
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Данска, Грција, Пакистан, Панама и Сомалија ќе бидат следните пет непостојани членки на Советот за безбедност на ОН, во период од две години, што ќе почне од 2025 година, јави ДПА. Генералното собрание на Обединетите нации ноќеска ги избра петте нови членки, кои ќе ги заменат Еквадор, Јапонија, Малта, Мозамбик и Швајцарија во ова тело на Обединетите нации. Советот за безбедност на ОН е единственото тело на ОН кое има моќ да донесува обврзувачки ...
Собранието денеска ќе ја одржи втората седница, на чиј дневен ред е и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, по скратена постапка, предложен од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Како што стои на собраниската веб страна, на дневен ред на оваа седница се и две други точки – Верификацијата на мандат на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија и ...
Не сум слушнал дека претседателот на Собранието, Африм Гаши изјавил дека негова татковина е Косово, но ако е така треба да им се извини на граѓаните, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски најпрво одговори дека не слушнал и не прочитал таква изјава. Откако му беше кажано дека тоа го изјавил за Радио телевизија Косово, Мицкоски одговори дека во разговорите со него Гаши лично кажал дека тоа е Македонија. „Но ако тоа го изјавил тој треба ...
Граѓаните кои што на овие избори излегоа и гласаа во огромно мнозинство за Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, што излегоа и гласаа за останатите политички партии и коалиции бидејќи на тој начин дадоа легитимитет на процесот. Граѓаните кои што во целиот овој процес учествуваа и на тој начин самиот процес го направија демократски исто така да се заблагодарам и на оние кои што не гласаа за нас односно кои што гласаа за ...
Новак Ѓоковиќ вчера имаше операција на коленото во Париз, а денеска за прв пат се појави во јавноста по операцијата. Мала хируршка интервенција со која е санирана оштетувањето на менискусот е направена во клиниката Рамзи Санте и изведена од најдобрите лекари. При артроскопијата беше утврдено дека не се работи за сериозна варијанта на повреда на менискусот на десното колено за која не е потребна толку долга рехабилитација. – Изминатиот ден морав ...
На овие фотографии јасно се гледа негрижата и условите на Клиниката за психијатрија во моментите на заминување на одродената власт, споделуваат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека во вакви несоодветни услови се буквално фрлени и новите кревети на кои пациенти ќе треба да спијат. Тука, на Клиниката за психијатрија, оставени се лични работи на докторите и средниот медицински персонал без никакакво обезбедување, па така на ...
Во трката за лидерска позиција на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, засега влегуваат поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник, Венко Филипче, поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка, Славјанка Петровска, како и актуелниот директор на Технолошко-индустриските развојни зони, Јован Деспотовски. Тројцата претенденти во текот на вчерашниот ден ги поднесоа своите кандидатури, истакнувајќи ја потребата од обнова на ...
Принцезата Калина од Бугарија е родена на 19 јануари 1972 година во Мадрид, како петто дете и единствена ќерка на кралот Симеон II и неговата сопруга Маргарита. Таа е внука на Цар Борис Втори кому му отвараа клуб во Македонија. Иако Калина ретко се појавува во јавноста и малку се знае за нејзиниот живот, Нејзиниот татко Симеон стана нов крал во 1943 година во екот на Втората светска војна. Но, тој тогаш бил малолетен, а кралските должности ги ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, напладне, во вила Видно, ќе го додели мандатот за формирање влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој по изборите на 8 мај обезбеди парламентарно мнозинство со коалицијата Вреди и Движењето ЗНАМ, што беше потврдено при изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието. Новиот владин кабинет е проектиран со реорганизација на ресорите и ВМРО-ДПМНЕ вчера до Собранието достави предлог ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ рано утрово беше опериран на коленото. Новак се повреди на натпреварот против Франциско Серундоло на Ролан Гарос кога го оштети менискусот на десното колено, поради што не можеше да го продолжи учеството на тој Грен слем. Станува збор за медијално кинење на менискусот. Meдијално кинење на менискусот е повредата што ја заботи Ноле и поради која го пропушта Вимблдон а се откажа и од Ролан Гарос. За каква повреда ...
