Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Охрид, 28. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Nelly Furtado се враќа на сцената со новиот сингл „Electric Circus“, во соработка со наградуваниот продуцент Boi-1da и Canada Soccer што ја поврзува музиката со пулсот на фудбалот и културниот идентитет на Канада. Песната беше објавена на 10 април 2026 година и е првиот сингл од проектот „What If It All Goes Right?“, кој беше создаден како дел од иницијативата „Perfect Pitch“ на Canada Soccer Foundation. ...
Охрид, 28. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Германскиот бенд Tokio Hotel ја објави својата нова песна „Memory Lane“, која беше објавена на 22 мај 2026 година и е водечки сингл од нивниот претстоен, седми студиски албум. Синглот означува уште еден нов уметнички период за бендот, кој продолжува да го развива својот звук и тема, останувајќи активен на меѓународната поп-рок сцена речиси две децении по глобалниот успех на „Durch den Monsun“. „Memory Lane“ е ...
Охрид, 28. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Нејзиното име е Elena Alexandra Apostoleanu, таа е млада и супер талентирана дама родена во градот Мангалија во Романија. Студиите по политички науки на Ovidius University ги заменува со членство во романското трио Play & Win, каде ја започнува музичката кариера. Нејзината последна песна „Dream Out Loud“ е креирана во соработка со норвешкиот Dj и продуцент Matoma. Очекувано, станува збор за dance-pop ...
Охрид, 28. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Меѓународно признатиот house артист Hugel има нов сингл „Movin’ To The Sun“, во соработка со house легендата Ultra Naté и вокалистката во подем Imael Angel. Песната беше објавена преку неговата издавачка куќа Make The Girls Dance и е првиот официјален сингл од претстојниот деби албум „Twenty One“. Со „Movin’ To The Sun“, Hugel се обидува да обедини различни генерации и музички влијанија преку звук што ...
Охрид, 28. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава мерка OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово во стариот дел на градот, на потегор од Античкиот тетар до црквата „Света Софија“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, ...
Охрид, 28. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово со мотив од над црквата „Света Софија“, во стариот дел на градот, кај „Долни Сарај“. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 2 Охрид, 28. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид ...
Охрид, 28. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Чувствуваме обврска да Ве известиме за активностите и дејностите, квази проектите, популистичките импровизации и дневнополитичките објави на Градоначалникот и локалната самоуправа на 200тиот ден од нивното владеење со Охрид, стои во дописот до медиумите од ОО на СДСМ од Охрид. – Додека колегите од другите градови се одважија со извештај за 100 дена работа од именувањето на функцијата, нашиот градоначалник ...
Охрид, 28. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат споменот на Преподобен Гаврил Велички. Мијалче (подоцна Гаврил Светогорец, Епископ Велички) се родил на 10 март 1926 година, во Штип, од православни родители Методиј (подоцна монах Кирил) и Гора Парнаџиеви. Основно образование, а потоа и гимназија завршил во родниот град. Уште како млад се одликувал со посебна кроткост и послушност. Потоа се запишал на ...
Охрид, 28. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Полициски службеници од редовниот состав при Секторот за внатрешни работи Охрид, денеска, со почеток од 08:00 часот, на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид ќе спроведат вежбовно гаѓање со боева муниција. – Пред почетокот на вежбовните активности, ќе бидат преземени соодветни безбедносни активности со теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето, со цел оневозможување влез на граѓани во ...
Охрид, 28. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на охриѓанецот Љупчо Паункоски, во Куќата на Робевци во Охрид, вечерва ќе биде отворена изложбата „Малесија низ старите фотографии“. – Низ ретки и вредни фотографии, ќе се раскаже приказната за традицијата, животот и духот на Малесија, информираат организаторите. Настанот, кој ќе започне во 19:30 часот, е под покровителство на Завод за заштита на спомениците и Музеј Охрид, Фото Клуб Охрид и ...
Охрид, 28. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Согласно Правилникот, од денеска, 28 мај 2026 година, стапува на сила ограничениот режим за движење во стариот дел од Охрид. – Режимот и начинот како ограничениот режим на движење на моторните возила е регулиран е утврден со Правилник за издавање на картички за движење во стариот дел од градот, донесен на 11 мај 2023 година од страна на Управниот одбор на ЈП „Билјанини Извори“, информираат од претпријатието. ...
Охрид, 28. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) на Република Македонија, во месеците јануари, февруари и март 2026 година, во Охрид биле склучени 44 бракови, но и поразителни 20 разводи. Во Струга во анализираниот период се склучиле 59 бракови, а евидентирани се 13 разводи. Во Дебрца се евидентирани два склучени бракови и нема разводи. Бројките се поразителни и јасно покажуваат дека ...
Охрид, 28. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 26 степени. – Во петок и во сабота времето ќе биде стабилно со пониски температури. Од недела температурите повторно ќе бидат во пораст, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од ...
Охрид, 28. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...
Охрид, 27. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на месец мај успешно беше реализиран проектот „Класични тонови во бои и зборови преку детските очи“, поддржан од Општина Охрид, во рамки на Програмата за култура за 2026 година. Проектот беше реализиран со деца на возраст од 8 и 9 години, кои преку слушање класична музика, цртање и креативно пишување имаа можност да ја доживеат уметноста на еден поинаков, интерактивен и инспиративен начин. Во рамки ...
