
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



Од еден до 85 милиони евра би чинело решавањето на проблемот со токсичниот линдан во Пеленица, покрај Драчево. Единствената депонија со овој пестицид, која е лоцирана надвор од дворот на ОХИС, може да се третира на три различни начини, од кои само најскапиот би значел целосно ископување и уништување на линданот, по примерот на чистењето на малата депонија, пишува новинската агенција Мета.мк. Министерството за животна средина пред повеќе од две ...
Во Србија денес ќе се одржи генерален штрајк и „општа граѓанска непослушност“, пренесува „Данас“. Штрајкот беше инициран од студентите во блокада, кои веќе два месеци ги имаат узурпирано своите факултети, во знак протест против нетранспарентноста на сегашната влада околу несреќата со настрешницата на Железничката станица во Нови сад, во која загинаа 15 луѓе. „Не одиме на работа, не одиме на предавања, не ги извршуваме секојдневните обврски. Ја ...
Министерството за надворешни работи изрази загриженост поради протерувањето од Република Србија и забраната за влез од една година на македонски државјанин со регулиран престој во државата, кој според наводите на надлежниот орган на Република Србија, претставува „безбедносна закана“. „Во овој контекст МНРиНТ ќе побара објаснување во поглед на оправданоста на преземените мерки, посебно имајќи го предвид нашето очекување дека истите се во ...
Образованието повеќе не смее да трпи компромиси по неговиот квалитет, со цел да се задоволат интересите на поединци, порачаа денеска од Младинскиот образовен форум (МОФ) на Меѓународниот ден на образованието. Оттаму велат дека образованието мора да продуцира млади кои ќе имаат отворени умови, критички ќе размислуваат и ќе бидат подготвени на предизвиците во животот. По повод Меѓународниот ден на образованието, тие потсетија дека во Македонија сѐ ...
Иле Михајловски, одделенски наставник од Свети Николе, е еден од светилниците во македонското образование кое се соочува со разни системски предизвици и недостатоци. Со 29 години искуство позади себе, Михајловски го знаат како наставник што неуморно дава поддршка на ранливите деца, промовира инклузивно образование и воспитува нова генерација емпатични граѓани. Тоа сега е препознаено и од образовната мрежа GEMS education, преку која тој влезе во ...
САД уапсија 538 илегални имигранти и депортираа стотици во масовна операција, објави Белата куќа, само неколку дена откако Доналд Трамп го започна својот претседателски мандат, јавува Радио Слободна Европа. Соопштението доаѓа откако новиот американски претседател го започнува своето прво патување денеска во Северна Каролина и Калифорнија, две држави погодени од природни катастрофи за кои Трамп жестоко критикуваше. 🚨DAILY IMMIGRATION ENFORCEMENT ...
На Меѓународниот ден на образованието, Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) ја поздрави неодамна објавената Нацрт концепција за реформи во гимназиското образование и ги повика сите образовни чинители да се вклучат во процесот на отворена консултација за ко-креирање на визијата за гимназиското образование. Нацрт концепцијата е дел од тековните напори на Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието чија цел е ...
Бројот на градови во Србија во кои барем еднаш се одржани некакви протестни акции поради падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, досега се искачи на најмалку 103, информира тамошниот Архив на јавни собири. „Протестно-комеморативната акција ‘Застани, Србијо’ за првпат беше организирана низ цела Србија во петок, 22 ноември, на покана на ‘ПроГлас’ и опозициските партии. Акцијата вклучуваше 15 минути молк на јавно место за ...
Студентите во блокада најавија генерален штрајк за петок (утре) и ги повикаа сите граѓани на Србија целосно да ги прекинат активностите, пренесува Нова. На официјалната страница на Инстаграм профилот „Студенти на Технолошко-металуршкиот факултет“ е објавено што се подразбира под генерален штрајк и како во него можат да учествуваат граѓаните, а потоа објаснуваат како можат да учествуваат и работодавачите. Дополнително, таму има и насоки како ...
Во средата, 22 јануари, по кусо боледување во Скопје почина доајенот на македонското сликарство Коле Манев. Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на гробиштата во Бутел во петок, 24 јануари, од 14 и 30 часот до 15 и 30, а погребот ќе биде во 15 и 30 часот, информираат од Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). „Коле Манев беше роден во 1941 година во село Бапчор, во Егејскиот дел на Македонија, кое е бомбардирано за време ...