ВМРО-ДПМНЕ ги предложи во Собранието по скратена постапка измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа, со коишто ќе се прави нова реорганизација на владата. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на прес-конференција во Собранието, ги повика сите пратеници да ги поддржат измените, најавувајќи дека седницата е планирано да се одржи во петок, а тие да бидат изгласани во понеделник. – Ветивме ...
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање, да ги коментира реакциите од официјална Атина и најавите од грчкиот премиер, Мицотакис, дека прашањето за употребата на нашето уставно име би можело да биде отворено на престојниот самит на НАТО рече: „Не очекувам талибански однос, цензурирање на елементарно човеково право, а сѐ што е содржано во Преспанскиот договор и е дел од нашиот правен систем и уставен поредок ...
Филипче: Тоа што имам одлични релации со Зоран Заев, пред сè говори за мене, се изјасни поранешниот министер. На прашањето дали има поддршка од поранешното раководство, вели дека слушнал многу коментари во врска со поддршката на Зоран Заев. Доколку бидам избран за претседател, јас за многу кратко време ќе докажам дека ќе владеам целосно со мојот интегритет и достоинство. Тоа што имам одлични релации со Зоран Заев, пред се говори за мене. Јас ...
Иднината на Европа по европските избори, интегративниот процес на Западен Балкан, геополитичките случувања во Источен Медитеран, мирното решавање на споровите, справувањето со климатската криза, но и во европските економски случувања, ќе бидат главните теми на дводневната Меѓународната конференција за мир и одржлив развој што на 17 и 18 јуни ја организираат „Институтот Алексис Ципрас“ и „Фондацијата Зоран Заев“, јави дописничката на МИА од ...
Поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник од редовите на СДСМ, Венко Филипче и поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска денеска ќе ги поднесат кандидатурите за претседател на СДСМ. Кандидатура за претседател на СДСМ најави и актуелниот директор на ТИРЗ Јован Деспотовски, кој утре ќе одржи прес-конференција пред поднесување на кандидатурата. – #Нов почеток, нов СДСМ е програмата со која ја барам ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска го именуваше секретарот на Советот за безбедност Сергеј Шојгу за координатор за развој на воено-индустрискиот комплекс. Путин нагласил дека е неопходно да има независен координатор на активностите за Министерството за одбрана да добие соодветна опрема, а тоа да биде Шојгу. Тој нагласи дека станува збор за приоритетните задачи на одбранбената индустрија, за обемот и профитабилноста на производството на ...
На конститутивната седница на Собранието на Република Македонија, одржана на 28 мај 2024 година, уредно беа верификувани мандатите на новоизбраните пратеници во eдинаесеттиот состав на Собранието. Притоа Собранието констатираше дека „на претседателот на Владата и на одреден дел на членовите на Владата со верификацијата на мандатот за пратеник, согласно член 8 став 1 од Изборниот законик им престануваат функциите во Владата. Заради обезбедување ...
Арбер Адеми од ДУИ денеска изјави дека најважно е да се ужива поддршката од граѓаните и да се има легитимитет, даден од нив, а не како, што рече „како губитник и како некој што моли да стои зад врататата да молиш, да плачеш да си дел од власта“, алудирајќи на коалицијата „Вреди“, која е во преговори со ВМРО-ДПМНЕ за составување нова влада. Адеми, одговарајќи на новинарски прашања по настанот по повод Денот на Европа во организација на Европското ...
Заменичката грчка амбасадорка Георгиа Андреади, на панел дискусијата ги повика „сите функционери на Република Cеверна Македонија целосно да ги почитуваат, да се придржуваат и да ги спроведуваат со добра волја сите меѓународно обврзувачки договори како што е Преспанскиот договор, за да може да покажат пред меѓународната и европската заедница дека се искрени, и посветени кон својата евроатлантска иднина“. -Лична забелешка би сакала да појаснам ...
Нема повеќе нагаѓања, најдобриот тенисер досега Новак Ѓоковиќ ја донесе конечната одлука!По деталните лекарски прегледи, српскиот ас реши да не го продолжи учеството на Ролан Гарос, што го разочара регионот. Денеска го откажа тренингот во Париз, а откако отиде на магнетна резонанца реши да не ја продолжи потрагата за одбрана во Париз. Прикажано е оштетување на менискусот, а она што најмногу ги загрижува навивачите е што можно е на Новак да му ...
