Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска повика на мировно решение за Украина со кое ќе се зачува нејзиниот територијален интегритет. Гутереш го упати својот апел на прес-конференција во Јоханесбург, еден ден пред почетокот на самитот на Г20. Прашан за американскиот план за мир во Украина, Гутереш рече дека планот сè уште не е официјално презентиран од Вашингтон или од некој друг. – Таквиот план мора да биде во согласност со ...

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Србија, осомничен за предизвикување на тешка сообраќајна несреќа со смртни последилици кај Валандово, на 19 ноември рано утрото, управувајќи товарно возило „мерцедес“, сопственост на транспортна фирма од Србија, натоварено со околу 24,5 тони пресувана хартија. Неговиот камион се превртел, а во приколката превезувал 10 Кинези, од кои двајца загинале. Како што информира ...

Времето утре ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд, најавува Управата за хидрометеоролошки работи, која издаде портокалов аларм за североисточна и за југоисточна Македонија за силен ветар и дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, со количина од над 40 литри на квадратен метар за период од 24 часа. Ќе има услови за појава на невреме со грмежи и со силен ветер. Преку денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од ...

Американскиот дизајнер Мајкл Шмит, познат по своите креации за американски ѕвезди како Шер и Доџо Кат, претстави модна колекција од облека изработени исклучиво од волна на „геј овни“, односно овни кои покажуваат интерес за други мажјаци, во соработка со германската организација Rainbow Wool и американската апликација за онлајн запознавање Grinder, објави Washington Post (WP). Станува збор за проект кој има за цел да го поврзе светот на модата со ...

Екипите на јавни претпријатија на Општина Охрид постојано се на терен и активно интервенираат за справување со последиците од обилните врнежи од дожд, кои го зафатија охридскиот регион во изминатите неколку дена. Се работи на неколку локации низ градот каде што имаше поплавување на улици и јавни површини, предизвикани од излевање на водотеци и атмосферска канализација. Во делови од градот, водата достигна повисоко ниво, поради што беше неопходно ...

Дури 48 милиони барели руска сурова нафта би можеле да останат заглавени на море откако денеска стапија на сила американските санкции за руските нафтени компании. Десетици танкери сега мора да бараат нови дестинации, додека светскиот пазар на нафта не најде начин да ги заобиколи американските санкции. Кина и Индија, најголемите купувачи на руска нафта од 2022 година, продолжуваат да имаат силни врски со Москва. Но, двата пазари се претпазливи од ...

Gold Felicia го носи својот препознатлив гламур во Тетово – и сето внимание е насочено кон новото, ултра-модерно CASINO GOLD FELICIA. По четири години успешно работење и изградена репутација како најгламурозната дестинација во Битола, брендот прави чекор кој долго време го очекуваше регионот. Само 5 километри од Тетово, на патот кон наплатната рампа Желино, се отвора најновиот дом на врвната игра – Casino Gold Felicia Tetovo. 26 ноември 2025 ...

Астрономите откриле планета што одбива неверојатни 80 проценти од светлината што ја добива од својата ѕвезда — најогледален свет досега забележан во универзумот. Планетата, наречена LTT 9779b, се движи толку блиску до својата ѕвезда што според сите физички правила требало одамна да биде испарена, јави Си-Ен-Ен. Меѓутоа, LTT 9779b преживува под облаци составени од метални честички, во кои буквално врне титаниум. Според научниците од Европската ...

Општина Охрид, во рамки на Проектот “RECIRCLE MED”, кој го имплементира во рамки на Европската програма INTERREG EURO MED, организира Работилница за локална мобилизација и Форум за Западен Балкан на 3 и 4 декември 2025 година. Охрид е реномирана туристичка дестинација со значително искуство и силна посветеност на одржливиот развој, особено во заштитата на животната средина и управувањето со туризмот. Како една од дестинациите што ќе развива и ...

Министерство за социјална политика, демографија и млади на Република Северна Македонија го спроведува Вториот проект за подобрување на социјалните услуги (ППСУ2) (P180350) кој има за цел да го прошири пристапот и да го подобри квалитетот на социјалните и предучилишните услуги за ранливите групи. Проектот опфаќа две главни области за подобрување на пристапот до квалитетни социјални услуги и за згрижување и воспитание на деца од предучилишна ...

Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ од Охрид ја доби меѓународната награда The Bizz Award, најпрестижното глобално признание за деловна извонредност што го доделува World Confederation of Businesses (Worldcob). Наградата е признание не само за деловна извонредност, туку и за континуираниот развој на компанијата, се вели во официјалното известување пратено до д-р специјалист Небојша Баткоски, сопственик и генерален менаџер на центарот. Она што ...

