Американската раперка Карди Би повторно е во центарот на вниманието на јавноста, овојпат поради тужбата што против неа ја поднесе Џејн Доу. Имено, во тужбата се наведува дека за време на настап во Лас Вегас во 2022 година, раперката наводно фрлила микрофон и ја удрила во главата, нанесувајќи ѝ физички и емоционални повреди. Тужбата е поднесена по нејзиниот концерт одржан на 29 јули 2023 година. Според тужбата, за време на настапот, Карди ја ...

На територијата на државата заклучно до 18:30 часот се евидентирани вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, шест се под контрола, а пет се изгаснати. Пожарот кој што попладнево изби на брегот на Преспанското Езеро во близина на село Перово се гаси со еден Ер трактор, а како што посочија од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), наскоро ќе му се приклучи уште еден. Активни се пожарите во Општина Василево, Радовиш и Берово ...

Македонија денеска се соочи со екстремно високи температури. Највисоката измерена максимална температура беше 42°C во Велес, Демир Капија и Гевгелија, додека најниска беше на Попова Шапка – 26°C. Во Скопје, Битола, Штип и Струмица се измерени 40°C, додека Кавадарци со 41°C влегува меѓу најжешките градови за денот. Времето денес беше сончево и многу топло, со слаба до умерена облачност и променлив ветер кој не донесе никакво освежување. До ...

Европратеничката Ирена Јовева е родена во Словенија, но има родители од Македонија, па во интервју за „Женски магазин“ зборуваше за различни теми. „Пред неколку дена некој напиша дека јас сум ќерка на чистачка и неквалификуван работник од дното на општеството. Јас се гордеам со тоа што мајка ми беше чистачка, а татко ми работник во железара. Сè постигнав со чесна и напорна работа“, вели Јовева за „Женски Магазин“. Целото интервју на ...

Младата македонска таеквондистка Душица Бреслиева запиша историски успех на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ), кој оваа година се одржува во Скопје. Таа стана првата македонска претставничка од боречките спортови што изборила победа на ова значајно натпреварување. Во рамките на таеквондо турнирот, Бреслиева убедливо ја совлада претставничката на Норвешка, Матеа Јакобсен, со резултат 2-0 во рундите, покажувајќи техничка зрелост и ...

Поради сообраќајна незгода од 17:50 часот на патниот правец Маврово – Дебар и обратно, кај Ростушки мост, сообраќајот е во целосен прекин, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски и Бојан Стојаноски денеска објавија заедничко видео на фејсбук по повод усвојувањето на законите за зголемување на пензиите и за ваучери за студентите со што се зголемува животниот стандард за студентите и пензионерите. -Денеска во Собранието гласавме два исклучителни закони. Закони кои што се за борба со нееднаквоста но и зголемување на стандардот на пензионерите. Зголемување од 2 000 денари кое што со ...

Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици беше примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години, во реката Вардар, во близина на селото Уланци, Општина Градско. Пријавата била поднесена од лице присутно на местото на настанот – сестра на 16-годишното девојче – која, во видно вознемирена состојба, побарала итна помош. Набргу потоа, се јавил и доктор од ИМП Велес, кој ја потврдил информацијата и побарал ангажирање ...

Министерот за здравство, Азир Алиу во рамки на денешната работна средба со директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р Синиша Стојаноски ја реафирмираа заложбата за континуирано унапредување на третманот на пациентите и условите за работа на здравствениот персонал. При посетата, д-р Стојаноски го информираше министерот дека веќе се почнати градежни активности за реконструкција на хируршкиот дел и кровот на болницата. -Денес на лице место, заедно со ...

Еден лекар од општа пракса, четири медицински сестри со средна стручна спрема, од кои две за работни места болничарки и еден лаборант техничар со средна стручна спрема ќе станат дел од медицинскиот персонал на ЈЗУ Специјализирана болница за белодробни заболувања и туберколоза „Јасеново“. Болницата вработи и едно лице за одржување на хигиена. Како што информира директорот Далибор Таневски, по истекот на огласот за прием на работа, вчера, ...

Министерот за здравство, Азир Алиу во рамки на денешната работна средба со директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р Синиша Стојаноски ја реафирмираа заложбата за континуирано унапредување на третманот на пациентите и условите за работа на здравствениот персонал. При посетата, д-р Стојаноски го информираше министерот дека веќе се почнати градежни активности за реконструкција на хируршкиот дел и кровот на болницата. -Денес на лице место, заедно со ...

