Мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во законодавниот дом го достави предлогот за состав на владата и програмата за нејзината работа, откако во неделата вечерта Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги потврди петнаесетте членови. Мицкоски нагласи дека граѓаните имаат големи очекувања, бидејќи како што рече, изминативе седум години земјава била заробена од неколкумина властодршци. Штотуку ја поднесов ...

Секој член на оваа влада мора да има промакедонски позиции и секој кој ќе излезе надвор од оваа патека, без разлика на „про“ какви било позиции, повеќе нема да биде дел од оваа Влада, изјави Мицкоски прашан за коментар за реакции во јавноста по неговиот предлог Иван Стоиљковиќ, претседателот на Демократската партија на Србите да биде вицепремиер задолжен за односи со заедниците. Мицкоски рече дека не би се согласил со тие ставови во врска со ...

Во својата нова публикација Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал (ГИ-ТОК) насловена како Чад на хоризонтот“ анализира дека како што се зголемува приливот на оружје во руско-украинската војна, така паралелно се зголемува и ризикот од потенцијалниот шверц на истото надвор од границите на војната. Александар Србиновски, координаторот за Македонија и Југоисточна Европа за ГИ-ТОК, информира дека ова истражување било ...

На 89 годишна возраст почина првиот претседател на Собранието на самостојна и суверена Република Македонија, Стојан Андов. Андов е роден во Кавадарци на 30 ноември 1935 година. Основно образование и гимназија завршил во родниот град, а дипломирал на Економскиот факултет во Скопје и магистрирал на Факултетот за политички науки во Белград во 1972 година. Бил потпретседател на Републичкиот извршен совет, член на македонската делегација во Соборот ...

Огнени црви, чија должина може да достигне и до 30 сантиметри, претставуваат сериозна закана за туристите и локалното население во Будва, поточно на Словенската плажа. Нивниот невротоксин предизвикува вртоглавица, главоболка и други алергиски симптоми кои можат да траат и до два дена. Овие црви, според истражувањето на Националниот институт за морски истражувања на Црна Гора, предизвикуваат штета и на рибите. Станува збор за „многу отровен вид ...

Државата е навистина доведена во незавидна ситуација каде нема луксуз да се делиме, поларизираме, пребројуваме на ваши, наши, нивни, треба сите можни ресурси да се ангажираат за да може да постигнеме одредени цели и затоа е таа подадена рака и кон тие кои се претставници и симпатизери на СДСМ. Но тоа не значи дека некој што се огрешил пред законот ќе биде заштитен од одговорност. Ако некој бил директор, министер, функционер од СДСМ и ДУИ и ...

Хитлер бил отфрлен од уметничкото училиште и во 1907 и 1908 година. Како може да се разликува текот на историјата доколку тој бил прифатен? Никогаш нема да дознаеме. Еве какви беа неговите слики 🧵 Автопортрет, 1910 година Hitler was rejected from art school in both 1907 & 1908. How may the course of history differed had he been accepted? We will never know. Here is what his paintings were like 🧵 Self portrait, 1910 ...

За неколку дена Македонија ќе ја добие новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во изминатиот период кога се договораше оваа влада внимателно ги следев оние пораки од одредени политички центри од новата опозиција дека премногу им се дало на коалицијата Вреди што е ноторна измислица, замислете тие кои коленичеа во Речица кои 7 години беа главни измеќари на ДУИ нам кои повративме најмалку три четвртини од позициите кои ги изгубија ни велат дека сме ...

Честа е огромна да се одбележи создавањето на партијата која со своето постоење се вгради во создавањето на независна Република Македонија и над 30 години е сопатник низ сите премрежја, искушенија и големи радости, таги и прослави на нашата татковина,истакна од Велес лидерот Мицкоски. На денешен ден пред точно 34 години се создаде ВМРО-ДПМНЕ кој не беше само природен порив на македонскиот народ за автентично политичко организирање во зората на ...

Собраниската седница за избор на новата влaда се очекува претседателот на Собранието Африм Гаши да ја закаже за сабота во 11 часот, а таа треба да заврши најдоцна до недела на полноќ. Како што најави мандатарот Христијан Мицкоски, се очекува тој утре до Собранието да го достави составот на владата и програмата за нејзина работа. Колку ќе трае оваа седница зависи од бројот на пријавени пратеници за збор и дебатата во пленарната сала. Засега е ...

Мандатарот за состав на влада, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа по седниците на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на јавноста и ги соопшти предлозите за министри во новата влада. Новата влада ќе биде составена од партиите кои се дел од коалицијата Твоја Македонија, коалицијата Вреди и политичката партија ЗНАМ. Тоа е влада која има поддршка од електоратот или повеќе од 600.000 гласа освоени на изборите кои што завршија ...

