ...
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека испратила свои експерти да им помогнат на здравствените власти во Демократска Република Конго да истражат сè уште непозната болест која предизвика неколку смртни случаи во оддалечен дел од африканската земја, пренесува Ал Џазира Балканс. Во соопштението се вели дека експертите на СЗО се на пат за Панзи во југозападната провинција Кванго во Конго каде ќе ги достават потребните лекови и опрема ...
Здружението „Гоу грин“ пред месец дена изработи и јавно презентираше Предлог-правилник за велосипедска инфраструктура и Предлог-измени за Правилникот за урбанистичко планирање, каде би се вметнале прописите за проектирање, изведување и одржување на велосипедската мрежа. Но, од Министерството за транспорт и врски немаше присутни да ги слушнат предлозите, а молкот од таму уште трае. Од ресорното Министерство една недела не одговараат на прашањата ...
Културното добро „Традиционална изработка и свирење на гајда“ од вчера е впишано на Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото, информираат од Министерството за култура и туризам. Мултинационалната номинација, поднесена од Македонија и Турција, беше разгледана и усвоена на сесијата на 19. СОМ на Меѓувладиниот комитет на УНЕСКО за заштита на нематеријалното културно наследство, што се одржува во Асунсион, ...
Репортери без граници (РСФ) повика на независна истрага за убиствата на двајца новинари во Сирија, пишува „Анадолу“. Сирискиот новинар Анас Алхарбутли беше убиен во воздушен напад на Башар ал Асад во западна Сирија во средата, а Мустафа ал Курди, дописник на информативната веб-страница Фокус Алепо, беше застрелан од војниците минатата недела. „Тероризирањето на медиумските работници е воено злосторство“, изјавија од РСФ и од Сирискиот центар за ...
Трета година по ред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со Национални шуми посветуваат по едно дрво за секои 10 килограми собран отпад за време на „Генералка викенд“. Денеска се пошумени последните 3.500 садници од вкупните 51 хектари (црн бор, бел бор и Аризона Чемпрес), засадени од страна на Национални шуми. Пошумувањето е именувано „Сончева гора“. „Оваа година во буџетот на Министерството се издвоени околу 20 ...