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба за укинување на увозните тарифи за бразилските прехранбени производи, вклучувајќи говедско месо, кафе, какао и овошје, погодени од тарифи од 40% воведени во јули, соопшти Белата куќа. Овој потег следи по слична наредба од администрацијата минатиот петок за укинување на тарифите за неколку земјоделски производи од други земји, со оглед на тоа што некои од тарифите ги зголемија ...

Американската конгресменка од Флорида, демократката Шила Шерфилус-Меккормик, се соочува со тешки обвиненија за кражба и перење пари од федералната Агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА), кои наводно завршиле во нејзината изборна кампања во 2021 година, објави Би-Би-Си. Според истрагата, 46-годишната конгресменка, заедно со својот брат Едвин Шерфилус, преку семејната здравствена компанија „Тринити хелткеар сервисес“ земале дел од ...

Канцеларијата на УНИЦЕФ во Србија внимателно ја следи ситуацијата во Петтата белградска гимназија и соработува со надлежните органи, соопшти меѓународниот фонд за деца и млади во одговор на неодамнешниот апел од родителите на учениците во училиштето. „Ја цениме вашата посветеност на промовирање на правата на децата и квалитетот на образованието и нагласуваме колку е важно секое дете да учи во средина која е безбедна и овозможува целосно ...

Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД објави дека го отстранила името на Владимир Шантиќ, поранешен член на Хрватскиот совет за одбрана (HVO), кој конечно беше осуден од Хашкиот трибунал за воени злосторства извршени во централна Босна, од списокот на лица кои подлежат на санкции. Во соопштението на веб-страницата на OFAC само се наведува дека името на Шантиќ е отстрането од списокот на лица ...

Мировниот план на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во 28 точки нема да успее без поддршката од земјите на Европската Унија и од Украина, изјави денеска шефицата за надворешна политика на Европската Унија, Каја Калас. Нејзината реакција е само една од низата во европските престолнини со кои се отфрла мировниот предлог на Трамп, како целосно про-руски, ускладен со барањата на рускиот претседаетел Владимир Путин. ...

Самохрана мајка и нејзините четири деца, кои живеат во Германија шест години, ќе бидат депортирани во Србија, одлучи германскиот суд откако го отфрли нејзиното барање семејството да добие азил по забрзана постапка, пишуваат германските медиуми. Административниот суд во Диселдорф, во Северна Рајна-Вестфалија, ја оправда пресудата со проценка дека мајката не била добро интегрирана во германското општество. Претходно, соучениците на нејзините деца, ...

Воздушен напад во Запорожје Најмалку пет лица беа убиени во руски воздушен напад врз градот Запорожје на југот на Украина во четвртокот вечерта, а неколку други беа ранети, како што објавија украинските регионални окрузи и спасувачи. Ранетите беа пријавени и од пристанишниот град Одеса. Руските региони објавија дека две лица се ранети во напад од украински дрон на југот на земјата. Според гувернерот Иван Федоров, пет лица беа убиени, а осум беа ...

Заклучно со ноемврискиот циклус, 42 национални селекции обезбедија пласман на Светското првенство што следното лето ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. На располагање остануваат уште шест места, за кои ќе се борат 22 репрезентации во европските и интерконтиненталните квалификации. Меѓу нив се издвојуваат две селекции кои имаат неверојатно необичен пат до можниот пласман — едната со десет порази, другата без ниту една победа во квалификациите, ...

Обилните врнежи што го зафатија регионот во последното деноноќие предизвикаа нагли покачувања на водостоите, излевања на реки и повеќе интервенции низ државата, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според првичните податоци, најсериозна е ситуацијата во Битолскиот и Преспанскиот регион, каде што неколку реки ги напуштиле своите корита, а водата влегла во куќи и стопански објекти. Битолски регион Реката Шемница се излеала кај селото ...

„Кога ќе кажеме дека ќе се зајакне примарното здравство во некоја општина, истакна Алиу, точно ќе знаеме колку лекари и сестри треба да има таму, кога ќе кажеме дека нема да дозволиме да има градови со двојно помалку лекари по жител, ќе знаеме како да го исправиме тоа“. Вака вели министерот за здравство на денешна прес-конференција. Алиу најави дека министерството почнало анализи за формирање регистар за човечки ресурси во здравство од ...

Кога асфалтот станува предизборна реквизита, а граѓаните талци на политичкиот перформанс ОХРИД/КИЧЕВО – Во ерата кога секоја влада се мери по бројот на километри асфалт, автопатот Охрид-Кичево се издигна како монумент на парадоксот: проект што постојано се гради, свечено се отвора, потоа се затвора и повторно се реконструира. Додека директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски објавува победнички статуси на социјалните мрежи, реалноста ...