Денеска после шест години минати во затвор на слобода излегува Миле Јанакиески. Тој во периодот од 13.11.2018 година до 17.6 2024 неколкупат беше во притвор и куќен притвор. Во јули минатата година беше прво во Идризово а потоа во Шутка. Конкретно, Јанакиески доби условен отпус, одлука што ја донесе Апелација. Јанакиески беше една од најголемите жртви на власта во заминување.Беше малтретиран речиси секојдневно на суд, а понекогаш имаше и по ...

Албанските навивачи и дадоа голема поддршка на својата репрезентација на мечот со Албанија.Се вееја знамиња со двоглав орел но и со терористичката УЧК. Па така на стадионот во Дортмунд имаше транспарент на ОВК но и на Голема Албанија. На големата држава на Албанците се најде половина Македонија сосе центарот на православието Охрид. На трибините на стадионот Синал идуна парк беше и Зијадин Села, лидерот на Алијанса и на Европскиот фронт. Се ...

Фудбалерите на Холандија ја совладаа Полска попладнево во Хамбург со 2-1 (1-1) во воведниот натпревар од групата Д на Европското фудбалско првенство. Холандија до победата дојде со пресврт откако Букса ја донесе Полска во водство во 16 минута. Резултатот го израмни Гакпо во 29 минута, а победата на Холандија ѝ ја донесе резервистот Вегхорст во 83 минута. Воведното коло во групата Д ќе биде комплетирано утре со дуелот меѓу Франција и Австрија ...

Претставници на 80 земји и на пет организации кои присуствуваа на мировната конференција за Украина во Швајцарија денеска потпишаа декларација во која се наведува дека „територијалниот интегритет“ на Украина е основа за секој мировен договор што ќе стави крај на војната. Во заедничката изјава се потенцира дека мирот може да биде постигнат само со учество на сите страни. – Актуелната војна на Руската Федерација против Украина продолжува да ...

– Во обраќање на пленарната сесија на Самитот за мир во Украина, што викендов се одржува во Бургеншток на езерото Луцерн во Швајцарија, претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова истакнала дека тековната војна во Украина нè засега сите нас. Како што соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова, таа оценила дека Украина е изложена на огромно човечко страдање и уништување, дека безбедносната архитектура на Европа е под закана, а на глобално ...

Во Битола се одржа возбудлива дебата на една од најрелевантните теми во високото образование: „Приватни наспроти државни универзитети“. Како дел од проектот „Зајакнување на вашиот потенцијал“, ценети професори, студенти и членови на локалната заедница се собраа да дебатираат за квалитетот во високообразовните институции во Република Македонија и предизвиците со кои се соочуваат тие. Во ерата обележана со стремеж за квалитет во образованието, ...

Германците повеќе од подготвени до дочекаа Европското првенство.Сѐ функционира како под концец, импровизации не смее да има. Навивачите кои немаат билети мечевите може да ги ги следат во фан зоните во центарот на градот. „Пресинг ТВ“ ви ја пренесува атмосферата во Штутгарт каде настапуваат репрезентациите на Словенија, Данска, Германија, Шкотска, Унгарија и Украина Oние пак што имаа среќа да дојдат до билет треба да поминат ригорозни контроли ...

ТВ водителката Бесмира Ејупи која пред две години не успеа да стане конзул, сега доби дипломатска мисија со потпис на министерот за надворешни работи во заминување Бујар Османи, тврдат извори во МНР за порталот Експрес. Како што објави порталот, министерот за надворешни работи во заминување Бујар Османи денеска потпишал решенија за праќање дипломати на испомош во македонски дипломатски конзуларни претставништва низ светот. На списокот е и ТВ ...

Очекувам и верувам од поддршката што ја добиваме дека одиме кон целосно нов впечаток, увеврен е кандидатот за нов претседател на СДСМ, Јован Деспотовски. Тој во интервјуто за „Република“ говори за изборите на 30 јуни, за одложенот конгрес, како и за тоа дали има фаворизрање на одредени противкандидати. Во врска за причините за одложувањето на конгресот, Деспотовски вели дека тие најточно се дознаваат ако разговарате со луѓето. Мислам дека сето ...

Очекувам и верувам од поддршката што ја добиваме дека одиме кон целосно нов впечаток, увеврен е кандидатот за нов претседател на СДСМ, Јован Деспотовски. Тој во интервјуто за „Република“ говори за изборите на 30 јуни, за одложенот конгрес, како и за тоа дали има фаворизрање на одредени противкандидати. Во врска за причините за одложувањето на конгресот, Деспотовски вели дека тие најточно се дознаваат ако разговарате со луѓето. Мислам дека сето ...

Кога ќе се погледнат личните карти на играчите кои ќе настапат на Европското првенство се забележува дека мноумина не се родени во земјите за кои настапуваат. Предничи репрезентацијата на Албанија. Таму дури 19 играчи не се родени во Албанија, а тројца се од Македонија. Станува збор за Насер Алију кој е од Куманово, Таулант Сефери и Јасир Асани. Од друга страна има 15 фудбалери кои се родени во Германија а на ова европско нема да играат за ...