Оваа година, Скопско започнува нова кампања посветена на она што станува сѐ поретко во денешницата – вистинското опуштање и автентичната поврзаност. Во свет каде живееме под постојан притисок да бидеме совршени и да одржуваме слика што не е секогаш искрена, Скопско ја слави вистината и ни нуди момент да здивнеме. Со својот автентичен вкус – оној што го препознаваме во првата голтка – и со вековната врска со луѓето, Скопско останува симбол на ...

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ги потпиша договорите за реализација на 43 капитални проекти во 33 општини низ државата. За овие проекти се обезбедени над 227 милиони денари директна финансиска поддршка од Министерството, со што се овозможува имплементација на конкретни решенија во областа на канализација, водоснабдување и управување со водните ресурси. Со овие проекти се поставуваат темелите за долгорочен и ...

На денешната собраниска седница се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, кој истакна дека младите луѓе во Македонија добија партнер во државата, а воедно и дека од септември секој студент, кој е запишан на додипломски студии, ќе добие вредносен ваучер од 250 евра за електронски уред. „Констатирам дека кога е ВМРО-ДПМНЕ во прашање и младите во Република Македонија, зборот е збор и затоа денес се гордеам што сум овластен ...

Македонија ги живее најтоплите денови ова лето, со температури кои денеска во 14:00 часот достигнаа екстремни вредности низ целата земја. Според мерењата на УХМР живата во термометарот се искачи до речиси 40 степени Целзиусови, најавувајќи уште потопол бран од утре. Највисоки температури во 14:00 часот се измерени во: Во Скопје (Петровец) измерени се 37.8, додека во Штип е 37.5. Дури и во повисоките места, температурите се невообичаено високи, ...

Преку програмата Општинско-корисна работа, од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување, 300 невработени лица добиваат можност за работен ангажман од 18 месеци со месечен бруто надомест од 28.000 денари, вклучувајќи осигурување и данок. Ќе обезбедуваат социјални и здравствени услуги на локално ниво. Министерството за економија и труд за таа намена објави повик на кој до 8 август годинава ќе може да аплицираат единиците на ...

Вистинската сила на полициската професија се гледа во најтешките моменти, истакна министетот за внатрешни работи Панче Тошковски. По вчерашниот настан во Тетово, каде полициски службеници спречија трагедија и спасија млад живот, денеска лично го примив колегата Беким Исмани, кој со исклучителна храброст и присебност ја спречи девојката да скокне и си го одземе животот и притоа беше повреден со нож кој таа го држела во раката, посочи Тошковски. ...

Македонија се соочува со исклучително високи температури уште од раните утрински часови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според денешните мерења во 08:00 часот во неколку градови низ земјава температурата на воздухот веќе ги надмина 30 степени. Највисока утринска температура е измерена во Гевгелија, каде живата во термометарот се искачила на 30.8°C уште во 08:00 часот. Потоа следат Кавадарци со 29.2°C, Велес со 28.9°C и ...

Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на државата не располага со точни податоци за спортските објекти кои се под негова надлежност и не е извршено запишување во јавните книги што создава ризик од незаконско постапување со државниот имот, констатирале ревизорите при извршената ревизија во ова јавно претпријатие. Во ревизорскиот извештај се наведува дека ревизорите не биле во можност да ги потврдат вредностите ...

Руски патнички авион со 49 лица, кој исчезна за време на летот, е пронајден урнат во источниот дел на Русија, во близина на границата со Кина. Според првичните информации, нема преживеани. Станува збор за авион од типот Ан-24 на авиокомпанијата „Ангара“ со седиште во Сибир, кој летал кон градот Тинда, но исчезнал од радарите додека прелетувал над регионот Амур. „Спасувачите продолжуваат да се движат кон местото на несреќата“, соопштија ...

Од Центарот за управување со кризи известуваат дека вчера во државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои се уште 5 се активни, 4 се под контрола, а 16 се изгаснати. Активни пожари има на следниве локации: Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација) Општина Прилеп – с. Бешиште, местo викано Бешишки Рид (мешана ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Денеска во временски период од 09:00 до 14:00 часот поради обезбедување на велосипедска трка, сообраќајот од центар на град Куманово по улицата 3-та МУБ, обиколница за Свети Николе, магистрален пат Куманово – Крива Паланка и по регионален пат Куманово граничен премин Пелинце до Меморијален центар АСНОМ во село Пелинце ќе биде во прекин. Интензитетот на ...

