Белград
1ᴼ /
0ᴼ
Познатата шведска активистка Грета Тунберг излеа зелена боја во каналите на Венеција, симболично повикувајќи на „еколошко будење“ токму кога завршуваше климатскиот самит COP30 во Бразил. Италијанските власти веднаш реагираа. Тунберг доби парична казна од 150 евра и дводневна забрана за влез во градот. И други 35 активисти од движењето „Extinction Rebellion“ добија идентична санкција. Акцијата на групата, која ја боеше Венеција во зелено со ...
Украинските воздушно-јуришни сили тврдат дека ги истерале руските трупи од центарот на Покровск, стратегиски клучен град во регионот Донбас. Во официјалното соопштение, 7. Здружен воздушно-јуришен корпус соопшти дека нивните пешадиски тимови, потпомогнати од артилерија и дронови, го исчистиле централниот Соборен плоштад, железничката станица и педагошкиот факултет од непријателски сили, јави „Kиев Пост“. Мајорот Валентин Манко, командант на ...
Високи извори потврдуваат дека украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот лидер Доналд Трамп би можеле да се сретнат во Белата куќа уште оваа недела. Средбата, како што пренесуваат западни медиуми, има за цел да го финализира ревидираниот мировен план за Украина, кој доживеа сериозни измени — од 28 на 19 точки. Првичната верзија, изработена од рускиот пратеник Кирил Дмитриев и советникот на Трамп, Стив Виткоф, предвидуваше ...
Во време кога лековите за слабеење како Озeмпик ја освоија светската јавност, научниците сè повеќе истражуваат дали природата нуди нешто што барем делумно го имитира нивниот ефект. Нови анализи покажуваат дека неколку билки и растителни супстанции – берберин, цимет, зелениот чај и ѓумбирот – можат да влијаат врз истите хормони кои ги активираат модерните медикаменти за слабеење. Но експертите веднаш додаваат: ова не значи дека постои природен ...
Филмот „Утре наутро“ во режија и по сценарио на Јани Бојаџи ја доживеа својата премиера пред огромна публика која исполни четири сали во Синеплекс. Приказната за две жени кои бараат доволно причини, едната да замине, а другата да остане во земјата, полни со надеж дека утре наутро ќе биде подобро од денеска, ја погледнаа бројни претставници на политичкиот и културниот живот во земјава. – Филмот е посветен на сите оние жени во Македонија кои се ...
Агенцијата за филм на Северна Македонија со 100.000 евра ќе ја поддржи кампањата за Оскар на документарниот филм „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска бидејќи смета дека е од исклучителен национален интерес. – Кампањата за Оскар ја поддржува „Нешенл џеографик“ (National Geographic). Целиот буџет е околу 700.000 евра, Македонија учествува со 100.000 евра што е фантастична сума во споредба со тоа каков буџет нудат регионалните фондови кои ...
Европскиот мировен план за Украина, кој дојде како одговор на планот на Доналд Трамп во 28 точки, дојде до новинската агенција Ројтерс и е објавен во целост. Во него, некои од точките се корегирани, а точката 3. е целосно избришана. Овој европски план значително ги ублажува некои од клучните спорни точки од американскиот документ и нуди различни безбедносни и економски решенија. Според европскиот предлог, Киев повеќе нема да биде должен да ѝ ги ...
Забележав дека во соопштението јасно стои дека имаат забелешки на процесот, начинот на судењето, нарушување на човековите права и отвораат предмет да го разгледаат тој процес. Ќе ве потсетам дека за вакви случаи ние подолго време зборуваме. Тоа се овие судии на кои им е мала платата, сакаат двојно, тројно поголема. Партиски октроирани и заробени од страна на претходната влада, коментира премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање за ...
Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека проекциите за наредната година се инфлацијата да се движи меѓу 2 и 3%. Според премиерот, на тоа ниво се очекувањата и за нивото на базичната инфлација. Мицкоски зборуваше и за одлуката на Комисијата за заштита на конкуренцијата да изрече казни против Сојузот на стопански комори и уште 4 поголеми трговски синџири поради картелско здружување што, како што беше истакнато од Комисијата, влијаело за ...