Охрид, 27. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Граѓаните со возачка дозвола од Б категорија за автомобил, од денеска имаат право да управуваат мотоцикли со автоматски менувач од категоријата А1 со зафатнина на моторот од 125 кубици и чија сила на моторот не е поголема од 11 KW, откако стапија во сила измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Законските измени беа подготвени и поднесени од пратеничичката група на Движење ЗНАМ со ...
Скопје/Охрид, 27. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Националното здружение за мултипла склероза (МС) денес го одбележа Светскиот ден на мултипла склероза, настан кој послужи како платформа за обединување на пациентите, здравствените работници, здравствените власти и соработниците на здружението со заедничка цел – редефинирање на иднината на здравствената заштита, подобрување на квалитетот на живот и овозможување соодветна, современа и децентрализирана ...
Охрид, 27. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Согласно Правилникот, од утре, 28 мај 2026 година, стапува на сила ограничениот режим за движење во стариот дел од Охрид. – Режимот и начинот како ограничениот режим на движење на моторните возила е регулиран е утврден со Правилник за издавање на картички за движење во стариот дел од градот, донесен на 11 мај 2023 година од страна на Управниот одбор на ЈП „Билјанини Извори“, информираат од претпријатието. Ги ...
Охрид, 27. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – И оваа година Охрид ја започна со негативен природен прираст. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) на Република Македонија, во месеците јануари, февруари и март се родиле 94, а починале 182 лица, односно се бележи прираст од -88. И соседната Општина Дебрца бележи негативен прираст, се родиле 8, а починале 15 лица. Во Струга во првиот квартал исто така се бележи негативен ...
Охрид, 27. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Facebook групата Охрид, слики од минатото, објавена е уште една фотографија од Охрид од пред многу години. – Синдикални во 1950-тите години, напиша во објавата на фотографијата Klime Belko, член на групата. И оваа фотографија е вистинска „временска машина“ и не враќа многу години наназад, во едно прекрасно и одамна поминато време во древниот Охрид. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид, слики од минатото ...
Охрид, 27. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во тајните на музиката уште од мали нозе го вовел неговиот татко Наум, а сега тој самиот им ја пренесува на неговите синови. Гоце Гавриловски досега учествувал на повеќе меѓународни семинари, фестивали и конференции по композиција и филмска музика во Македонија и странство, кај бројни реномирани светски композитори. Неговото имe стои зад бројни солистички, вокални, камерни, хорски, вокално – инструментални и ...
Охрид, 27. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 26 мај 2026 година, во 12.20 часот во СВР Охрид, од Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид е пријавено дека кај нив со повреда на ногата од дијабола од воздушна пушка е донесен 10-годишен малолетник од кичевско. – Извршени се службени разговори со таткото на малолетникот и нивниот сосед, кои изјавиле дека настанот се случил на 25 мај 2026 година, околу 19:00 часот во ...
Охрид, 27. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. – При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници од криминалистичката полиција пронајдоа и одзедоа повеќе пакувања со кокаин, информираат од СВР ...
Охрид, 27. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 26 мај 2026 година, во 16:35 часот во СВР Охрид е пријавено дека лице од Охрид во семејниот дом во Охрид физички го нападнало неговиот 64-годишен татко. – По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес Прочитано: 20 Охрид, 27. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 26 мај 2026 година, во 16:35 часот во СВР ...
Охрид, 27. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Полициски службеници од редовниот состав при Секторот за внатрешни работи Охрид, утре, на 28 мај 2026 година, со почеток од 08:00 часот, на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид ќе спроведат вежбовно гаѓање со боева муниција. – Пред почетокот на вежбовните активности, ќе бидат преземени соодветни безбедносни активности со теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето, со цел оневозможување ...
Охрид, 27. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со одличен и емотивен прием од белградската публика, македонската кантавторка Дина Јашари го одбележа настапот на платото пред Музејот на Југославија во Белград, како дел од 9. издание на манифестацијата „Leto u MuzeYU“ по повод Денот на младоста. Настапот се одржа точно една година по објавувањето на нејзиниот деби-албум „Растенија без корен“, а Дина симболично го одбележа моментот со трчање три круга околу ...
Охрид, 27. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со помош на модерните AI алатки, ве враќаме во едно старо и прекрасно време. Модерната технологија овозможува старите фотографии да „оживеат“, да им се даде нова димензија и да се вратат во живот. Погледнете како изгледа стара фотографија на која е прикажан дел од Градската чаршија во далечната 1970 година, сега во вид на кратко, AI генерирано видео. Следете не на Facebook и YouTube за повеќе вакви видеа. ...
Охрид, 27. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава мерка OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена кај паркот до пешачката патека, каналот „Студенчишта“ и Скејт паркот. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од ...
Охрид, 27. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – 19-годишниот Владимир Србиноски, пијанист при ДМУ „Тодор Скаловски“ од Струга, одржа маестрална вечер за паметење во црквата „Св. Софија“, каде неодамна го одржа својот матурски концерт. Во преполна сала, под сводовите на прекрасната црква, Владимир одржа концерт кој долго ќе се памети, со изведба која допре до секое срце. Публиката го награди со громогласен аплауз и стоечки овации кои одекнуваа низ вековните ...
Охрид, 27. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово со мотив од рибар на мостот кај плажата „Славија“. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 2 Охрид, 27. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува ...