
Скопје
34ᴼ /
34ᴼ



Македонската традиционална таеквон-до федeрација (МТТФ) на 31 јануари, петок, во Спортската сала на Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” во Лескоец-Охрид, под водство на Марјанчо Лазаревски, црн појас V дан, претседател и национален тренер на М.Т.Т.Ф и Саша Поповски, црн појас V дан, почесен претседател и национален селектор на М.Т.Т.Ф организира Национален семинар за лиценцирани судии (А,Б класа) и тренери. На семинарот можат да учествуваат ...
Излезе од печат книгата „Што сторивме со спомениците и историјата?“ од академик д-р Миле Д. Миќуновиќ, а во издание на Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид. Во неа се опишани 130 спомен – обележја во Охрид и Охридско. Од нив 19 повеќе не постојат, 60 се запоставени и искршени, 8 се возобновени, 4 се преместени и 39 се одржуваат. Со уништувањето и запоставувањето на спомен – обележјата исчезнува дел од македонската историја ...
Советниците утре со почеток во 9 часот ќе ја одржат педесет и втората седница на Советот на Општина Охрид. На дневен ред се 17 точки меѓу нив одлуките за определување на просечна цена за утврдување на пазарна вредност на градежното и земјоделското земјиште за календарската 2025 година утврдена врз основа на извршените купопродажби во претходната година, определување зони за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот, одржување на јавната ...
Променливо облачно, претпладне по котлините магливо. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд поинтензивни во западните делови, а претежно во југозападните делови со услови за краткотрајни грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Охрид променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 12 степени. Утре наместа и претежно на југот и југоистокот ќе има врнежи кои ...
Два неверојатно неизвесни и крајно драматични натпревари понуди првиот ден од четвртфиналната разврска на Светското првенство во ракомет. Публиката во Загребска арена вечерва беше сведок на две супер возбудливи пресметки во кои се радуваа репрезентациите на Хрватска и Франција. Во првото четвртфинале кодомаќинот Хрватска на неверојатен начин се врати од работ на бездната и со гол во последната секунда ја совлада Унгарија со 31:30. Унгарците ...
Градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко, во присуство на претставничката на Американското катче во Струга, Ардита Емуш, потпиша Меморандум за соработка помеѓу Општина Струга и Амбасадата на Соединетите Американски Држави во РСМ за Американското катче во Струга за временски период од пет години од денес. Овој проект, односно катчето “American Corner“ е еден од најважните проекти реализирани помеѓу Општина Струга и Амбасадата на САД во ...
Институциите задолжени со Акцискиот план за грејната сезона 2024-2025, продолжуваат со реализација на мерките што треба да дадат резултат во намалување на загадувањето на воздухот. Од вкупно 1859 контроли низ градовите на државата, во Скопје се направени 70, во Тетово 195, во Охрид 383, во Битола 429, во Велес 102, во Куманово 150, во Штип 209, во Струмица 143 и по патиштата низ државата 178. Податоците од направените контроли покажуваат дека ...
Од 20 до 26 јануари, пријавено е едно починато лице асоцирано со Ковид-19 и регистриран еден нов позитивен случај во Струга, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Станува збор за пациент над 60 години кој имал комобидитети, а починал во болнички услови. Лицето било вакцинирано против КОВИД-19 со 2 дози на вакцина (последна доза пред повеќе од 3 години). Регистриран e еден нов позитивeн случај, еден помалку во однос на минатата ...
Во пресрет на манифестацијата „Прличеви беседи“ 2025 по трет пат НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид спроведе Конкурс за избор на најдобра беседа во духот на големиот поет и преродбеник Прличев на тема: „Чувај се себеси“. Од пристигнатите 8 беседи на Конкурсот комисијата оценувајќи ја нивната уметничка, јазична и естетско – етичка содржина како најдобра ја одбра беседата „Чувај се себеси“ под шифра: „1111“. На Конкурсот кој се организираше ...
Променливо облачно со сончеви периоди, а по котлините магливо. Од крајот на денот на запад облачност ќе се зголеми, а преку ноќта ќе има услови за појава на повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Максималната температура ќе достигне до 12 степени. Во следните денови времето ќе биде релативно топло за овој период од годината, а по котлините магливо и постудено. ...
Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека во тек се засилени контроли на општинските инспектори за контрола на испуштање штетни материи во животната средина. Општина Охрид спровела инспекциски надзори во два авто сервиса од кој еден се загревал на дрва, а другиот на електрична енергија, а во двата отпадните масла се предавале на овластена фирма, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање. ...
Општина Охрид за буџетската 2025 година, согласно Програмата за социјална и здравствена заштита предвидува еднократна финансиска поддршка на семејство кое има дете со најтешка форма на попреченост во училишна возраст, кое не е корисник на стипендија или друг вид на поддршка од општина Охрид. Средствата треба да се наменети исклучиво за поддршка на деца кои се на училишна возраст, но поради степенот на попреченост не се во можност да посетуваат ...
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати честитка до српската заедница по повод празникот Свети Сава, еден од најголемите духовни и културни светители во православието. Српската заедница во Охрид и Македонија е значаен дел од мултиетничкиот мозаик на нашето општество, со кој се гордееме. Вашиот придонес во зачувувањето на културата и вредностите е непроценлив. Во духот на заедничкото живеење, вие постојано покажувате дека различноста е ...
Карате федерацијата на Македонија на гала свеченост ги избра најдобрите за 2024 година. Најдобриот македонски каратист, Петар Заборски избран за најдобар каратист на Македонија во борби, додека Михаела Мишовска го доби признанието кај дамите. Охридските каратисти Дамјан Митревски од карате клуб “Кун-су-то” и Мартина Петреска од карате клуб “Чоле” Охрид се избрани како дел од најдобрите каратисти во своите категории. Најдобар во конкуренција на ...
Српската заедница од Охрид, денес, 27-ми јануари, во 14:00 часот во хотел „Сити Палас“, ќе го одбележи големиот христијански и државен празник на Република Србија, Свети Сава. Во организација на српската заедница од Охрид и почесниот конзул на Р.Србија во Македонија со седиште во Охрид, м-р Михајло Филев, со голема чест и задоволство ве покануваме сите заедно во пријатна празнична атмосфера да го прославиме овој светол празник кој не поврзува и ...
Сончево со мала до умерена локална облачност и претежно тивко, а по котлините во поголем дел од денот со ниска облачност и магливо. Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 12 степени. Утре времето ќе биде стабилно, по котлините магливо и постудено, а на повисоките места и на планините релативно топло. Во среда во западните делови, а во четврток на повеќе места ќе има повремени врнежи од ...
Алармантно високо е нивото на загаденост на воздухот во Македонија и вечерва. Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат високо ниво на опасните ПМ 10 честички во повеќе градови меѓу кои е и Охрид каде во 22 часот се измерени 276,635 микрограми на метар кубен, што е пет и пол пати над дозволеното ниво од 50 микрограми на метар кубен. Најголемо ниво на загадување вечерва е регистрирано во Кичево – ...
Со натпреварите од последното коло во групите 3 и 4 заврши главната рунда на Светското првенство во ракомет што се игра во Хрватска, Данска и Норвешка. Последен патник во четвртиналето е Хрватска која вечерва во одлучувачкиот натпревар во Загреб по голема битка ја совлада Словенија со 29:26, што значеше елиминација за Исланд кој иако доживеа само еден пораз на шампионатот мораше да ги спакува куферите. Резултати Група 3 Португалија – Чиле ...
На Светското првенство во ракомет што се игра во Хрватска, Данска и Норвешка, денеска се играат натпреварите од последното коло во групите 3 и 4 од главната рунда. И додека во третата група е се познато, голема неизвесност до последниот меч ќе има во четвртата група каде се уште постојат бројни комбинации. Група 3 Португалија – Чиле (15:30ч.) Шпанија – Бразил (18:00ч.) Норвешка – Шведска (20:00) Група 4 Исланд Аргентина (15:30ч.) Зеленортски ...
Италијанскиот тенисер Јан Синер триумфираше на првиот Грен слем турнир во 2025 година Австралија Опен. Во финалето одиграно рано утрово, тој го совлада Александар Зверев од Германија со 3:0, по сетови 6:3, 7:6, 6:3. Синер триумфираше на Австралија Опен и минатата година. Во женското финале, ден претходно, американката Медисон Кис ја совлада Арина Сабаленка од Белорусија со со 2:1 по сетови 6:3, 2:6, 7:5. На Кис ова е и прва грен слем титула ...