Промоцијата на збирката илустрации и текстуални минијатури „Матефора – жито, какол и парчиња стакло“ од Марко Трпески ќе се одржи на 5 февруари во галерија „Метаноја“. На настанот ќе говорат писателот Влада Урошевиќ и писателката Оливера Ќорвезироска, а ќе бидат изложени дигитални графики од циклусот „Метафора“. „Станува збор за уште еден спој меѓу визуелната и книжевната уметност преку кој Трпески ги поканува читателите во својот креативен ...
Промоцијата на новиот роман „Не ѝ верувај на баба ти“ на Натали Спасова ќе се одржи на 27 јануари, понеделник, со почеток во 20 часот во кафе-книжарница „Буква“. „’Не ѝ верувај на баба ти’ раскажува за Анастасија, малолетничка која исчезнува на пат кон своето училиште. И додека сите новинари се во трка за подобро да ја покријат веста за нејзиното исчезнување, романот ги следи приказните на девет обични луѓе, кои никогаш не ја сретнале ...
Во Тајланд денеска стапува на сила законот за легализирање на истополовите бракови, со што земјата стана прва во Југоисточна Азија и трета во Азија, по Тајван и Непал, која ги легализираше таквите бракови, пренесува Данас. Околу 300 двојки се очекува да се венчаат денеска на прослава во трговски центар во центарот на Бангкок по стапувањето на сила на Законот за еднаквост во бракот. Се очекува да се венчаат уште стотици други низ целата земја. ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември била 41.999 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Според податоците, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година, изнесува 109.5. Ваквото зголемување, како што велат од ДЗС се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите ...
Денеска во Србија е ден на жалост поради осумте жртви во пожар во дом за возрасни и стари лица во белградската општина Бараево, пренесува Ал Џазира Балканс. Одлука за прогласување ден на жалост донесе Владата на Србија на вчерашната седница. Во пожарот во домот за возрасни и стари лица „Ивановиќ“ во градот Велики Борак во Бараево загинаа осум корисници, а седуммина се повредени. Во врска со пожарот полицијата уапси три лица меѓу кои и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го помилувал Рос Улбрихт, основачот на „Силк роуд“, онлајн платформа за црна трговија, позната како еден од најголемите веб-сајтови за продажба на дрога, пренесува Би-би-си. Улбрихт беше осуден во 2015 година во Њујорк за заговор за перење пари и трговија на наркотици. Му беше пресудена доживотна казна. Трамп и претходно имаше искажано дека е на страната на Улбрихт, придружувајќи им се на тие ...
Светлана Јовановска Екстремната реакционерна елита во Европа со душа го чека дерегулирањето на трговските и економски правила што го најавува Трамп, бидејќи ќе им овозможи полесно да ја применат нивната програма. „Пред десет години, ако некој ни кажеше дека сопственикот на една од најголемите социјални мрежи во светот ќе поддржи нова реакционерна интернационала и директно ќе интервенира во изборите, вклучително и во Германија, кој би поверувал ...
Изложбата на професори од Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје и Националната ликовна академија од Софија насловена „Дијалог преку уметност“ ќе се отвори на 23 јануари, четврток, со почеток во 18 часот во Галеријата „Академија“ во Софија. „Со изложбата ‘Дијалог преку уметност’, претставена во декември во галеријата на ФЛУ во Скопје, беше поставен почетокот и најавена подготвеноста за ...
Министерството за транспорт информираше дека од Меѓународниот аеродром Скопје се воведуваат две нови авиолинии. Оттаму посочија дека ќе се воведат летови на релација од Скопје до Женева и од Скопје до Париз, односно до аеродромот „Орли“. Двете дестинации се воведуваат на барање на дијаспората, соопштија од ресорното министерство, од каде додаваат дека ќе ги оперира авиокомпанијата „Изиџет“ со тоа што линијата Скопје – Париз ќе започне да се ...
Формирање на Сектор за сајбер безбедност во Министерство за дигитална трансформација, зголемени капацитети за одбранбени операции во сајбер просторот, заштита на децата и младите на интернет и зголемување на свесноста за сајбер безбедноста и за дезинформациите во сајбер просторот. Ова се дел од целите во новата Национална стратегија за сајбер безбедност која треба да се спроведува во рок од четири години, односно од 2025 до 2028 година, а која ...
Еколошката организација „Здрава котлина“ најавува протест во Струмица на 1 февруари, поради, како што велат, граѓанско незадоволство со воздушното загадување во Струмичката котлина како и бавното функционирање односно нефункционирање на системот што законски требаше да го држи под контрола загадувањето што сите ние го дишеме секој ден. „Наместо заштита и контрола од загадувањето, Струмица е 7-ми најзагаден град во Европа и нивоата на сулфур ...
Деведесет Јавни комунални претпријатија, преку АДКОМ-Здружение за даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија со дописи до Владата на РСМ, Регулаторната комисија за водни услуги и услуги за управување со отпад и Министерство за енергетика упатија барање за повластена цена на електричната енергија за Јавните комунални претпријатија. Од здружението посочуваат дека помалку од 10% од струјата што претпријатијата ја трошат отпаѓа на ...
Најмалку осум лица се убиени во израелски напади во градот Џенин на Западниот Брег, соопшти Палестинското министерство за здравство, а пренесува Ал-Џазира. Идентитетот на убиените сè уште не е познат. Дополнително, министерството за здравство соопшти дека најмалку 35 лица се повредени. Оваа вест доаѓа неполна недела по договорот за примирје во Газа. Израелската армија денес соопшти дека војниците, полицијата и разузнавачките служби започнале ...
Вчера се одржа инаугурацијата на Доналд Трамп, 47-от претседател на САД. Таа беше одбележана со остри критики за администрацијата на Бајден, големи ветувања за мандатот кој следи, како и присуството на ИТ милијардери, меѓу кои основачот на Амазон Џеф Безос, извршниот директор на Мета и Фејсбук Марк Зукерберг, како и Илон Маск, пренесуваат Гардијан и „Ен-пи-ар“. „Мојот врвен приоритет ќе биде да создадам нација која е горда, просперитетна и ...
Од 12 до 19 јануари, ликовната уметница Кристина Зимбакова првпат учествуваше на групна изложба во рамките на 20. Меѓународен симпозиум за габи и текстил, во Лас Палмас на островот Гран Канарија во северозападна Африка. Станува збор за интердисциплинарен светски собир што се одржува на секои три години, а каде земаат учество уметници, инженери и научници чија преокупација се боите за текстил и хартијата добиени од габи. На изложбата таа ...
Во Кинотека на Македонија на 23 јануари (четврток) од 19 часот ќе биде проектиран филмот „Зона на интерес“ (Zone of interest). „Филм со два ’Оскари’ за баналноста на злото од британскиот режисер Џонатан Глејзер со врвна германскa актерска екипа“, велат од Кинотека. Синопсисот вели: командантот на Аушвиц, Рудолф Хес и неговата сопруга Хедвиг се обидуваат да изградат живот од соништата за нивното семејство во куќа и градина која се граничи со ...
Џез музичарот Филип Букршлиев ќе одржи соло концерт во „Буква“. Настан ќе се одржи утре, со почеток во 21 часот. Букршлиев е дел од бројни џез состави, вклучувајќи „Такси конзилиум“, „Строг пост“, „Филип Букршлиев трио“, како и во безбројни комбинации со неговите колеги импровизатори, меѓу кои се Дени Омерагиќ, Кристијан Новковски, Драган Теодосиев – Оцет, Нинослав Спировски, Благојче Томевски, Андреа Мирческа и други. Минатата недела, ...
Во скопските гаражи и кафулиња се слуша звукот на едно ново име на македонската андерграунд сцена. Љубителите на локална музичка сцена првпат слушнаа за „Големата вода“ во декември кога тие беа предгрупа на „Харакири“, кои беа свежо вратени од регионална турнеја. На сцената во „Котур“ се качија четири момчиња кои изгледаа како да стигнале од последниот час од втора смена. Фото: Матеја Васојевиќ / @vasosocanon Но, нивниот звук беше далеку од ...
Здружението „Инцијатива за правата на жените од Шуто Оризари“ организира настан за креативен активизам „Изгреби за здравје“, кој ќе се одржи на 24 јануари, петок, од 12 до 14 часот пред Спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје. „За време на креативниот активизам ’Изгреби за здравје’ ќе се постави интерактивна табла со грепка, каде што минувачите ќе имаат можност да изгребаат и откријат кои се клучните проблеми со кои се соочуваат жените Ромки во ...
Министерството за култура и туризам информира дека е објавен Конкурсот за учество во финансирање проектни активности на правни лица од Македонија во европски проекти кои се поддржани од потпрограмата Култура на Креативна Европа 2021 – 2027 на Европската Унија за 2025 година. „Конкурсот има цел да се обезбеди развој на културниот и креативниот сектор, промоција на разновидноста на културните изразувања и афирмација на македонската култура надвор ...