Ексклузивна истрага на редакцијата „Охридскaj” Битола/Скопје – Истражувачкиот тим на редакцијата „Охридскaj” продолжува со детална истрага за криминалната стечајна постапка која се води во Основен суд Битола под раководство на судијата Иван Колевски. Она што го откривме претставува само мали сегменти на начинот на кој целосно капитулира системот во Северна Македонија. ПОЛНОЌНА СМЕНА НА СТЕЧАЈНА УПРАВНИЧКА Како што веќе пишувавме, експресни ...

Македонија одлучно инвестира во безбедноста и сигурноста на своите граѓани, како и во борбата против криминалот, изјави Александар Јамалов, пратеник од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија” на денешната прес коференција на која го претстави предлог-буџетот за Министерството за внатрешни работи за 2026 година. Според Јамалов, целта на овој финансиски план е да се модернизира полицијата и да се подигне оперативната ...

Државниот пазарен инспекторат на ден 17.11.2025 година и 18.11.2025 година, изврши инспекциски надзори на територија на градовите Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево и Струга кај 23 правни субјекти кои вршат трговија на мало со тутун и производи од тутун. При извршените инспекциски надзори кај 16 правни субјекти затекнати се количини на тутунски производи за кои правните субјекти не поседуваат документи за набавка од добавувач и ги немаат ...

Чеченскиот лидер и близок сојузник на Путин, Рамзан Кадиров, објави ново видео на Телеграм на кое се гледа испрашувањето на заробен украински војник. – Нашите храбри борци продолжуваат да постигнуваат успех на еден од клучните правци, кон градот Вовчанск и правецот Харков. Денес беше координирана работата на членовите на Министерството за одбрана на Руската Федерација „АХМАТ-Запад“, офицери на Одделот за внатрешни работи на Курчалоевскиот округ ...

Австрија следната година планира да им забрани на девојчињата под 14 години да носат шамии во училиштата, најави денеска министерката за интеграција Клаудија Плаколм. Предлог-законот, кој наскоро треба да се дебатира во Парламентот, ќе се применува од учебната 2026/2027 година, изјави министерката, која е членка на централно-десничарската Австриска народна партија (ОВП). Плаколм истакна дека носењето шамија не е верски ритуал, туку ги учи ...

Повеќе од 170 објекти се оштетени во голем пожар кој ноќта спроти средата зафати густо населено станбено подрачје во јапонскиот град Оита, при што едно лице го загуби животот, соопштија локалните власти. Полицијата потврди дека на местото на пожарот било пронајдено тело и работи на утврдување на идентитетот, односно дали станува збор за 76-годишен маж кој се води како исчезнат, пренесе агенцијата Кјодо. Противпожарните екипи повеќе од 12 часа по ...

Комисијата за селекција на кандидати за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) што ја формираше собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата го оцени кандидатот Адем Чучуљ од Скопје, дипломиран правник и актуелен генерален секретар на ДКСК, како најуспешен во постапката за избор. Според Комисијата, Чучуљ покажал значајно искуство во спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и јасна ...

Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која се повикува на олимписко примирје за време на Зимските олимписки игри (ЗОИ) што ќе се одржат во Милано и во Кортина д’Ампецо во 2026 година. Нацрт-резолуцијата, насловена „Градење помирен и посреќен свет преку спортот и олимпискиот идеал“, беше усвоена со консензус. „Мораме да работиме заедно, за да го одвоиме спортот од политиката. Ова значи дека спортистите мора да можат да ...

weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
100%
1021
weather icon

Загреб

1ᴼ / -1ᴼ
0.0
92%
1020
weather icon

Софија

3ᴼ / -2ᴼ
0.0
67%
1023
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
0.63
89%
1022
weather icon

Љубљана

1ᴼ / -1ᴼ
0.19
92%
1020
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
0.89
84%
1021
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
87%
1020
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1021
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1021
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
2.57
95%
1022
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
93%
1022
weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
93%
1022
Currency

61.635

Currency

53.0901

Currency

70.1569

Currency

34.6746

Currency

37.9141

Currency

65.9323

Currency

7.4921

Currency

0.682

Currency

0.34103

Currency

0.52443

Currency

1.24727

Currency

0.5921

Никел

471217.42

Платина

53335.15

Кобалт

55.67

Злато

136226.64

Сребро

1861.11

Бакар

10.60

Иридиум

145787.60

Цинк

3.25

Калај

39.30

Алуминиум

2.86

Родиум

258009.74

Рутениум

29192.88