Второ утро Охрид е под магла. Видливоста во делови од градот значително е намалена. Од повисоките делови во околината се гледаат само Самуиловите тврдини. Во 8 часот во Охрид температурата изнесуваше -1 степен. Во текот на денот не очекува променливо облачно време со сончеви периоди, а по котлините со магла и ниска облачност. Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне 9 степени. Во понеделник не очекува сончево време со мала ...
Судскиот совет деновиве избра четири нови судии во Апелациониот суд Битола, меѓу кои е и Билјана Белевска Пројковска од Основниот суд во Охрид. Таа е избрана за судија во кривичната област. Со 13 гласа „за“ за судија во Апелациониот суд Битола во кривичната област, избрана е прворангираната Биљана Белевска Пројковска со речиси 20-годишен стаж, од кои 14 години работела на предмети од кривичната област во Охридскиот Основен суд, информира ...
Вчера попладне во 16.45 часот, на улицата „Даме Груев“ во Охрид настанал пожар во паркирано моторно возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, информира СВР Охрид. Пожар е регистриран и во струшко Долно Татеши, сопственост. Педесетгодишен жител на селото пријавил дека му се запалила плевната. И во овој пожар, за среќа, нема повредени. Интервенирала ...
Македонската ракометна репрезентација достоинствено се прости од Светското првенство. Вечерва во Вараждин загубивме од Франција со 32:25, полувреме 18:14. Македонија добро му парираше на фаворитот кој одигра речиси со полна сила. Трите промашени пенали во првиот дел не чинеа осетен заостаток на паузата. Во второто полувреме Франција продолжи во ист ритам. Нашите репрезентативци максимално се бореа и се обидуваа да парираат на фаворизираниот ...
Двата инциденти како што информира СВР Охрид се случиле вчера. Најпрвин во 13.25 часот во охридската полиција било пријавено дека вработена во Општата болница во Охрид физички нападнала своја колешка која извршувала работни обврски. По целосно расчистување и документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. Истиот ден, околу 9 часот, во ОВР Струга било пријавено дека во кругот на Општата болница во ...
Една од најголемите легенди на кошаркарскиот клуб Партизан и југословенската кошарка, Дражен Праја Далипагиќ почина во 74-та година од животот, јавија српските медиуми. IN MEMORIAM: DRAŽEN PRAJA DALIPAGIĆ (1951 – 2025) 🙏🕊 🔗 https://t.co/RaOu9sY1Nz pic.twitter.com/3mTihbYxfZ — KK Partizan Mozzart Bet (@PartizanBC) January 25, 2025 Далипагиќ е роден на 27 ноември 1951 година во Мостар. Го носеше дресот на Партизан од 1971 до 1980 година, ...
Иако делува нереално, сепак постојат теоретски шанси Македонија да игра во четвртфиналето на Мундијалот. Но за тоа да се случи треба да се исполнат три услови – најважниот секако Македонија да приреди сензација против фаворитот Франција. Французите се безбедни на првото место со осум бода и сигурни четвртфиналисти, па дуелот со Македонија нема да им биде важен. Вториот услов што треба да биде исполнет е Унгарија да загуби од ...
Во воздухот што го дишат граѓаните на Охрид, утрово се измерени значително зголемени количино на штетните ПМ 10 честички. Според резултатите од мерната станица на Министерството за животна средина, единствена релевантна во државата, утрово во 10 часот загадувањето со ПМ 10 честички во воздухот во Охрид изнесувало 113,083 микрограми на метар кубен, што е повеќе од два пати над дозволеното ниво од 50 микрограми на метар кубен. Состојбата во ...
2580 лица се регистрирани за невработени во Охрид согласно статистиката од Агенцијата за вработување заклучно со демекври 2024 година. Од нив, 1230 се жени, а 1350 мажи. 541 лица се регистрирани за невработени од селата во охридската околина, додека 2039 од невработените се со место на живеење во градот Охрид. Статистиката покажува дека најмногу од невработените имаат завршено основно образование или се без образование или 884 пријавени лица, ...
Иако делува нереално, сепак постојат теоретски шанси Македонија да игра во четвртфиналето на Мундијалот. Но за тоа да се случи треба да се исполнат три услови – најважниот секако Македонија да приреди сензација против фаворитот Франција. Французите се безбедни на првото место со осум бода и сигурни четвртфиналисти, па дуелот со Македонија нема да им биде важен. Вториот услов што треба да биде исполнет е Унгарија да загуби од ...