Министерството за здравство, со поддршка од Владата на Република Кореја, преку грант за помош обезбеди осум современи електрични возила, со инсталација на станици за електрично полнење. – Заедно со амбасадорот на Република Кореја, Донг-бае Ким, денеска, извршивме примопредавање на првите три возила од грантот, а до крајот на месецов очекуваме да пристигнат уште пет возила, со што целосно ќе се реализира донацијата од вкупно осум електрични ...
Двајцата осомничени даночни инспектори во подружницата на Управата за јавни приходи во Штип остануваат во домашен притвор. Основниот суд во Кочани ја одби жалбата на Кочанското обвинителство, кое бараше мерка – затворски притвор. Од обвинителството во петокот соопштија дека го добиле решението на судот и дека ќе ја обжалат одлуката. Според соопштението на Кочанскиот суд, советот одлучил да ги одбие жалбите на обвинителството и да ја потврди ...
Додека директорот на ПИОМ објаснува “праведност”, пензионерите чекаат ветувања што се одложуваат како автобус во Скопје – никогаш не знаеш кога ќе пристигне Contents Никола Мемов, директорот на Фондот на пензиското и инвалидско осигурување, го усовршува она што македонската политичка класа го прави најдобро: техничко објаснување на системска неправда. Во неговата изјава за емисијата „Трилинг”, тој го користи класичниот бирократски алат – бројки, ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава изнесува 45.466 денари и е за 9,3% повисока во споредба со истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика. Статистика објасни дека ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: „образование“ за 14,9%, „дејности на здравствена и социјална заштита“ за 12,6% и „транспорт и складирање“ за ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека не е убеден оти решение прифатливо за Украина ќе се најде до рокот што го постави американскиот претседател Доналд Трамп врз основа на предлогот за мировен план на САД, објавува британскиот весник „Гардијан“. Тој оцени дека договорот е сè уште „многу далеку“. – Денеска е недела. Планот на претседателот Трамп е да се постигне договор во четврток. Тоа не значи дека е целосно невозможно… Но, јас ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Украина не изразила никаква благодарност за напорите на САД. -„Лидерството“ на Украина изрази нулта благодарност за нашите напори, а Европа продолжува да купува нафта од Русија. САД продолжуваат да продаваат огромни количини оружје на НАТО, за дистрибуција во Украина (измамникот Џо даде сè, бесплатно, вклучително и „големи“ пари), напиша Трамп на платформата „Truth social“. Денеска ...
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека ЕУ мора да игра „централна улога“ во обезбедувањето мир во Украина и дека ова е еден од главните елементи за „праведен и траен мир и суверенитет на Украина“. Делегација од Украина, европски безбедносни претставници и американска делегација предводена од државниот секретар Марко Рубио денеска се среќаваат во Женева за да разговараат за неодамна протечениот ...
Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Кит Келог даде позитивна оценка за мировниот план на САД и очекува руско-украинската војна наскоро да заврши. Келог е уверен дека Трамп ќе ја заврши војната, која ја опиша како „најдолгата војна во Европа од Втората светска војна“. – Ние во војската секогаш велиме дека најтешкиот дел е да се стигне до последните 10 метри. Ние сме оддалечени околу два метра. Речиси сме ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговата земја им се заблагодарува на Соединетите Американски Држави и на нивниот претседател Доналд Трамп за нивните напори да го поддржат Киев. „Украина е благодарна на Соединетите Американски Држави, на секое американско срце, а особено на претседателот Трамп за помошта што, почнувајќи со ракетите „Џавелин“, спасува украински животи“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Телеграм ...
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), спречија увоз на 20.500 килограми замрзнат компир – помфрит, со поминат рок на употреба (23.05.2025 година). Компирот, увоз од Холандија, бил наменет за продажба на македонскиот пазар. Забранетите количини замрзнат компир, во присуство на инспектори за храна од Агенцијата, нештетно се уништени во петокот на депонијата Дрисла, врз основа на изречената мерка забрана за увоз и ...
Под влијание на циклонска активност продолжува периодот на многу променливо време со температури над просекот за овој период од годината. Пообилни врнежи од дожд ќе има во понеделник и во вторник и локално ќе бидат проследени со грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина до околу 80 км/час. Деталната прогноза на метеопрогнозерот Славчо Попоски на следниот линк. ...
