Познатата хрватска пејачка Северина по одморот на Малдиви реши неколку дена да биде во друштво на својот најсакан – синот Александар, со кој уживаат во убавините на националниот парк Плитвички езера. На нејзиниот инстаграм профил беше објавено навистина интересно видео на кое се гледа како Северина се впушта во авантура, спуштајќи се со зип-лајн, додека нејзиниот син ја бодри. – „Сега ќе ме видите мене. Јас не сакав да се обидам, а сега ќе одам ...

Принцот Хари е повторно во Обединетото Кралство поради специјална причина. После се што се случуваше во последно време, новата средба на Вилијам и Хари може да се смета за историска. По се изгледа единствена личност што може принцовите да ги обедини барем за момент е нивната покојна мајка. Војводата од Сасекс (36) пристигнал во Лондон и треба да присуствува на откривањето на статуата во чест на принцезата Дијана, кое ќе се оддржи пред палатата ...

Очигледно на македонската јавност и недостасувале музичките концерти. Продукцијата Авалон преку соопштение на социјалните мрежи најави дека поради огромен интерес и секако, подобро искуство на публиката, концертот на „Рибља Чорба” одлучиле да се одржи на отворениот простор пред А1 арената, но на паркингот кој граничи со Аква паркот. – „Локацијата собира 15.000 посетители и тоа ни овозможува да пуштиме дополнителни 1.000 влезници во продажба, ...

Популарната пејачка Ријана (33) во последно време не се појавува често во јавноста и поради тоа секое нејзино излегување е пропратено од безброј папараци. Рири одлучила да излезе на состанок во Њујорк со своето момче Ејсап Роки (33), а нејзината комбинација за оваа прилика никого не оставила рамнодушен. Парот е многу таинствен околу нивната врска и никој не знае кога точно тие започнале да се забавуваат, но едно знаеме дека Роки за магазинот GQ ...

Знаеме, веќе ви стана досадно да читате за Џеј Ло и нејзините љубовни авантури, но што е со нејзиниот поранешен партнер? Холивудскиот шоубиз оваа недела е фокусиран и на љубовниот живот на поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез, со кого Џеј Ло раскина само две недели пред да биде фатена со Бен Афлек! Имено се зборува дека Родригез е во врска со актерката Кети Холмс, затоа што неодамна бил виден како излегува од нејзината зграда. Сепак, ...

Денеска времето ќе биде сончево и многу топло, со умерена облачност. Утринската температура ќе се движи од 14 до 23 степени, а дневната од 30 до 41 степен. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло со умерена облачност. Утринската температура ќе достигне до 20 степени, а дневната до 39 степени и УВ индекс 9. Земјава и денеска ќе биде под влијание на топол бран со високи температури од портокалова фаза, поради што надлежните ...

Клубската сцена се повеќе добива на популарност, а како најзаслужни за развојот на трап сцената се продуцентската куќа Urban Records. Единствените кои неуморно работеа и издаваа песни за цел период на изолација, а сега на задоволство на сите дојде време и да настапат со тие хитови со милионски прегледи. И како што ветија од продукцијата дека ќе имаат соработки со наши и надворешни артисти, истите веќе се реализираат. Така пред два месеци се ...

Композицијата „Zugzwang” за виолина, пијано, перкусии и електроника од македонската композиторка Дарија Андовска, беше селектирана од над 200 композиции од целиот свет за изведба во рамките на 29. Меѓународна Трибина на Композитори во Белград, Србија. Од преку двеста композиции пристигнати на конкурсот на Сојузот на композитори на Србија, во програмата се вклучени само 38 дела на автори од Србија, Македонија, Велика Британија, Германија, ...

Лубеницата на многумина од нас ни е омилено овошје. Одвај ја чекаме сезоната на лубеници за да вкусиме сочно, слатко и не многу калорично овошје. Но, семките од лубеница сите ние ги фрламе. Не знаеме дека се корисни како храна но, и како лек особено за здодевните уринарни инфекции. Може да помогнат повеќе отколку што може да замислите. Семките од лубеница имаат многу малку калории, а висока нутритивна вредност. Содржат магнезиум, фолна киселина ...

Бројни славни личности јавно ја поддржаа Бритни Спирс, а меѓу првите се огласи нејзиното поранешно момче Џастин Тимберлејк. Бритни Спирс прв пат се обрати на суд во врска со легалното старателство на татко и, поради тоа што тој имал целосна контрола врз нејзиното богатство од околу 60 милиони долари во последните 13 години. Инаку, таа во своето излагање се осврна на повеќе други моменти од својот живот, при што нагласи дека легалното ...

