1. Првото извртување е дека гарантираат целосна безбедност на складирање на јаловината од процесот на вадење бакар и злато. Во нивна недамнешна објава се тврди следното, „Нема никаква основа за каква било грижа дека здравјето на граѓаните и животната средина се под некаква закана." „Никаква основа"!? Само со намера да се излаже јавноста се даваат вакви ветувања. Народната поговорка јасно предупредува кога се ветуваат "Кули и градови". 2. Второто ...

Euromax Resources е во силна кампања да го пропагира отворањето на рудниците во Иловица и во Штука. Во горенаведената колумна нивен претставник тврди дека оние кои протестиравме во Струмица сме биле „платени кочничари“. Каква дрскост и класичен метод на „фрлање на кал“ врз огромното мнозинство жители на струмичката котлина. Исто така и врз сите нас од цела Македонија кои сме крајно загрижени заради оваа еколошка катастрофа во најава. Нашите ...