Физиотерапевтката Грит Х. за неколку недели требaшe да го прослави својот 60-ти роденден. Но, тoa нема да го доживее, бидејќи ја убил нејзиниот син, чиј татко е по потекло од поранешна Југославија. И не само таа, туку и нејзиниот дедо и баба, пренесува Билд. Недолго по злосторството во Плауен синот и се предал на полицијата.Додека разговарал со полицијата плачел и раскажал како го убил семејството и три тела беа откриени во уредна аголна куќа во ...
„Секое патување има свој крај, а на 8 јуни ќе заврши мојата фудбалска авантура… Еден од најдолговечните и најдобри напаѓачи во историјата на фудбалот – вечен бунтовник, фудбалски бандит, егоцентричен, неповторлив спортски романтичар и генијалец кој никого не остави рамнодушен во сабота ќе стави крај на една незаборавна фудбалска авантура. Човек чие име е синоним за харизма, самодоверба, шарм и неверојатни голгетерски способности – единствениот, ...
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Ролан Гарос совладувајќи го Франциско Серундола со резултат 3:2 (6:1, 5:7, 3:6, 7:5, 6:3). . Иако успеа да победи по нереален пресврт, неговата повреда на коленото ги загрижи сите, а Новак зборуваше за тоа по мечот и дополнително ги загрижи своите навивачи. Ѓоковиќ го откажа тренингот на Ролан Гарос за да ги направи лекарските прегледи. Сеуште е неизвесен неговиот настап. ...
Судијата Дарко Костадиновски е избран за нов претседател на Уставниот суд на Република Македонија, информираат денеска од Судот. Од Уставниот суд додаваат дека повеќе информации во врска со изборот на Костадиновски ќе бидат соопштени во текот на денот. Претходно Уставниот суд во повеќе обиди не успеа да избере претседател. Вчера беше последниот обид во кој судот не успеа да избере наследник на Добрила Кацарска чиј мандат заврши на 2 јуни. ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова одбива да ги коментира секојдневните закани од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за можно вето за европските интеграции на земјава поради, како што вели тој, непочитување на Преспанскиот договор од нејзина страна. Јас не коментирам пораки на господинот Мицотакис. Преспанскиот договор има механизми, почнувајќи од укажување, па до обраќање до Генералниот секретар на Обединетите нации. Постои и можност за ...
На седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата во Собранието денеска на дневен ред се Утврдувањето Предлог – одлука за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на собраниските комисии, разгледување на барање од поранешниот претседател Стево Пендаровски, за мирување на правото на пензија по престанување на функцијата и разгледувањето на барања за остварување на плата по престанок на функцијата ...
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше прогласен за виновен по 34 обвиненија во Њујорк, а оваа пресуда може да значи дека актуелниот претседателски кандидат не може да влезе во 37 земји во светот. Трамп беше осуден за фалсификување финансии за време на неговата претседателска кампања во 2016 година, а случајот е поврзан со поранешната ѕвезда на филмови за возрасни Сторми Даниелс. Сепак, покрај потенцијалната затворска казна што ќе ...
Сведочиме за последните политички „купи ден-продај“ зафати на СДС-ДУИ! Километарски редици за чекање операции, хирургија е во колапс, а мора да се потпреме на среќа или на Небото да не се случи поголема трагедија, затоа што ќе нема каде да се примат пациенти. За жал се потврди дека од петок до денеска, вторник, ништо нема да биде преземено на Хирургија, обвинува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Но затоа – дознавме дека на СДС-ДУИ ...
Македонија рутински загуби против Хрватска во Ријека (3-0). Очигледно е дека нашата репрезентација не е достојна проверка за Хрватска, дури и за пријателски мечеви. „Коцкестите“ се подобри во секој дел од тимот и затоа играат на секое европско или светско првенство.А на Македонија само еднаш и се посреќи, и не со актутелниот селектор Милевски. Не видовме многу во првите половина час, но потоа блесна Ловро Мајер (26), кој реализира одличен ...
Голем број македонски граѓани ги користат евтините аранжмани во јуни за да го посетат јужниот сосед. Па еве што може да очекувате Температурата на воздухот е пријатна а температурата на морето се движи помеѓу 20 и 21 степен со тенденција да расте како што се затоплува. Цените на бензините во Грција постојано се менуваат и варираат од место до место. Најевтини се во Атина и Солун, додека најскапи се на автопатите и на островите. Ако одите на ...