Под влијание на топлотниот бран што ја зафати земјава, дневните температури до сабота ќе бидат над јулскиот просек и ќе се движат од 34 до 38 степени во југозападниот, источниот и североисточниот регион, од 32 до 38 во Полошкиот регион, од 38 до 40 во Пелагонија и од 38 до 43 степени во Скопскиот, Вардарскиот и југоисточниот регион. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) веќе го вклучи црвениот метео аларм, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) ...

Темното чоколадо, особено она со висок процент какао (70% и повеќе), е богато со флаваноли — природни антиоксиданси кои имаат значителни позитивни ефекти за здравјето. Истражувањата покажуваат дека консумацијата на темно чоколадо може да го подобри протокот на крв, да го намали крвниот притисок, да ја зголеми чувствителноста на инсулин и да влијае позитивно на расположението и когнитивните функции. Меѓутоа, за да ги искористите овие здравствени ...

Општина Илинден денеска доби нов здравствен дом, прв по половина век. Во објектот изграден на локацијата на старата амбуланта, на две нивоа со површина од 600 метри квадратни, се сместени 14 современи ординации, за основна здравствена заштита, но и специјалистички здравствени услуги. Во амбулантата се вложени 16 милиони денари, по осум милиони денари од буџетите на Министерството за здравство и на Општина Илинден. Заедно со придружната ...

Луѓето се лутат од различни причини – поради неправда, поради недоразбирање или едноставно затоа што се гладни. Но, постојат хороскопски знаци на кои не им е потребна голема причина за ненадејна промена на расположението. Доволно е погрешно изговорена реченица, погрешен тон, заборавена порака или некој што дише премногу гласно во близина. Нивниот гнев не трае вечно, но секако се појавува ненадејно, неочекувано и со допир на театралност. Ако ...

Француските власти, во соработка со украинските колеги и Европол, го уапсија осомничениот администратор на платформата xss.is, една од највлијателните рускојазични платформи за сајбер-криминал, во операција спроведена вчера во Киев, се наведува во денешното соопштение на Европол. Осомничениот, кој речиси две децении бил активен во сајбер-криминалот, заработил над седум милиони евра преку олеснување на нелегални активности. Платформата xss.is, ...

Белата куќа денеска претстави акционен план за промовирање на развојот на вештачката интелигенција (ВИ) во САД, извоз на американска вештачка интелигенција и елиминирање на „идеолошката пристрасност“ на чет-ботовите. – Претседателот Доналд Трамп посочи дека напредокот, па дури и доминацијата на САД во разузнавачката сфера е национален приоритет, изјави Дејвид Сакс, виш советник на Белата куќа за вештачка интелигенција, за време на телефонски ...

Со зголемувањето на температурите, негата на кожата станува поважна, а нејзината заштита станува неопходен дел од секојдневната рутина. Иако кремоите за сончање честопати се поврзуваат исклучиво со поминување време на плажа, тие всушност играат клучна улога во спречувањето на оштетување на кожата – и естетски и здравствено. Штетното УВ зрачење е присутно дури и кога е облачно, а последиците од прекумерното изложување на сонце може да вклучуваат ...

Третата рунда преговори меѓу руската и украинската делегација во палатата Чираган во Истанбул е во тек. Шефовите на делегациите ги почнаа билатералните преговори, а во моментов се одржува состанок лице в лице меѓу секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров, и помошникот на рускиот претседател Владимир Путин, Владимир Медински, јави агенцијата Риа. Според Анадолија, на почетокот на преговорите присуствувал ...

Повик

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
81%
1025
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
2.06
81%
1024
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
82%
1024
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
73%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.7
77%
1026
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
79%
1025
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
1.34
77%
1024
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
62%
1024
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
71%
1024
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
78%
1027
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
92%
1025
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
93%
1025
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.58202

Бакар

10.93

Родиум

258813.51

Цинк

3.04

Алуминиум

2.92

Сребро

2105.58

Кобалт

58.42

Платина

62683.26

Рутениум

29192.88

Калај

43.15

Паладиум

53788.20

Иридиум

145787.60

Злато

139298.91