После 12 студиски албуми и две винил изданија, прославувајќи ја 20 годишната кариера, бендот “Љубојна” повторно се ребрендира, одржувајќи го својот курс во популарната музика. Овој пат со новата песна „Јас и ти” на Вера Милошевска, со која песна Вера, со голем успех навлегува и во кантавторските води. Новиот сингл носи ведрина на латино клаве ритам, воздишки на летни љубови и мириси на липи и жешки калдрми. Музиката и текстот се на Вера ...

Низ Холивуд се шират гласини дека Бен Афлек повторно ќе ја побара нејзината рака за нејзиниот 52. роденден, па да се потсетиме на сите веренички прстени кои ги добила и кои сеуште ги поседува. Џенифер Лопез (51) е една од најпознатите пејачки и глумици во Холивуд. На професионално ниво таа успева да игра, пее, глуми и продуцира, но кога станува збор за нејзиниот приватен живот, тука има многу да се зборува. Џеј Ло била запросувана 5 пати, а тоа ...

Се ширеа гласини дека Џенифер Анистон и Бред Пит ја обновиле романсата по разводот во 2005 година. После се, тие изгледаа како да флертуваат на наградите САГ во јануари 2020 година и потоа на читањето сцени за „Fast Times At Ridgemont High“. Но, во интервју за SiriusXM show таа изјавила дека се само „пријатели“. -Бред и јас сме „пријатели“.. и зборуваме – изјавила Џенифер. -Беше многу забавно. Немаше ништо чудно, освен можеби за оние кои нè ...

Американскиот глумец Харисон Форд го поврдил рамото додека вежбал акциони сцени за најновиот филм за Индијана Џонс. Холивудската ѕвезда повторно ќе ја игра улогата на археолог-акционен херој, иако има 78 години. Петтиот и последен дел од серијалот се снима во Велика Британија и премиерата треба да биде во 2022 година. Во соопштението на „Дизни“ не се наведува сериозноста на неговата повреда, но велат дека распоредот на снимањата ќе биде ...

Поволната епидемиолошка состојба со коронавирусот во нашата земја ни донесе нов почеток на летната концертна сезона! Прва мразот ќе го скрши Наташа Беквалац, на концерт под отворено небо пред А1 арената, оваа сабота на 26 јуни, со почеток во 21 часот. Со нејзините добро познати хитови и сценски перформанс ветува неверојатна атмосфера која долго ќе се памети. Концертот ќе започне во 21 часот, а картите кои се во строго лимитиран број, може да се ...

Здравствените власти во земјава сметаат дека учениците може да се вратат во училиштата од септември, а за две недели целосно ќе бидат завршени протоколите за новата учебна година. Министерот Венко Филипче уверува дека протоколите за учебната година се речиси готови. – Има уште некои технички детали, на кои работи работната група, во која членуваат претставници од МОН и епидемиолози од Комисијата за заразни болести. Планирано е да присуствуваат ...

УХМР најавува сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 33 до 41 Целзиусов степен. УВ-индексот ќе изнесува 9. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. ...

Сегашноста е истетовирана повеќе од сето минато, тетовирањето стана современ феномен и инспиративна тема, особено во лето кога е видливо изложена во сопствениот излог на најголемиот човечки орган – кожата. Но кога нешто станува мода – веќе не може да фасцинира! Феноменот тетоважа е стар колку и човештвото, некогаш користен за да ги маркира отфрлените, некогаш почестените, но тату симболите низ историјата не припаѓале на мејнстримот како во ...

Нема историја без војни, човекот е воин, нагонски сака да војува и освојува, а никако да сфати дека во ниту една војна нема победници, секоја војна има само губитници, (па и кога се војни профитери) и завршува со глобален пораз, со човечки жртви. Ковидот го предизвика човештвото и перфидно без најава му објави на светот Трета светска војна, различна од сите досегашни. Сега војни пунктови и жаришта се човечките организми и во зависност од ...

Првиот невербален, често несвесен израз на новородениот член на семејството упатен до околината која му се радува, е насмевката. Секако првин е плачот, така што плачењето и смеењето се првите неизоставни емоции на човекот. Веднаш потоа следува прдежот, ама тоа е друга тема, мириса поинаку од смеата (какво олеснување за оние на кои ковидот привремено им го одзеде чувството за мирис и препознавање на сите нијанси на прдежот за време на ...

„Секоја промена е добра дури и кога е лоша“ – празна фраза кога правиме погрешен избор! Но сите сакаме промени, често посакуваме во новата година да расчистиме со старите лоши навики и да почнеме одново, да ги заборавиме непријатностите и се понадеваме на благопријатни моменти И тоа е добро, кога сакаме да свртиме нова страница од животот, но за тоа ни се потребни двете страни од нашата личност, слонот и јавачот! Јавачот е оној кој ги држи ...

