Денес, 21 ноември, православните верници го празнуваат Аранѓеловден – еден од големите христијански празници посветен на Свети Архангел Михаил и останатите небесни бестелесни сили. По повод празникот, именден слават сите кои ги носат имињата Михаил, Михајло, Михаела, Мишо, Ангел, Ангела, Ангелина, Гаврил и Гаврила. Аранѓеловден има посебно значење за православните христијани, а многу семејства го одбележуваат како домашна слава. Свети ...

Православните верници денеска, 21 ноември, го празнуваат Соборот на Свети Архангел Михаил, во народот познат како Аранѓеловден. Ова е еден од поголемите есенски христијански празници и една од најчестите домашни слави во македонските семејства, со која се поврзани бројни обичаи, преданија и верувања што се пренесуваат со генерации. Според православното предание, Свети Архангел Михаил е водач на небесните сили и заштитник во борбата против ...