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, бидејќи постои основано сомнение дека тој на 19 ноември, со употреба на сила и спротивно на јасно изразената волја на една оштетена ја принудил на сексуален однос. Жртвата, со која претходно биле во подолга врска која таа ја прекинала, ја ...
Заклучно со вчерашниот ден се доделени вкупно 33.682 ваучери за студенти за набавка на електронски уред во вредност од 15.300 денари. Од нив, веќе 11.500 студенти успешно го реализирале ваучерот и веќе подигнале нов електронски уред. – Овие бројки јасно покажуваат дека интересот е огромен, имплементацијата стабилна, а мерката создава вистински резултати. Оваа мерка не е случајна ниту импровизирана, туку прецизно и навремено испланирана од страна ...
Состојбата по обилните врнежи низ земјата е стабилизирана. Во Ресен, Битола и во Демир Хисар повеќе нема излевање на реките, а нивото на водата е значително намалено и во опаѓање, соопшти Ценарот за управување со кризи (ЦУК). Одронот на патот Битола – Кичево кај селото Железнец е целосно расчистен. Во Охрид, по навлегувањето вода во подруми и дворови, сите надлежни служби интервенираа и каналите се расчистуваат, водостоите се во благо опаѓање. ...
Освојувањето на 14-те највисоки врвови во светот д-р Сашко Кедев го смета за национален успех. – Тоа што ми даде сила беше токму тоа да го однесам македонското знаме и македонското име на сите врвови. Тој успех го посветувам на сите граѓани и сите Македонци каде и да се во светот – порача кардиологот и алпинист Сашко Кедев, по примањето на Орденот „8 Септември“. Кедев изрази длабока благодарност за одликувањето, кое рече дека иако опфаќа повеќе ...
Анализа на стечајната постапка која остави повеќе прашања отколку одговори Contents Стечајната постапка на СН Осигурителен Брокер од Битола претставува една од најзагадочните финансиски афери во современата македонска економија. За период од само една година, компанија која управуваше со премии во вредност од приближно 29 милиони евра се најде во стечај, оставајќи зад себе мрежа од неодговорени прашања и сомнителни трансакции. Мистериозното ...
Хроника на температурни рекорди, поплави и невремиња низ вековите Клиамтската слика на Македонија Република Северна Македонија, со своите специфични географски карактеристики, претставува регион особено подложен на екстремни временски појави. Низ историјата, оваа територија била погодувана од катастрофални поплави, рекордни температури, снежни бури и суши кои оставиле длабока трага врз населението и стопанството. Contents Температурни рекорди: ...
Пожар што утрово избувна во хотелот „Мулино“ во близина на граничниот премин Пловања со Словенија е ставен под контрола, но не е целосно локализиран, соопшти началникот на противпожарната служба на округот Истра, Дино Козлевац. Огнот избувнал околу 9 часот и брзо се проширил на таванскиот дел од објектот, поради што на терен веднаш биле испратени силни противпожарни екипи. Во интервенцијата учествуваат 45 пожарникари со околу 20 возила од повеќе ...
Европската комисија наскоро ќе испрати формално предупредување до Италија поради загриженоста дека правилата за „златна моќ“ на Италија би можеле да бидат спротивни на законите на ЕУ. Одредбите за „златна моќ“ на Италија се дизајнирани да ги заштитат националните интереси во стратешките сектори, вклучувајќи ја одбраната и телекомуникациите, а законот се однесува и на банкарскиот сектор. Италија не е единствената членка на ЕУ со вакви прописи, но ...
Претседателот на Украина Володимир Зеленски им се обрати на Украинците со видеопорака во која предупреди дека земјата е во еден од најкритичните моменти од почетокот на војната. Тој зборуваше за исклучително силниот политички и дипломатски притисок од Соединетите Американски Држави и за тешките одлуки што Киев мора да ги донесе во наредните недели. – Сега доживуваме еден од најтешките моменти во нашата историја. Во моментов, Украина можеби ќе ...
Новинарката Нора Буацуни, која медиумите ја нарекуваат еден од највлијателните „свиркачи“ во француската угостителска индустрија, неуморно добива поплаки од персоналот на рестораните и готвачите кои се жалат на насилните шефови. Обесхрабрените вработени се огорчени од лошите и често токсични услови во кои мора да работат, и додека се соочуваат со неправда, нивните работодавци добиваат признанија и престижни светски признати награди. – Од 2017 ...