Верувам дека ВИНАта во општеството, нејзината индивидуална и метафизичка смисла, идентитетот на личноста и нејзиното сообразување се моделите на архетипско однесување, човековиот карактер кој робува на вечно повторување на сопствени и туѓи грешки, вистината од минатото фиксирана со приказни, митови и легенди, шпекулации со историјата, празните демагогии, политиканства и полтронерии се сведуваат на СТРАВ. Стравот владее, станува двигател на ...

Од УРИВАЊЕто на првата кула од песок, кога ќе ти ја згазне завидливото другарче, преку уривањето на пријателства, соништа, љубови, па сѐ до уривање покрив над главата, човекот се навикнува на урнисување, разнебитување. Но ниедно уривање не е подеструктивно од уривање на идеалите – кога ги губиш, ја губиш смислата за постоење, енергијата да санираш и повторно да градиш. Кога ги губиш идеалите во циклуси од наметнати илузии, се затвораш во кругот ...

Секс – граматичка категорија: именка од машки род што означува пол, половост. Нема друга именка која уште при самата помисла , пред да се изговори, врши глаголско дејство, удира во мозок, се одбива од sидот на срам, скршнува кај предрасудите и се распрснува во најразлични перцепции. Терминот секс го носи товарот на лош имиџ, на различни поимања, на крајности, на гордост и предрасуди, на купување љубов и злоупотреби, а секој збор со преставката ...

Историското време на големата преселба на народите го означува преодот од доцниот антички период кон средовековието, поради познатите причини за побезбедни живеалишта. Историјата се повторува, во посуптилна форма на војна. Луѓето се преселуваат таму каде што мислат дека ќе имаат подобар живот, од стан во куќа, од село во град, од држава во држава… Некои нужно се преселуваат од слобода во зандана. Но повеќето не капира дека народот од целиот свет ...

Ова смути е лето во чаша! Толку е освежително во топлите летни денови, па сега е идеално време да го пробате. Овој пат ви претставуваме рецепт за смути од лубеница, замрзнати јагоди и свежо сок од лимон, кој ќе ве освежи во летните денови и ќе ви даде енергија за започнување на денот. Лубеницата е едно од омилените вистински освежувања во летниот период. Освен што содржи повеќе од 90% вода и помалку од 10% овошен шеќер, богата е со витамини, ...

Павле Камилоски, Сара Мејс, Лео Ајдари и Антонија Гиговска се дел од музичката програма кои ќе настапат по повод отворањето на градината на ресторанот „Four“ а со тоа ќе бидат дел од хуманитарната акција „Среќна Школска Година“ на „Проект Среќа“. Процент од профитот на ресторанот во период од 23-ти до 30-ти јуни ќе биде издвоен за акцијата наменета за децата со социјален ризик. – За нас ова отворање има посебно емотивно значење бидејќи периодов ...

Количината на вода во телото на еден возрасен човек изнесува околу 57%. Водата е потребна за правилно функционирање на телесните клетки, регулирање на температурата на телото, отстранување на непотребните материи и за неколку други витални функции на телото. Тешката дехидратација може да доведе до сериозни компликации, како што се бубрежните и уринарните проблеми или оштетувања при зголемена температура, што може дури да биде и опасно по живот, ...

Викторија Бекам го изненади својот сопруг Дејвид со негови фигури од балони од секој фудбалски тим за кој настапувал. Викторија на објавата на Инстаграм ги означила сите тимови за кои играл Дејвид- од Милан до Лос Анџелес Галакси, репрезентацијата на Англија, Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Реал Мадрид. Не се сомневаме дека оваа декорација го импресионирала Дејвид кој денес доби честитки од сите 4 деца. View this post on Instagram A post shared by ...

„Додека цел свет носи маски, постои едно место каде тие секогаш биле и ќе бидат забранети – а тоа е љубовта“ – вака ја започнува приказната за својата нова балада Ненад Цвијетиќ, талентираниот поп пејач кој веќе деценија наназад е синоним за добра ноќна забава и најдобри журки во Белград. Поради неговата силна енергија, харизма, моќен вокал и одличната атмосфера која ја создава, за неговите настапи во живо во најпопуларните белградски клубови ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
93%
1020
weather icon

Белград

6ᴼ / 1ᴼ
2.57
75%
1019
weather icon

Загреб

7ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1017
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
93%
1022
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.81
65%
1020
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 2ᴼ
0.51
92%
1017
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
1.79
89%
1017
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1017
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
87%
1018
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
1.54
69%
1020
weather icon

Будимпешта

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1019
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
82%
1019
Currency

61.6038

Currency

52.8584

Currency

70.8049

Currency

34.3723

Currency

37.6973

Currency

66.7175

Currency

7.41854

Currency

0.64939

Currency

0.35195

Currency

0.52596

Currency

1.26247

Currency

0.6008