Кошаркарот Никола Јовановиќ пријателот на Јелена Карлеуша е 16 години помлад од неа. 30 годишниот Никола финансиски тежи околу половина милион долари. Јовановиќ е млад и перспективен играч, помина низ јуниорските селекции на Црвена звезда, а помина и една година во Партизан .Потоа замина науниверзитет во Јужна Калифорнија. По третата година се пријави на НБА драфтот, кој не го мина, па шансата во НБА ја побара преку летната лига, каде прво ...

Вечерва во 21:00 часот по македонско време започнува долгоочекуваното УЕФА ЕУРО 2024! Воведниот натпревар го игра домаќинот Германија против Шкотска во натпревар од групата А на натпреварувањето, што се одржува на „Алијанц Арената“ во Минхен. Пред натпреварот ќе има и традиционално отварање на кое ќе му биде оддадена почит и на легендарниот фудбалер Франц Бекенбауер кој почина на 7 јануари годинава. Актуелен шампион е Италија, која триумфираше ...

По успехот на документарниот филм “Први до Четврто” кој е претставник на интернационалниот филмски фестивал за спорт кој ќе се одржи во месец август во Златибор, Србија, се подготвува нов документарец по сценарио и режија на Игор Ивановски. Новиот филм е насловен „Брендот под кошевите“ за КК Работнички. Нема подобра најава за снимањето на новиот проект КК. Работнички – брендот под кошевите, преку фотографијата од човекот која кажува многу, ...

Игор Гиевски е избран за нов член на Управниот одбор на ЕВН Македонија. Гиевски, кој е роден 1976 година е дипломиран електроинжиниер, доктор на електротехнички науки. Гиевски важи за човек со големо работно искуство. Тој претходно ја вршеше функцијата член на УО на ЕВН Македонија, во периодот од 2010 до 2018 година. По неговиот успешен осумгодишен мандат, беше назначен за Управител на ЕВН Македонија Електрани, каде беше на позиција до 2022 ...

Љупчо Палевски-Палчо побарал дополнение на неговиот исказ, дознава „Телма“. Неговиот адвокат Марјан Витановски вели дека Палевски во понеделникот лично поднел барање за дополнение на неговиот исказ, бидејќи за време на неговиот распит не располагал со докази за одредени прашања на обвинителството. Во меѓувреме Витановски побарал и увид во списите на предметот. Палевски за време на распитот кој траеше повеќе од седум часа негирал било каква вина ...

Пропуштаме како партија да имаме добар изборен процес во кој сите поранешни претседатели ќе излезат со јасен став дека трката е отворена и дека секој член има право да го изрази својот став за фер и отворен процес без да фаворизираме никого. Тој елемент можеби недостасува, дека ниту еден од лидерите ниту партиски членови не застанува позади никого, искрен е кандидатот за нов претседател на СДСМ, Јован Деспотовски. @republika.onlineЈован ...

Фризерот од Нови Сад познат по името Марио Хвала е познат по своите тетоважи-фризури, а сега во пресрет на Европското првенство. Марио ја „украси“ главата на својот модел со неверојатен портрет на фудбалската суперѕвезда од Франција, Килијан Мбапе! Фризерот ги привлече светските медиуми, а една од популарните страници посветени на фудбалот на Инстаграм „433“ објави видео кое набрзо достигна повеќе од 15 милиони прегледи! Марио вели дека ...

Англиските медиуми креваат паника пред мечот со Србија на стартот од натпреварувањето во групата Ц (недела, 21.00 часот) на Европското првенство во Германија. Дејли Мејл објави напис под наслов „Српската армија насилници од про-Путин ултраси ќе дојдат во Гелзенкирхен. Германската полиција нема точни информации и конкретни разузнавачки податоци, но веруваат дека ќе пристигнат 400 до 500 српски хулигани, желни за насилство. Навивачите на ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
0.95
61%
1013
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
0.45
63%
1011
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
0.81
59%
1013
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
5.37
62%
1012
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
10.42
64%
1009
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
0.99
76%
1014
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
6.26
49%
1010
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
3.13
66%
1013
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.19
55%
1013
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 11ᴼ
4.02
84%
1006
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 12ᴼ
3.13
68%
1010
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
8.24
80%
1008
Currency

61.53

Currency

55.1767

Currency

73.024

Currency

35.3694

Currency

39.4472

Currency

65.7987

Currency

7.64669

Currency

0.6798

Currency

0.3776

Currency

0.52479

Currency

1.41825

Currency

0.6438

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.49

Кобалт

42.99

Никел

15471.00

Рутениум

19869.16

Калај

33.08

Сребро

1035.04

Злато

102292.85

Бакар

9.30

Паладиум

30607.51

Платина

31331.12

Родиум

176025.34

Цинк

2.69